телевизија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Jul 2023 19:57:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телевизија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Поранешен министер и новинар се истепаа во живо во програма на телевизија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-poraneshen-minister-i-novinar-se-istepaa-vo-zhivo-vo-programa-na-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-poraneshen-minister-i-novinar-se-istepaa-vo-zhivo-vo-programa-na-televizija/#respond Sat, 22 Jul 2023 19:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=859068

Во програмата на либанската телевизија МТВ дојде до физичка пресметка меѓу поранешен владин министер и новинар. На крајот се се претвори во општа тепачка, а мораше да интервенира дури и војска. Во ток-шоуто „Сар Ел-Вает“ (Беше крајно време) на либанската МТВ, водено од Марсел Ганем, се соочија поранешниот владин министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах и неговите сојузници, и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се усогласуваат со ривалската партија Либански сили. Спорот започна кога дискусијата се сврте кон американските санкции наметнати кон поранешниот министер Вахаб, а ескалираше кога Абу Фадел рече дека „САД ги дисциплинираат Либанците“. Вахаб потоа го нападна Абу Фадел, а телохранителите на Вахаб интервенираа. Абу Фадел падна на земја, постојано удиран со тупаници додека не беше прекинат преносот. Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжи, при што Вахаб се извини во етерот пред да биде замолен да замине од водителотГанем. „Она што ми се случи пред еден момент не е ништо друго туку дел од она што им се случи на некои чесни луѓе кои ја платија цената за своите ставови“, изјави Абу Фадел пред камерите откако се појави со модринки на лицето и устата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-poraneshen-minister-i-novinar-se-istepaa-vo-zhivo-vo-programa-na-televizija/feed/ 0
Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvpat-vo-istorijata-proglasuvanjeto-na-britanski-kral-kje-se-emituva-na-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvpat-vo-istorijata-proglasuvanjeto-na-britanski-kral-kje-se-emituva-na-televizija/#respond Sat, 10 Sep 2022 09:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=731067

Лондон, 10 септември 2022 (МИА) – Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си. Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица. Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела. Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот. Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот. По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула. По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму. Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvpat-vo-istorijata-proglasuvanjeto-na-britanski-kral-kje-se-emituva-na-televizija/feed/ 0
Германскиот РТЛ ангажираше украинска водителка на вести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-rtl-angazirashe-ukrainska-voditelka-na-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-rtl-angazirashe-ukrainska-voditelka-na-vesti/#respond Sat, 19 Mar 2022 15:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=650005

Германскиот телевизиски сервис РТЛ ангажираше водителка од Украина да води информативни програми наменети за оние кои ја напуштија својата татковина поради руската инвазија. Комерцијалната телевизија објави дека Каролина Ашион од понеделник до петок ќе води 10-минутна информативна програма на украински јазик и дека е наменета за речиси 200.000 луѓе кои побегнале од Украина во Германија. Малта Баумбергер, менаџер на проектот „Украина ажурирање“ за програмата РТЛ, рече дека емитуваат вести на украински со желба да допрат до луѓе кои ја напуштиле својата земја и не зборуваат англиски и други светски јазици. Ашион пристигна во Германија пред една недела, по напорното патување од Киев преку Молдавија и Романија. Нејзините машки колеги, на кои не им е дозволено да ја напуштат Украина ако се на возраст меѓу 18 и 60 години, продолжуваат да емитуваат телевизиски програми од засолништата во главниот град на земјата, Киев, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-rtl-angazirashe-ukrainska-voditelka-na-vesti/feed/ 0
Тргнете ги децата од пред телевизор, влијанијата се штетни за најмалите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-decata-od-pred-televizor-vlijanijata-se-shtetni-za-najmalite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-decata-od-pred-televizor-vlijanijata-se-shtetni-za-najmalite/#respond Sat, 09 Oct 2021 20:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=576242

Ако вашето дете има помалку од пет години, треба да го заштитите од штетното влијание од малите екрани, предупредуваат американски научници. Додека многу студии се занимавале со последиците од дискутабилните содржини на ТВ програмите, научниците од Универзитетот Масачусетс истражувале колку било што кое се прикажува на телевизија го зема вниманието на децата. Научниците заклучиле дека иако е само вклучен, а децата не го гледаат, звукот од ТВ негативно се одразува на нивната игра – ќе ја поремети и ќе ја стопира. Студијата опфатила 50 испитаници на возраст до пет години. Малите деца кои биле поделени во две групи биле снимани на видео трака. Во првата соба каде што играла едната група телевизорот не бил вклучен и тука играта траела без прекин, додека во другата во која телевизорот бил вклучен, децата набргу почнале да се забавуваат. Истражувањето покажало дека телевизијата ги спречува децата на возраст од три до пет години да го задржат вниманието на играта. Поради тоа, Американската академија за педијатрија препорачала децата до својата трета година да не бидат изложени на малите екрани, а на постарите времето да им се ограничи на максимално два часа дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trgnete-gi-decata-od-pred-televizor-vlijanijata-se-shtetni-za-najmalite/feed/ 0
За да си го продолжите животот – скратете го времето поминато пред телевизор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-si-go-prodolzite-zivotot-skratete-go-vremeto-pominato-pred-televizor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-si-go-prodolzite-zivotot-skratete-go-vremeto-pominato-pred-televizor/#respond Fri, 15 Jan 2021 20:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=456019

Ограничувањето на гледање телевизија барем неколку часови дневно може да ја зголеми должината на животот со неколку години и да ја подобри општата здравствена состојба, потврди експериментот спроведен во САД од тим експерти од повеќе области. Веќе е познато дека гледањето на премногу телевизија е лошо за срцето, дури и ако човек спортува редовно. Целта на оваа студија била да се пресмета колку всушност е опасно седењето пред ТВ уредот. Тие ги анализирале претходните студии во врска со оваа проблематика и стигнале до заклучок дека ако луѓето го ограничат гледањето ТВ максимум до два часа на ден, тие ќе живеат неколку години повеќе, отколку ако не го направат тоа. На човечкиот организам му е неопходна физичка активност за да функционира како што требва. А ако животот на нас ни се сведува на работа пред монитор, со автомобил до дома и неколку часа гледање ТВ пред спиење, тогаш повеќе од јасно е каков опасен ризик крие ваквиот начин на живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-si-go-prodolzite-zivotot-skratete-go-vremeto-pominato-pred-televizor/feed/ 0
Турска опозициска телевизија затворена по 26 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/#respond Sat, 26 Dec 2020 19:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=448847

Турската приватна Телевизија Олај, што застапуваше прокурдски опозициски ставови соопшти дека е принудена да затвори, за помалку од еден месец од почетокот на емитувањето на програма. ТВ Олај, чиј мнозински сопственик беше бизнисменот и поранешен министер Џавит Џаглар, почна да емитува програма на 30 ноември. Затворањето на телевизијата беше објавено вчера во директен пренос. Џаглар изјави дека одлучи да го повлече својот капитал поради несогласување со уредувачката политика, додека дел од новинарите тврдат дека Џаглар се повлекол под притисок на власта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turska-opoziciska-televizija-zatvorena-po-26-dena/feed/ 0
Прокинеска телевизија го прекинува емитувањето во Тајван поради лажни вести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prokineska-televizija-go-prekinuva-emituvanjeto-vo-tajvan-poradi-lazni-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prokineska-televizija-go-prekinuva-emituvanjeto-vo-tajvan-poradi-lazni-vesti/#respond Fri, 11 Dec 2020 14:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=442129

Водечкиот прокинески кабелски канал ќе престане да ја емитува својата програма во Тајван на полноќ, откако тајванската Влада одби да ја обнови дозволата за емитување, а како причина ги наведе проблемите со неточни информации. Националната комисија за комуникациски мрежи на Тајван соопшти дека лиценцата на CTiTV е одбиена поради повеќекратно кршење на правилата за точно известување. Каналот во изминатите шест години е казнет 25 пати за ширење неточни информации. Сопственик на каналот е медиумската група „Вант Вант Чајна Тајмс“ ( „Want Want China Times“), која издава и еден од најголемите тајвански весници. Како што пренесуваат странските агенции, медиумската група, која во своите медиуми има пријателски наклонети содржини за Пекинг, поради деловниот интерес за Кина, безуспешно се обиде да поднесе жалба и ја обвини тајванската Влада за загрозување на слободата на медиумите. Репортери без граници во соопштение наведува дека одлуката не е спротивна на слободата на медиумите, но изрази жалење за нејзиното влијание врз вработените во каналот. На веб страницата на каналот денеска е емитуван банер со содржина: „Мора да имаме неограничена поддршка за слободата на медиумите“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prokineska-televizija-go-prekinuva-emituvanjeto-vo-tajvan-poradi-lazni-vesti/feed/ 0
ВИДЕО: Градоначалник „ограбен“ додека давал изјава во живо на телевизија! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-gradonachalnik-ograben-dodeka-daval-izjava-vo-zivo-na-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-gradonachalnik-ograben-dodeka-daval-izjava-vo-zivo-na-televizija/#respond Wed, 30 Sep 2020 09:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=410522

Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше „ограбен“ во директен пренос на телевизија. На видеото, коешто веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува Гаетано Скулино – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сè тоа се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи. Крадецот го украл палтото на градоначалникот што тој го беше оставил на клупа на растојание од 2-3 метри од него. Инаку, се работи за свечен костим со којшто политичарот се беше упатил на прослава. По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-gradonachalnik-ograben-dodeka-daval-izjava-vo-zivo-na-televizija/feed/ 0
Скратете ги часовите пред телевизорот, па ќе си го продолжите животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skratete-gi-chasovite-pred-televizorot-pa-kje-si-go-prodolzite-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skratete-gi-chasovite-pred-televizorot-pa-kje-si-go-prodolzite-zivotot/#respond Sun, 14 Jun 2020 20:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=357877

Ограничувањето на гледање телевизија барем неколку часови дневно може да ја зголеми должината на животот со неколку години и да ја подобри општата здравствена состојба потврди експериментот спроведен во САД од тим експерти од повеќе области. Веќе е познато дека гледањето на премногу телевизија е лошо за срцето, дури и ако човек спортува редовно. Целта на оваа студија била да се пресмета колку всушност е опасно седењето пред ТВ уредот. Тие ги анализирале претходните студии во врска со оваа проблематика и стигнале до заклучок дека ако луѓето го ограничат гледањето ТВ максимум до два часа на ден, тие ќе живеат неколку години повеќе, отколку ако не го направат тоа. На човечкиот организам му е неопходна физичка активност за да функционира како што требва. А ако животот на нас ни се сведува на работа пред монитор, со автомобил до дома и неколку часа гледање ТВ пред спиење, тогаш повеќе од јасно е каков опасен ризик крие ваквиот начин на живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skratete-gi-chasovite-pred-televizorot-pa-kje-si-go-prodolzite-zivotot/feed/ 0
Француската телевизија Канал плус ќе отпушти речиси 500 вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-televizija-kanal-plus-kje-otpushti-rechisi-500-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-televizija-kanal-plus-kje-otpushti-rechisi-500-vraboteni/#respond Tue, 09 Jul 2019 18:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=216888

Француската телевизијата Канал плус специјализирана за филмови и спортски настани најави намалување на бројот на вработените „на доброволна основа“, што може да доведе до заминување до 492 лица, јави дописникот на МИА. Во соопштението од телевизијата се наведува дека „Канал плус има намера да го фаворизира гласот на социјалниот дијалог со цел да ги идентификува, во консултација со социјалните партнери, најсоодветните и одржливи решенија за поддршка. Наскоро ќе почнат преговори за да се дефинираат условите на планот за доброволно заминување“. Ова е најголемиот план за намалување на бројот на вработените, со кој се соочува Канал плус од неговото создавање. Управата за отказите се правда со конкуренцијата од Нетфликс и Амазон во однос на сериите и филмовите, што ќе се зголеми со доаѓањето на Дизни плус. Канал плус и покрај тоа што ги намали цените за претплата, сепак бележи пад на претплатниците. Така во 2018 година изгуби речиси 300.000 од вкупно 4,7 милиони претплатници. Канал плус е еден од главните финансиери на француската кинематографија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-televizija-kanal-plus-kje-otpushti-rechisi-500-vraboteni/feed/ 0