текстилни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 08:53:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png текстилни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Oколу 1.000 текстилни работници добиле плата под минималната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-1-000-tekstilni-rabotnici-dobile-plata-pod-minimalnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-1-000-tekstilni-rabotnici-dobile-plata-pod-minimalnata/#respond Sat, 30 Apr 2022 08:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=670059

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната. Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена. - Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева. Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење. Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари. Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-1-000-tekstilni-rabotnici-dobile-plata-pod-minimalnata/feed/ 0
Димитров: Без седми пакет мерки, околу 10.000 лица од текстилниот сектор ќе останат на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/#respond Mon, 26 Apr 2021 05:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501978

Текстилната индустрија на удар од пандемијата. Локдаунот во Германија и во останатите земји на ЕУ, каде што македонските компании од овој сектор извезуваат останаа без традиционалните нарачки. Магацините, моловите, бутиците се полни со стока, за да се добијат нови нарачки за шиење кошули, панталони, здолништа ќе мора да се почека, кога тамошните економии ќе заживеат и ќе се вратат во нормала. Проценките се дека службените бели кошули повторно ќе се шијат по две години. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа градче, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија. -Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да направи голем проблем, ако компаниите сега ги добијат овие средства, бидејќи ние сите поднесовме барање и гледам дека нашите барања се уште не се одобрени. Затоа што во УЈП претпоставувам има многу барања, коишто мора да се обработат, да се проверат податоците, критериумите дали ги исполнуваат, а од друга страна во УЈП сега нивните ИТ техничари имаат многу работа, во исто време се прават пресметките за одредена добивка во 2020, за враќање на помошта дел, лани што е земена. Така што ние како работодавачи мора да бидеме свесни за тоа, дека неколку дена ќе задоцни, но многу е важно помошта да се добие, бидејќи загубите што ги остваривме овој период, навистина се огромни. Сега ја правев анализата за трите месеца, 300.000 евра имаме помалку приходи во споредба со лани во овој истиот период. Загубата е над 100.000 евра, сето она што се случуваше на германскиот пазар, големиот локдаун, навистина влијаеше на нашите компании, од друга страна ситуацијата и понатаму е многу неизвесна, никој не може да каже дали во Германија за еден или два месеца ќе почне да се отвара нивната економија или дали тоа ќе трае и понатаму. Имав разговор со една бизнисменка од Штип, која работи за Германија, таа е многу уплашена, бидејќи нивните газди велеле дека до септември нема шанси да се отвори, заради зголемиот број заразени во Германија. Гледаме дека во Германија вакцинацијата оди многу споро и многу мал процент се вакцинирани, вели Димитров. Во овој период кои текстилни компании можат да преживеа? -Јас верувам дека компаниите кои работат работна облека, кои работат на тендери ќе обезбедат работа. Така што, ние еве сега правевме мустри за Дојче банк, за германската Железница, работиме и за полицијата во Германија, за војската во Австрија, додека онаа службена облека, белите кошули, коишто ги носат луѓето на работа се стопирани целосно и можеби две години нема да произведиме ниту едно парче. Затоа што магацините се полни и сигурно дека оваа тенденција, за да некои работни места да останат да работат од дома ќе продолжи по завршување на кризата. Така што одредени артикли ќе ги немаме во производство или многу ќе се намалат. Работата е што некои компании воопшто и немаат работа. Значи, исто како што се угостителите затворени, со мерките, нашите компании се затворени целосно заради немање налози, предизвикани од големиот застој во Германија, има такви компании, кои ми се јавуваат од Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, кои навистина бараат работа, помош и ние не можеме да им помогнеме. Така што ќе биде неопходен и седми пакет мерки, не шесттиот пакет, кој е за угостителите, организатори на свадби и таа нивна помош е малку поинаква, од онаа што ние досега ја добивавме. Нашата помош за исплата на плати е пресметана, се калкулира врз база на работниците, коишто ги имаме и процентот на изгубени приходи. Зошто на македонските текстилни компании им е потребен седми пакет на мерки? -Затоа што ако ние ја земеме помошта само за февруари и март, а април, мај и јуни најверојатно ќе бидат исто така многу катастрофални, за тие три месеци, барем од нив за два месеца да се добие помош, компаниите нема да паднат во многу големи финансиски проблеми. Знаете што е размислувањето на бизнисмените, ако земам помош за февруари и за март. Тоа значи дека април и мај не смее да напушти работници, а ќе нема ниту еден работен ден или ќе работи со 50 отсто од капацитетите, ќе создаде огромни загуби, бидејќи ги држи сите работници, ќе исплаќа плата, а ќе нема веќе нова помош. Значи идната загуба по петтиот сет на мерки ќе биде исто така многу голема. Јас верувам дека Владата ќе ги направи, тие анализи и колку и да е тешка ситуацијата со буџетот, или со долговите на Македонија, уште потешка ќе биде ситуацијата, ако се напуштат луѓето и ако се затворат компаниите. Според вашите анализи, доколку не се донесе седми пакет на мерки, колку работници ќе останат на улица од текстилната гранка? -Јас верувам дека најмалку 30 отсто од вработените во текстилната индустрија, а тоа значи околу 10.000 луѓе ќе останат на улица, ако прво ситуацијата продолжи и понатаму вака, ако локдаунот во Германија трае до крајот на јуни и ако нема помош за април, мај и јуни, бидејќи оваа помош е само за февруари и март. Спомнавте дека сте правеле анализа за вашата фирма, но дали и како Организација на работадавaчи имате правено анализа за колкави се загубите во текстилната индустрија, во изминатите три месеци ? -Јас овие мои лични анализи ги правам и врз основа на контактите со компаниите во текстилната индустрија. Тие секојдневно се јавуваат кај мене и прашуваат за мерките, кога ќе стигне помошта, дали истата ќе стигне, дали е подобро да напуштам работници и да се откажам од помош. Можеби ќе немат помош, но понатаму ќе нема нови трошоци, или ако земе помош, тогаш трошоците за следниот период му остануваат. Во тој случај мора да ги задржи работниците, ако не ги задржи ќе мора да ги враќа со камата тие пари. Обврските се ако земеш помош се исто така многу големи. Така што компаниите мора секоја поединечно да си направи добра анализа, што ќе прави. Некои од нив да речеме се уплашени за идната состојба и се одлучени да не земаат помош и затоа откако УЈП ќе ги добие сите барања за финаиска помош за февруари, март, тогаш точно ќе знаеме колку компании се уште се борат со кризата и настојуваат да преживеат, бидејќи тие компании, на некој начин преземале обврска дека до крајот на мај нема да напуштат работници, а колку од нив, што нема да конкурираат, а имаат страшен пад на приходите, кренале раце и фактички почнале да напуштаат работници и најверојатно се зависи од тоа дали имаат работници на определено работно време, кои ќе ги напуштат без никакви трошоци, или имаат работници на неопределено работно време. Тогаш мора да ги прогласат технолошки вишок и да им исплатат плати на работниците, тие што имаат работници над 25 години и до седум плати. Тоа се исто така огромни трошоци, на некои компании, на пример целата компанија не вреди, колку што изнесува таа отпремнина за исплата на технолошки вишок. Целата трудоинтензивна индустрија, текстилство, кожарство, производството на мебел се многу интересни, затоа што вредноста на капиталот на компанијата е минорен, во однос на приходите, што ги прави. Кога не работат тие компании, скоро и да не вредат ништо. Мене ми е жал, но може да се случи работодавачот, кога ќе види дека треба да ги напушти работниците, а нема пари да им ја исплати отпремнината, може да рече еве ви ја фабриката, стечај и стечајниот управник нека продава и нека ви дава, колку што има, толку. Дали тоа значи дека Владата може да ви даде мала надеж ако седне со вас и ги слушне вашите аргументи за седми пакет на мерки? -Па видите, откако Владата ќе ги види бројките за овој пакет, колку компании, поднесоа барања, мислам дека веќе може да направи анализа за седмиот пакет на мерки, се разбира и помош следува и треба да добијат само оние, коишто имаат големи проблеми во работењето и ако сакаме да ги задржиме работниците и ако сакаме да останат живи компаниите и да не се случи стечај, ликвидација, тогаш е неопходен седми пакет на мерки. Колку од работодавците од текстилниот сектор размислуваат за преорентација на своите бизниси, едноставно да ги затворат овие фабрики и парите да ги инвестираат во нови бизниси? -Станува збор за преструктуирање на производството. Ние да речеме во изминатите 20 години сме работеле работна облека или женски блузи, сме работеле само машки кошули и за тоа сме биле специјалисти. Во овие вакви услови од лани почнавме да работиме и женски блузи и работна облека. Значи мора да има преструктуирање внатре во самото производство или да речеме дека само во машките кошули има големо преструктуирање, процентот на онаа бизнис кошула е скоро нула, а сега единствено наоѓаме надеж единствено само во кежуал облеката, за слободно време. Луѓето кога работат од дома, излегуваат поручек и и носат таква кошула. Но, вложувањето на капиталот во други индустрии, сигурно дека многу од компаниите и веќе многу од газдите од текстилната индустрија и сериозно размислуваат, како решение ако целосно го затворат текстилното производство, ако да рече бројот на работниците пред три години му бил 300, а сега 50. Тоа е многу полесно, да ги напушти сите работници и ако му остане капитал, зборувам за компаниите кои во минатото издвојувале резерви и имаат акумулирани добивки. Оние компании, кои чекале во банка да дојде прилив за да земат плата, тие компании не верувам дека ќе преживеат. Викторија Димитрова-Јованова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/feed/ 0
Ампева за Курир: Принудниот одмор на текстилните работници е затишје пред бура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/#respond Thu, 08 Apr 2021 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=494036

Над 6.000 текстилни работници во земјава се на колективен одмор. Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева во изјава за Курир вели дека остануваат да ја следат состојбата која нималку не е во корист на Штип, источниот регион и градовите каде е застапена текстилната и чевларската гранка. Вели, ако не се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците. -Очигледно е дека текстилните фабрики останаа без работа, поради економско здравствената криза со Ковид 19 која го зафати целиот свет, не само Македонија. Нарачките од странските партнери се запрени, малку се оние брендови кои не запреа со работа. Ова беше очекувано. Ние како текстилна индустрија зависиме од странските партнери и лон производството. Она што го зборевме со години, дека 95% од фирмите во Македонија се зависни од брендовите и немаме менаџерски способности за сопствено производство, дека лон производството е едноставно, но е неплатено, оваа криза го покажа и извади на површина лошото менаџирање и слабостите на лон производите. Останува да се надеваме дека ќе се изгласа 5-тиот пакет на економски мерки, бидејќи во спротивно ќе имаме ужасна ситуација, огромни проблеми со егзистенција на работниците, особено од ваквите ниско платени индустриски гранки. Имаме фирми кои должат по два месеци плата, не се платени придонесите, што значи дека немаат здравствено осигурување, што е исклучително не фер и не човечки во време на ваква здравствена криза. Принудниот одмор е затишје пред бура, особено ако продолжат калкулациите во Собрание од страна на партиите и пратениците, оние кои се избрани од народот, а се однесуваат крајно неодговорно. Не може закон за државјанство да е поважен од работни места и егзистенција на илјадници работници и нивните семејства, вели Ампева за Курир. Претседателот на Организацијата на работодавачи најави дека можни се отпуштања на вработените со договор на дело во следниот период и прогласување технолошки вишок на вработени. Ампева посочува дека не можат да ја знаат точната бројка на работници кои би биле отпуштени доколку се случи ова сценарио. -Не можеме да ја знаеме точната бројка. Од страна на колегите од ЗМАИ имаше истражување каде бројката на отпуштени од секторот текстил е 7000 луѓе. Инаку, и досега беа први на удар оние кои ги користеа мерките (бремени, хронично болни, мајки на деца до 10 години), како и оние со договори на определено време. Имаше и многу со незаконски откази, непочитување на договорите за вработување, фалсификувани потписи од страна на работодавачите кај работници на неопределено време. Не се сложувам дека текстилните фирми даваат откази од деловни причини, бидејќи треба да платат опремнина согласно стажот на вработениот кај работодавачот. Тоа е и еден од поголемите проблеми периодов. Имаме стотици работници кои беа принудени да си потпишат спогодбен отказ, да потпишат анекси од неопределено на определено работно време. И сето тоа, за да работодавачите не исплатат она што им следува на работниците при отказ од деловни причини. Ова се деловни причини, а не причини на работникот. Но знаеме дека со децении правата на работникот се на хартија, а ги немаме во пракса во огромен дел, оваа криза исто, извади на површина какви се не злоупотреби се прават на штета на работникот. А додека немаме и институции кои будно ќе следат, интервенираат и не дозволуваат прекршувања на права, ситуацијата ќе продолжи бидејќи неказнивоста од страна на институциите на државата, ги охрабрува дел од работодавачите да ги кршат законите, посочува Ампева. Посочува и дека состојбата во текстилната индустрија е загрижувачка. Добар дел од вработените се соочуваат со откази, несигурност на работно место, приморани да потпишуваат разни спогодби и анекси на договори, исплати под минимална плата, доцнење на плата, неисплаќање на плата и неплатени придонеси, немање на платено здравствено осигурување. -Од друга страна, имаме покачени цени на производи, луѓето каснат со исплата на рати од кредити кон банките, сметките, имаат зголемени трошоци, а немање на редовна плата. И повторно, катастрофална е неодговорноста на поедини пратеници и политички партии да си играат со човечки судбини. Забораваат поради кого се на тие функции и благодарение на кого ги уживаат нивните привилегии и земаат високи и редовни плати. Си играат со трпението на граѓаните и фирмите, па треба да се запрашаат дали може оваа ситуација да ескалира поради нивната неодговорност. Итен е сетот на мерки, државна помош кон граѓаните и фирмите, се останато е популизам, неодговорност и играње со човечки судбини, нагласува претседателката на „Гласен Текстилец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ampeva-za-kurir-prinudniot-odmor-na-tekstilnite-rabotnici-e-zatishje-pred-bura/feed/ 0
Ампева од “Гласен текстилец”: Текстилни работници не пријавуваат симптоми, само за да не ја загубат работата и да не останат без леб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/#respond Mon, 02 Nov 2020 19:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=423941

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Топ тема" гостуваше министерот за економија Крешник Бектеши, како и претставничката на здружението "Гласен текстилец", Христина Ампева. Министерот Бектеши во неколку наврати потенцираше дека Владата е конзистентна и активно учествува во изнаоѓање мерки кои ќе ги подобрат условите на текстилните работници, односно дека Владата понудила одредени пакети кои би требало да помогнат во овие моменти кога владее пандемијата. На ваквото образложение реагираше Ампева, која беше децидна во поглед на тоа дека текстилците не се заштитени во ниеден дел на нивната работа, односно дека Владата не само што не помогнала на сите текстилни работници, туку и голем дел од нив се избркани од работа, поради тоа што им се скратени примањата во однос на пат и храна, а истите немаат пари да ги сносат сами тие трошоци, поради тоа што и така платите им се мали. "Наместо Владата да помогне во овие тешки моменти кога текстилците се скоро ликвидирани поради лошата ситуација со ковид пандемијата, таа не ги контролира сопствениците на голем број конфекции, ниту пак знае за отказите кои се делат секојдневно поради тоа што некоја вработена или вработен пријавил симптоми на вирусот или пак е во изолација поради контакт со друг заболен. Текстилните работници се со минимални примања и со таа скромна плата луѓето ранат семејство, а со ваквиот однос од страна на работодавачите, голем дел од вработените не пријавуваат дека имаат симптоми или дека биле во контакт со заболен, само за да ја зачуваат работата и да однесат една корка леб дома", додаде Ампева. Инаку, текстилните работници во државата се приморани сами да си ги покриваат трошоците за пат и за храна, што е само уште една потешкотија во овие моменти, кога и онака се соочуваат со лош и некоректен третман, како од работодавачите, така и од власта која е незаинтересирана за решавање на овој проблем, заврши Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-od-glasen-tekstilec-tekstilni-rabotnici-ne-prijavuvaat-simptomi-samo-za-da-ne-ja-zagubat-rabotata-i-da-ne-ostanat-bez-leb/feed/ 0
Текстилните работници се принудуваат да не се тестираат од КОВИД-19 за да продолжи работата во погоните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilnite-rabotnici-se-prinuduvaat-da-ne-se-testiraat-od-kovid-19-za-da-prodolzi-rabotata-vo-pogonite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilnite-rabotnici-se-prinuduvaat-da-ne-se-testiraat-od-kovid-19-za-da-prodolzi-rabotata-vo-pogonite/#respond Thu, 10 Sep 2020 14:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=401659

Матични лекари од Кочани одбивале да испратат на тестирање текстилни работнички со симптоми на Ковид 19. Работничките работеле во конфекција каде веќе има потврдени случаи на вирусот. Вакви обвинувања за лоша соработка на здравствените институции во Кочани се појавија на социјалните мрежи. И Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ упати јавно прашање и побара реакција од Државниот здравствен и санитарен инспекторат да провери дали овие тврдења се вистинити. Оттука се поставуваат низа на прашања до Државен здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство. Дали жени работнички од Кочани имаат симптоми на Ковид, а примарното здравство ги враќа назад со одговор не е корона и не ги праќа на тестирање за да не се дига паника? Дали животите на вработените и на нивните најблиски се ставени на ризик поради удоволување на сопственикот на конфекцијата со цел непречено работење во време на пандемија? Од инспекторат појаснуваат дека ако имаат симптоми работничките може да се јават и на инфективните одделенија во Штип и Кочани, каде задолжително ќе им бидат направени тестови. Од Здружението на матични лекари велат дека се почитува алгоритамот, но потребно е лекарите да почнат со прегледи на пациентите. Велат дека со сите пациенти кои имаат некој од симптомите се комуницира на дневна основа и врз основа на искуството и симптомите проценуваат дали некој ќе се тестира или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tekstilnite-rabotnici-se-prinuduvaat-da-ne-se-testiraat-od-kovid-19-za-da-prodolzi-rabotata-vo-pogonite/feed/ 0
Манипулација со текстилните работници: Им зголемиле минимална плата, им укинале храна и превоз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manipulacija-so-tekstilnite-rabotnici-im-zgolemile-minimalna-plata-im-ukinale-hrana-i-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manipulacija-so-tekstilnite-rabotnici-im-zgolemile-minimalna-plata-im-ukinale-hrana-i-prevoz/#respond Wed, 18 Dec 2019 15:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=279313

Почнуваат манипулациите со  исплатата на зголемената  минимална плата. Текстилни работнички од две конфекции во Делчево се пожалиле до невладината Гласен Текстилец дека од 1 јануари нема да добиваат топол оброк и бесплатен превоз од домовите до конфекциите, пренесе ТЕЛМА. Инаку правото на топол оброк и на превоз е укинато од пред десет години и се влезени во бруто платата, а досега ги добивале со цел да ги привлечат и работат за нив.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manipulacija-so-tekstilnite-rabotnici-im-zgolemile-minimalna-plata-im-ukinale-hrana-i-prevoz/feed/ 0