тела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 06:51:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кенија: Досега пронајдени 90 тела на сектата-црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827645

Во Кенија досега се пронајдени 90 тела на членови на сектата кои гладувале до смрт, а чиј проповедник бил самопрогласениот пастор Пол Мекензи Нтенге. Нтенге, кој на своите следбеници им проповедал да постат до смрт за да се сретнат со Бога, беше уапсен на 14 април поради неговите врски со култот на гладувањето. По пријава од граѓанин минатата недела полицијата го пронашла свештеникот и уште 15 изнемоштени лица во „Меѓународната црква на добрите вести“, каде што гладувале. Денешниот биланс е сè уште привремен, бидејќи иследниците го очекуваат најлошото во она што сега се нарекува „масакр во шумата Шакахола“, по местото во југоисточна Кенија каде беа пронајдени телата на членовите на „Меѓународната црква на добри вести“. -Не знаеме колку масовни гробници и колку тела ќе откриеме, изјави кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики, кој денеска дојде на локацијата. Според извори на француските меидуми, телата на децата се најбројни меѓу пронајдените тела. Хусеин Калид, извршен директор на невладината организација „Хаки“, која алармираше за активностите на оваа секта, изјави дека 50 до 60 отсто од телата се деца, а потоа жени и на крајот мажи. Поради размерите на „масакрот“, операциите за пребарување се прекинати извесно време додека се обработуваат досега пронајдените тела и се расчистуваат преполните мртовечници. Инспекторите во последните неколку дена ја пребаруваат црвената земја на голема површина од околу 325 хектари каде може да се најдат десетици гробници. Министерот додаде дека постои можност самопрогласениот свештеник на сектата, Пол Мекензи Нтенге, да биде кривично гонет за „тероризам“. Свештеникот претходно на двапати бил апсен, во 2019 година и во март годинава, во врска со смрт на деца. И во двата случаи бил ослободуван со кауција, а двата предмета се уште се во судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/feed/ 0
ТЕЛАТА ТЕШКО СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ: Бројот на жртви од несреќата во Грција стигна до 57 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telata-teshko-se-identifikuvaat-brojot-na-zhrtvi-od-nesrekata-vo-grtsija-stigna-do-57/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telata-teshko-se-identifikuvaat-brojot-na-zhrtvi-od-nesrekata-vo-grtsija-stigna-do-57/#respond Thu, 02 Mar 2023 18:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=807328

Бројот на загинати во железничка несреќа во Грција се искачи на 57, потврди за Би-Би-Си патологот Елени Загелиду. Во истрагата учествуваат вкупно десет вештаци. Железничарите денеска почнаа еднодневен штрајк ширум Грција, а во исто време гневот на јавноста расте. Граѓаните организираа протести во Атина, Солун и Лариса, во близина на местото на несреќата. Штрајкот на железничките работници започна во 06:00 часот по локално време, што влијаеше на железничките услуги и работата на метрото во Атина. Синдикатот ги обвини грчките власти дека со години го игнорирале проблемот со грчките железници, што на крајот доведе до трагедијата. Спасувачите се уште се на терен и се обидуваат да ги пронајдат преживеаните патници. Константинос Иманимидис изјави за Ројтерс дека ова е „најтешкиот момент“ за нив бидејќи „наместо да спасуваат животи, тие мора да извлекуваат мртви тела“. Да потсетиме, несреќата се случи нешто пред полноќ во вторникот. Патнички воз со 350 луѓе се судри со товарен воз. Синоќа демонстрантите во Атина се судрија со полицијата пред седиштето на компанијата одговорна за управување со железницата во Грција. Демонстрантите фрлаа камења, а полицијата возврати со солзавец. Протестите продолжуваат и денеска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telata-teshko-se-identifikuvaat-brojot-na-zhrtvi-od-nesrekata-vo-grtsija-stigna-do-57/feed/ 0
Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/#respond Sun, 17 Jul 2022 19:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=706680

Телата на сите осум членови на екипажот од украинскиот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот град Кавала се извлечени во акцијата на спасувачките служби, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција вечерва соопштија дека заврши акцијата за извлекување на телата, а извлечените тела се пренесуваат во општата болница во Кавала. Осумтемина членови на екипажот се украински државјани. Украинскиот карго авион Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна синоќа еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvlecheni-telata-na-site-chlenovi-na-ekipazot-od-ukrainskiot-avion-shto-se-urna-vo-grcija/feed/ 0
Крај на трагичната потрага: Телата на трите деца и нивната мајка пронајдени во езеро во Минесота, постојат сомнежи дека ова е повеќекратно убиство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/#respond Sun, 03 Jul 2022 08:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=699107

Телата на трите деца и жената, за која се верува дека е нивна мајка, се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота. Американските медиуми потсетуваат дека вчера прво беше пријавено дека во езерото се пронајдени телата на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден. Властите веруваат дека децата намерно се удавени, пренесуваат американските медиуми. Ниту една од жртвите и оние по кои се трага се уште не се именувани. Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка. -Нема ништо потрагично од загубата на мали деца, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/feed/ 0
Во регионот на Харков пронајдени тела на 44 цивили, соопштија украински регионални власти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-regionot-na-harkov-pronajdeni-tela-na-44-civili-soopshtija-ukrainski-regionalni-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-regionot-na-harkov-pronajdeni-tela-na-44-civili-soopshtija-ukrainski-regionalni-vlasti/#respond Tue, 10 May 2022 09:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=674395

Телата на 44 цивили се пронајдени во урнатините на петкатната зграда во Изјум, која беше уништена од руските сили во март, изјави денеска шефот на украинската регионална воена управа во Харков Олег Синегубов. – Во привремено окупираниот Изјум, под урнатините на петкатницата уништена од окупаторите во почетокот на март, пронајдени се телата на 44 цивили, изјави Синегубов, пренесува Би-би-си. Тој на Телеграм оцени дека ова е „уште едно ужасно воено злосторство на руската армија врз цивилното население“. Би-Би-Си наведува дека не е во можност да ги потврди овие тврдења од независни извори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-regionot-na-harkov-pronajdeni-tela-na-44-civili-soopshtija-ukrainski-regionalni-vlasti/feed/ 0
Во Буча пронајдени 403 тела на цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/#respond Tue, 12 Apr 2022 15:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=662016

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува. Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели. Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bucha-pronajdeni-403-tela-na-civili/feed/ 0
Пронајдени над 1.200 тела во регионот Киев, тврди украинската главна обвинителка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/#respond Sun, 10 Apr 2022 15:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=660923

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека досега се пронајдени 1.222 тела во регионот околу главниот град Киев. „Пронајдовме 1.222 мртви само во регионот на Киев“, изјави Венедиктова во интервју за британски „Скај њуз“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/feed/ 0
Украински форензичари почна ексхумација на тела од масовна гробница во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/#respond Fri, 08 Apr 2022 16:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=660494

Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ги во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, за кои официјални лица тврдат дека загинале за време на руската инвазија. Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Тој потврди дека се идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот. – Постојат сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик, додаде обвинителот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-forenzichari-pochna-ekshumacija-na-tela-od-masovna-grobnica-vo-bucha/feed/ 0
Пронајдени 11 тела во киевското предградие Хостомел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-11-tela-vo-kievskoto-predgradie-hostomel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-11-tela-vo-kievskoto-predgradie-hostomel/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=659461

Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници. Информацијата не може да се потврди од независни извори. Хостомел, кој се наоѓа северозападно од главниот град Киев со аеродром во близина, беше цел на интензивни напади од почетокот на војната. Повеќето од 16.000 жители побегнале. Пред неколку дена, украинските војници ја вратија контролата врз Хостомел, како и врз соседните градови Буча и Ирпин. Началникот на локалната воена администрација завчера рече дека околу 400 жители на Хостомел се исчезнати и оти властите планираат да започнат со проверка на подрумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-11-tela-vo-kievskoto-predgradie-hostomel/feed/ 0
ВИДЕО: Телата на настраданите во трагедијата се извлекуваат од автобусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=598852

Телата на 46 жртви кои изгореа во тешката сообраќајка во Бугарија се извлекуваат од автобусот на „Беса транс“. Екипа на телевизија Телма е на терен и објави видео од местото на несреќата каде тимови од судска медицина ги вадат делата врз кои потоа ќе се врши идентификација. Несреќата се случила на автопатот „Струма” на 37 километри оддалеченост од Софија. Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески. „Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите”, рече Сарафов. Според него, сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје. Јавниот обвинител Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа. „Се работи за голема таргедија. Загинаа 12 деца. Заедно со колегите од Бугарија се договоривме за натамошната работа, разјаснување на поединостите во трагедијата”, рече Јовески. Шефицата на Основното јавно обвинителство за гоење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс” функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобусот бил нов, и во функција е само три години. Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на територијата на Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-telata-na-nastradanite-vo-tragedijata-se-izvlekuvaat-od-avtobusot/feed/ 0