текстилна индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 09:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png текстилна индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Текстилниот отпад шанса за нови бизниси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/#respond Sat, 26 Nov 2022 09:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=766788

Магацините и халите на штипските текстилни конфекции се затрупани со текстилен отпад. Материјалот кој останува по шиењето на готовите текстилни производи се складира и мора да помине низ посебна процедура, за да се транспортира на градската депонија „Трештена скала“. Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни конфекции во текстилниот кластер вели дека токму тој отпад е неубава слика пред странските партнери, кога ги посетуваат фабричките погони, за склучување нови договори. – Но, сега веќе сите знаат, на почетокот на партнерите мораше да им објаснуваме што тоа значи и зошто го правиме. Се снаоѓаме, со тоа што подискретно го складираме тој отпад, но сега засега таква е законската процедура. Прво треба да поминат од Царина да го видат тој отпад, потоа да го складираме и уништиме, вели Нашков. Токму овој отпад е шанса за бизнис, посочува Нашков, но и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) и Кристина Ампева од „Гласен текстилец“. Нашков со партнер од Хрватска пред пет години создале фирма за рециклирање и искористување на текстилниот отпад од македонските текстилни фабрики и тоа за автомобилската индустрија во Хрватска. Но, идејата пропаднала поради актуелните закони и прописи во земјава. – Тогаш не најдовме разбирање од Царинската управа, бидејќи баравме да нè ослободат од вредноста на тој отпад. Тогаш ни рекоа дека не може да се смени таа регулатива, тешко е да се организира таа промена и така тоа остана и фирмата чека некои подобри времиња. Мислам штета е тој отпад да се уништува на овој начин, како што сега го уништуваме. Прво ја загадуваме животната средина, потоа имаме огромни трошоци за него, а во целиот свет се рециклира и се прави некаков производ од него, вели Нашков. Две невладини организации ФРЛЗ и „Гласен текстилец“ веќе неколку години работат на рециклирање на текстилниот отпад. Шарковски од ФРЛЗ вели дека имаат истражувања и анализи за рециклирањето на текстилниот отпад. Забележува дека текстилниот отпад го гледаат не како отпад, туку како ресурс со кој може да се произведе нов производ со додадена вредност. – Она што ние со овој проект го правиме е прво да ја подигнеме свеста на луѓето дека текстилниот отпад не е само отпад, туку е ресурс, репроматеријал, којшто може да овозможи економска независност на одредени социјални категории луѓе, вели Шарковски. Посочува дека подолго време од текстилниот отпад произведуваат перници за седење, украсни перници, потоа за домашни миленици и кукли за деца. – Но исто така има и други начини којшто може да се употреби за изолациски панели, бехатон-плочки, широка е употребата, вели Шарковски. За време на пандемијата ангажирале текстилни работнички кои останале без работа, а по неа и лица од социјално ранливите категории кои ги шијат производите од текстилниот отпад. На истата проблематика со години работи и „Гласен текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ вели дека како здружение формирано од текстилни работнички имаат прилично познавање од работењето со текстилен отпад, лон-производство. Посочува дека со поддршка на фондацијата „Kvinna till Kvinna“ имале можност овие две години да поработат подлабоко на тој сегмент и се однесува на вистинско економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија или задруги. – Дополнително во време на корона-кризата многу жени од текстилниот сектор останаа без работа (самохрани мајки, хронично болни, мајки на деца до 10 години), па го видовме и на дело недостигот од тоа лон-производство во време кога никому не му беше дојдено до модни парчиња и брендови поради фактот што целиот свет беше затворен и бевме дома. Дополнително и онаа зелена агенда која ни се наметна како потреба, а во која брзата мода е на второ место како глобален загадувач, нè натера да ги следиме искуствата во светот и регионот. Нашето следење се однесуваше на: како да работиш со текстил, а да си солидно платен и имаш плата достојна за живот, како да создадеш работни места кои имаат соодветни услови и убава работна атмосфера, работни места чија мисија е профитот да биде поделен еднакво, а дел и за планирање нови работни места на жени и лица во социјален ризик, но и како да бидете одговорни кон животната средина со значително намален текстилен отпад, а воедно да придонесувате кон нови и добро платени работни места, вели Ампева. Забележува дека е потребна стратегија, но и закон за социјални претпријатија и задруги, а токму за време на корона-кризата покажаа и докажаа дека стабилни и отпорни за разлика од типичните фирми. – Исто видовме и кај нас дека жени кои ги изгубија работните места во време на корона-кризата почнаа со шиење маски, торби, промотивни материјали и имаа солидни приходи откако ги изгубија работните места. Но сепак ни треба законска регулатива и следење на позитивните пракси, како на пример во Полска, фондови и поголемо разбирање од властите дека ова е модел на иднината кој е солидарен, фер, се грижи за најранливите, е општествено и социјално одговорен, а воедно и се грижи за заштита на животната средина и од отпадот се отвораат нови и платени работни места, вели Ампева. На штипската депонија завршуваат од 600 до 700 тони отпад од текстилните конфекции Анализите на Фондацијата за локален развој на заедницата покажуваат дека на штипската депонија „Трештена скала“ завршуваат од 600 до 700 тони текстилен отпад наместо да се рециклира, односно да се искористи за производство на нови текстилни производи. Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Трајче Здравков, за МИА појаснува дека на депонијата годишно пристигнува околу 30.000 тони различен отпад, од кои потврдува дека од 600 до 700 тони се од штипските конфекции, со што во вкупниот отпад учествува со околу три проценти. Се согласува дека овој отпад влегува со 40 проценти, но ако се земе во делот на индустрсикиот отпад, кој пристигнува на депонијата од сите индустриски капацитети од Општина Штип. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков, вели дека е добро што од 1 јануари 2023 година во сила стапува новиот Закон за употреба на текстилен отпад, масла и гуми од возила. – Според новиот Закон, член 52, градоначалникот има обврска да одреди локации на кои ќе има селектирање на овој отпад. Се планира на местата каде што ќе бидат поставени контејнери за примарна селекција, а знаете дека на повеќе локации во градот има контејнери во боја, за пластика, хартија и стакло, се надевам дека на истите тие места ќе бидат обезбедени и контејнери за одделено селектирање на текстилниот отпад, вели Везенков. Штипската депонија изминатото лето беше запалена од непознати сторители, на неа гореше секаков отпад, меѓу кој е текстилниот. Горењето на депонијата е и загадување на животната средина, а во околните села и градот се чувствуваше непријатна реа. Текстилниот отпад се користи и како енергент Модната индустрија е еден од загадувачите на животната средина, поради несоодветната искористеност на отпадот. Маријана Ацевски-Томовска од Текстилната конфекција „Златекс“-Скопје вели дека современиот начин на живеење налага да се размислува на поинаков начин за квалитетот на животната средина. Текстилниот кластер подолго време се трудеше да изнајде начин како да се третира текстилниот отпад, а истовремено да се почитуваат еколошките стандарди. До пред извесен период целиот текстилен отпад завршуваше на депониите. Меѓутоа, со реализација на регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан“, со директна поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, се создадоа услови за користење индустриски текстилен отпад како алтернативно гориво во цементарница. – Со овој проект, го правиме тоа на начин што го носиме текстилниот отпад во Цементарница „Усје“, каде што се согорува со многу висока температура и се претвора во гориво, а притоа не испушта штетни гасови во воздухот. Втор бенефит е тоа што во соработка со Царинската управа е поедноставена постапката за уништување на текстилниот отпад и не помалку важен бенефит е тоа што се намалени трошоците, рече Ацевски-Томовска. Директните увозници имаат капацитет да собираат и транспортираат отпад, но малите произведувачи зависат од организаторите, посочува Љупка Миладинова-Џамбазовски од текстилната конфекција „Албатрос“-Штип. – Носењето на отпадот до Цементарница треба да го организираат самите компании, така што тоа би требало да се врши редовно, а сега со новите зголемени трошоци, сепак тоа ќе биде малку поголем товар за компаниите, вели Миладинова-Џамбазовски. Според бизнис-секторот, потребна е институционална поддршка за да може проектот да заживее на целата територија, но сметаат дека ова е одлична бизнис-идеја, која ќе придонесе за чиста и здрава средина. Викторија Димитрова-Јованова/MИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-otpad-shansa-za-novi-biznisi/feed/ 0
Текстилниот сектор спасот го гледа во преструктуирање и создавање на брендови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-spasot-go-gleda-vo-prestruktuiranje-i-sozdavanje-na-brendovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-spasot-go-gleda-vo-prestruktuiranje-i-sozdavanje-na-brendovi/#respond Sun, 23 Oct 2022 11:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=749583

Текстилниот сектор пополека згаснува, трендот на намалување на бројот на вработени продолжува. Годишно овој сектор останува без еден до три проценти од својата работна рака. Сопствениците на текстилните конфекции со став дека енергетската криза дополнително им ги зголеми трошоците, а како што велат без повеќе пари нема ниту млада работна сила. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека спасот е во преструктуирање и на тој начин ќе се зачуваат работните места. – Мислам дека бројот на работници и понатаму ќе паѓа. Но од друга страна текстилните компании ќе мора да размислуваат за свои брендови, за свој фул-пекич производство каде што додатната вредност ќе биде повисока, а со тоа и средствата што ќе ги добиваат од надвор, вели Димитров. Во државата, сепак има текстилни, односно модни брендови кои ги освојуваат и регионалните пазари. Симона Санева сопственик на текстилна конфекција, која произведува брендирана облека вели патот до брендирање е тежок, но возможен. -За разлика од другите компании не зависиме толку од странскиот купувач, нарачател. Имаме свое производство, своја колекција, извозно-ориентирана компанија којашто своите капацитети, односно околу 80% ги покрива со своето производство, вели Санева. Додека пак познатиот штипски работодавец, Венцо Филипов со долгогодишно искуство во овој сектор вели дека за создавање на сопствен бренд потребно е, пред се, знаење. -Колку што јас сум инволвиран, а често посетувам саеми, за да создадете сопствен бренд треба да имате многу знаење, но и многу пари. Треба ударна реклама и на крајот од се најважен е квалитетот. Без квалитет се ни е џабе, вели Филипов. Текстилните фабрики во Штип со години имаат отворени огласи за вработување, но иселувањето на младите е една од најголемите причини што Брегалничкиот регион остана без една четвртина од работоспособното население, а последниот попис покажа дека секој петти граѓанин е над 60 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilniot-sektor-spasot-go-gleda-vo-prestruktuiranje-i-sozdavanje-na-brendovi/feed/ 0
Ампева за Курир: Принудниот одмор на текстилните работници е затишје пред бура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/#respond Thu, 08 Apr 2021 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=494036

Над 6.000 текстилни работници во земјава се на колективен одмор. Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева во изјава за Курир вели дека остануваат да ја следат состојбата која нималку не е во корист на Штип, источниот регион и градовите каде е застапена текстилната и чевларската гранка. Вели, ако не се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците. -Очигледно е дека текстилните фабрики останаа без работа, поради економско здравствената криза со Ковид 19 која го зафати целиот свет, не само Македонија. Нарачките од странските партнери се запрени, малку се оние брендови кои не запреа со работа. Ова беше очекувано. Ние како текстилна индустрија зависиме од странските партнери и лон производството. Она што го зборевме со години, дека 95% од фирмите во Македонија се зависни од брендовите и немаме менаџерски способности за сопствено производство, дека лон производството е едноставно, но е неплатено, оваа криза го покажа и извади на површина лошото менаџирање и слабостите на лон производите. Останува да се надеваме дека ќе се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки, бидејќи во спротивно ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците, особено од ваквите ниско платени индустриски гранки. Имаме фирми кои должат по два месеци плата, не се платени придонесите, што значи дека немаат здравствено осигурување, што е исклучително не фер и не човечки во време на ваква здравствена криза. Принудниот одмор е затишје пред бура, особено ако продолжат калкулациите во Собрание од страна на партиите и пратениците, оние кои се избрани од народот, а се однесуваат крајно неодговорно. Не може закон за државјанство да е поважен од работни места и егзистенција на илјадници работници и нивните семејства, вели Ампева за Курир. Претседателот на Организацијата на работодавачи најави дека можни се отпуштања на вработените со договор на дело во следниот период и прогласување технолошки вишок на вработени. Ампева посочува дека не можат да ја знаат точната бројка на работници кои би биле отпуштени доколку се случи ова сценарио. -Не можеме да ја знаеме точната бројка. Од страна на колегите од ЗМАИ имаше истражување каде бројката на отпуштени од секторот текстил е 7000 луѓе. Инаку, и досега беа први на удар оние кои ги користеа мерките (бремени, хронично болни, мајки на деца до 10 години), како и оние со договори на определено време. Имаше и многу со незаконски откази, непочитување на договорите за вработување, фалсификувани потписи од страна на работодавачите кај работници на неопределено време. Не се сложувам дека текстилните фирми даваат откази од деловни причини, бидејќи треба да платат опремнина согласно стажот на вработениот кај работодавачот. Тоа е и еден од поголемите проблеми периодов. Имаме стотици работници кои беа принудени да си потпишат спогодбен отказ, да потпишат анекси од неопределено на определено работно време. И сето тоа, за да работодавачите не исплатат она што им следува на работниците при отказ од деловни причини. Ова се деловни причини, а не причини на работникот. Но знаеме дека со децении правата на работникот се на хартија, а ги немаме во пракса во огромен дел, оваа криза исто, извади на површина какви се не злоупотреби се прават на штета на работникот. А додека немаме и институции кои будно ќе следат, интервенираат и не дозволуваат прекршувања на права, ситуацијата ќе продолжи бидејќи неказнивоста од страна на институциите на државата, ги охрабрува дел од работодавачите да ги кршат законите, посочува Ампева. Посочува и дека состојбата во текстилната индустрија е загрижувачка. Добар дел од вработените се соочуваат со откази, несигурност на работно место, приморани да потпишуваат разни спогодби и анекси на договори, исплати под минимална плата, доцнење на плата, неисплаќање на плата и неплатени придонеси, немање на платено здравствено осигурување. -Од друга страна, имаме покачени цени на производи, луѓето каснат со исплата на рати од кредити кон банките, сметките, имаат зголемени трошоци, а немање на редовна плата. И повторно, катастрофална е неодговорноста на поедини пратеници и политички партии да си играат со човечки судбини. Забораваат поради кого се на тие функции и благодарение на кого ги уживаат нивните привилегии и земаат високи и редовни плати. Си играат со трпението на граѓаните и фирмите, па треба да се запрашаат дали може оваа ситуација да ескалира поради нивната неодговорност. Итен е сетот на мерки, државна помош кон граѓаните и фирмите, се останато е популизам, неодговорност и играње со човечки судбини, нагласува претседателката на „Гласен Текстилец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/feed/ 0
Tекстилната индустрија тоне, сопствениците се закануваат со 20 % отпуштања ако државата не им даде помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/#respond Tue, 16 Mar 2021 13:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=483235

Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците  ѝ претстои на текстилната индустрија владата системска поддршка за поголема продуктивност во секторот и  помош за задржување на вработените за време на пандемијата владата реши да остане глува  барањата на текстилниот сектор. Имено, во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, состојбата  е катастрофална, бидејќи според инфомрациите  капацитетите речиси воопшто не работат. Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров кажа дека производството скоро и да е запрено и дека текстилната индустрија е пред сериозни предизвици за преживување. Тој рече дека доколку не се донесе закон за финансиска подршка на платите 20 % од вработените во текстилната индустрија ќе останат на улица. -Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, потенцираше  Димитров. Во оваа индустрија работат над 30.000 квалификувани работници, на возраст од 50 – 55 годишна возраст и дека отпуштањата силно ќе влијјаат врз зголемување на целокупната невработеност во државата. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37.000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава и според експертите доколу власта не се заангажира посериозно за спас на оваа индустрија тогаш последиците ќе бидат катастрофални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/feed/ 0
Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-tekstilni-i-kozarski-fabriki-ja-pochituvaat-uredbata-za-zabrana-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-tekstilni-i-kozarski-fabriki-ja-pochituvaat-uredbata-za-zabrana-za-rabota/#respond Fri, 05 Jun 2020 13:53:28 +0000 https://kurir.mk/?p=354179

Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваа забраната за работа во погоните, покажа увидот на инспекторите, активистите од НВО „Гласен Текстилец“ и на Општинскиот кризен штаб. Во фабриката „Албатрос“ денеска брисеви им беа земени на околу 200 работници. Тие беа донесени со автобуси во кругот на фабриката и веднаш вратени дома. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека направила увид и обиколка во круговите на штипските конфекции и од она што можела да го види е дека за првпат во историјата на Штип конфекциите не работат за еден продолжен карантински викенд. Таа информира дека со уредбата вчера во попладневните часови е опфатена и компанијата „Адиент“ во ТИРЗ зоната. Таму работниците работеле втора и трета смена, а рано утринава машините се изгаснати и вработените ќе одмараат до понеделник. – Уредбата за забрана на работа на штипските текстилни и кожарски фабрики се почитува, за останатите компании од другите дејности оваа уредба не важи. Сите оние коишто ќе ја прекршат уредбата ќе се соочат со санкции и кривична одговорност, вели Ампева. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип тестирањето ќе го продолжат утре во друга конфекција, каде што ќе се тестираат уште 230 работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-tekstilni-i-kozarski-fabriki-ja-pochituvaat-uredbata-za-zabrana-za-rabota/feed/ 0
Димитров: Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-brojot-na-vraboteni-vo-tekstilnata-industrija-e-namalen-od-tri-do-pet-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-brojot-na-vraboteni-vo-tekstilnata-industrija-e-namalen-od-tri-do-pet-otsto/#respond Sat, 13 Jul 2019 11:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=218061

Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет отосто, информира претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров, кој состојбата во текстилната индустрија ја оценува како „не сјајна“. – Запознат сум од многу колеги дека немаат доволно работа, што може да значи дека странските партнери полека бараат нови пазари, односно нови коминтенти, каде ќе работат. Тоа се земјите од далечниот исток и мислат дека нашата земја со влезот во ЕУ, со порастот на платите и стандардот ќе стане неконкурентна за овие пазари, вели Димитров. Со истиот став е и претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска, која смета дека заминувањето на дел од странските партнери е заради поскапата работна сила, немодернизацијата на производството, возраста на текстилните работници, којашто во просек е над 45 години, како и миграцијата. Овие две организации, важни за текстилната индустрија во земја, што е трудоинтензивна гранка сметаат дека дел од проблемите можат да се решат доколку компаниите вложуваат во нови машини. – Со вложување во современа опрема можат да ја зголемат продуктивноста, за да ја задражат конкуретноста на светските пазари и само така ќе можат тие подолго да опстојат. Ид друга страна е недостигот на работници, демотивираноста на младите да се запишуваат во средните училишта. Тоа се проблеми, што ќе бидат многу важни во идниот период за оваа држава, вели Димитров. Оценката на Текстилниот калстер е дека оваа гранка оди во надолна линија. Токму текстилните конфекции и кожарските фабрики во земјава заеднички имаат 20 отосто од вработените во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-brojot-na-vraboteni-vo-tekstilnata-industrija-e-namalen-od-tri-do-pet-otsto/feed/ 0