технологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 10:36:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png технологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европратениците ќе гласаат за забрана на употреба на технологија за препознавање лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/#respond Wed, 10 May 2023 10:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=832642

Иницијативата за забрана на употреба на технологија за препознавање лица, позната и како „Големиот брат“, на улиците на земјите од ЕУ ќе биде ставена на тест утре за време на клучното гласање во Европскиот парламент. Амандманот е дел од пакетот предлози за првите закони во светот за вештачка интелигенција, според кои компаниите би можеле да бидат казнети до 10 милиони евра или отстранети од трговијата во рамките на ЕУ доколку ги прекршат правилата, објави „Гардијан“. Меѓутоа, се очекува на забраната да се спротивстават група европратеници од десниот центар, кои сметаат дека биометриското скенирање треба да се користи за борба против сериозни злосторства како што е тероризмот. Утре пред собраниската комисија ќе се најде измената на членот 5 од предложениот Закон за вештачка интелигенција, со кој се забранува употреба на камери за следење на луѓето околу продавниците, на улиците, во парковите или на други јавни места. Амандманот им забранува на компаниите да користат вештачка интелигенција за да идентификуваат поединци преку споредување на лица од камери за надзор со фотографии што корисниците ги објавуваат на Инстаграм, Фејсбук и други социјални мрежи. Друг амандман ја забранува употребата на таканареченото „емоционално препознавање“, кое би можело да им овозможи на компјутерските системи да препознаат кога некој е уморен, поради загриженоста дека тоа би можело да биде злоупотребено. Таков надзор веќе постои во делови од Кина и го користи сообраќајната полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/feed/ 0
Пристигна најновиот паметен технолошки херој – Hyundai Tucson https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-najnoviot-pameten-tehnoloshki-heroj-hyundai-tucson/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-najnoviot-pameten-tehnoloshki-heroj-hyundai-tucson/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=490683

Ми-Да Гранд Моторс, денеска, премиерно го претстави најновиот паметен и поголем технолошки херој - моделот Hyundai Tucson со нов футуристички изглед, хибридна опција и престижен ентериер. Новата генерација на Hyundai TUCSON не претставува само наследник на претходниот модел, туку комплетна дизајнерска и моделска револуција во секој поглед. Неговите перформанси, безбедносни особини, напредни технологии и уникатен дизајн, надополнети со многу комфор и забава, претставуваат сето она што го направи ова SUV возило толку посебно и посакувано. Последниот збор на технологијата во автомобилизмот го промовираа директорот на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири и продажниот советник, Никола Талески. Според Заири, ова возило е најпродавано во флотота на Hyundai и поради тоа, компанијата смело пристапила кон промени во дизајнот и перформансите на Tucson-от. Тој е горд што Ми-Да Гранд Моторс ги следи трендовите и што нашите граѓани имаат можност да го возат овој фантастичен Hyundai SUV.
„Hyundai Tucson е еден од клучните производи на нашата компанија и е еден од најпродаваните наши модели со cutting edge SUV дизајн. Ние секогаш се трудиме на купувачите да им обезбедиме комфор и удобност, во комбинација со последниот крик на технологијата. Ми-Да Гранд Моторс, како овластен застапник за Hyundai, ќе обезбедува редовно одржување и гаранциски поправки на сите верзии и изведби на новиот Tucson, согласно стандардите на корпорацијата“, рече Заири.
Во светот, досега се продадени повеќе од 7 милиони примероци од неговото лансирање во 2004 година. Од нив, 1.4 милиони примероци се продадени во европските земји и со тоа е најпродаваниот SUV на компанијата на глобално ниво.
„Со претставувањето на целосно новиот Tucson клучно е да се прошири електрификацијата на нашиот најпродаван теренец. Ова лансирање е уште една пресвртница за Hyundai, бидејќи веќе нудиме електрифицирани верзии на нашата гама на SUV возила. Со својот прогресивен дизајн и најсовремена постава на погонски агрегат, комплетно новиот Tucson е еден од нашите клучни производи во Европа“, вели Мајкл Коул, претседател и извршен директор на Hyundai Motor Europe.
Четвртата генерација Hyundai Tucson има комплетно различен и авангарден дизајн во однос на својот претходник. Продажниот советник Никола Талески, на денешната презентацијата, потврди дека автомобилот е со елегантен и конзервативен карактер, но со модерна дигитализирана внатрешност. Патниците добиваат поголем комфор затоа што кабината, но и самото возило, се зголемени во должина и ширина. Возилото има и многу поголем багажен простор. Специфично и многу важно е тоа што не постојат веќе традиционалните прекинувачи или други копчиња, туку сите команди се електронски – на дисплеј или на тастери на допир. Купувачите можат да го купат со три различни агрегати - бензин, дизел или хибрид. Бензинските мотори се нудат во две варијанти и тоа, 1.6 турбо бензинец со 150 или 180 коњски сили, со погон на една или две оски и дополнително има можност да се одбере помеѓу мануелната и автоматската трансмисија. Дизелските мотори нудат варијанти со 115 и 136 коњски сили, кои исто така можат да бидат со погон на една или две оски, со мануелен или автоматски менувач. Новитетот, односно хибридните мотори, Hyundai ги нуди со 180 коњски сили и можат да бидат со погон на една или на две оски, со автоматски менувач.
„Во тек со современиот свет и модерната технологија, новиот TUCSON e надополнет со бројни системи за асистенција и внимава на сите активни и пасивни учесници во сообраќајот, предупредува и делува, во зависност од моменталната ситуација. Со новиот Hyundai TUCSON, Hyundai како производител ги помести границите на едно повисоко и понапредно ниво. Создаде возило за секој и за сите можни услови а со тоа покажа дека не постои во автомобилската индустрија само за да учествува, туку и да победи“, објасни Талески.
Повеќе детали за возилото може да прочитате на нашата интернет страница www.hyundai-mk.mkили доколку ја изгледате нашата презентација на Фејсбук страницата. Возилото е достапно за тест возење со претходно закажување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-najnoviot-pameten-tehnoloshki-heroj-hyundai-tucson/feed/ 0
Респиратор – технологијата што живот значи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/respirator-tehnologijata-shto-zivot-znachi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/respirator-tehnologijata-shto-zivot-znachi/#respond Sat, 18 Apr 2020 06:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=333815

Од избувнувањето на глобалната пандемија на коронавирусот вестите речиси на сите медиуми низ планетата опфаќаат голем број стручни медицински термини. И во земјите на Балканот речиси постојано на малите (и нешто поголемите) екрани се појавуваат лекари и специјалисти, кои многу често ги користат термините респиратор и вентилатор. Што се всушност овие уреди, за кои владее глобална побарувачка, па и нивната цена вртоглаво се зголеми? Германските и француските претставници неодамна ги критикуваа САД поради пренасочувањето пратки со медицинска опрема. Сега постојат и сè повеќе извештаи дека од компании од Кина и Азија заштитната опрема и медицинските уреди се продаваат на некој што ќе плати најмногу, а тој „некој“ се главно компании од САД. Колку е ситуацијата сериозна сведочи тоа дека министерот за здравство на Барбадос ги обвини САД дека заплениле 22 респиратори, како што се шпекулира, што им ги подарила познатата пејачка Ријана. Минатата недела министерот за здравство на градот Берлин, Андреас Гајзел, директно ги обвини Американците дека се служат со методи од Дивиот Запад и ја одземаат опремата наменета за здравство. Причина? Па, САД пренасочиле пратка од стотици илјади 3М-маски наменети за полицијата во Берлин, од Германија за САД, додека биле пренесени од авион до авион во Тајланд. Уште поинтересно е што 3М е всушност американска компанија, но купува и маски од азиски производители. Респираторите денеска се злато вредни Американскиот лекар Џон Емерсон во триесеттите години од минатиот век ја претстави првата верзија на респиратор за употреба во болниците. Сепак, биле потребни дваесет години овој уред да се најде на листата за неопходна опрема во секоја болница, па така почетокот на педесеттите и шеесеттите години од 20 век овие уреди стануваат стандардни. Првите модели на респиратори биле доста примитивни, некои направени во Велика Британија користеле модифицирана пумпа за велосипеди и мотор на бришач на автомобили. Иако биле рудиментарни, тие работеле доста добро. Намената на секој од овие уреди е да му помогне на пациентот во функциите со дишење, што пациентот делумно или целосно ги изгубил. Почетокот на шеесеттите години на пазарот доаѓа „манли марк два“, респиратор што имал и електронска контрола и користел компримиран гас или мешавина од кислород. По почетокот на војната во Виетнам се појавила потреба за мали и преносни респиратори, па во САД е развиен „дајмонд ер“, што бил првиот респиратор без подвижни делови, што овозможил евтино производство и лесно сервисирање, а самиот уред бил мал и погоден за употреба на бојното поле. Во осумдесеттите и деведесеттите години доаѓа до развој на респираторите со компјутерска контрола, преку вграден микропроцесор, а првите претставници биле „пуритан бенет 7200“, „серво 300“ и „хамилтон веолар“. Ваквите уреди можат да ја следат состојбата на пациентот, како и работата на самиот уред, и овозможуваат фино нагодување на работните параметри. Докторката Наташа Јорданов Митиќ истакна дека респираторите се злато вредни во сегашната ситуација. Повеќе апарати за помалку пари „Пациентите ги следиме и во случај на влошување на нивната состојба им додаваме кислород преку маска. Ако оксигенацијата не е задоволителна, потребна е употреба на респиратор, за што одлучува анестезиологот. Искусен лекар е оној кој ќе забележи дали пациентот е загрозен, а само анестезиологот може да одлучи во кој момент ќе биде приклучен на респиратор. Голем број пациенти немаат потреба од респиратор, но во помал процент неинвазивните методи не помагаат, па лекарите мора брзо да одлучат и да реагираат, бидејќи без респиратор белите дробови не функционираат. Работата на респираторот ја следи анестезиолог, додава Митиќ. Технолошката заедница, голем број компании, инженери и ИТ-експерти се вклучија во трката да развијат што е можно поедноставен и евтин респиратор, за да може во краток временски период да се произведат што повеќе. Американскиот гигант „Џенерал електрик“ и компанијата „Форд“ почнаа масовно производство на респиратори по дизајн на компанијата „Аирон“, која сама произведува само неколку уреди дневно. Новата „коалиција“ на компании планира производство на околу 30.000 респиратори, бидејќи побарувачката за нив во САД е огромна, дури и гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, предупреди дека Њујорк може да остане без респиратори за пет дена. И „Џенерал моторс“ почна сличен проект, наречен „Вентек лајф“. Инженерот и ИТ-експерт Горан Николиќ истакна дека големата побарувачка на респиратори е резултат на мал број компании што ги произведуваат. „Во светот на медицинска технологија има само дваесетина играчи на глобално ниво. Покрај тоа, речиси сите дизајни на овие уреди се „комерцијални“ (патентирани и специфични), честопати некомпатибилни, па здравствените установи зависат од еден снабдувач и давател на услуги”, додаде Николиќ. Ништо не може да се направи без политика „Светските експерти и инженери сега работат бесплатно за побрзо да се дизајнира респиратор со „отворен извор“, а неговиот дизајн би бил бесплатен за сите, ќе може да се преземе од интернет, за да можат малите компании да ги произведуваат, дури и мали тимови со потребен алат. „Отворен извор“ значи дека на апаратот нема патент, дека производството е евтино, а често ваквиот дизајн е поедноставен за да можат апаратите лесно и брзо да се сервисираат“, изјави Николиќ. И во Европската Унија, како и на Балканот, прашањето за набавка на респиратори речиси веднаш стана и политичко. Различни министри, секретари и лидери на опозицијата низ Стариот Континент започнаа со наддавање за бројот на респиратори, дали има доволно, кој купи повеќе, кој купи од Кина, а кој од Европската Унија, кој донирал и колку … политичкиот „ријалити“ што ја придружува глобалната криза се заканува дека ќе продолжи и по ставање на пандемијата под контрола, затоа што, како што честопати се вели во американската политика, „штета е да не се користи кризата за да се постигне политичка цел“. И додека политичарите се расправаат, технолошката заедница и технологијата го спасуваат животот на луѓето низ светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/respirator-tehnologijata-shto-zivot-znachi/feed/ 0
Сноуден: Кашоги ќе беше жив ако НСО не продадоа технологија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snouden-kashogi-kje-beshe-ziv-ako-nso-ne-prodadoa-tehnologija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snouden-kashogi-kje-beshe-ziv-ako-nso-ne-prodadoa-tehnologija/#respond Sun, 13 Jan 2019 08:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=151566

Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги би бил жив ако израелската компанија „НСО група“, одбила да продаде своја технологија на Саудиска Арабија. Сноуден во интервју за израелскиот весник Једиот ахронот рече дека „постои реална можност Кашоги да би бил жив ако НСО одбила да продаде своја технологија на Саудиска Арабија, држава што има долга историја на кршење на човекови права“. – Без разлика дали ќе се согласите со мене или не, јасно е дека работата на НСО групата е опасна…тие велат дека спасуваат животи, но доказите сугерираат дека го прават спротивното, вели Сноуден, поранешен соработник на американската Агенција за национална безбедност. Извршниот директор на НСО Шалев Хулио изјави за истиот весник претходно дека нивни софтвер „Пегаз“ може да се користи на далечина ако се зарази со вирус мобилен телефон и потоа од него да се соберат податоци и дека тој софтвер го користат блискоисточни држави. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snouden-kashogi-kje-beshe-ziv-ako-nso-ne-prodadoa-tehnologija/feed/ 0