телевизори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Jun 2020 10:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png телевизори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отпуштените работници од Горење ќе бидат вработени во нова фабрика за телевизори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otpushtenite-rabotnici-od-gorenje-kje-bidat-vraboteni-vo-nova-fabrika-za-televizori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otpushtenite-rabotnici-od-gorenje-kje-bidat-vraboteni-vo-nova-fabrika-za-televizori/#respond Tue, 16 Jun 2020 10:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=358535

Раководството на кинеската компанија Хисенс која е сопственик на гигантот Горење, објави дека ќе отвори нова фабрика за телевизори каде предност при вработувањето ќе имаат работниците кои ги отпушти поради намалување на производството за време на пандемијата со коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, плановите на Хисенс е производствените капацитети да бидат сместено во објектот на Горење во Велење. Според најавите првите телевизори во новата фабрика треба да почнат да се произведуваат следната година. Предвидено е првично да се вработат 350 луѓе кои би произведувале над четири милиони телевизори годишно. Сите оние работници кои веќе добија откази од Горење, сега ќе имаат предност при вработувањето, а компанијата ќе има даде и посебни писма со препорака. Отказите во Горење предизвикаа голем број реакции и протести. Најголем дел од отпуштените се жители на Велење, Шоштањ и околните места, па затоа на случувањата во компанијата се гледаше како на голем социјален удар врз регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otpushtenite-rabotnici-od-gorenje-kje-bidat-vraboteni-vo-nova-fabrika-za-televizori/feed/ 0
Светското во фудбал го раздвижи пазарот на телевизори https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-vo-fudbal-go-razdvizi-pazarot-na-televizori/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-vo-fudbal-go-razdvizi-pazarot-na-televizori/#respond Tue, 29 May 2018 15:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=59838

Светскиот пазар на телевизори порасна за 7,9 отсто во првиот квартал од годината во споредба со истиот период во 2017 година и достигна 50,6 милиони единици, според новите податоци од аналитичката компанија „IHS Markit“. Новите пазари, како што се Латинска Америка, го покажуваат вообичаениот пораст во пресрет на Светското првенство, кое оваа година ќе биде во Русија. Зголемената побарувачка е исто така забележана во источноевропските земји, вели извештај на „IHS Markit“. Во кварталот, продажбата на телевизори во Латинска Америка се зголеми за 40 отсто на годишна основа, при што најголем раст има кај 50-инчните и поголемите модели. Како резултат на тоа, просечната цена на телевизорите што се продаваат во регионот е највисока кај пазарите во развој. На глобално ниво, просечната продажна цена е највисока во Западна Европа - таа изнесува 712 долари во кварталот, со тоа што регионот е на второ место во продажбата на 4K телевизори. Најниската цена од 446 долари е просечната продажна цена на телевизорите во Кина поради конкуренцијата од локалните брендови. Повеќето продадени телевизори во светот во кварталот - околу 50,1 милиони единици - имаат ЛЦД панели. Сегментот се зголеми за 7,5 отсто на годишна основа. Во исто време, продажбата на ОЛЕД телевизорите скокна за 115,8 отсто на 470.000 единици. Севкупно, продажбата на ЛЦД телевизори се намали за 3,6% во 2017 година, бидејќи нивната просечна цена не се намали колку што се очекуваше. Раздвижувањето во на крајот на годината и почетокот на 2018-та се одрази на првиот квартал, а особено силно влијае претстојниот фудбалски шампионат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskoto-vo-fudbal-go-razdvizi-pazarot-na-televizori/feed/ 0