текстил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 11:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png текстил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Текстилниот сектор се соочуваа со намалени нарачки од партнерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-se-soochuvaa-so-namaleni-narachki-od-partnerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-se-soochuvaa-so-namaleni-narachki-od-partnerite/#respond Sun, 10 Sep 2023 12:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=876586

Намалени нарачките од странските партнери во текстилниот сектор. Засега никој не знае зошто ова се случува. Но, Ангел Димитров од Организација на работодавци вели дека крајот на септември ќе биде одлучувачки за многу домашни конфекции. Странските партнери ја напуштаат земјава и наместо кај нас, нарачките наменети за европскиот пазар завршуваат во земјите од далечниот Исток. По пандемијата, односно лани македонските компании имаа голем притисок од нарачки од странските компании, кои сакаат да произведуваат на европскиот континент. Димитров се сомнева дека актуелната состојба со намалените нарачки се должи на тоа што лани македонските конфекции поради немање на доволен број на текстилни работници не можеа да ги задоволат потребите на странските партнери. -И Бугарија и Македонија и Србија се судрија со проблем да најдат работна сила бидејќи младите не сакат да работат во овој сектор и сите тие ги одбиваа ваквите понуди од европските брендови. Најверојатно, моја претпоставка е дека заради тоа големите европски брендови отидоа на далечниот Исток. Партнерот за кој ние работевме целат роба која ние не можевме да ја преземеме ја однесе во Бангладеш и ја работи таму, каде што имаат сè уште млада работна сила, која може да се вклучи во процесот, вели Димитров. Тој истакнува дека едно од решенијата е олеснување на постапката како и зголемување на квотата за дозвола на работа на странци. Токму недостатокот од работници остава сериозни последици, а како што вели Димитров податоците говорат особено алармантно е во металопреработувачката индустрија, градежништво, земјоделието и текстилството. Прашан кое е решението и за најавата на вицепремиерот Битиќи дека ќе се зголеми квотата за странски работници, Димитров вели дека тоа е неминовно решение за нашето стопанство и економија. -Квотата е неминовно да се зголеми. Секој доброразумен човек во Македонија, а сигурно и Битиќи тоа го видел, нашата квота сигурно до средината на јуни е исполнета, а тоа значи дека ние за половина година ја исполнуваме квотата. Во текстилот има мал број на работници. Во градежништвото, сега ќе видите она што се случува со „Бехтел и Енка“ во Македонија нема градежни работници. Џабе бараме да се вклучат наши компании кога тие немаат работници, вели Димитров. Вицепремиерот, Битиќи најави дека од септември се планираат законски измени за зголемување на квотата на работни дозволи за странци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-se-soochuvaa-so-namaleni-narachki-od-partnerite/feed/ 0
Текстилните компании имаат зголемени нарачки од странските партнери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnite-kompanii-imaat-zgolemeni-narachki-od-stranskite-partneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnite-kompanii-imaat-zgolemeni-narachki-od-stranskite-partneri/#respond Tue, 22 Mar 2022 10:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=651252

Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери. Ангел Димитров менаџер на фабриката „Мода“ во Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи вели дека дел од странските компании производството на текстил во моментов сакаат да го преселат од Украина или некои други земји. Посочи дека барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на вработени. -Сега се повеќе се бараат текстилните производи, но доаѓа проблемот со порастотот на цените на енргенсите, електрична енергија, што ја плаќаме на слободен пазар, која е четири пати поскапа, него таа што ја плаќавме лани, исто и храната се покачи, ние даваме храна на работниците и тоа се се зголеми. Прашањето е колку нашите партнери можат да ги покачат нашите услуги, цени за да ние ги покриеми тие трошоци. Не е работа само да работите, ако создавате само загуба една или две години, после тоа не можете да функционираате, вели Димитров. Компаниите се соочуваат со проблем тоа што работниците им се на возраст од над 45 години, а младите не се зиантересирани да работат во овој сектор, тоа се гледа и во бројот на запишани ученици во стручните училишта. Зголемени се трошоците за струја и енергенси, во компанијата на Димитров последната сметка за струја е 15.000 евра.Македонските текстилни компании од партнерите бараат повисоки цени на производите кои ги шијат, но ова зголемување не го следи растот на трошоците. Анализите колку ќе влијае зголемувањето на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор ќе се прават кон крајот на месецов, кога ќе се спремаат мартовските плати за исплата на работниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnite-kompanii-imaat-zgolemeni-narachki-od-stranskite-partneri/feed/ 0
Димитров: Без седми пакет мерки, околу 10.000 лица од текстилниот сектор ќе останат на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/#respond Mon, 26 Apr 2021 05:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501978

Текстилната индустрија на удар од пандемијата. Локдаунот во Германија и во останатите земји на ЕУ, каде што македонските компании од овој сектор извезуваат останаа без традиционалните нарачки. Магацините, моловите, бутиците се полни со стока, за да се добијат нови нарачки за шиење кошули, панталони, здолништа ќе мора да се почека, кога тамошните економии ќе заживеат и ќе се вратат во нормала. Проценките се дека службените бели кошули повторно ќе се шијат по две години. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа градче, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија. -Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да направи голем проблем, ако компаниите сега ги добијат овие средства, бидејќи ние сите поднесовме барање и гледам дека нашите барања се уште не се одобрени. Затоа што во УЈП претпоставувам има многу барања, коишто мора да се обработат, да се проверат податоците, критериумите дали ги исполнуваат, а од друга страна во УЈП сега нивните ИТ техничари имаат многу работа, во исто време се прават пресметките за одредена добивка во 2020, за враќање на помошта дел, лани што е земена. Така што ние како работодавачи мора да бидеме свесни за тоа, дека неколку дена ќе задоцни, но многу е важно помошта да се добие, бидејќи загубите што ги остваривме овој период, навистина се огромни. Сега ја правев анализата за трите месеца, 300.000 евра имаме помалку приходи во споредба со лани во овој истиот период. Загубата е над 100.000 евра, сето она што се случуваше на германскиот пазар, големиот локдаун, навистина влијаеше на нашите компании, од друга страна ситуацијата и понатаму е многу неизвесна, никој не може да каже дали во Германија за еден или два месеца ќе почне да се отвара нивната економија или дали тоа ќе трае и понатаму. Имав разговор со една бизнисменка од Штип, која работи за Германија, таа е многу уплашена, бидејќи нивните газди велеле дека до септември нема шанси да се отвори, заради зголемиот број заразени во Германија. Гледаме дека во Германија вакцинацијата оди многу споро и многу мал процент се вакцинирани, вели Димитров. Во овој период кои текстилни компании можат да преживеа? -Јас верувам дека компаниите кои работат работна облека, кои работат на тендери ќе обезбедат работа. Така што, ние еве сега правевме мустри за Дојче банк, за германската Железница, работиме и за полицијата во Германија, за војската во Австрија, додека онаа службена облека, белите кошули, коишто ги носат луѓето на работа се стопирани целосно и можеби две години нема да произведиме ниту едно парче. Затоа што магацините се полни и сигурно дека оваа тенденција, за да некои работни места да останат да работат од дома ќе продолжи по завршување на кризата. Така што одредени артикли ќе ги немаме во производство или многу ќе се намалат. Работата е што некои компании воопшто и немаат работа. Значи, исто како што се угостителите затворени, со мерките, нашите компании се затворени целосно заради немање налози, предизвикани од големиот застој во Германија, има такви компании, кои ми се јавуваат од Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, кои навистина бараат работа, помош и ние не можеме да им помогнеме. Така што ќе биде неопходен и седми пакет мерки, не шесттиот пакет, кој е за угостителите, организатори на свадби и таа нивна помош е малку поинаква, од онаа што ние досега ја добивавме. Нашата помош за исплата на плати е пресметана, се калкулира врз база на работниците, коишто ги имаме и процентот на изгубени приходи. Зошто на македонските текстилни компании им е потребен седми пакет на мерки? -Затоа што ако ние ја земеме помошта само за февруари и март, а април, мај и јуни најверојатно ќе бидат исто така многу катастрофални, за тие три месеци, барем од нив за два месеца да се добие помош, компаниите нема да паднат во многу големи финансиски проблеми. Знаете што е размислувањето на бизнисмените, ако земам помош за февруари и за март. Тоа значи дека април и мај не смее да напушти работници, а ќе нема ниту еден работен ден или ќе работи со 50 отсто од капацитетите, ќе создаде огромни загуби, бидејќи ги држи сите работници, ќе исплаќа плата, а ќе нема веќе нова помош. Значи идната загуба по петтиот сет на мерки ќе биде исто така многу голема. Јас верувам дека Владата ќе ги направи, тие анализи и колку и да е тешка ситуацијата со буџетот, или со долговите на Македонија, уште потешка ќе биде ситуацијата, ако се напуштат луѓето и ако се затворат компаниите. Според вашите анализи, доколку не се донесе седми пакет на мерки, колку работници ќе останат на улица од текстилната гранка? -Јас верувам дека најмалку 30 отсто од вработените во текстилната индустрија, а тоа значи околу 10.000 луѓе ќе останат на улица, ако прво ситуацијата продолжи и понатаму вака, ако локдаунот во Германија трае до крајот на јуни и ако нема помош за април, мај и јуни, бидејќи оваа помош е само за февруари и март. Спомнавте дека сте правеле анализа за вашата фирма, но дали и како Организација на работадавaчи имате правено анализа за колкави се загубите во текстилната индустрија, во изминатите три месеци ? -Јас овие мои лични анализи ги правам и врз основа на контактите со компаниите во текстилната индустрија. Тие секојдневно се јавуваат кај мене и прашуваат за мерките, кога ќе стигне помошта, дали истата ќе стигне, дали е подобро да напуштам работници и да се откажам од помош. Можеби ќе немат помош, но понатаму ќе нема нови трошоци, или ако земе помош, тогаш трошоците за следниот период му остануваат. Во тој случај мора да ги задржи работниците, ако не ги задржи ќе мора да ги враќа со камата тие пари. Обврските се ако земеш помош се исто така многу големи. Така што компаниите мора секоја поединечно да си направи добра анализа, што ќе прави. Некои од нив да речеме се уплашени за идната состојба и се одлучени да не земаат помош и затоа откако УЈП ќе ги добие сите барања за финаиска помош за февруари, март, тогаш точно ќе знаеме колку компании се уште се борат со кризата и настојуваат да преживеат, бидејќи тие компании, на некој начин преземале обврска дека до крајот на мај нема да напуштат работници, а колку од нив, што нема да конкурираат, а имаат страшен пад на приходите, кренале раце и фактички почнале да напуштаат работници и најверојатно се зависи од тоа дали имаат работници на определено работно време, кои ќе ги напуштат без никакви трошоци, или имаат работници на неопределено работно време. Тогаш мора да ги прогласат технолошки вишок и да им исплатат плати на работниците, тие што имаат работници над 25 години и до седум плати. Тоа се исто така огромни трошоци, на некои компании, на пример целата компанија не вреди, колку што изнесува таа отпремнина за исплата на технолошки вишок. Целата трудоинтензивна индустрија, текстилство, кожарство, производството на мебел се многу интересни, затоа што вредноста на капиталот на компанијата е минорен, во однос на приходите, што ги прави. Кога не работат тие компании, скоро и да не вредат ништо. Мене ми е жал, но може да се случи работодавачот, кога ќе види дека треба да ги напушти работниците, а нема пари да им ја исплати отпремнината, може да рече еве ви ја фабриката, стечај и стечајниот управник нека продава и нека ви дава, колку што има, толку. Дали тоа значи дека Владата може да ви даде мала надеж ако седне со вас и ги слушне вашите аргументи за седми пакет на мерки? -Па видите, откако Владата ќе ги види бројките за овој пакет, колку компании, поднесоа барања, мислам дека веќе може да направи анализа за седмиот пакет на мерки, се разбира и помош следува и треба да добијат само оние, коишто имаат големи проблеми во работењето и ако сакаме да ги задржиме работниците и ако сакаме да останат живи компаниите и да не се случи стечај, ликвидација, тогаш е неопходен седми пакет на мерки. Колку од работодавците од текстилниот сектор размислуваат за преорентација на своите бизниси, едноставно да ги затворат овие фабрики и парите да ги инвестираат во нови бизниси? -Станува збор за преструктуирање на производството. Ние да речеме во изминатите 20 години сме работеле работна облека или женски блузи, сме работеле само машки кошули и за тоа сме биле специјалисти. Во овие вакви услови од лани почнавме да работиме и женски блузи и работна облека. Значи мора да има преструктуирање внатре во самото производство или да речеме дека само во машките кошули има големо преструктуирање, процентот на онаа бизнис кошула е скоро нула, а сега единствено наоѓаме надеж единствено само во кежуал облеката, за слободно време. Луѓето кога работат од дома, излегуваат поручек и и носат таква кошула. Но, вложувањето на капиталот во други индустрии, сигурно дека многу од компаниите и веќе многу од газдите од текстилната индустрија и сериозно размислуваат, како решение ако целосно го затворат текстилното производство, ако да рече бројот на работниците пред три години му бил 300, а сега 50. Тоа е многу полесно, да ги напушти сите работници и ако му остане капитал, зборувам за компаниите кои во минатото издвојувале резерви и имаат акумулирани добивки. Оние компании, кои чекале во банка да дојде прилив за да земат плата, тие компании не верувам дека ќе преживеат. Викторија Димитрова-Јованова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/feed/ 0
До 20 отсто отпуштања во текстилните компании ако нема навреме финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/#respond Mon, 15 Mar 2021 11:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=482623

Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа, апелираа денеска текстилните компании. Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош. Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што рекоа на прес-коференција, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат. Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, скоро запре производството на текстил, со исклучок на производството на работна облека. -Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, истакна Димитров. Тој е информиран дека собраниската седница на чиј дневен ред е Законот за финансиска поддршка на плати треба да се одржи на 23 март. -Со оглед дека веќе се доцни, компаниите до 15 март мораа да ги исплатат платите, неопходно е во овој Закон да се предвидат одредби со кои би се одложиле роковите за поднесување на барањата за финансиска помош и за поднесување ипсправка на образецот за февруари. Уште еднаш ги повикувам пратениците, за вакви прашања каде што не смее да има партиски интереси, заедно да ги донесат мерките кои се од интерес за граѓаните, нагласи Димитртов. Домашните компании на почетокот на пандемијата делумно успеаја да ги намалат негативните влијанија од кризата. Намалувањето на нарачките во делот на модните производи беше компензирано со преориентирање на производство на заштитни маски и друга заштитна облека, за која се јави поголема побарувачка. -Моменталната сутуација според проценките и секојдневните контакти со текстилните компании, кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период се очекува намалување на продажбата на производите кое би се движело помеѓу 40 отсто до 50 проценти во однос на претходните години. За исто толку би се намалиле и нарачките од странските партнери, рече Димитров. Според него, новиот бран на ширење на коронавирусот и воведувањето строги мерки на затворање низ европските земји, доведе до дополнително намалување на продажбите на европскиот пазар, а со тоа и дополнителни проблеми за македонските текстилни компании. -Поради мерките за заштита од пандемијата кај најголемите трговски партнери на домашните компании и намалената потрошувачка на текстилни производи, во изминатиот период е евидентна тенденцијата на намалување и откажување на налозите од странство, а со оглед на дополнителните актуелни затворања на европските држави, првенствено на Германија и во следниот период се очекува откажување или намалување на обемот на нарачките, односно нарачки на помали серии, истакна Димитров. Тој оцени дека укинувањето на царините за увоз на репроматеријали во текстилната и кожарската индустрија е реална и вистинска помош за компаниите од овие дејности. -Придобивките од одлуката со која се укинаа царинските стапки за повеќе од 40 суровини и репроматеријали кои се употребуваат во текстилната и кожарската индустрија, а со важност до крајот на 2021 година се повеќекратни за македонските компании и нудат можности за реорганизирање на нивното производство, да почнат со сопствено производство и да го пласираат и на европските пазари. Со оглед дека 90 отсто од овие компании во земјава работат по лон-систем, оваа одлука многу влијае за подобра конкурентност што е битно за задржување на вработените. Компаниите не може преку ноќ да го намалат лон-производството и да почнат да произведуваа сопствени брендови, затоа одлуката многу значи за фирмите, а со тоа нашиот извоз би пораснал, нашите компании би добиле некоја додадена вредност што ќе значи нивен опстанок, зголемување на конкурентната способност и задржување на вработените, напомена Димитров. Тој смета дека, сепак, се неопходни дополнителни економски и други релевантни мерки, кои ќе овозможат директна финансиска поддршка на овие трудоинтензивни индустриски сектори, поддршка за развој на конкурентноста, автоматизација и дигитализација на одредени сегменти од производниот процес, набавка на нова опрема согласно со промените на пазарот, со цел зачувување на работните места и опстојување на текстилните компании во наредниот период. Според Димитров, пандемијата во светски рамки ја намали побарувачката за текстилни производи и облека што влијаеше на намалување на глобалното производство. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава. -Индустриското производство во 2020 година кај текстилот и облеката бележи намалување за околу 14 отсто во однос на 2019 година, а истиот тренд продолжи и во јануари 2021. Статистичките податоци покажуваат дека извозот на текстил, облека и кожарски производи за 2020 година изнесувал 493 милиони евра и истиот е намален за 10,6 отсто или за 58 милиони евра во споредба со претходната година кога изнесувал 551 милион евра. Тоа е доказ дека има и огромно намалување на производството кај текстилните комапнии, што доведе до голем негативен економски ефект во поглед на намалена профитабилност и ликвидност, рече Димитров. м МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/feed/ 0
„Камионите со шверцуван текстил на Крмзов се фатени“ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kamionite-so-shvercuvan-tekstil-na-krmzov-se-fateni/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kamionite-so-shvercuvan-tekstil-na-krmzov-se-fateni/#respond Thu, 05 Nov 2020 11:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=425383

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kamionite-so-shvercuvan-tekstil-na-krmzov-se-fateni/feed/ 0