телефонски линии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Aug 2020 13:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телефонски линии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црвениот крст на Македонија отвори телефонски линии за донации за Бејрут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-krst-na-makedonija-otvori-telefonski-linii-za-donacii-za-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-krst-na-makedonija-otvori-telefonski-linii-za-donacii-za-bejrut/#respond Thu, 06 Aug 2020 13:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=387285

Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут, главниот град на Либан, по силната експлозија на пристаништето. Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на: -Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан. -како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400. Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут. Црвениот крст изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crveniot-krst-na-makedonija-otvori-telefonski-linii-za-donacii-za-bejrut/feed/ 0
Во седум канцеларии на омбудсманот телефонски линии за пријавување повреди на избирачките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sedum-kancelari-na-ombudsmanot-telefonski-linii-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sedum-kancelari-na-ombudsmanot-telefonski-linii-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkite-prava/#respond Wed, 15 Jul 2020 06:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=375809

о канцеларијата на Народниoт правобранител  поради одржувањето на предвремените парламентарни избори денеска во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. – Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488, информираат од канцеларијата на омбудсманот. Воедно, од таму истакнуваат дека народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sedum-kancelari-na-ombudsmanot-telefonski-linii-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkite-prava/feed/ 0
Отворени телефонски линии за психолошка поддршка на вработените во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-telefonski-linii-za-psiholoshka-poddrshka-na-vrabotenite-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-telefonski-linii-za-psiholoshka-poddrshka-na-vrabotenite-vo-mvr/#respond Fri, 10 Apr 2020 10:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=330136

Министерството за внатрешни работи ги известува своите вработени дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои стручни лица - психолози вработени во министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства во полесно надминување на овие тешки времиња во справувањето со состојбата со коронавирусот. Телефонските броеви на кои ќе може да се јавуваат полициските службеници се следниве: 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и истите ќе бидат отворени од 09 до 21 часот во текот на денот, а по потреба и по завршување на овие часови. Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства. -Советите и поддршката што ќе ги добијат од психолозите преку телефонската линија имаат за цел  полесно справување со стравот, анксиозноста, паниката, чувството на  беспомошност, тага, опсесивност и негативни мисли кои се јавуваат во вакви кризни ситуации. Министерството за внатрешни работи во овие тешки времиња за сите нас упатува порака до полициските службеници дека не се оставени сами на себе и дека раководството ги презема сите потребни мерки за адекватна помош и заштита во моментите кои сите заедно сплотени полесно ќе ги надминеме, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-telefonski-linii-za-psiholoshka-poddrshka-na-vrabotenite-vo-mvr/feed/ 0
Нови телефонски линии за психо-социјална поддршка на родителите и децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-telefonski-linii-za-psiho-socijalna-poddrshka-na-roditelite-i-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-telefonski-linii-za-psiho-socijalna-poddrshka-na-roditelite-i-decata/#respond Thu, 26 Mar 2020 11:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=322496

Во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19 -Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија  070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 часот секој работен денТелефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 часот секој работен ден, информираат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.  Ова, велат оттаму, е дополнителна поддршка на веќе воспоставената телефонска линија на Универзитетската клиника за психијатрија за родителите на децата од предучилишна и училишна возраст која сега е отворена и за самите деца на училишна возраст. -Сакаме да ги охрабриме родителите и децата да разговараат за сите прашања и проблеми. Нормално е тие да имаат различни реакции на КОВИД 19 како што е нормално да се борат да го задржат чувството на нормалност дома, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ. Во оваа ситуација, додава таа, децата и тинејџерите може да се чувствуваат тажно, изолирано, па дури и луто. -Со телефонските линии ќе им се понуди поддршка на родителите околу олеснување на продолжениот стрес и ќе им се помогне на децата и тинејџерите да изградат издржливост за снаоѓање во стресни ситуации, особено сега кога им е сменета секојдневната рутина и мораат да останат дома, потенцираа ди Џовани. Освен непосредните здравствени проблеми, кризите како пандемијата на КОВИД-19, според УНИЦЕФ, може да предизвикаат пошироки ефекти врз децата и нивните семејства, како што се вознемиреност и страв од непознатото. Главната цел на новите услуги е да се обезбеди советување и поддршка за да се спречат второстепени ефекти од епидемијата, како што се запоставување на децата, недостаток на родителска грижа и поголема изложеност на насилство во семејството.  –Освен одговорното постапување за заштита од вирусот, треба да се погрижиме да бидеме безбедни и од второстепените негативни ефекти коишто пандемијата може да ги има врз нашето ментално здравје. Континуираниот стрес и анксиозност може значително да се одразат врз нашиот ум и способност да се одбраниме. Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка, вели Венко Филипче, министер за здравство. Професорот Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија, пак, вели дека, актуелната пандемија на вирусот COVID-19 ја зголемува свесноста за грижата за нашето и за здравствето на нашите деца. -Но, покрај физичкото здравје, во вакви услови е од особена важност да обрнеме внимание и на грижата за менталното здравје,   да ја развиваме отпорноста и поврзаноста во рамките на семејството, да ја искористиме оваа несакана состојба како можност за подобрување на ментална благосостојба пред сѐ на младите, вели тој.  УНИЦЕФ соработува со стручните лица од Универзитетската клиника за психијатрија со цел да се стават на располагање информативни видеа, сесии со прашања и одговори, и подкасти за да им се помогне на родителите и децата подобро да се справат со анксиозноста и стравот поради КОВИД 19 и да се фокусираат на својата благосостојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-telefonski-linii-za-psiho-socijalna-poddrshka-na-roditelite-i-decata/feed/ 0
Отворени е-маил и телефонски броеви за пријавување на непочитување на мерките против Ковид 19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-e-mail-i-telefonski-broevi-za-prijavuvanje-na-nepochituvanje-na-merkite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-e-mail-i-telefonski-broevi-za-prijavuvanje-na-nepochituvanje-na-merkite-protiv-kovid-19/#respond Thu, 26 Mar 2020 11:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=322489

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19. За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии. Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви: -Државан инспекторат за труд [email protected] 151 31 -Државен пазарен инспекторат [email protected] 191 -Државен санитарен и здравствен инспекторат [email protected] 0800 255 55 -Агенција за храна и ветеринарство [email protected] 0800 3 2222 -Државен инспекторат за транспорт [email protected] -Агенција за лекови и медицински средства [email protected] Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. – Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во владиното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-e-mail-i-telefonski-broevi-za-prijavuvanje-na-nepochituvanje-na-merkite-protiv-kovid-19/feed/ 0