телевизии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Apr 2022 08:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телевизии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Телевизиите се пред исчезнување https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/televiziite-se-pred-ischeznuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/televiziite-se-pred-ischeznuvanje/#respond Sun, 10 Apr 2022 08:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=660833

Телевизиските куќи ќе мора радикално да се прилагодат на брзорастечкиот свет на онлајн забавата доколку имаат намера да опстанат, предупредуваат експертите. Телевизиите веќе се обидуваат да стигнат до интернет гигантите од индустријата за игри во борба за вниманието на помладата публика и, следствено, приходите од реклами. Се наѕира почетокот на таканаречениот „метаверзум“, што е термин кој се однесува на систем од интерактивни онлајн светови, игри и тродимензионални собирни места, кои веќе привлекуваат милиони корисници. Додека повозрасните потрошувачи на медиумски содржини се сè уште приврзани за традиционалната телевизија, рејтингот меѓу оние под 35 години двојно се намали во изминатата година и драстично ќе опадне како што еволуира „метаверзумот“, според германска компанија за истражување на пазарот Статисти. – Младите луѓе еволуираа од пасивни ТВ гледачи во активни играчи и се оддалечија од екранот (компјутерот) во корист на паметните телефони. Телевизиските канали ќе исчезнат заедно со нивната публика, изјави Фредерик Каваза, ко-основач на француска компанија специјализирана за дигитална трансформација. За да допрат до младите, телевизиските куќи ќе мора да се натпреваруваат со гејмерските платформи како Roblox, Fortnite и Minecraft, кои веќе воспоставуваат доминантна позиција на пазарот и се сметаат за претходници на метаверзумот. Половина од децата на возраст од девет до 12 години во САД користат Roblox најмалку еднаш неделно, платформа каде играат игри, слушаат концерти или едноставно се дружат со пријателите, наведува компанијата за медиумско истражување Дубит. Публиката може да биде огромна: 33 милиони луѓе го гледале настапот на раперот Лил Нас Икс на Roblox 2020, што е трипати повеќе од луѓето кои го гледаа на телевизија на доделувањето Греми награди оваа недела. Радиодифузерите мора да изберат дали ќе останат на се помалиот традиционален телевизиски пазар или ќе почнат да ги носат своите лица и брендови на платформи на метаверзумот, истакна Метју Ворнефорд, ко-основач на Дубит. – Тоа значи да ги донесете луѓето во свет, да ги направите дел од приказната, да играте заедно со нивните пријатели, на ист начин како што Дизниленд ви дозволува вас и на вашите пријатели да бидете во нивниот свет со Мики Маус, додаде Ворнефорд. Телевизиите имаат време да се прилагодат, но се соочуваат со голем предизвик бидејќи истовремено треба да ги задоволат потребите на повозрасните луѓе кои гледаат традиционална телевизија, средовечните луѓе се осврнуваат кон стриминг платформите, а младите копнеат за интерактивна и социјална забава. – Ако сакаме да останеме релевантни, ќе мора да им пристапиме на сите овие типови на употреба, истакна Кети Брем, шеф за иновации во француската телевизија Франс Телевисионс. Таа рече дека јавната телевизија сè уште е во фаза на истражување, каде се поигрува со проширена и виртуелна реалност за да создаде извонредни културни и спортски искуства. Најголемиот предизвик, сепак, може да биде од финансиска природа. Телевизиските куќи досега не беа погодени од падот на приходи од реклами поради технолошкиот напредок, како што беше случајот со другите традиционални медиуми како што се весниците. Тоа може да се промени „побрзо отколку што луѓето сфаќаат“, додаде Ворнефорд. Според него, во минатото било тешко да се преместат телевизиските реклами во гејминг светот бидејќи поединечни компании создаваа игри „кои ја заклучуваат и ја заробуваат целата вредност“. Метаверзумот нуди многу поотворено поле на дејствување, каде што брендовите имаат многу повеќе можности да промовираат и директно да им продаваат стоки на корисниците. Модните и луксузните брендови веќе заработуваат милиони продавајќи виртуелна облека и предмети на Roblox, Fortnite и други платформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/televiziite-se-pred-ischeznuvanje/feed/ 0
Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozen-najaveniot-prekin-za-reemituvanje-na-domashni-i-stranski-tv-kanali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozen-najaveniot-prekin-za-reemituvanje-na-domashni-i-stranski-tv-kanali/#respond Sat, 29 Feb 2020 08:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=310291

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали. Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение. -На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението. Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozen-najaveniot-prekin-za-reemituvanje-na-domashni-i-stranski-tv-kanali/feed/ 0
Во време кога викаат дека “блескаме“ ќе се случи медиумски мрак: Зошто власта удира и по медиумите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/#respond Tue, 25 Feb 2020 16:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=308694

Македонија се враќа низ времето. Операторите ќе прекинат со реемитување на домашните и странски ТВ канали. За гледање же ни остане само МРТВ. Додека од власта велат дека “блескаме“, ни подготвуваат медиумски мрак! Партијата на Зоран Заев, по којзнае кој пат удира по медиумите! Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори ќе биде прекинато, едногласно одлучи Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на Македонија го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Здружението за информатичко-комуникациски технологии. -За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението на информатичко-комуникациски технологииги информираше Претседателот на Македонија, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност.  Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологииподнесе барање до Уставниот суд за донесување на  времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност, додаваат од здружението. На Македонија се заканува медиумски мрак. За прв пат во историјата на земјава доаѓа ваква закана. -И во изминатиот период, Здружението на информатичко-комуникациски технологииукажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на ЗААВМУ беа донесени на сосема спротивен начин. Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да го наплатат користењето на ТВ услугите за периодот додека трае прекинот, потенцираат од здружението. Власта на екс-премиерот Заев и актуелниот премиер Оливер Спасовски, удира по медиумите. Зошто е тоа така, треба да одговорат сами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/feed/ 0
Жељко Јоксимовиќ започнува нов бизнис, отвора три телевизии https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zeljko-joksimovikj-zapochnuva-nov-biznis-otvora-tri-televizii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zeljko-joksimovikj-zapochnuva-nov-biznis-otvora-tri-televizii/#respond Sun, 28 Jul 2019 14:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=222575

Српските медиуми пишуваат дека популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ ќе отвори три кабелски телевизии, но неговата сопруга сепак нема да биде дел од тимот, барем не на почетокот. Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија на 4 јуни издало дозвола за кабелско емитување на три канали, К1 студио, Стајл фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии и припаѓаат на компанијата „Минакорд медија“ која Јоксимовиќ ја основал во мај годинава. -Никој не знае од каде му е идејата на Жељко да се посвети на телевизијата. Малку нѐ изненади бидејќи се работи за сериозен проект, во кој треба да се вложат многу пари, но и време, што секако нема да може сам да го направи. Голем залак е тоа, но како што слушам веќе ангажирал луѓе кои долго време се во оваа област, вели близок извор до Јоксимовиќ. Неофицијално, новиот проект на пејачот треба да започне на есен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zeljko-joksimovikj-zapochnuva-nov-biznis-otvora-tri-televizii/feed/ 0
Македонските телевизии со одговор до АВМУ: Непријатно сме изненадени што регулаторот не прави јасна дистинкција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-televizii-so-odgovor-do-avmu-neprijatno-sme-iznenadeni-shto-regulatorot-ne-pravi-jasna-distinkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-televizii-so-odgovor-do-avmu-neprijatno-sme-iznenadeni-shto-regulatorot-ne-pravi-jasna-distinkcija/#respond Wed, 05 Sep 2018 13:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=96672

Членките на ММА денеска се зачудија од соопштението за јавност издадено од АВМУ, во кое АВМУ ги потсетува радиодифузерите како треба да се однесуваат со содржините кои се дел од платената јавна пропаганда. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:  Членките на ММА се сосема свесни за начинот на кој треба да се емитува јавната пропаганда за претстојниот референдум, и се одлучни во целост да ги почитуваат законските норми. Од друга страна членките на ММА се непријатно изненадени што регулаторот не прави јасна дистинкција меѓу јавна пропаганда за референдумот и комерцијални кампањи, и што сосема различни работи сака да ги подведе под исто. Станува збор за кампањата на ЕУ која е дел од еден постојан континуитет на кампањи на ЕУ. Кампањи со ваква содржина ЕУ имаше и пред кампањата за референдум, а најавени се слични кампањи и откако ќе заврши референдумот. Овие информативни кампањи на ЕУ не се, и според ниту еден критериум не можат ниту блиску да бидат подведени под јавна пропаганда. Затоа и овие кампањи на националните телевизии се емитуваат во комерцијални блокови под услови договорени во секоја телевизија одделно уште во 2017 година, временски период пред воопшто да знаеме дека ќе биде распишан референдум, и секогаш биле емитувани, и ќе се емитуваат и натаму во комерцијалните блокови под претходно договорени услови. Како што е познато, содржините од јавната пропаганда се емитуваат во посебен програмски појас по единствена и привилегирана цена која не смее да надминува просечна цена на телевизиите во изминатите 3 месеци работење, и тие планираме да ги одвоиме со посебен џингл и на секоја од нив да стои нарачател. Бидејќи кампањата на ЕУ не спаѓа во оваа категорија, ниту пак АВМУ понуди било каков аргумент, зошто оваа кампања би требала да биде дел од јавната пропаганда, соопштението на АВМУ во врска со кампањата на ЕУ, ММА го цени како целосно беспредметно. Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-televizii-so-odgovor-do-avmu-neprijatno-sme-iznenadeni-shto-regulatorot-ne-pravi-jasna-distinkcija/feed/ 0
Продолжува падот на приходите на телевизиите и радиостаниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-padot-na-prihodite-na-televiziite-i-radiostanicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-padot-na-prihodite-na-televiziite-i-radiostanicite/#respond Mon, 30 Jul 2018 07:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=82617

Во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија во 2017 година се остварени најниски вкупни приходи во последните пет години. Од 2013 година наваму, стапката на раст на вкупните приходи во индустријата секоја година била негативна, но приходите се намалиле најмногу во последната година, за 10,35 проценти, покажува анализата на пазарот на аудио и аудиовизулени медиумски услуги за 2017 година. - Сите три сегменти од индустријата оствариле помалку приходи отколку во претходната година, и тоа МРТ за 152,34 милиони денари, комерцијалните телевизии за 118,87 милиони  денари, а комерцијалните радиостаници за 30,10 милиони денари, стои во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Вкупните  приходи  што  во  2017  година  заеднички  ги  оствариле  сите  радиодифузери (Македонската  радиотелевизија,  54  комерцијални телевизии  и  70  радиостаници) изнесувале 2.608,84 милиони денари Повеќе од половината од тој износ (54,48 проценти ) се вкупните приходи на комерцијалните телевизии  од 1.421,32 милиони денари. Приходите на МРТ од 1.037,49 милиони денари претставуваат 39,77 проценти, а приходите на  радиостаниците од  150,03  милиони  денари  се 5,75 проценти од  вкупните  приходи  на  сите радиодифузери. Во износот од  2.608,84 милиони денари се пресметани приходите  што радиодифузерите заеднички  ги  оствариле  по  сите  основи.  Најзначаен  дел,  поточно  90 проценти  од  овој  износ, приходите од рекламирање (53 проценти) и приходите на МРТ од радиодифузна такса  и  од  средствата  префрлени  од  Буџетот  на  Македонија  согласно  членот  105  - финансирање на МРТ и членот 135  -средства за финансирање на радиодифузната дејност (37 проценти од вкупните приходи). Останатите 10 проценти од вкупните приходи во индустријата се приходите остварени по сите други основи.
Приходите од рекламирање изнесувале 1.383,61милиони денари., од кои 90,04 проценти отпаѓа на  комерцијалните телевизии, 8,15 проценти на комерцијалните радиостаници, а 1,81 процент на МРТ.  Исто како и вкупните приходи, во 2017 година биле остварени и најниски приходи од рекламирање во последните пет години.
Освен во 2014 година, кога биле остварени за 3,10 проценти  повеќе  приходи  отколку  во  претходната  година,  во  следните  три  години  во континуитет се намалувал износот на овие приходи, достигнувајќи  1.383,60 милиони денари во 2017 година. Помалку приходи од рекламирање оствариле и јавниот и комерцијалниот сектор. Приходите на комерцијалните телевизии биле за 5,68 проценти пониски отколку во 2016 година, односно за 74,96  милиони  денари. МРТ  остварила приходи  понискиза  43,30 проценти  (19,15  милиони помалку), а комерцијалните радиостаници 20,93 проценти помалку од 2016 година (29,84 милиони  денари).
Според анализата, Во 2017 година, петте телевизии кои емитуваат програма преку дигитален терестријален мултиплекс на државно ниво (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат - М и ТВ Алфа), оствариле приход од 1,071.89 милиони денари.  Ова е најмал износ на вкупните приходи на овие пет телевизии во последните пет години.  Во споредба со претходната година приходите се пониски за 2,65 проценти.
- Повисоки  приходи  отколку  во  2016  година  остварила  само  ТВ  Телма  (за  31,02 проценти).  Останатите четири телевизии забележале пад на приходите и тоа: ТВ Алфа за 22,12 проценти, ТВ Алсат - М за 7,29 проценти, ТВ Сител за 4,55 проценти и ТВ Канал 5 за 0,64 проценти, покажува анализата на АВМУ. Во текот на 2017 година вкупниот број на радиодифузери се намалил за шест. На почетокот на минатата година, покрај јавниот радиодифузен сервис, програма емитувале уште 134  радиодифузери (63 телевизии и 71 радиостаница), а на крајот на годината вкупно 128, од кои 58 телевизии и 70 радиостаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-padot-na-prihodite-na-televiziite-i-radiostanicite/feed/ 0
Остра реакција на Aлсат-M, Aлфа, Kанал 5 , Сител и Телма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-reakcija-na-alsat-m-alfa-kanal-5-sitel-i-telma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-reakcija-na-alsat-m-alfa-kanal-5-sitel-i-telma/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:59:03 +0000 http://kurir.mk/?p=23722

Македонската медиумска асоцијација, во која членуваат Алсат-М, Алфа, Канал 5 , Сител и Телма е непријатно изненадена од настапите на кабелската телевизија ТВ 24 во континуитет, додека се води дебата за законот за медиуми. Телевизијата постојано и отворено ја држи страната на кабелските оператори, а против интересите на телевизиите, медиумските работници и новинарите. Последниот инцидент се случи денеска на прес конференција  во Владата на РМ, на која се обрати министерот Дамјан Манчевски, каде што законот беше оквалификуван како цитираме дефектен –затоа што во него се предвидува елементарно почитување на авторските права . -Со законот се лоцира одговорност и кај кабелските оператори доколку реемитуваат содржини без регулирани авторски права, нешто што досега го немаше во законот, а на ТВ 24 како телевизија, им пречи што законот ги регулира авторските права, и сметаат дека заради тоа законот ќе бил дефектен?! Такво отворено ставање на страна на беззаконието и пиратеријата, против интересите на телевизиите е срамно за оваа таканаречена телевизија, која не е ништо друго, освен гласноговорник на кабелски оператор. Ако навистина треба да се лоцираат дефектите на Македонското медиумско работење во Македонија сметаме дека е време да ја запознаеме домашната ,но и меѓународната јавност за „дефектот“ кој со години се случува во Македонија, а тоа се сериозните сомневања за недозволена медиумска концентрација кај ТВ24 и Телекабел.  Денешниот настап на новинарот на 24 вести  јавно и недвосмислено ги потврди овие сомневања. Новите законски решенија кои ги нападна ТВ 24 се во насока на почитување на позитивните законски прописи и заштита на  домашниот медиумски пазар но и домашните ТВ компании, кои трпат огромни штети поради константно пиратирање на странски ТВ канали, за кои дел од кабелските оператори ниту имаат, ниту пак некогаш ќе добијат права за нивно реемитување.  Јавноста треба да знае дека една таква телевизија која е во отворена промоција на пиратеријата и бизнис интересите на кабелските оператори, наместо на телевизискиот бизнис, бара да добие и национална терестријална концесија. Доколку им биде доделена, за што не сакаме да поверуваме во ниту еден момент, Македонија, како што вели и самиот министер Манчевски, ќе биде само црна дупка во заштитата на авторските права и законитоста. Бараме од Владата, АВМУ и надлежните институции да ја испитаат очигледната спрега на ТВ 24 и Телекабел и да постапат согласно позитивните законски прописи за нелегална концентрација на медиумскиот пазар, реагираат од ММА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-reakcija-na-alsat-m-alfa-kanal-5-sitel-i-telma/feed/ 0