телефонски разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Aug 2020 08:18:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телефонски разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реализирани 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата со Ковид 19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/realizirani-4000-telefonski-razgovori-za-psiholoshka-poddrshka-za-vreme-na-pandemijata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/realizirani-4000-telefonski-razgovori-za-psiholoshka-poddrshka-za-vreme-na-pandemijata-so-kovid-19/#respond Fri, 14 Aug 2020 08:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=390559

ЈЗУ Клиниката за психијатрија известува дека се реализирани околу 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19 започнувајќи од март месец 2020 година. Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 година за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден о 8 до 20 часот, има реализирано повеќе од 2.200 разговори. Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ - Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори. На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори. На целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1000 разговори. Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се следните: за Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, Психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, Психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и Психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/realizirani-4000-telefonski-razgovori-za-psiholoshka-poddrshka-za-vreme-na-pandemijata-so-kovid-19/feed/ 0
Обвинителството постапува по пријавите за телефонското агитирање, МВР молчи од чии телефонски броеви се кршеше изборниот молк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/#respond Mon, 01 Oct 2018 12:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=108992

Скопското Основно Јавно обвинителство постапува по поднесените кривични пријави, во врска со скандалот за телефонско агитирање кој вчера го обелодени ВМРО-ДПМНЕ. Од ЈО за Курир информираат дека кривичните пријави се итно доставени до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје и по нив веќе се постапува. -Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје за утврдување на гласачите до кои е испратена СМС пораката. До телефонските оператори е издадена наредба за доставување на податоци во врска со носителите на телефонските броеви во моментот на испраќањето на СМС пораките, стои во одговорот кој редакцијата на Курир го доби од ЈО. Оттаму додаваат дека политичка партија има поднесено кривични пријави на отворената електронска адреса за пријавување противправности во врска со органзирањето и спроведувањето на референдумот. Едната од нив се однесувала на телефонските разговори кои вчера излегоа јавноста, а под сомнение за сторени кривични дела „Повреда на слободата на определување на избирачите“ чл. 160 ст. 1 и „Лажно претставување“ чл.391 т.1 од Кривичниот законик. [1] Повреда на слободата на определување на избирачите Член 160 (1)Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе присили или ќе спречи друг да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со затвор најмалку три години.  [2] Член 391(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година​ Од Министерството за внатрешни работи до објавувањето на овој текст не добивме одговор дали МВР води истрага во врска со телефонските јавувања за време на изборниот молк, како и дали Министерството има сознанија кој ги вршел телефонските повици, во кои се агитира и се повикува на гласање? За потсетување, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на вчерашната прес-конференција обелодени дека во изминатите два дена од два телефонски броеви се испраќале СМС пораки и се вршеле телефонски разговори со кои се агитирало за гласање на референдумот. -СДСМ и криминалниот картел на власт телефонски присилува луѓе на гласање со закани и уцени. Во време на молк преку организирани телефонски, Кол-центри, се врши притисок врз граѓани и им се даваат насоки како да постапат. Ова е класична злоупотреба на нивното гласачко право. СДСМ е до толку очаен што дури и лажно се претставуваат и даваат насоки и на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во име на ВМРО-ДПМНЕ. Од непознати телефонски броеви се пушта СМС порака до членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање на овој референдум, и истото се прави од име на ВМРО-ДПМНЕ. Дека наводно бил постигнат некаков наводен договор и дека партијата бара членовите да гласаат на референдумот. Ова не е насока на партијата ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што е веќе познато партијата има став секој член да одлучи сам по сопствено убедување како ќе постапи во однос на референдумот и капитулантскиот договор, истакна вчера Стоилковски. Тој додаде дека ова претставува незаконско агитирање во време на изборен молк и кривично дело лажно претставување, а според информациите со кои располагала партијата телефонските броеви од каде биле пуштени ваквите СМС пораки се регистрирани на адресата на штабот на СДСМ на Бихакќа, поточно на „Павел Шатев“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-postapuva-po-prijavite-za-telefonskoto-agitiranje-mvr-molchi-od-chii-telefonski-broevi-se-krsheshe-izborniot-molk/feed/ 0