телефони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 10:16:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телефони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Забрана за користење на мобилни телефони и смарт уреди во основното училиште во Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-koristene-na-mobilni-telefoni-i-smart-uredi-vo-osnovnoto-uchilishte-vo-makedonska-kamenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-koristene-na-mobilni-telefoni-i-smart-uredi-vo-osnovnoto-uchilishte-vo-makedonska-kamenitsa/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:16:15 +0000 https://kurir.mk/?p=892469

На иницијатива на Советот на родители при ООУ „Св. Кирил и Методија” во Македонска Каменица, Училишниот одбор донесе Правилник за користење на мобилен телефон, смарт часовници и таблети во училиштето. Со правилникот се уредува употребата на мобилни телефони, смарт часовници, таблети од страна на ученците, родителите / старателите, вработените и други лица во училиштето. -За учениците користењето и носењето на мобилни телефони во училиштето од страна на учениците е строго забрането. Доколку ученик користи мобилен телефон и покрај забраната (користи мобилен телефон за време на часот, одморите, слика или снима наставници, ученици или самиот себе си, ги задржува сликте во телефонот или ги постира, споделува во приватни пораки или на социјалните мрежи) телефонот се одзема се повикува родителот на разговор кај стручните соработници, се изрекуваат педагошки мерки согласно Законот за основно образование, Правилниците и Кодексите на однесување во училиштето, стои во текстот од правилникот на училиштето Доколку по втор пат се одземе телефон истиот ќе биде вратен на крајот на наставната година. Со почитување на овој Правилник, како што стои во објавата од училиштето, се овозможува успешно реализирање на воспитно-образовната работа на училиштето, се подобрува дисциплината, безбедноста, злоупотребата на приватноста во училиштето, од страна на учениците и вработените, како и делува превентивно на појава, ширење на кибернасилството во училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-koristene-na-mobilni-telefoni-i-smart-uredi-vo-osnovnoto-uchilishte-vo-makedonska-kamenitsa/feed/ 0
Шпионски софтвер на израелска компанија бил користен за хакирање на телефони на американски функционери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpionski-softver-na-izraelska-kompanija-bil-koristen-za-hakiranje-na-telefoni-na-amerikanski-funkcioneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpionski-softver-na-izraelska-kompanija-bil-koristen-za-hakiranje-na-telefoni-na-amerikanski-funkcioneri/#respond Sat, 04 Dec 2021 08:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=603881

Шпионски софтвер на израелската компанија НСО Група (NSO Group) бил користен од наводно непознато лице за хакирање на телефоните на најмалку девет вработени во американскиот Стејт департмент, јавија израелските медиуми. Доколку тоа се потврди, ова ќе биде првпат технологијата на таа компанија, која беше жестоко критикувана, да се користи против американски официјални лица. Цел на хакирањето биле вработени во Стејт департментот кои работеле во Уганда или експерти за таа источноафриканска земја и сите користеле Ајфон (iPhone). Израелските медиуми потсетуваат дека Епл (Apple) минатата недела соопшти дека ја тужи НСО Групата затоа што нејзини цели биле корисниците на неговите производи и побара компанијата да одговара поради скандалот со софтверот Пегаз. Тужбата на Епл претставува нов проблем за израелската компанија по извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари се на листата на потенцијални цели на софтверот Пегаз. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpionski-softver-na-izraelska-kompanija-bil-koristen-za-hakiranje-na-telefoni-na-amerikanski-funkcioneri/feed/ 0
Многумина ја прават оваа грешка, а опасна е за вашето здравје https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-pravat-ovaa-greshka-a-opasna-e-za-vasheto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-pravat-ovaa-greshka-a-opasna-e-za-vasheto-zdravje/#respond Wed, 10 Feb 2021 20:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=467016

Повеќето од нас ја правиме истата грешка – спиеме со мобилните телефони близу нас. На сите ни е позната штетноста од нивното зрачење и дека тоа е опасно по нашето здравје, а и дека во краен случај предизвикува рак. Затоа, барем додека спиеме можеме телефоните да ги одалечуваме од нас. Потрудете се да бидат подалеку од вас кога не ви се потребни и да не ги оставате на полнач преку ноќ. Многу несреќни случаи ширум светот се забележани поради експлодирање на телефон кој бил оставен да се полни цела вечер, па експлодирал од силен електричен напон. Истото важи и за останатите уреди како лаптопите и таблет уредите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-pravat-ovaa-greshka-a-opasna-e-za-vasheto-zdravje/feed/ 0
Поштетно е отколку што мислите, тргнете ги децата од таблетите и мобилните телефони https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poshtetno-e-otkolku-shto-mislite-trgnete-gi-decata-od-tabletite-i-mobilnite-telefoni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poshtetno-e-otkolku-shto-mislite-trgnete-gi-decata-od-tabletite-i-mobilnite-telefoni/#respond Sat, 07 Nov 2020 16:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=426295

Технологијата е нешто одлично и е корисна во безброј случаи. Сепак, нејзиниот напредок може да има многу лош ефект на младите луѓе, од кој ефектот кој го има на децата е најопасен. Пред 10 години психологот Су Палмер рекла дека социјалните мрежи може да бидат многу лошо нешто што претставува ризик за луѓето. Изгледа дека била потполно во право. Никој не ја слушал тогаш, а денес сме соочени со издигнување на технологијата што го уништува нашето општество. Социјалните мрежи имаат лош ефект на сите возрасни и млади кои поминуваат многу време на нив. Постојат и некои нови ризици за децата кои се родени и кои растат сред оваа технолошка револуција. Возрасните се родени во период кога технологијата не се користела колку денес. Тие знаат како е да седите со семејството без сите да гледаат во малите екрани. Денешните деца не знаат како изгледа тоа. Можеби најлошото нешто што им го прават родителите на своите деца е тоа што им даваат таблети само за да замолчат. Су Палмер се јавува со ново предупредување. Во нејзината книга „Токсично детство“ (Toxic Childhood) таа ги истакнува опасностите за менталното и физичкото здравје на децата од претераното користење смартфони и таблети. Сè повеќе и повеќе деца стануваат робови на екраните, а просечното дете поминува и до 6 часа дневно со екран пред себе. Палмер смета дека можеме само да шпекулираме за ефектот на технологијата врз децата бидејќи сè уште не знаеме како би се однесувале како возрасни. Неодамнешно истражување покажало дека 10% од децата помали од 4 години се успиваат со таблети. Друго истражување покажало дека една третина од децата под 3 години имаат сопствени таблети. Колку порано им ја претставуваме оваа технологија на децата, толку потешко им станува да живеат без неа. Животот не е за Интернетот и социјалните мрежи. Децата треба да бидат во природа и да се забавуваат. Па обидете се да го тргнете екранот од рацете на вашето дете и натерајте го да почне да си игра. Организирајте заеднички излет на отворено. Ограничете му го времето кое го поминува со таблет и смартфон за барем малку да го заштитите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poshtetno-e-otkolku-shto-mislite-trgnete-gi-decata-od-tabletite-i-mobilnite-telefoni/feed/ 0
Правите грешка која многу може да чини: Откако ќе ја прочитате оваа вест, веднаш ќе го тргнете телефонот од раце https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pravite-greshka-koja-mnogu-moze-da-chini-otkako-kje-ja-prochitate-ovaa-vest-vednash-kje-go-trgnete-telefonot-od-race/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pravite-greshka-koja-mnogu-moze-da-chini-otkako-kje-ja-prochitate-ovaa-vest-vednash-kje-go-trgnete-telefonot-od-race/#respond Thu, 23 Jul 2020 19:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=380533

Ограничената употреба на мобилните телефони до два часа дневно, би можело да го намали ризикот од смрт, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Глазгов. Во студијата се наведува дека здравствените ризици како ракот и кардииоваскуларните болести биле на најниско ниво кај луѓето кои дневно поминувале два часа или помалку пред екраните на мобилните телефони. Според експертите, потенцијално би можело да се спречат 5,62 отсто од смртните случаи и 7,97 проценти од кардиваскуларните болести ако се ограничи времето пред екраните на два часа дневно. Во студијата не е вклучено времето поминато пред телевизиските екрани, туку само времето поминато гледајќи во мобилните телефони. Истражувањето е спроведено од 2006 до 2018 година при што биле опфатени речиси 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pravite-greshka-koja-mnogu-moze-da-chini-otkako-kje-ja-prochitate-ovaa-vest-vednash-kje-go-trgnete-telefonot-od-race/feed/ 0
Тотенхем и Њукасл им ги зедоа службените телефони и лаптопи на вработените https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-njukasl-im-gi-zedoa-sluzbenite-telefoni-i-laptopi-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-njukasl-im-gi-zedoa-sluzbenite-telefoni-i-laptopi-na-vrabotenite/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=327124

Лондон, 4 април 2020 (МИА) – Во Тотенхем и Њукасл, ги земале службените паметни телефони и лаптопи за сите свои вработени кои беа пуштени на неплатен одмор, пренесува Дејли Мејл. Ова е за да се осигураат дека тие немаат никаква работа, така што клубовите можат да се потпираат на финансиската поддршка од владата за време на периодот на стагнација заради пандемијата од коронавирус. Покрај тоа, двата клуба веќе ги намалија платите на преостанатиот персонал за 20 отсто, кои засега сè уште одат на работа. Одлуката е малку изненадувачка, затоа што ја запира активноста на скаутите. Неплатено отсуство вклучува и секој кој претходно се ангажирал во видео анализа на натпреварите на тимот и оние на ривалите. На тој начин, кога ќе се продолжи првенството во Премиер лигата, Њукасл и Тотенхем ќе заостануваат на ниво на извидници. Другите клубови во Англија не ја прекинаа оваа активност затоа што може да се прави од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-njukasl-im-gi-zedoa-sluzbenite-telefoni-i-laptopi-na-vrabotenite/feed/ 0
Сите ги правиме истите грешки: Телефонот ви е секогаш празен? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/site-gi-pravime-istite-greshki-telefonot-vi-e-sekogash-prazen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/site-gi-pravime-istite-greshki-telefonot-vi-e-sekogash-prazen/#respond Wed, 05 Feb 2020 20:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=299830

Батерии во паметните телефони се чувствителни на сопствените верзии на „стрес“, а научниците откриваат дека мобилниот телефон не треба да се полни до 100 проценти или чекаат да бидат испразнети до крај за да се полнат. По купувањето на нов телефон, повеќето имаат една забелешка на нивниот мобилен телефон – батеријата се празни премногу брзо. Причината е, се разбира, големината на екранот на паметниот телефон што троши многу енергија, чести разговори, но што е најважно – како да ја полните батеријата. Експерти од компанијата за батерии на мобилни телефони „Кадекс“ опишаа што му штети на вашиот мобилен телефон, или какви „стресови“ имаат лош ефект врз траењето на батеријата. Tech Insider ги наведе најголемите грешки при полнење: 1. Чување на вашиот мобилен телефон на полначот цела ноќ Според експертите, оставањето мобилен телефон вклучен додека е целосно наполнет е лошо за батеријата на долг рок. Откако мобилниот телефон ќе достигне 100% ниво на полнење, тој во одредено време мора да започне со празнење, но бидејќи е на полнач тој веднаш ќе почне и со полнење што ќе му ја врати енергијата. Ова и прави на батеријата постојан „стрес“, што ги троши хемиските соединенија во неа. Веднаш штом ќе се наполни целосно, извадете го мобилниот телефон од полнач. 2. Не полнете до 100 проценти Или барем кога тоа е неопходно. Батериите не треба да бидат целосно наполнети, ниту е пожелно од техничка гледна точка, бидејќи високиот напон и штети на батеријата. Подобро решение е да го вклучите вашиот мобилен телефон на кратко во електричната енергија во текот на денот. 3. Едно долго полнење? Излегува дека батериите во нашите мобилни телефони се многу посреќни ако повремено ги полниме во текот на денот наместо долгата сесија за полнење. Бидејќи ова не е практично, експертите препорачуваат само да го ставате вашиот мобилен телефон на полнач кога е можно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/site-gi-pravime-istite-greshki-telefonot-vi-e-sekogash-prazen/feed/ 0
Превземете нешто: Родители, паметните телефони ги прават глупави вашите деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prevzemete-neshto-roditeli-pametnite-telefoni-gi-pravat-glupavi-vashite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prevzemete-neshto-roditeli-pametnite-telefoni-gi-pravat-glupavi-vashite-deca/#respond Sun, 01 Dec 2019 14:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=271827

Еден ден ќе сфатите дека вашиот мозок не функционира како што треба поради мобилните, ќе сфатите дека имате слаба меморија и дека потешко можете да најдете решенија и одговори на едноставни прашања, но ќе биде доцна, вели конгнитивно-социјалниот психологот Адријан Вард од Универзитетот на Тексас во Остин, кога станува збор за зависноста од мобилните телефони. Овој психолог спроведува експеримент насловен како "Испарување на мозокот: Самото присуство на смартфон ги намалува когнитивните способности", со 1.500 студенти, во кој ги дели студентите во три групи и им го ограничува пристапот до мобилните телефони, односно не им дозволува да ги користат мобилните за време на решавање на зададените задачи. Првата група ја сместува во една просторија, а мобилните им ги става во друга просторија. На втората група не им дозволува да ги вадат своите мобилни телефони од ранците или џебовите, а на третата група при решавањето на задачите им овозможува да ги остават мобилните телефони до нив, но со свртен екран, без да ги користат. Целта на овој експеримент не била толку насочена кон тоа што ќе одговорат, туку на количината на работната меморија и на тоа на  колкава количина на информации биле способни да се фокусираат. На крајот од експериментот, психологот ги споредил резултатите и заклучил дека најмногу бодови осволиле оние деца на кои мобилниот телефон им бил во соседната соба, па потоа децата на кои мобилниот им бил во ранецот или џебот, а најслаби резултати покажале децата на кои мобилниот им бил најблиску на дофат. На крајот од истражувањето, кога психологот ги прашал студентите дали мислат дека се зависни од моблините, тие рекле не, на што психологот Адријан Вард го поставува прашањето: дали сте се сретнале со зависник од дрога или алкохол кој ја признава својата зависност?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prevzemete-neshto-roditeli-pametnite-telefoni-gi-pravat-glupavi-vashite-deca/feed/ 0
Како паметните телефони нѐ прават поглупави? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-pametnite-telefoni-n-pravat-poglupavi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-pametnite-telefoni-n-pravat-poglupavi/#respond Thu, 22 Aug 2019 08:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=232241

Научниците со експеримент покажаа дека човекот може да биде потполно неспособен да го забележи степенот на влијание на паметниот телефон на човековиот ум, на способноста сам да мисли и да донесува одлука. Когнитивно-социјалниот психолог, д-р Адријан Вард од Универзитетот на Тексас во Остин, со свои колеги спроведе истражување и го објави под наслов „Испарување на мозокот: Самото присуство на смартфон ги намалува когнитивните способности”. – Над 1.500 студенти учествуваа во истражувањето и имаа задача да решат повеќе тестови, да одговорат на повеќе прашања, да ги објаснат и образложат. Генерално, не беше важно што ќе одговорат, туку она што ние би го забележале и тоа каде им е мобилниот телефон, објаснува Вард. Испитаниците биле поделени во три групи заради различни интелектуални тестови. Разликата била во условите за работа: првата група требало да ги остави телефоните во друга соба; на втората група не ѝ било забрането да ги држи в џеб или во чанта, а третата група студенти смееле да ги чуваат телефоните на масата пред себе, но така што екранот ќе биде свртен надолу. Никој од нив не смеел да го употреби својот уред. Истражувачите притоа ја следеле количината на работна меморија кај луѓето од трите групи, т.е. количината информации на која тие биле способни да се фокусираат. Најголема концентрација имале оние кои воопшто немале пристап до телефонот, а најниска – кај оние на кои паметните телефони им стоеле на масата пред нив. – Мислам дека нема потреба од премногу објаснување. Очигледно е: додека нашиот мозок го гледа паметниот телефон пред себе, автоматски стануваме поглупави. Тоа се должи на очекувањето дека не мораме да го користиме, оти сѐ што нѐ интересира, се наоѓа на интернет, вели д-р Адријан Вард. Едно од прашањето до студентите, било – дали мислат дека нивниот мобилен влијае на нивната концентрација, внимание и способности? Одговорот на сите бил – Не! Тоа пак, покажува дека, на психолошко ниво, ние сме целосно зависни од телефонот, а често пати не сме ни свесни за тоа. – Не велам дека мобилните не треба да се користат, но користете ги умерено и мудро. Оти кога еден ден ќе сфатите дека вашиот мозок без телефонот не функционира како што треба, дека послабо помните и дека потешко пронаоѓате решенија и одговори на основните прашања – ќе биде доцна, заклучува психологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-pametnite-telefoni-n-pravat-poglupavi/feed/ 0
Дигитален детокс: Кога мобилните телефони нѐ прават напнати, а зависноста од нив е сѐ поголема https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/digitalen-detoks-koga-mobilnite-telefoni-n-pravat-napnati-a-zavisnosta-od-niv-e-s-pogolema/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/digitalen-detoks-koga-mobilnite-telefoni-n-pravat-napnati-a-zavisnosta-od-niv-e-s-pogolema/#respond Fri, 07 Dec 2018 08:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=136814

Мислите дека не можете без мобилниот телефон, но не сфаќате дека станува збор за зависност. Потребен ви е дигитален детокс. Ова се неколку начини за тоа. Научете да се забавувате без телефонот Немојте да посегнувате по телефонот секогаш кога чувствувате и најмал момент на досада. Ништо нема да пропуштите ако 1 час заборавите на него. Читајте книги, излезете со пријателите, гледајте ја својата омилена серија. Уживајте во моментот и дајте си мир. Исклучете ги светлата Истражувачите од Харвард утврдиле дека користењето на мобилниот телефон пред спиење може да го поремети лачењето на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот и делува како најсилен антиоксидант на телото и стимулатор на имунитетот. Тоа предизвикува да спиете пократко и полошо, што долгорочно предизвикува здравствени тегоби. Одмарајте во мрак, и заборавете на телефонот барем 1 час пред одењето на спиење. Не мора да сте присутни насекаде Не морате да сте на сите социјални мрежи. Изберете една која највеќе ви одговара и не го трошете своето време премногу обидувајќи се да се поврзете со луѓето на тој начин. Наместо тоа, излезете и испијте кафе  и поразговарајте со нив. Фотографиите и статусите не се начин за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/digitalen-detoks-koga-mobilnite-telefoni-n-pravat-napnati-a-zavisnosta-od-niv-e-s-pogolema/feed/ 0