текстилци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 09:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png текстилци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Текстилниот отпад шанса за нови бизниси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/#respond Sat, 26 Nov 2022 09:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=766788

Магацините и халите на штипските текстилни конфекции се затрупани со текстилен отпад. Материјалот кој останува по шиењето на готовите текстилни производи се складира и мора да помине низ посебна процедура, за да се транспортира на градската депонија „Трештена скала“. Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни конфекции во текстилниот кластер вели дека токму тој отпад е неубава слика пред странските партнери, кога ги посетуваат фабричките погони, за склучување нови договори. – Но, сега веќе сите знаат, на почетокот на партнерите мораше да им објаснуваме што тоа значи и зошто го правиме. Се снаоѓаме, со тоа што подискретно го складираме тој отпад, но сега засега таква е законската процедура. Прво треба да поминат од Царина да го видат тој отпад, потоа да го складираме и уништиме, вели Нашков. Токму овој отпад е шанса за бизнис, посочува Нашков, но и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) и Кристина Ампева од „Гласен текстилец“. Нашков со партнер од Хрватска пред пет години создале фирма за рециклирање и искористување на текстилниот отпад од македонските текстилни фабрики и тоа за автомобилската индустрија во Хрватска. Но, идејата пропаднала поради актуелните закони и прописи во земјава. – Тогаш не најдовме разбирање од Царинската управа, бидејќи баравме да нè ослободат од вредноста на тој отпад. Тогаш ни рекоа дека не може да се смени таа регулатива, тешко е да се организира таа промена и така тоа остана и фирмата чека некои подобри времиња. Мислам штета е тој отпад да се уништува на овој начин, како што сега го уништуваме. Прво ја загадуваме животната средина, потоа имаме огромни трошоци за него, а во целиот свет се рециклира и се прави некаков производ од него, вели Нашков. Две невладини организации ФРЛЗ и „Гласен текстилец“ веќе неколку години работат на рециклирање на текстилниот отпад. Шарковски од ФРЛЗ вели дека имаат истражувања и анализи за рециклирањето на текстилниот отпад. Забележува дека текстилниот отпад го гледаат не како отпад, туку како ресурс со кој може да се произведе нов производ со додадена вредност. – Она што ние со овој проект го правиме е прво да ја подигнеме свеста на луѓето дека текстилниот отпад не е само отпад, туку е ресурс, репроматеријал, којшто може да овозможи економска независност на одредени социјални категории луѓе, вели Шарковски. Посочува дека подолго време од текстилниот отпад произведуваат перници за седење, украсни перници, потоа за домашни миленици и кукли за деца. – Но исто така има и други начини којшто може да се употреби за изолациски панели, бехатон-плочки, широка е употребата, вели Шарковски. За време на пандемијата ангажирале текстилни работнички кои останале без работа, а по неа и лица од социјално ранливите категории кои ги шијат производите од текстилниот отпад. На истата проблематика со години работи и „Гласен текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ вели дека како здружение формирано од текстилни работнички имаат прилично познавање од работењето со текстилен отпад, лон-производство. Посочува дека со поддршка на фондацијата „Kvinna till Kvinna“ имале можност овие две години да поработат подлабоко на тој сегмент и се однесува на вистинско економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија или задруги. – Дополнително во време на корона-кризата многу жени од текстилниот сектор останаа без работа (самохрани мајки, хронично болни, мајки на деца до 10 години), па го видовме и на дело недостигот од тоа лон-производство во време кога никому не му беше дојдено до модни парчиња и брендови поради фактот што целиот свет беше затворен и бевме дома. Дополнително и онаа зелена агенда која ни се наметна како потреба, а во која брзата мода е на второ место како глобален загадувач, нè натера да ги следиме искуствата во светот и регионот. Нашето следење се однесуваше на: како да работиш со текстил, а да си солидно платен и имаш плата достојна за живот, како да создадеш работни места кои имаат соодветни услови и убава работна атмосфера, работни места чија мисија е профитот да биде поделен еднакво, а дел и за планирање нови работни места на жени и лица во социјален ризик, но и како да бидете одговорни кон животната средина со значително намален текстилен отпад, а воедно да придонесувате кон нови и добро платени работни места, вели Ампева. Забележува дека е потребна стратегија, но и закон за социјални претпријатија и задруги, а токму за време на корона-кризата покажаа и докажаа дека стабилни и отпорни за разлика од типичните фирми. – Исто видовме и кај нас дека жени кои ги изгубија работните места во време на корона-кризата почнаа со шиење маски, торби, промотивни материјали и имаа солидни приходи откако ги изгубија работните места. Но сепак ни треба законска регулатива и следење на позитивните пракси, како на пример во Полска, фондови и поголемо разбирање од властите дека ова е модел на иднината кој е солидарен, фер, се грижи за најранливите, е општествено и социјално одговорен, а воедно и се грижи за заштита на животната средина и од отпадот се отвораат нови и платени работни места, вели Ампева. На штипската депонија завршуваат од 600 до 700 тони отпад од текстилните конфекции Анализите на Фондацијата за локален развој на заедницата покажуваат дека на штипската депонија „Трештена скала“ завршуваат од 600 до 700 тони текстилен отпад наместо да се рециклира, односно да се искористи за производство на нови текстилни производи. Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Трајче Здравков, за МИА појаснува дека на депонијата годишно пристигнува околу 30.000 тони различен отпад, од кои потврдува дека од 600 до 700 тони се од штипските конфекции, со што во вкупниот отпад учествува со околу три проценти. Се согласува дека овој отпад влегува со 40 проценти, но ако се земе во делот на индустрсикиот отпад, кој пристигнува на депонијата од сите индустриски капацитети од Општина Штип. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков, вели дека е добро што од 1 јануари 2023 година во сила стапува новиот Закон за употреба на текстилен отпад, масла и гуми од возила. – Според новиот Закон, член 52, градоначалникот има обврска да одреди локации на кои ќе има селектирање на овој отпад. Се планира на местата каде што ќе бидат поставени контејнери за примарна селекција, а знаете дека на повеќе локации во градот има контејнери во боја, за пластика, хартија и стакло, се надевам дека на истите тие места ќе бидат обезбедени и контејнери за одделено селектирање на текстилниот отпад, вели Везенков. Штипската депонија изминатото лето беше запалена од непознати сторители, на неа гореше секаков отпад, меѓу кој е текстилниот. Горењето на депонијата е и загадување на животната средина, а во околните села и градот се чувствуваше непријатна реа. Текстилниот отпад се користи и како енергент Модната индустрија е еден од загадувачите на животната средина, поради несоодветната искористеност на отпадот. Маријана Ацевски-Томовска од Текстилната конфекција „Златекс“-Скопје вели дека современиот начин на живеење налага да се размислува на поинаков начин за квалитетот на животната средина. Текстилниот кластер подолго време се трудеше да изнајде начин како да се третира текстилниот отпад, а истовремено да се почитуваат еколошките стандарди. До пред извесен период целиот текстилен отпад завршуваше на депониите. Меѓутоа, со реализација на регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан“, со директна поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, се создадоа услови за користење индустриски текстилен отпад како алтернативно гориво во цементарница. – Со овој проект, го правиме тоа на начин што го носиме текстилниот отпад во Цементарница „Усје“, каде што се согорува со многу висока температура и се претвора во гориво, а притоа не испушта штетни гасови во воздухот. Втор бенефит е тоа што во соработка со Царинската управа е поедноставена постапката за уништување на текстилниот отпад и не помалку важен бенефит е тоа што се намалени трошоците, рече Ацевски-Томовска. Директните увозници имаат капацитет да собираат и транспортираат отпад, но малите произведувачи зависат од организаторите, посочува Љупка Миладинова-Џамбазовски од текстилната конфекција „Албатрос“-Штип. – Носењето на отпадот до Цементарница треба да го организираат самите компании, така што тоа би требало да се врши редовно, а сега со новите зголемени трошоци, сепак тоа ќе биде малку поголем товар за компаниите, вели Миладинова-Џамбазовски. Според бизнис-секторот, потребна е институционална поддршка за да може проектот да заживее на целата територија, но сметаат дека ова е одлична бизнис-идеја, која ќе придонесе за чиста и здрава средина. Викторија Димитрова-Јованова/MИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/feed/ 0
Текстилци на големо отпуштаат работници, за власта тоа не било ништо драматично https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilci-na-golemo-otpushtaat-rabotnici-za-vlasta-toa-ne-bilo-nishto-dramatichno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilci-na-golemo-otpushtaat-rabotnici-za-vlasta-toa-ne-bilo-nishto-dramatichno/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=327099

Принудени сме да ставиме клуч на врата оти владините мерки не се доволни за да го спасиме производството – отворено зборуваат сопственици на текстилни компании за Алфа. Ако се реализираат најцрните сценарија, илјадници работници ќе останат без работа. Коронакризата на големо удри по текстилните компании кои на големо отпуштаат работници, главно шнајдерки, објавува телевизија Алфа. – Размислуваме за опцијата отпуштање на работниците, заради тоа што практично од 10 април ние повеќе немаме работа. Мерките што ги предложува владата нема да ни помогнат. Предлогот на Стопанската комора е најдобар. Тоа веќе го воведоа, мислам дека Србија, Грција и Словенија, вели во телефонски разговор за Алфа, Марјан Румпевски од сопственичктаа структура на „Полотекс“ од Берово. Во понеделник ставам клуч на врата, пазарот во Германија се затвора, немам за кого да работам, вели сопственикот од „Дока текстил“, Валандово, која претходно донирала 40.000 маски во Валандово, Дојран, Гевгелија и Демир Капија. Газдата рече дека за сега нема да ги отпушти работниците, и ќе се бори колку што може, но опцијата да се задолжи со кредити била невозможна, зашто враќањето било илузија. – Ниту минималната плата што владата сака да ни ја даде, ќе треба да ја враќаме до крајот на годината, а не верувам дека било каква добивка ќе оствариме до тогаш. 20 години работам и го полнам буџетот, сега ми е неопходна реална поддршка, а не вакви мерки. Да не помогнат со 100 отсто покривање на трошоците барем за два месеци, рече Тини Пандев, сопственик на „Дока текстил“ ДОО од Валандово. Текстилната конфекција „Ноел“ од Гевгелија веќе отпуштила 105 шнајдерки. Сопственикот Томе Главчев, за Алфа вели намалениот обем на работа го принудил на тоа оти речиси 100% од кошулите се извезувале на германскиот пазар. – Некои медиуми шпекулираа дека станува збор за 150 жени, тоа не е точно. Се работи за 105 работници, главно шнајдерки кои беа на договор на дело. Јас сум уверен дека штом се подобри состојбата сите до една ќе ги вратиме на работа. Стварно сум изненаден од мојот грчки партнер кој со полна пареа работи и извезува, иако пазарот е затворен од сите страни, рече за Алфа Томе Главчев, сопственик на компанијата „Ноел“ од Гевгелија. И во Тетово над 160 текстилни работници остануваат на улица, а луѓето обвинуваат дека раководството им наложило да потпишат анекси на договорите за работа. – Сите вработени во „Тетекс Јарн Лимитед“ од 1 до 10 март потпишавме договори на 3 месеци. На 17 март ни беа дадени нови договори за работа со важност од 9 март до 31 март без напишан износ на плата. Така со завршување на „новиот” договор од 1 април 2020 ние остануваме без работа, се жалат работниците кои ги испратија документите. Додека компаниите се принудени да ставаат клуч на врата за власта тоа не било ништо драматично. Бројката била мала и немало простор за паника, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски. „Дрекслмајер” во Кавадарци пак го продолжува колективниот годишен одмор на 5.000 работници. – Поради актуелната состојба со ширењето на Коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи производството. Повторниот старт ќе зависи од развојот на ситуацијата со светската пандемија, но и од развојот во автомобилската индустрија, нагласуваат од фабриката. Останува отворено прашањето дали ќе се предомисли власта да ги спаси работниците со вбризгување на пореална финансиска инјекција за компаниите да се одржат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilci-na-golemo-otpushtaat-rabotnici-za-vlasta-toa-ne-bilo-nishto-dramatichno/feed/ 0
„Гласен Текстилец“: Непромислени се барањата на Кластерот за текстил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nepromisleni-se-baranjata-na-klasterot-za-tekstil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nepromisleni-se-baranjata-na-klasterot-za-tekstil/#respond Thu, 31 Oct 2019 17:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=258503

Апсурдни и непромислени се изјавите и барањата на Кластерот за текстил за враќање на нормираниот учинок, за зголемувањето на работното време и за кратење на празниците, оцени денеска Кристина Ампева од граѓанското здружение „Гласен Текстилец“ од Штип. – Ова е нешто што нема шанси да го вратиме назад, бидејќи до пред некоја година во текстилниот сектор имавме плата од 7.000 денари, а се уште имаме прекувремена работа, којашто е непријавена и не е платена. Работа за празник, којашто не е пријавена и не е платена, а сега тие бараат со закон да ја легализираат досегашната експлоатација, вели Ампева. Таа смета дека работодавците од текстилната индустрија изминатите години добија и субвенции, финансии за зголемување на минималната плата, користење на секакви фондови и во најава е закон за субвенционирање на придонесите. – Овој пат сметам дека власта е до толку паметна за да не им излезе во пресрет. Тоа е апсурдно и не треба да го разговараме, рече Ампева. Таа забележува дека кај работничките постои страв доколку се исполнат овие барања на Кластерот за текстил, од причина што досега законите што се носеа се во корист на профитот. Но, нејзин став е дека работничките нема потреба да се плашат, бидејќи станува за апсурдни барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glasen-tekstilec-nepromisleni-se-baranjata-na-klasterot-za-tekstil/feed/ 0
Tекстилците се жалат за минималната плата, најавуваат отпуштања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-se-zalat-za-minimalnata-plata-najavuvaat-otpushtanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-se-zalat-za-minimalnata-plata-najavuvaat-otpushtanja/#respond Thu, 07 Jun 2018 09:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=63201

Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците. Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите што треба да им бидат исплатени на трудоинтензивните дејности, да се пренасочат директно кон работниците. Владата мора да направи реформи во овој дел на економијата, за да не се предизвика огромен негативен ефект, каков што предупредуваат експертите дека може да се случи. - Не ни треба поддршка за минималната, туку за повисоките плати, за да ги стимулираме работниците и да ја зголемиме продуктивноста, истакна претседателот на Кластерот за текстил, Марјана Перковска. Според неа,  Владата мора да ги забрза реформите во економијата. Многу време троши на прашањето за името и на други политички проблеми. Текстилците се пожалија и дека по воведувањето на минималната плата практично станале социјални претпријатија. Доведени се во ситуација да земаат кредит за да обезбедат плати. - Околу 80 отсто од вкупниот приход на текстилните компании оди за плати што е премногу. Минималната плата е неодржлива во секоја смисла, по однос на продуктивноста, техничката подготвеност, конкурентноста, потенцира Перковска. Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, рече дека производството на облека во периодот  јануари-април 2018 е намалено за четири отсто во споредба со истиот период лани, а производството на кожа за 6,3 проценти. - Продолжува намалувањето на производството поради намалувањето на бројот на работниците, посочи Димитров. Во текстилната индустрија работат 35.000 лица или вкупно 40.000 заедно со кожарството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-se-zalat-za-minimalnata-plata-najavuvaat-otpushtanja/feed/ 0
Текстилците бараат поддршка за инвестиции без да го зголемат бројот на вработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-baraat-poddrshka-za-investicii-bez-da-go-zgolemat-brojot-na-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-baraat-poddrshka-za-investicii-bez-da-go-zgolemat-brojot-na-vraboteni/#respond Fri, 20 Apr 2018 09:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=43626

Речиси не постои текстилна компанија во Македонија што може да го зголеми бројот на вработени, а тоа е еден од двата услова за добивање поддршка за инвестиции согласно законските измени кои се во собраниска процедура. Текстилците денеска предупредија дека е голем недостигот на работна сила, а можат да опстанат само ако вложуваат во опрема и технологија поради што поддршката им е повеќе од неопходна. На тој, начин, велат, не само што би останале рентабилни, туку и би ги зголемиле и платите и продуктивноста. На  прес-конференција во Стопанската комора на Македонија побараа побрзо да се донесе законот што е во процедура веќе девет месеци, но да се поддржи и амандманот кој ги иззема од условот за зголемен број вработени. - Единствен начин да опстанеме е да инвестираме во опрема, во современи, автоматски машини, да почнеме со комплетно производство и  креирање соптствени брендови. Нашите компании го зголемуваат извозот, вкупниот приход и девизниот прилив, но зголемувањето на бројот на работници и да сакаат не можат да го остварат поради недостигот на работна сила на пазарот на трудот. Кога би имало расположлива работна сила што би сакала да работи во текстилната, кожарската или чевларската индустрија, 5.000 работни места се веднаш слободни. Секоја конфекција е подготвена да вработи 20 - 30 лица, рече претседателот на Огранизацијата на работодавачи, Ангел Димитров. Текстилната, кожарската и чевларската индустрија вработуваат 65.000 лица или 20 отсто од вкупниот број вработени во државата. Само текстилни компании во земјава има 800 со 35.000 - 38.000 вработени. Од нив, според Димитров и Перковска, најмалку половината ќе можат да конкурираат за поддршка за инвестиции, а некои дури и почнале да вложуваат во опрема. - Најголем проблем е тоа што многу се малку или воопшто не постојат компании во кои бројот на вработени се зголемува, а евентуалната модернизација и автоматизација би овозможила со истиот број вработени да се извршува поголем обем на производство, односно да се зголеми продуктивноста, потенцира претседателот на Кластерот за текстил Мирјана Перковска. Во текстилната и кожарската индустрија, според статистиката, платите постојано се зголемуваат и бележат најголем процентуален раст. - Секоја компанија во Македонија мора во текот на годината да ги покаќи платите за барем 10 отсто. Во спротивно ќе се соочи со недостиг на работници, тие едноставно ќе си одат, подвлече Ангелов. Проблемот, дополни Перковска, е што индустријата е недоволно технолошки подготвена, а цените на материјалите постојано растат. Поради тоа компаниите не можат да ја зголемат платата. Законските измени за поддршка на инвестиции предвидуваат два критериума: компаниите да остварат зголемување на приходот од дејноста колку просекот во последните три години и да имаат ист или зголемен број вработени во однос на просекот во последните три години. - Ова е само прв, иницијален чекор, но не и доволен за да заживеат текстилната и преработувачката индустрија воопшто. Мора да се размислува и на други инструменти: гарантни фондови, соработка со деловните банки и реструктуирање на Македонската банка за обнова и развој во насока на директна поддршка на компаниите, а за да нема неусогласености на законите со праксата, при нивното носење не треба да се одржуваат само формални средби, туку и да се слуша гласот на реалниот сектор, порачаа текстилците и сигуреираа формирање советодавно тело со луѓе практичари, како коректор на недопрецизираните регулативи. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilcite-baraat-poddrshka-za-investicii-bez-da-go-zgolemat-brojot-na-vraboteni/feed/ 0