Текстилијада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 11:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Текстилијада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Штип „Текстилијадата“ почнува од утре со низа дебати и уметнички настани за работниците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=885070

Деведест проценти од судски процеси кои ги водииме за текстилните, но и за останатите работници ги имаме добиено, а за првпат на Балканот, па и пошироко ја добивме битката за 30 текстилни работнички, кои паричен надомест добија од странските брендови, бидејќи беа избркани од работа, истакна на денешната прес-конференција, Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“, која ја најави седмата по ред „Текстилијада“. Гости од Швајцарија, Германија и Шведска ќе бидат дел „Текстилијада“ во Штип, што ќе  започне утре со откривање на уметничка инсталација, а во текот на истата до сабота ќе бидат одржани низа дебати, дијалози, ќе се доделат наградите од литературниот конкурс на кој учествувале четириесетина основци и средношколци. Нема да изостане и работничкиот пикник, со акцент на синдикалното организирање, на кој ќе се подели и весникот „Текстилец“. -Утре започнуваме токму со пречекување на нашите гости од еден текстилен град наречен Борос, што е пандан на Штип. Можам да кажам дека утрешниот ден ќе им биде посветен ним. Ја отвораме „Текстилијадата“ в петок, во центарот на Штип, со уметничкото дело на тема „Корени на традицијата“, направено од склупторот Андреј Миневски. Продолжуваме со интернационалниот форум, што, меѓу другите, ќе го отвори и Амбасадорката на Шведска во Македонија. Предвидено е присуство на повеќе фактори од земјава и странство, вели Ампева. Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“ вели дека „Текстилијадата“ ќе вклучува и повеќе уметнички настани, меѓу кои ќе биде и откривањето на муралот кој ја отсликува текстилната работничка во минатото и иднината. Целта на ваквите настани е да се унапреди улогата на работниците и работничките во текстилната индустрија, но и да се подобрат условите преку споделување мислења и идеи на институции, работници и работодавачи, како и останати засегнати страни во овој сектор, а сето тоа преку добри примери од странство. -Работничка ќе ни ја раскаже нејзината приказна, која, за среќа, заврши позитивно, но е една на 100 или 1000, така што и таа ќе биде говорничка. Ќе ја раскаже својата позитивна приказна и да ги охрабри останатите да се борат, бидејќи родово-базираната дискриминација, најчесто, не ја препознаваат работничките, иако е толку многу присутна на пазарот на трудот, рече Дишоски. Ампева додава дека „Текстилијадата“ ќе биде добар настан со цел да се презентира она што е направено во периодот помеѓу две Текстилијади, но и да се мапира она на што понатаму треба да се работи. Седмата „Текстилијада“ во Штип ќе се одржи од 5 до 7 октомври.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/feed/ 0
Со дебатата за жените работнички почнува „Текстилијада“ во Штип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/#respond Wed, 06 Oct 2021 13:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=574114

Со дебатата „Социјално и економско зајакнување на жените работнички преку кооперативи и социјални претпријатија“ што ќе се одржи утре, во Штип почнува петтата „Текстилијадата“ чие годинашно мото е „Известување и улогите во борбата за работнички права“. Манифестацијата ја организира невладината „Гласен текстилец“ – Штип. Како што соопштија на денешната прес-конференција Кристина Ампева, Благојче Дишовски и уметничкиот директор на „Текстилијадата“, Денис Ампев, на „Текстилијадата“ ќе се дебатира и за новинарите и известувањето на работничките права, за улогата на брендовите и работничките организации во КОВИД-криза, а последниот ден, во сабота, е дебатата за „Институциите во интерес на работниците“. На манифестацијата ќе се промовираат и стрипот „Супер работничка“, дела на пет уметници и книгата „Хорор приказни“ од Кристина Божурска. Според податоците на „Гласен текстилец“, во време на пандемија или за 1,5 година помош побарале 12.000 работници од сите индустриски гранки. -Многу жени останаа без работа и токму тие најмногу ја почувствуваа кризата. Од почнувањето на корона вирусот дававме конкретни мерки, што треба да се направи за да нема губење работни места. Први ние укажвме на злоуптребите со државната помош, рече Ампева. Според неа, брендовите за кои работат нашите компании имаат огромна одговорност и можат многу да ја унапредат состојбата со работничките права. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-debatata-za-zenite-rabotnichki-pochnuva-tekstilijada-vo-shtip/feed/ 0
Во Штип почнува „Текстилијадата“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-pochnuva-tekstilijadata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-pochnuva-tekstilijadata/#respond Fri, 19 Oct 2018 06:14:58 +0000 https://kurir.mk/?p=116988

Миграцијата на младите, културата и младите, проблемите на текстилните работници,  се дел од темите на дебатите и работилниците кои ќе бидат дел од втората „текстилијада“, што почнува денеска во Штип. Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева на денешната прес-конференција најави дека оваа година ќе имаат вкупно 13 настани, кои ќе се одвиваат денеска и утре. - Ќе присуствуваат градоначалникот на Штип Благој Бочварски, министерот за финансии Драган Тевдовски, шефицата на кабинетот на министерот за труд и социјална политика и други, рече Ампева. Во рамките на „Текстилијадата“ предвидени се и промоции и изложби на ликовни дела. - Ќе имаме ликовна работилница, изложба на академски слики, како и изложба насловена „Штип некогаш текстилен град“ што ќе ги опфати сликите на некогашните комбинати „Македонка“ и „Астибо“, наведе Александар Арсовски, член на „Гласен Текстилец“-Штип. На втората „Текстилијада“ ќе се промовира и весник за текстилните и кожарски работници. - Весникот е направен за работниците од овие две индустрии во источниот регион. Со радост можам да кажам дека после 25 години, текстилните работници ќе можат да дојдат до директни информации, истакна Денис Ампев член на „Гласен Текстилец“ Штип. Втората „Текстилијада“ е поддржана преку проектот „Културата и Младите за промени“ финансиран од Општина Штип. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-pochnuva-tekstilijadata/feed/ 0