тексас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 12:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тексас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВОА: Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, туку Латиноамериканците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-beltsite-poveke-ne-se-mnozinsko-naselenie-vo-teksas-tuku-latinoamerikantsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-beltsite-poveke-ne-se-mnozinsko-naselenie-vo-teksas-tuku-latinoamerikantsite/#respond Wed, 25 Oct 2023 12:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=892930

Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, а Латиноамериканците во моментов се најголемото население во американската сојузна држава, покажуваат резултатите од новиот попис од јуни оваа година, јави Гласот на Америка (Voice of America) Според пописот, во Тексас живеат 40,2 отсто Латиноамериканци, додека има околу 39,8 отсто белци кои не потекнуваат од Латинска Америка. Резултатите од пописот ги потврдуваат податоците од средината на 2022 година, кога Латиноамериканците го презедоа водството во Тексас, каде што белците беа мнозинско население од 1850 година. Демографот Лојд Потер рече дека овие резултати се очекувани бидејќи латино- население е помладо во споредба со другите етнички групи и колку е помладо населението, толку е поголема веројатноста да имаат повеќе деца. Покрај тоа, Латиноамериканците се најголемата имигрантска група во Тексас, рече Потер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-beltsite-poveke-ne-se-mnozinsko-naselenie-vo-teksas-tuku-latinoamerikantsite/feed/ 0
Родители и две деца пронајдени мртви во куќа во Тексас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/#respond Wed, 30 Aug 2023 06:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=872265

Локалната полиција пронашла четири тела во дом во Ален, Северен Тексас, а според извештајот на истражителот, се работи за очигледен случај на убиство и самоубиство. Полицијата пристигнала на адресата околу 08:45 часот по локално време за да провери, откако еден од соседите повикал полиција бидејќи членовите на семејството не ја отворале вратата. Полицајците влегле во куќата и пронашле четири тела, нагласувајќи дека причина за смртта очигледно било убиство и самоубиство. Некои американски медиуми јавија дека полицијата пронашла тела на цело семејство – мајка татко и две деца на возраст од две и 12 години. Исламската асоцијација на Ален, која првично ги идентификуваше четворицата членови на семејството, исто така соопшти дека четиригодишната ќерка на семејството се удавила пред три недели во базен. Полицискиот наредник на Ален, Џонатан Менес потврдил за некои медиуми дека давењето на девојчето „се смета за фактор“ за смртта на семејството. Градот Ален, со население од над 111.000 луѓе, се наоѓа на околу 40 километри северно од Далас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/feed/ 0
ВИДЕО: Голем пожар во затвор во Тексас, евакуирани 650 затвореници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozhar-vo-zatvor-vo-teksas-evakuirani-650-zatvorenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozhar-vo-zatvor-vo-teksas-evakuirani-650-zatvorenitsi/#respond Sat, 26 Aug 2023 11:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=871154

Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници. Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени. -Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон, изјави Аманда Хернандез, портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас. Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците. -Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории, изјави шефот на противпожарната служба на Хантсвил. „Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат“, рече Хернандез. Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица. Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozhar-vo-zatvor-vo-teksas-evakuirani-650-zatvorenitsi/feed/ 0
Колку често и како да ги перете фармерките, одговорот на дизајнерите ќе ве изненади https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-i-kako-da-gi-perete-farmerkite-odgovorot-na-dizajnerite-ke-ve-iznenadi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-i-kako-da-gi-perete-farmerkite-odgovorot-na-dizajnerite-ke-ve-iznenadi/#respond Tue, 20 Jun 2023 18:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=847936

Тексасот бил измислен пред повеќе од 150 години. Директорот за дизајн на Левис, Пол О'Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат. За странските медиуми тој објасни дека фармерките треба да се перат во студена вода за да не избледе бојата, но и циклусот на центрифугирање да не биде премногу силен. Исто така, уште еден совет - никогаш не ги сушете во машина за сушење! - Колку почесто го перете тексасот, толку посветол ќе биде, рече тој. Мери Лон Рајан која е ко-основач на брендот за облека „Bassike“ вели фармерките да се перат само кога е потребно и со мала количина благ детергент. - Ги перам превртени наопаку за да ги заштитам надворешните влакна, на нежен циклус, доколку имаат дамка, објаснува Мери. Од друга страна, стилистката Џејн Херман смета дека вие сте единствената личност која може да одлучи колку често треба да ги перете фармерките. Советите на оваа блогерка се слични на оние на другите експерти: студена вода, мала количина благ детергент и „сушење на сонце до крај“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-i-kako-da-gi-perete-farmerkite-odgovorot-na-dizajnerite-ke-ve-iznenadi/feed/ 0
Маж во Тексас уби пет свои соседи, меѓу кои и осумгодишно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-teksas-ubi-pet-svoi-sosedi-megu-koi-i-osumgodishno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-teksas-ubi-pet-svoi-sosedi-megu-koi-i-osumgodishno-dete/#respond Sat, 29 Apr 2023 17:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=829029

Осумгодишно дете е меѓу петте жртви во пукањето во дом во Тексас. Меѓу другите жртви имало и две жени пронајдени како лежат врз две преживеани деца, соопшти полицијата. Инцидентот се случил доцна синоќа во Кливленд, на околу 70 километри североисточно од Хјустон. Локалниот шериф кажа дека осомничениот е Мексиканец кој е вооружен со полуавтоматска пушка. Тој сѐ уште е во бегство. Полицајците сметаат дека мажот бил во алкохолизирана состојба кога почнал да пука во близина на куќата. Кога соседите побарале од него да престане, бидејќи децата спијат, тој почнал да пука во домот. Во тој момент на имотот имало вкупно 10 лица, на возраст од 8 до 40 години. Познато е дека сите жртви се од Хондурас. Не се објавени детали за нивниот идентитет или каква било врска со напаѓачот. Инцидентот се случи неколку дена откако девет лица беа повредени при пукање за време на тинејџерска забава во западен Тексас. Пред две недели четворица млади луѓе беа застрелани за време на забава за 16-ти роденден во Алабама. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, инцидентите со огнено оружје се главната причина за смрт кај децата и тинејџерите во САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-vo-teksas-ubi-pet-svoi-sosedi-megu-koi-i-osumgodishno-dete/feed/ 0
Заборавете на мини должината: Новиот фаворит на трендсетерките е макси тексас здолништето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-mini-dolzhinata-noviot-favorit-na-trendseterkite-e-maksi-teksas-zdolnishteto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-mini-dolzhinata-noviot-favorit-na-trendseterkite-e-maksi-teksas-zdolnishteto/#respond Mon, 06 Mar 2023 11:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=808588

По неколку сезони од владеењето на тексас-мини мини здолништето, неговата спротивност е во тренд оваа пролет: тексас здолниште со миди или макси должина. Дизајнирано е во седумдесетите во времето на хипи модата, но гранџ изгледот што го имаат моделите од оваа сезона е создаден под влијание на стилот на 90-тите и раните 2000-ти. Тие се комбинираат со удобни лежерни јакни како што е, на пример, спитфајр, но и со тексас јакна: комбинацијата на овие две парчиња тексас дизајнерите ја претставија како современа женска „униформа“. Но, последниот впечаток ќе го остави изборот на обувки. Ако со здолништето се носат каубојски чизми или војнички чизми, комбинацијата добива поладен изглед, додека комбинацијата со високи тесни чизми или мокасини ќе даде доза на женственост и сексапил. Но, по правило, ако здолништето е до подот, подобро му одговараат чевлите и чизмите со поцврст дизајн.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-mini-dolzhinata-noviot-favorit-na-trendseterkite-e-maksi-teksas-zdolnishteto/feed/ 0
Пукање во трговски центар во Тексас, убиено едно лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukane-vo-trgovski-tsentar-vo-teksas-ubieno-edno-litse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukane-vo-trgovski-tsentar-vo-teksas-ubieno-edno-litse/#respond Thu, 16 Feb 2023 07:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=801092

Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас, соопшти локалната полиција. Еден осомничен е во притвор, а полицијата трага по друг можен сторител, изјави портпаролот на полицијата Роберт Гомез. Мотивот за нападот засега е непознат. Трговскиот центар „Сиело Виста“ е во непосредна близина на продавницата Волмарт, каде што вооружен маж уби 23 луѓе на 3 август 2019 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukane-vo-trgovski-tsentar-vo-teksas-ubieno-edno-litse/feed/ 0
Тексас депортира мигранти во Вашингтон, Белата куќа обвинува дека се загрозуваат животи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teksas-deportira-migranti-vo-vashington-belata-kukja-obvinuva-deka-se-zagrozuvaat-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teksas-deportira-migranti-vo-vashington-belata-kukja-obvinuva-deka-se-zagrozuvaat-zivoti/#respond Tue, 27 Dec 2022 08:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=780976

Белата куќа го обвини гувернерот на Тексас, Грег Абот, за загрозување животи откако мигранти беа со автобуси донесени од Тексас и на студено време на Бадник оставени во близина на домот на потпретседателката Камала Харис во Вашингтон. Републиканецот Абот, истакнат критичар на имиграциската политика на администрацијата на Бајден, не признава дека ги испратил автобусите со мигранти на Бадник и неговата Канцеларија не презеде одговорност. „Гувернерот Абот остави деца покрај патот на температури под нулата”, се посочува во соопштението на Белата куќа. Се проценува дека локалните власти на Тексас донеле во Вашингтон од 110 до 130 мигранти и баратели на азил во САД, вклучително и многу семејства со деца, соопштија групите за помош на имигрантите откако мигрантите пристигнаа во главниот град на САД. „Гувернерот Абот ги остави децата покрај патот на температури под нулата на Бадник без да се координира со федералните или локалните власти“, рече портпаролот на Белата куќа, Абдула Хасан, посочувајќи дека такви „политички игри“ не придонесуваат ништо и само загрозуваат животи. Тексас досега има префрлено илјадници мигранти со автобуси во Вашингтон, Њујорк и Чикаго, што некои критичари го нарекоа „трик“ спероведен во време кога се спроведува национална дебата за големиот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница. Абот претходно призна дека намерно се префрлаат мигранти во градовите од полоцијата не се бара да ги депортира имигрантите. Хасан рече дека администрацијата на Бајден е подготвена да бара решение за миграциското прашање, заедно со демократите и со републиканците. Сите донесени мигранти веќе се во процес на згрижување кај роднини и пријатели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teksas-deportira-migranti-vo-vashington-belata-kukja-obvinuva-deka-se-zagrozuvaat-zivoti/feed/ 0
Силен земјотрес го погоди Тексас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-teksas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-teksas/#respond Thu, 17 Nov 2022 07:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=762121

Силен земјотрес синоќа го погоди западниот дел на американската сојузна држава Тексас, а Европскиот медитерански сеизмолошки институт на својата веб-страница објави дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени. Се додава дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-pogodi-teksas/feed/ 0
ВИДЕО: Поради една цигара, на паркинг во Тексас изгореле 73 автомобили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-poradi-edna-cigara-na-parking-vo-teksas-izgorele-73-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-poradi-edna-cigara-na-parking-vo-teksas-izgorele-73-avtomobili/#respond Thu, 20 Oct 2022 08:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=748184

На Јутјуб се појави снимка од голем пожар на семејната фарма Робинсон во Тексас, кој направил огромна материјална штета. Пожарот избувнал на импровизиран паркинг на семејната фарма Робинсон во Тексас, во околу 13 часот во сабота, за време на одржувањето на годишниот есенски фестивал. Шефот на локалната противпожарна служба Крис Малстед изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од цигара, која, како што рекол, „била непрописно фрлена на тревниот паркинг“. Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, во инцидент.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-poradi-edna-cigara-na-parking-vo-teksas-izgorele-73-avtomobili/feed/ 0