телефонски разговор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 10:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телефонски разговор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху и со Абас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/#respond Sun, 15 Oct 2023 10:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=889013

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одделно со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија синоќа од кабинетите на израелскиот и палестинскиот лидер. Нетанјаху му рекол на Бајден дека се потребни единство и решителност за да се постигнат воените цели на Израел против палестинската исламистичка организација Хамас, која владее со Појасот Газа, соопшти кабинетот на израелскиот претседател, додавајќи дека Нетанјаху му се заблагодарил на Бајден за неговата поддршка. Палестинскиот лидер му рекол на Бајден дека целосно го отфрла раселувањето на Палестинците од Газа бидејќи Израел се одмаздува за смртоносниот напад на Хамас на неговата територија, се вели во соопштението на канцеларијата на Абас. Претставник на САД ги потврди телефонските разговори, но Белата куќа се уште не објави детали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-telefonski-razgovaral-so-netanjahu-i-so-abas/feed/ 0
Телефонски разговор Радев-Макрон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-radev-makron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-radev-makron/#respond Wed, 18 May 2022 20:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=678658

Претседателот на Бугарија, Румен Радев телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател. Во фокус на разговорот помеѓу двајцата претседатели беа темите за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, последиците од воените дејствија во Украина и за промената на безбедносната средина во Европа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа, секоја земја кандидат за членство во ЕУ мора да ги почитува европските вредности поврзани со правата на граѓаните, а Бугарија очекува конечни резултати од Република Северна Македонија во таа насока, пред да се договорат за почеток на преговорите. Бугарскиот претседател истакнал и дека Бугарија и Северна Македонија се договараат да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на југозападниот сосед но сè уште нема резултати во таа насока. – Очекувањето на нашата земја за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Северна Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските преземени од Скопје, заклучи Радев. Радев истакнал и дека неспроведувањето на Билатералниот договор за пријателство и добрососедство и соработка од страна на Република Северна Македонија, пет години по неговото потпишување, бара конкретни чекори и резултати, чија имплементација ќе ја врати и зајакне довербата. Францускиот претседател Макрон од своја страна ја изрази подготвеноста на Франција да ја поддржи Бугарија за бугарското воздухопловство да не ги загуби одбранбените способности додека не ги добие однапред платените ловци Ф-16 од земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-radev-makron/feed/ 0
Телефонски разговор Зеленски – Шолц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-zelenski-sholc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-zelenski-sholc/#respond Sun, 10 Apr 2022 11:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=660871

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека имал телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц околу можноста за воведување дополнителни санкции против Русија. Тој додаде дека за време на разговорот се осврнале и на новата одбранбена и финансиска поддршка за Украина. Во соопштението се наведува дека Зеленски одржал конференциска врска со украински официјални претставници, на која биле разработени предлозите на Киев за шестиот пакет санкции на Европската унија против Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-zelenski-sholc/feed/ 0
Заврши 75-минутниот телефонски разговор Шолц – Макрон – Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-75-minutniot-telefonski-razgovor-sholc-makron-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-75-minutniot-telefonski-razgovor-sholc-makron-putin/#respond Sat, 12 Mar 2022 15:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=646047

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин денеска имаа телефонски разговараа за Украина. – За време на 75-минутниот разговор федералниот канцелар и францускиот претседател повикаа на итен прекин на огнот во Украина и да почне да се бара дипломатско решение за конфликтот, се наведува во соопштението на германската Влада. – Во соопштението се наведува дека било договорено да не се изнесуваат повеќе детали за телефонскиот разговор. Во соопштението на Кремљ се истакнува дека тројцата лидери разговарале за прашања поврзани со договорите што се разработуваат за исполнување на барањата на Русија за Украина. – Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници, кои се одржаа изминатите денови во видео формат. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани за изработката на договори за спроведување на познатите руски барања. Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања, се посочува во соопштението на Кремљ. Исто така се наведува дека Путин апелирал Макрон и Шолц да влијаат врз акциите на Киев против цивилното население. – Конкретно, беа наведени бројни факти за грубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили, вонсудска репресија на противниците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени области во близина на болници, училишта, градинки и слично, соопшти Кремљ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-75-minutniot-telefonski-razgovor-sholc-makron-putin/feed/ 0
Макрон во телефонскиот разговор со Путин инсистирал Русија да ги прекине сите напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-telefonskiot-razgovor-so-putin-insistiral-rusija-da-gi-prekine-site-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-telefonskiot-razgovor-so-putin-insistiral-rusija-da-gi-prekine-site-napadi/#respond Mon, 28 Feb 2022 20:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=638268

Францускиот претседател Емануел Макрон е во постојана комуникација со украинскиот колега Володимир Зеленски, пофалувајќи го за неговото големо чувство за одговорност, напиша шефот на француската држава на својот фејсбук-профил. Тој остварил телефонски разговор и со рускиот претседател Владимир Путин, повторувајќи му го барањето на меѓународната заедница за прекин на руската офанзива против Украина, и инсистирал на потребата веднаш да се воспостави прекин на огнот. – Откако започнаа разговорите меѓу руската и украинската делегација, побарав од него да ги прекине сите напади и нападите врз цивили и населени места, да ја зачува целата цивилна инфраструктура и да ги обезбеди главните патишта, напиша Макрон на Фејсбук, додавајќи дека Путин ја потврдил својата подготвеност да се посвети на овие точки. Францускиот лидер побарал почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилното население, како што е испораката на помош. Во врска со ова, Франција поднесе резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации. – За да се спречи влошување на ситуацијата, му предложив на претседателот Путин да останеме во контакт во наредните денови и ќе продолжиме со нашите дискусии, истакна Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-vo-telefonskiot-razgovor-so-putin-insistiral-rusija-da-gi-prekine-site-napadi/feed/ 0
КОНЕЧНО: Она што сите долго го чекавме – апликацијата која што ја имаме на нашите телефони има нова автоматска опција https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/konechno-ona-shto-site-dolgo-go-chekavme-aplikacijata-koja-shto-ja-imame-na-nashite-telefoni-ima-nova-avtomatska-opcija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/konechno-ona-shto-site-dolgo-go-chekavme-aplikacijata-koja-shto-ja-imame-na-nashite-telefoni-ima-nova-avtomatska-opcija/#respond Sun, 11 Apr 2021 15:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=495672

Минатата година Гугл, без многу врева, додаде снимање повик во својата телефонска апликација што сите ја имаме на нашите телефони со Андроид. Сега го надополнува со можност за автоматско снимање повици од непознати броеви. Со активирање на новата опција, корисникот нема да мора да го притиска копчето за снимање секогаш кога ќе повика некого или кога ќе прими повик, што може да биде многу погодно за оние кои често го користат телефонот. Новата функција, сепак, веќе предизвикува загриженост кај јавноста и оние кои се занимаваат со правни аспекти на ваквите случаи, бидејќи во некои земји е забрането снимање разговори, освен ако обете страни не дадат изречна согласност. Затоа, Гугл ги предупреди оние корисници кои ја користат новата опција за прв пат дека доколку „ја користат опцијата за снимање повик, тие се одговорни за усогласување со важечките закони за снимање повици, за кои може да биде потребна согласност од двете страни за такво снимање. " Опцијата за автоматско снимање повици од непознати броеви засега ќе биде достапна само во одредени делови на светот и ограничена на одредени уреди, меѓу кои во моментов се телефони на Xiaomi и Nokia.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/konechno-ona-shto-site-dolgo-go-chekavme-aplikacijata-koja-shto-ja-imame-na-nashite-telefoni-ima-nova-avtomatska-opcija/feed/ 0
Телефонски разговор помеѓу Бајден и Си Џинпинг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/#respond Thu, 11 Feb 2021 07:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=467109

Американскиот претседател Џо Бајден првпат од стапувањето на должност разговараше со претседателот на Кина, Си Џинпинг, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден во телефонскиот разговор изрази длабока загриженост поради економската пракса на Пекинг, репресиите во Хонг Конг и кршењето на човековите права ујгурското муслиманско малцинство во Синџијанг и политиката кон Тајван. Додека кинеските медиуми објавија дека Си го предупредил Бајден дека судирот помеѓу Кина и САД би бил катастрофа за двете држави и оти е потребно повторно воспоставување на средства за избегнување на несогласувањата и погрешните проценки. Си истакна дека се надева оти САД внимателно ќе постапуваат кон Тајван, Хонг Конг и Синџијанг бидејќи тоа се прашања на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Бајден и Си разговарале и за пандемијата со Ковид-19, за климатските промени и за спречување на ширењето на оружје. Во меѓувреме Бајден најави дека во Пентагон ќе биде формирана работна група за стратегија кон Кина. – Работната група набрзо ќе почне со работа за да заземеме поцврста насока за прашањата поврзани со Кина, истакна Бајден при неговата прва посета на Пентагон од стапувањето на должност претседател. Тој додаде дека групата ќе биде составена од 15 цивили и воени советници, кои ќе имаат рок од четири месеци да ги претстават своите препораки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/feed/ 0
Западен Балкан во фокусот на телефонски разговор Дендиас – Вархеји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/#respond Mon, 28 Dec 2020 12:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=449388

За случувањата во регионот со акцентот на Западен Балкан, како и за кампањата на ЕУ за вакцинацијата, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, соопштија преку „Твитер“ од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја сподели и самиот Денедиас преку неговиот официјален „Твитер“ профил. -Телефонски разговарав со еврокомесарот Оливер Вархеји. Дискутиравме за регионалните случувања со фокусот на Западен Балкан, вклучително и кампања за вакцинација на ЕУ и соработката за справување со последиците од Ковид-19, напиша Дендиас на „Твитер“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/feed/ 0
Телефонски разговор Пашинјан-Гутереш: Турција има пристрасна позиција во акциите на Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pashinjan-guteresh-turcija-ima-pristrasna-pozicija-vo-akciite-na-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pashinjan-guteresh-turcija-ima-pristrasna-pozicija-vo-akciite-na-azerbejdzan/#respond Tue, 29 Sep 2020 06:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=409828

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан телефонски разговараше со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш за состојбата во спорниот регион Нагорно Карабах, соопшти синоќа прес-службата на ерменската Влада. „Никол Пашинјан подвлече дека сегашната ескалација, за разлика од изминатите години, се карактеризира со многу активна и пристрасна позиција на Турција и нејзино директно дестабилизирачко присуство во акциите на Азербејџан“, се вели во соопштението. Како што пренесува агенцијата ТАСС, Гутереш изразил длабока загриженост за актуелната криза и случувањата, посочувајќи на потребата од продолжување на мировниот процес во рамките на групата на ОБСЕ од Минск. Шефот на ОН разговараше и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, повикувајќи на итен прекин на огнот во Нагорно Карабах. Претходно, ерменското Министерство за надворешни работи тврдеше дека „турски инструктори војуваат“ во Нагорно Карабах од азербејџанска страна. Покрај тоа, соопштено е дека има докази дека Анкара регрутира платеници „во некои земји од Блискиот исток“. Портпаролот на генералниот секретар на ООН, Стефан Дижарик изјави дека организацијата не може самостојно да ја потврди вистинитоста на ова тврдење дека Турција се меша во конфликтот околу Нагорно Карабах и повика да одобри пристап до набљудувачката мисија на ОБСЕ во зоната на конфликтот. Баку на 27 септември соопшти дека Ерменија ги гранатирала позициите на азербејџанската армија, а Ереван тврди дека азербејџанските вооружени сили започнале офанзива кон Нагорно Карабах, гранатирајќи ги регионалните населби, вклучително и главниот град Степанакерт. Двете страни пријавија жртви, вклучително и цивили. И Ерменија и Азербејџан прогласија вонредна состојба и мобилизираа трупи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pashinjan-guteresh-turcija-ima-pristrasna-pozicija-vo-akciite-na-azerbejdzan/feed/ 0
Телефонски разговор Шојгу – Еспер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-shojgu-esper/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-shojgu-esper/#respond Tue, 18 Aug 2020 19:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=392362

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска телефонски разговараше со американскиот колега Марк Еспер за зајакнување на довербата и транспарентноста со цел да се спречат воени инциденти. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, разговорот бил инициран од САД, а двајцата министри разговарале и за ситуацијата во различни делови на светот. Шојгу и Еспер разговараа и за меѓународните договори за контрола на вооружувањето. САД во текот на денот ја известија Русија за условите за продолжување на договорот со кој се ограничува распоредувањето на стратешкото нуклеарно оружје, што истекува во февруари следната година. Рускиот и американскиот министер за одбрана претходно имаа телефонски разговор на 2 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-shojgu-esper/feed/ 0