телеграм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 09:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телеграм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/#respond Sun, 13 Aug 2023 09:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866202

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани. Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина. Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните. Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/feed/ 0
Телеграм и Вибер казнети во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegram-i-viber-kazneti-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegram-i-viber-kazneti-vo-rusija/#respond Tue, 20 Jun 2023 13:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=847840

Московскиот суд ги казни компаниите во чија сопственоста се апликациите за размена на пораки Телеграм и Вибер бидејќи не избришале содржина што Русија ги смета за незаконски, вклучително и содржини за војната во Украина. Телеграм, чие седиште е во Дубаи треба да плати четири милиони рубљи (47.525 долари), а јапонската компанија во чија сопственост е Вибер казнета е со еден милион рубљи (1.185 долари). Телеграм, основана во 2013 година од браќата со руско потекло Павел и Николај Дуров, е исклучително популарна во Русија, каде што секојдневно ја користат Кремљ и Министерството за одбрана, како и новинари, опозицијата, групи за човекови права и милиони обични луѓе. Телеграм е санкциониран оти одбил да отстрани 32 канали кои објавиле „лажни информации“ за, како што ја нарекува Русија, „специјална воена операција“ во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telegram-i-viber-kazneti-vo-rusija/feed/ 0
Фајненшл тајмс: На Телеграм се води трговија со американски доверливи материјали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/#respond Mon, 08 May 2023 19:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=832008

Документите на Пентагон, што припадникот на Националната гарда на САД, Џек Тешеира ги споделувал со пријатели во затворена чат група и што потоа станаа јавно достапни не се единствените доверливи податоци на американските органи што може да се најдат на Интернет. Весникот Фајненшл тајмс во тек на две недели набљудувал неколку разговори на апликацијата Телеграм каде корисниците разменувале слични документи и споделувале линкови на папки на облачни сервиси. Леснотијата со која учесниците на овие разговори споделуваат таква информација и разноличноста на документите укажува на тоа дека ова е само врвот на сантата мраз, коментираше американски дипломат за весникот. - Дури и старите доверливи документи имаат вредност, од нив се гледа како ние приоѓаме на решавање на проблемите, како ги оценуваме заканите, ги спремаме луѓето. Хакерите зборуваат за тоа, но тешко е да се потврдат нивните тврдења, изјавил дипломатот. Според еден од членовите на Телеграм чат кој бил следен од весникот, материјалите што таму се разместуваат „не е она најдоброто“. - Можете со години да лутате по дарк-вебот, но вас на крајот нема да во поканат во потребната соба. Во тие „потребни соби“ се рекламираат и продаваат „најдобрите“ материјали од украдени комерцијални податоци од САД и Европа, како броеви на кредитни карти и карти за социјално осигурување, електронски писма итн. Во последно време најголем интерес има за документите од колекцијата на Тешеира, и тоа за оние кои медиумите сè уште не соопштиле. Во моментот кога еден корисник прашал дали има нешто ново, за кратко време се појавил линк на папка во Дропбокс каде биле најдени неколку слајдови. Анализирајќи ги, весникот најде уште неколку неоткриени теми, како тоа дека Кина работела на создавање кибер-оружје способно да урива западни сателити, дека приватната воена компанија „Вагнер“ која се бори на страната на Русија во Украина, се обидувала да набави оружје од разни земји. Потоа некои медиуми соопштија дека такви земји биле Турција и Кина. Некои од информациите во овие разговори се и адресар со имиња на вработени во Федералното биро за истраги (ФБИ), тајни инструкции за управување со борбени авиони на САД, база на податоци на полициски управи, гигабајти внатрекорпоративна информација што хакерите ја исфрлаат ако не се договорат да ја купи оној од кого е украдена. Во случајот со документите од Пентагон протечени од Тешеира, постои ризик на виделина да не излегла сета информација па новите или преуредени материјали да можат да бидат искористени од проруски групи со цел дезинформација и пропаганда, велат некои аналитичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/feed/ 0
Телеграм суспендиран во Бразил https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-suspendiran-vo-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-suspendiran-vo-brazil/#respond Thu, 27 Apr 2023 06:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=828104

Суд во Бразил денеска нареди суспензија на мрежата Телеграм низ целата држава, откако оваа платформа за пораки не им достави на властите информации за неонацистичките групи кои се активни на неа. Информацијата ја споделија француските медиуми од извори во бразилската Влада и правосудството. Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, (...) беше наредено суспендирање на Телеграм, со оглед дека оваа мрежа не одговори на барањата“, изјави на прес-конференција министерот за правда Флавио Дино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-suspendiran-vo-brazil/feed/ 0
Албанското обвинителство побарало од Русија да го затвори каналот на групата „Татковина правда“ на Телеграм https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskoto-obvinitelstvo-pobaralo-od-rusija-da-go-zatvori-kanalot-na-grupata-tatkovina-pravda-na-telegram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskoto-obvinitelstvo-pobaralo-od-rusija-da-go-zatvori-kanalot-na-grupata-tatkovina-pravda-na-telegram/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:06:52 +0000 https://kurir.mk/?p=740804

Откако хакерите почнаа да објавуваат полициски тајни, албанското обвинителство испратило барање до руските власти за затворање на каналот на групата „Татковина правда“ на Телеграм, но засега нема одговор. -Албанското обвинителство испрати барање до руското Министерство за правда за извршување на судска одлука за затворање на страницата „Татковина правда“ на апликацијата „Телеграм“. Оваа социјална мрежа е контролирана и администрирана од централни сервери во Русија, па извршувањето на бар ањето издадено од обвинителството на Тирана е упатено до овие власти, јави Ора њуз. Барањето било испратено пред две недели, но од „канцелариите на контакт-офицерите во соодветните амбасади не преземале ништо за реализирање на ова барање“. -Очигледно, потребата на албанската страна за заемна правна помош наиде на глуви уши во Русија, иако каналот Homeland Justice Telegram продолжува периодично да објавува тајни и чувствителни податоци за албанската држава. Во меѓувреме иранската хакерска група објави на мрежата Телеграм во понеделник наутро уште една база на податоци за лица осомничени за разни криминални дела во Албанија. Станува збор податоци за околу 105 илјади лица кои во системот МЕМЕКС низ годините полицијата ги евидентирала како осомничени, наведува телевизијата. По објавувањето на податоците реагираше министерот за внатрешни работи Бледи Чучи кој објасни дека датабазата не е официјална и оти истрагите продолжуваат со ФБИ и Мајкрософт. И премиерот Еди Рама изјави дека хакерите не допреле важни податоци, додавајќи дека објавените информации се фотомонтажа. За разлика од нив опозицијата и елсперти од ИТ секторот и безбедноста сосотојбата ја оценуваат како загрижувачка и алармантна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskoto-obvinitelstvo-pobaralo-od-rusija-da-go-zatvori-kanalot-na-grupata-tatkovina-pravda-na-telegram/feed/ 0
Телеграм достави податоци за поединечни корисници https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-dostavi-podatoci-za-poedinechni-korisnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-dostavi-podatoci-za-poedinechni-korisnici/#respond Fri, 09 Sep 2022 15:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=730813

Платформата за онлајн пораки Телеграм попушти пред барањата на германските безбедносни служби и обезбеди податоци за корисници осомничени за екстремизам, објави радиото НДР. Министерството за внатрешни работи потврди дека добило податоци од Телеграм, како што се „IP“ адресите на корисниците, во „неколку изолирани случаи“. НДР во средата навечер изјави дека имало 25 случаи на можна злоупотреба на деца и исламски екстремизам. Покрај тоа, Телеграм избришал содржина во речиси 400 разговори на кои укажале службите. Телеграм претходно инсистираше на тоа дека нема да открива никакви кориснички податоци на властите и затоа стана платформа на избор за луѓето кои воопшто не сакаат да бидат видливи. Тука спаѓаат криминалци и можни терористи, но и дисиденти ширум светот. Телеграм долго време не одговараше на барањата на германските безбедносни служби, а започна да комуницира дури на почетокот на февруари под притисок на владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-dostavi-podatoci-za-poedinechni-korisnici/feed/ 0
ОВАА популарна платформа воведе претплата, еве колку ќе чини и што ќе се наплатува https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovaa-popularna-platforma-vovede-pretplata-eve-kolku-kje-chini-i-shto-kje-se-naplatuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovaa-popularna-platforma-vovede-pretplata-eve-kolku-kje-chini-i-shto-kje-se-naplatuva/#respond Mon, 20 Jun 2022 15:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=693303

Сè попопуларната платформа за комуникација и допишување Телеграм воведе премиум план за претплата за корисниците. Како што објасни за „TechCrunch“ Павел Дуров, авторот на апликацијата, воведувањето на претплатата всушност е одговор на барањата на корисниците за дополнителен простор за складирање и проток на податоци, без притоа да се загрозат бесплатните услуги што ги нудат на другите корисници. „По долго размислување, заклучивме дека единствениот начин да им обезбедиме на нашите најпребирливи корисници дополнителни опции, додека постоечките ќе бидат бесплатни, е тоа да го сториме со претплата“, напишал Дуров. Цената на претплатата е 4,99 евра месечно. Според моментално достапните информации, претплатниците добиваат побрзи брзини на пренос на податоци и преземање, конверзија од глас во текст, папки за разговор, нови налепници, намалени ограничувања на бројот на канали што корисникот може да ги гледа, анимирани налепници на цел екран, ексклузивни реакции на емотикони и анимирани професионални фотографии. Покрај тоа, претплатниците имаат дополнителни опции за манипулирање со разговори и искуство без реклами. Воведувањето на претплатата не е изненадувачки со оглед на тоа што платформата веќе некое време бара стабилен извор на финансирање. Откако Телеграм зеде заем од 1 милијарда долари минатата година за да плати за одржување на серверот, а претходно изјави дека „верува дека Телеграм треба да биде финансиран од корисниците, а не од огласувачите“, воведувањето на претплата може да и обезбеди на апликацијата редовен извор на приходи. тоа би помогнало понатамошен напредок. Телеграм го смени и мотото на компанијата. Во моментов, на новите корисници кои се регистрираат на каналите им е прикажана пораката „Телеграм е засекогаш бесплатен. Нема реклами. Нема претплата“. Сепак, таа порака наскоро ќе биде променета во „Телеграм обезбедува бесплатен и неограничен складирање во облак од разговори и медиуми“. Телеграм би можел да почне да прикажува реклами на оние кои не се претплатници, а оние што ќе се претплатат ќе добијат ознака до нивното име и пристап до ексклузивни налепници и реакции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovaa-popularna-platforma-vovede-pretplata-eve-kolku-kje-chini-i-shto-kje-se-naplatuva/feed/ 0
Проблеми ширум светот со функционирањето на апликацијата Телеграм https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/problemi-shirum-svetot-so-funkcioniranjeto-na-aplikacijata-telegram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/problemi-shirum-svetot-so-funkcioniranjeto-na-aplikacijata-telegram/#respond Mon, 27 Dec 2021 18:53:38 +0000 https://kurir.mk/?p=613751

Корисниците на апликацијата Телеграм низ светот пријавиле проблеми во нејзиното функционирање, покажуваат податоците на сајтот Даундетектор (Downdetector), кој ги следи грешките и поврзувањето на популарните интернет локации. Според сајтот Даундетектор, евидентирани се вкупно 789 поплаки. Вкупно 45 отсто од корисниците се пожалиле на проблеми со апликацијата, 36 отсто на проблеми со испраќање пораки, а 19 отсто имале проблеми при поврзувањето со серверот. Русија, Украина, Полска и Холандија се меѓу земјите каде корисниците на Телеграм се соочиле со проблеми. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/problemi-shirum-svetot-so-funkcioniranjeto-na-aplikacijata-telegram/feed/ 0
Телеграм вчера доби 70 милиони нови корисници благодарение на падот на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-vchera-dobi-70-milioni-novi-korisnici-blagodarenie-na-padot-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-vchera-dobi-70-milioni-novi-korisnici-blagodarenie-na-padot-na-fejsbuk/#respond Tue, 05 Oct 2021 19:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=573664

Апликацијата Телеграм вчера доби повеќе од 70 милиони нови корисници благодарение на шестчасовната блокада на Фејсбук и услугите за пораки како што се Ватсап, Инстаграм и Месинџер, изјави денеска нејзиниот основач Павел Дуров. Фејсбук ја припишува блокадата на „погрешната промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди нивни корисници да пристапат до услугите Ватсап, Инстаграм и Месинџер. Проблемот предизвика глобален пад на системот што траеше повеќе од шест часа. „Дневната стапка на раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Ги пречекавме бегалците од други платформи, над 70 милиони од нив за еден ден”, напиша Дуров на својот канал на Телеграм. Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале мали потешкотии, бидејќи милиони луѓе брзале кон Телеграм, апликација за текстуална и мултимедијална порака на уреди со Android, iOS и Windows во исто време, но услугата вообичаено добро функционирала за повеќето корисници. Русија соопшти дека овој инцидент покажа дека Москва била во право кога развила свои суверени интернет платформи и социјални мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/telegram-vchera-dobi-70-milioni-novi-korisnici-blagodarenie-na-padot-na-fejsbuk/feed/ 0
Русија ги казни Фејсбук и Телеграм за неотстранета спорна содржина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-kazni-fejsbuk-i-telegram-za-neotstraneta-sporna-sodrzina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-kazni-fejsbuk-i-telegram-za-neotstraneta-sporna-sodrzina/#respond Fri, 23 Jul 2021 06:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=540612

Рускиот суд ја казни социјалната мрежа Фејсбук со шест милиони рубли или 81.350 американски долари и апликацијата за пораки Телеграм со 11 милиони рубли затоа што не отстраниле нелегална содржина. Во последните месеци Москва презеде чекори за регулирање и ограничување на моќта на социјалните мрежи и технолошките гиганти, воведувајќи помали казни за нелегална содржинаистовремено обидувајќи се да ги принудат странските компании да ги отворат своите канцеларии во Русија и да складираат податоци на Русите на руска територија Судот во Москва во областа Тагански соопшти дека го казнил Фејсбук со шест милиони рубли за две различни административни прекршоци врз основа на обврската на сопствениците на веб-страниците да бришат недозволени информации. Телеграм е казнет за три различни прекршоци, соопшти судот. Фејсбук и Телеграм сè уште не ги коментираа пресудите. Се очекува рускиот суд да донесе пресуда и за две слични обвиненија против Твитер. Русија го казни Твитер во април за отфрлање на барањата за бришење твитови во кои кон средината на јануари се повикуваат младите да протестираат против апсењето на Алексеј Навални, критичарот на Кремљ, со вкупно 118.000 американски долари, а содржината на таа мрежа од тогаш во Русија бавно се вчитува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-kazni-fejsbuk-i-telegram-za-neotstraneta-sporna-sodrzina/feed/ 0