телесна тежина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 13:27:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телесна тежина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студија: Негативни последици од прескокнување на вечерата https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/studija-negativni-posledici-od-preskoknuvanje-na-vecherata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/studija-negativni-posledici-od-preskoknuvanje-na-vecherata/#respond Thu, 19 May 2022 13:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=679030

Една неодамнешна студија објавена во списанието Nutrients сугерира дека ако сакате да спречите зголемување на телесната тежина, можеби ќе треба да размислите колку е паметно да ја прескокнете вечерата. Истражувачите во Јапонија ги разгледале податоците за времето на оброците за над 25.000 студенти, проценувајќи ги ефектите од прескокнувањето оброци. Во временска рамка од три години, тие откриле дека прескокнувањето на вечерата е најголемиот предиктор за зголемување на телесната тежина и подоцна развој на дебелина - но прескокнувањето на појадок или ручек не ги покажува тие асоцијации. И за мажите и за жените, прескокнувањето на вечерата резултираше со зголемување на телесната тежина од најмалку 10 проценти, пишува Eat This Not That. - Многу студии покажаа поврзаност помеѓу ниската фреквенција на јадење, што значи прескокнување оброци и прекумерната тежина, вели коавторот на студијата, д-р Тошики Моријама, професор на Универзитетот во Осака. Тој додава дека „оваа асоцијација е опширно проучувана за појадок, но не често за ручек или вечера“. Она што е важно овде е дека избегнувањето на последниот оброк во денот навистина има ефект врз телесната тежина. Една можна причина, вели тој, може да биде тоа што ако не вечерате, поголема е веројатноста да ги зголемите калориите следниот ден. Исто така, може да постои силна врска помеѓу квалитетот на јадењето и прескокнувањето на вечерата, асоцијација што исто така ја истакнаа претходните истражувања. На пример, една студија објавена во The Journal of Nutrition која проценува како квалитетот на исхраната влијае на кардиоваскуларните болести, ракот и очекуваниот животен век, покажа дека луѓето кои ја прескокнуваат вечерата имаат тенденција да јадат помалку здрави оброци со текот на времето и имаат особено мала потрошувачка на растителни протеини. Сепак, тоа не значи дека другите оброци не се важни, додава д-р Моријама. Нивната студија можеби не покажала дека прескокнувањето на појадокот доведува до зголемување на телесната тежина, но тој вели дека претходните студии ги нашле тие заклучоци. Тој истакнува дека, бидејќи неодамнешното истражување е спроведено на студенти кои имаат тенденција да спијат помалку од постарите луѓе, тоа може да влијае на ефектите од појадокот. Општо земено, се чини дека најдобриот пристап за спречување на зголемување на телесната тежина е да ги распределите вашите калории во текот на денот. - Едноставно кажано, зачестеноста на вечерата може да биде критичен фактор на животниот стил за спречување на дебелината, исто како и појадокот, вели д-р Моријама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/studija-negativni-posledici-od-preskoknuvanje-na-vecherata/feed/ 0
Над една третина од второоделенците во Македонија со зголемена телесна тежина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-od-vtoroodelencite-vo-makedonija-so-zgolemena-telesna-tezina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-od-vtoroodelencite-vo-makedonija-so-zgolemena-telesna-tezina/#respond Fri, 18 Oct 2019 07:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=253289

Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место. Повеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Од нив поголемиот број живеат надвор од Скопскиот регион. Сепак, во изминатите неколку години е регистрирана стагнација на бројот на деца со зголемена телесна тежина или дебелина во државава. Докторите препорачуваат дека здравиот начин на исхрана и физичката активност од еден час дневно се клучни децата да имаат нормална телесна тежина. Доктор Игор Спироски од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за МИА изјави дека, според нивните податоци, во 2016 година 36,1 отсто од сите деца од второ одделение (на возраст од шест до осум години) имале зголемена телесна тежина или дебелина, во 2017 година – 37,4 отсто, а во 2018 година – 36,9 отсто. Во 2016 година 17,9 отсто од децата на таа возраст биле дебели, во 2017 година – 16,9 отсто, а во 2018 година – 18,6 отсто. Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место. Тој посочи дека ИЈЗ континуирано го мери бројот или стручно кажано преваленцата на децата со зголемена тежина телесна и дебелина и тоа на различни возрасни групи, а таа што ја сметаат за најрелевантна е возрасната група од седум години или од второ одделение деца, бидејќи со неа учествуваат во иницијативата за следење на дебелината кај децата на СЗО, која се прави секои три години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-od-vtoroodelencite-vo-makedonija-so-zgolemena-telesna-tezina/feed/ 0
Колку килограми треба да има жена од 175 сантиметри- точна табела за секоја висина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-kilogrami-treba-da-ima-zena-od-175-santimetri-tochna-tabela-za-sekoja-visina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-kilogrami-treba-da-ima-zena-od-175-santimetri-tochna-tabela-za-sekoja-visina/#respond Sun, 12 May 2019 18:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=197129

Идеалната тежина е онаа која е оптимална за вашето добро здравје, но сепак постојат одредени граници. Постојат многубројни табели и калкулатори кои ќе ви одредат колку треба да тежите, но оваа табела е поинаква затоа што детално е осмислена од доктори и специјалисти. Според неа не се пропагираат нездрави „манекенски“ пропорции, туку идеални килограми според повеќе фактори - градба на телото, возраст и висина. Пронајдете си ги своите карактеристики и откријте колку сте близу до здравата тежина: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-kilogrami-treba-da-ima-zena-od-175-santimetri-tochna-tabela-za-sekoja-visina/feed/ 0