телеком – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телеком – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски како премиер, Телеком е дувло на непотизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=879355

Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам, Љушев кој важи за близок до него со менаџерска позиција си ја наградил сопругата. Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Телеком е фирма каде и државата има соптсвеност и претставник во органите на управување, креирање од истата дувло на непотизам го руши имиџот и на компанијата и на Македонија. Љушев не е единствен директор во Телеком кој си ја вработил сопругата, и главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева, истакнуваат од партијата. „Симптоматично е што вработувањето и поставувањето на сопругата на Љушев на менаџерска позиција, односно нејзиниот напредок во Телеком се случува во моменти кога Ковачевски станува заменик министер за финансии, а потоа и премиер. Со секој поминат ден со Ковачевски и СДС, државата и државните фирми ќе се полнат со роднини и пријатели на нивните функционери, затоа се потребни промени“ - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/feed/ 0
Позната причината поради падот на мрежата на Телеком https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznata-prichinata-poradi-padot-na-mrezhata-na-telekom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznata-prichinata-poradi-padot-na-mrezhata-na-telekom/#respond Thu, 17 Aug 2023 15:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=868019

„Корисникот што го баравте го исклучил својот телефон или е надвор од мрежно покривање. Ве молиме обидете се подоцна. Ви благодариме.“ Со оваа порака им започна денот на многу граѓани. Корисниците на мобилната мрежа Телеком немаа можност ниту да добијат ниту да испратат повик или порака. Оние кои успеаа да воспостават повик не можеа да комуницираат со соговорникот. Проблем беше и Интернетот. Многумина не успеаа да ги реализираат приватните или деловните задачи. Многу граѓани ги рестартираа телефоните, но ниту тоа не го реши нивниот проблем, па во потрага по одговори се упатија во најблискиот салон. Дека имаа проблем со мрежата потврдија и од Телеком. Објаснувањето од Телеком за падот на нивната мрежа е дека проблем се оштетените кабли од градежните работници на повеќе места. На објавата на социјалните мрежи од Телеком во која го објаснуваа проблемот следуваа низа коментари на корисници на мобилната мрежа кои велат дека ова се случува постојано и бараат намалување на цената на услугите. Извини нема, но намалување на сметките да има. Не ви е првпат ова, треба и пониска сметка да имаме. Неколку часа траеше падот на мрежата, а потоа полека се враќаше во нормала. Од Телеком објаснија дека рано утрото биле оштетени главните магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот сообраќај. Опоменаа дека ќе поведат постапка пред надлежните органи против лицата кои беа причина за проблемот. извор: telma.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznata-prichinata-poradi-padot-na-mrezhata-na-telekom/feed/ 0
Телеком на своите корисници ќе им додели 10 GB интернет до крајот на месецот откако беа оштетени кабли поради градежни активности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/telekom-na-svoite-korisnitsi-ke-im-dodeli-10-gb-internet-do-krajot-na-mesetsot-otkako-bea-oshteteni-kabli-poradi-gradezhni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/telekom-na-svoite-korisnitsi-ke-im-dodeli-10-gb-internet-do-krajot-na-mesetsot-otkako-bea-oshteteni-kabli-poradi-gradezhni-aktivnosti/#respond Thu, 17 Aug 2023 15:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=868017

Од утрово има прекин на мрежата на „Телеком“ кој е предизвикан од оштетени кабли поради градежни активности. Од компанијата велат дека нивните тимови работат интензивно за решавање на проблемот и на корисниците им доделуваат 10 GB интернет. „Почитувани корисници, прекинот на услугите предизвикан од оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком, настана поради градежни активности на трети страни. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовна работа на терен. Нашите тимови интензивно работат и очекуваме за краток временски период сите услуги да станат целосно достапни. Како компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, се извинуваме за сите непријатности и на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август, 2023 година“. Од утрово мобилните линии и интернетот на „Телеком“ се во привремен прекин. Граѓаните се жалат дека не може да воспостават сигнал, не им стигнуваат ниту СМС-пораки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/telekom-na-svoite-korisnitsi-ke-im-dodeli-10-gb-internet-do-krajot-na-mesetsot-otkako-bea-oshteteni-kabli-poradi-gradezhni-aktivnosti/feed/ 0
Телеком со ново соопштение: Еве што ќе добијат корисниците кои денеска имаа прекин на услугите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telekom-so-novo-soopshtenie-eve-shto-ke-dobijat-korisnitsite-koi-deneska-imaa-prekin-na-uslugite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telekom-so-novo-soopshtenie-eve-shto-ke-dobijat-korisnitsite-koi-deneska-imaa-prekin-na-uslugite/#respond Thu, 17 Aug 2023 11:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=867836

Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници. - Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување на постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан. Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни. И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август 2023 година, се наведува во соопштението од Телеком.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telekom-so-novo-soopshtenie-eve-shto-ke-dobijat-korisnitsite-koi-deneska-imaa-prekin-na-uslugite/feed/ 0
Прекини на услугите на Телеком поради оштетени кабли при градежни работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekini-na-uslugite-na-telekom-poradi-oshteteni-kabli-pri-gradezhni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekini-na-uslugite-na-telekom-poradi-oshteteni-kabli-pri-gradezhni-raboti/#respond Thu, 17 Aug 2023 10:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=867811

Оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни, се причина за техничките проблеми поради кои корисниците на услугите на Македонски Телеком од изутрината се соочуваат со прекини на интерент сообраќајот и мобилните и фиксните телефонски линии. - Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите, се наведува во кусото известување на Телеком објавено на нивната фејсбук страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekini-na-uslugite-na-telekom-poradi-oshteteni-kabli-pri-gradezhni-raboti/feed/ 0
Ковачевски: Сите трансакции кои сум ги имал како вработен во Телеком се врз основа на договор за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-transaktsii-koi-sum-gi-imal-kako-vraboten-vo-telekom-se-vrz-osnova-na-dogovor-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-transaktsii-koi-sum-gi-imal-kako-vraboten-vo-telekom-se-vrz-osnova-na-dogovor-za-rabota/#respond Thu, 27 Apr 2023 16:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=828413

Сите мои трансакции кои сум ги имал како вработен во Македонски Телеком и во Телеком Австрија групација се врз основа на договор за работа, односно менаџерски договор, кои што се пријавени во Управата за јавни приходи и не постојат никакви дополнителни или други приходи по кој било основ, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Димитар Апасиев, во врска со, како што праша лидерот на Левица, „вашата инволвираност во аферата Маџар Телеком“, премиерот рече дека сите трансакции што ги имал се врз основа на договор за работа, а информациите кои што ги истакна пратеникот Апасиев во врска со инволвираноста на премиерот во аферата, рече дека не може да ги потврди. На дополнително прашање од пратеникот, дали премиерот има оф-шор сметки, тој одговори дека нема. Во однос на прашањето за каматите кои што ги наплаќаат банките, поставено во насока „дали вие како владејачка партија, ќе поддржите законска измена во Законот за облигациони односи и во Законот за извршување, каде што ќе се забрани течењето камата на камата?“, премиерот одговори дека истото прашање е веќе во собраниска процедура. - Законот за финансиски друштва е веќе мислам петти месец во собраниска процедура, во кој што се регулира давањето на кредитите, нивната висина, вкупните трошоци кои што може да ги наплаќаат давателите на кредити, и тоа е нешто што е веќе на разгледување во Комисиите помеѓу пратениците и јас ги поттикнувам што побрзо да ги донесат тие измени, рече премиерот. Дополни дека ќе се направи и анализа на законите во делот на облигационите односи, наплаќањето на каматите. - И трета работа за која што треба да се разговара во Собранието, бидејќи се работи за Закон за банки, е во делот на регулирање на каматите и тоа особено на односот помеѓу активните и пасивните камати, како и примената на активните и пасивните камати при пазарни нарушувања како што имавме во времето на оваа криза, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-site-transaktsii-koi-sum-gi-imal-kako-vraboten-vo-telekom-se-vrz-osnova-na-dogovor-za-rabota/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ако Љушев зема плата од над 700.000 денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-ljushev-zema-plata-od-nad-700-000-denari-mesechno-kolku-zemal-kovachevski-kako-desetgodishen-direktor-vo-telekom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-ljushev-zema-plata-od-nad-700-000-denari-mesechno-kolku-zemal-kovachevski-kako-desetgodishen-direktor-vo-telekom/#respond Sat, 19 Nov 2022 10:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=763285

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува нивното соопштение: Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат. Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист. Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат. Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов,  кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец. Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра. Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра. Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра. Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра. Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт. „Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра. „Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада. Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ako-ljushev-zema-plata-od-nad-700-000-denari-mesechno-kolku-zemal-kovachevski-kako-desetgodishen-direktor-vo-telekom/feed/ 0
Уапсени двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-dvajca-poraneshni-direktori-na-poshtata-i-telekomot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-dvajca-poraneshni-direktori-na-poshtata-i-telekomot-na-kosovo/#respond Tue, 30 Mar 2021 12:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=489694

Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција уапси денеска двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово, осомничени за злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина. Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу и екс-директорот за финансии, Арменд Осај, кои се сомничат за злоупотреби при склучување маркетиншки договори со одредени фирми. Според „Газета експрес“, заради фалсификување документи за истиот случај, уапсени се уште најмалку две лица – братот на Муслиу, со иницијали К.М., и лицето Д.С., кое, како што наведува порталот, е од турска националност. Извори од косовската полиција информираат дека акцијата започната претпладнево продолжува и не се исклучени нови апсења. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-dvajca-poraneshni-direktori-na-poshtata-i-telekomot-na-kosovo/feed/ 0
Владата препорача Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во одборот на директори на „Телеком“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/#respond Tue, 03 Nov 2020 20:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=424503

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционерите на „Македонски телеком“ да ги отповика од должноста членовите на одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вуиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на одборот на директори, се наведува во владиното соопштение. Во него се додава и дека дел од препораката е за членови на одборот на директори да бидат избрани: – Шкодране Зенуни-Дарлишта – неизвршен член – Бардул Насуфи – неизвршен член – Зоран Китанов – извршен член – Нина Ангеловска – неизвршен независен член – Садула Дураку – неизвршен независен член – Аќиф Мехдиу – неизвршен член]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/feed/ 0
„Лидер“: Непотизмот на власта го зафати и Телекомот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/#respond Wed, 12 Aug 2020 13:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=389777

Непотизмот како појава широко е распространет со власта на СДСМ. Сведоци сме на вработување на сопруги на функционери, братучеди, роднини на носители на јавни функции под државна капа, анализира ЛИДЕР. Таквиот непотизам го зафатил и Македонскиот телеком, па во исто време кога се пишува за носење на одлука за технолошки вишок според политички мотиви и реваншизам, до нашата редакција стигнаа информации за непотизам кај дел од менаџментот на Телекомот во кој и државата има удел. Иако порталот побарал официјална информација до пред објавувањето на ваквата вест не доби ниту потврда или демант. Во Телекомот според засега непотврдени информации вработени се: Наташа Љушева, Служба за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници. сопруга на Никола Љушев ,Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком. -Телекомот го следи скандал на планирање на одлука за технолошки вишок во услови кога менаџментот вработува свои блиски. Интересно е што Телекомот соработува и со агенции чие планирање за реорганизација го прават луѓе блиски до актуелната влада. Лидер го истражува случајот, објави порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/feed/ 0