телеграма со сочувство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Sep 2021 13:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телеграма со сочувство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоев испрати телеграма со сочувство до Османи по повод пожарот во болницата во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 13:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=561613

По повод пожарот што синоќа избувна во модуларната болница во Тетово, бугарскиот министер за надворешнии работи Светлан Стоев испрати телеграма со сочувство до неговиот македонски колега Бујар Османи, информира прес-службата на Министерството за надворешни работи на Бугарија. – Во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во мое име, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив, се наведува во телеграмата за сочувство. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за надворешни работи на Бугарија посака наскоро закрепнување на ранетите, како и „храброст и одлучност на властите во Република Северна Македонија во нивните напори да ги разјаснат причините и да ги надминат последиците од овој трагичен инцидент“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoev-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-osmani-po-povod-pozarot-vo-bolnicata-vo-tetovo/feed/ 0
Мицкоски со телеграма со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-telegrama-so-sochuvstvo-do-hrvatska-i-hrvatskiot-narod-za-zrtvite-od-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-telegrama-so-sochuvstvo-do-hrvatska-i-hrvatskiot-narod-za-zrtvite-od-zemjotresot/#respond Tue, 29 Dec 2020 15:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=449986

Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка, стои во телеграмата со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ од Христијан Мицкоски, лидерот на партијата ВМРО-ДМНЕ. -За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе. Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-telegrama-so-sochuvstvo-do-hrvatska-i-hrvatskiot-narod-za-zrtvite-od-zemjotresot/feed/ 0
Сочувство од Иванов, по повод смртта на академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 15:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=133778

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство по повод смртта на академик Блаже Ристовски. -Со длабока болка и тага ја примив веста за смртта на познатиот македонски историчар и филолог, академик Блаже Ристовски. Иако во овие тажни мигови не постојат зборови со кои може да се надомести загубата, дозволете ми да ви изразам најискрено и најдлабоко сочувство. Академик Блаже Ристовски целиот свој работен век го помина во научно проучување на историскиот и културен развој на идејата за создавање на слободна македонска држава. Тој објави повеќе книги и стотици научни статии за развитокот на македонската културно-национална мисла, во кои одново ни го приближи животот и делото на најзначајните македонски културни дејци, како што е Крсте Петков Мисирков, се вели во писмото со осчувство од претседателот Иванов. Како потпретседател на првата влада на независна Република Македонија, се додава, тој даде пример за тоа како се бранат државните интереси. Тој беше пример на ангажиран интелектуалец кој имаше храброст да зборува и за најтешките прашања за Република Македонија. -Ова е огромна загуба, за Вас, за научниот и академискиот свет, но и за мене и за Република Македонија. Ќе ни недостасуваат неговите мудри совети исполнети со длабока промисленост за македонската кауза. Вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сè што напиша, создаде и инспирираше. Нека почива во мир!, се истакнува во писмото со сочувство од претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0
Мицкоски испрати телеграма со сочувство до семејството на Адеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-semejstvoto-na-ademi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-semejstvoto-na-ademi/#respond Fri, 16 Feb 2018 15:44:42 +0000 http://kurir.mk/?p=22237

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати телеграма со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми. -Со жалење ја примив веста за смртта на Абдулаќим Адеми, поранешниот пратеник, министер за образование, министер за животна средина и просторно планирање, заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и генерален секретар на ДУИ. Дозволете ми од мое лично име и од името на партијата, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријатели. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашето семејство, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата, стои во телеграмата и се додава: „Спомените за него нема да избледат, Абдулаќим Адеми пред се како човек, а потоа и интелектуалец остави големи траги кои нема да се заборават. Нека почива во мир“.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-semejstvoto-na-ademi/feed/ 0
Телеграма со сочувство од МОН до семејството на Адеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-so-sochuvstvo-od-mon-do-semejstvoto-na-ademi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-so-sochuvstvo-od-mon-do-semejstvoto-na-ademi/#respond Fri, 16 Feb 2018 09:24:18 +0000 http://kurir.mk/?p=22042

Министерството за образование и наука изразува искрено жалење и упатува длабоко сочувство до семејството и пријателите на поранешниот министер за образование и наука Абдулаќим Адеми, кој почина во текот на вчерашниот ден. -Адбулаќим Адеми беше на чело на Министерството за образование и наука во периодот од 2014 година до 2016 година кој беше обележан со многу промени и иницијативи во рамките на образовниот систем на Република Македонија, се вели во телеграмата испратена од МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telegrama-so-sochuvstvo-od-mon-do-semejstvoto-na-ademi/feed/ 0