тело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 10:33:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: „Ќерка ми е, ја препознав“ – Хамас парадира со безживотно тело на двојка, мајката очајно бара помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-kerka-mi-e-ja-prepoznav-hamas-paradira-so-bezzhivotno-telo-na-dvojka-majkata-ochajno-bara-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-kerka-mi-e-ja-prepoznav-hamas-paradira-so-bezzhivotno-telo-na-dvojka-majkata-ochajno-bara-pomosh/#respond Mon, 09 Oct 2023 10:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=886910

Застрашувачко видео од германскиот тату уметник Шани Лук во пикап кружи на социјалните мрежи откако палестинска милитантна група изврши напад врз Израел, пренесува блиц.рс. Шани била на фестивалот на мирот во близина на Кибуц Урим кога се случил нападот. Прво биле испукани ракети, а потоа се појавиле вооружени милитанти кои почнале да пукаат кон толпата, објави „Инсајдер“. Посетителите на фестивалот изјавија за Си-Ен-Ен дека луѓето веднаш почнале да бегаат од масакрот, минувајќи покрај мртвите тела на земјата. Недолго по нападот на фестивалот, почна да кружи видео снимка од млада жена во пикап опкружена од милитанти на Хамас. Се гледа дека таа е соголена до долната облека, дека нозете и се свиткани под неприроден агол, додека војник ја држи за коса. Некои луѓе ја плукаа по телото. Нејзиното лице не се гледало, но семејството можело да ја препознае благодарение на нејзините карактеристични тетоважи, пишува Вашингтон пост. Рикарда Лук, мајката на Шана, подоцна преку видео апелираше за информации во врска со судбината на нејзината ќерка, која е во раните 20-ти години и има двојно германско-израелско државјанство. -Утрово мојата ќерка Шани Лук, германски државјанин, која беше со туристичка група на југот на Израел, беше киднапирана од палестински Хамас. Добив видео на кое јасно можев да ја видам ќерка ми онесвестена во возило со Палестинци. Ве молиме испратете каква било помош или новост. Благодарам – изјави Рикарда. Братучедот на Шана, Том Вајнтрауб Лук, изјави за Вашингтон пост дека семејството се обидело да стапи во контакт со неа откако се проширила веста за нападот. -Знаевме дека е на забава. Таа не одговори – рече тој. Иако не е јасно дали Шани е жива, семејството се надева на тоа. -Имаме малку надеж. Хамас е одговорен за неа и за другите – рекол Том. На профилот на Шана на „Инстаграм“, каде што објавува слики од патувања и фестивали за своите 36.000 следбеници, сега има коментари полни со надеж дека таа е жива, но и осуди за војната и постапките на Хамас. „Еден ден се забавувате на фестивал, а следниот цел свет го гледа вашето безживотно тело во пикап на интернет. Страшно и брутално. Сакам само оние кои го направија тоа да не останат неказнети“, гласи еден коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-video-kerka-mi-e-ja-prepoznav-hamas-paradira-so-bezzhivotno-telo-na-dvojka-majkata-ochajno-bara-pomosh/feed/ 0
Пронајдено телото на Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-teloto-na-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-teloto-na-prigozhin/#respond Thu, 24 Aug 2023 09:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=870414

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото течло е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина. Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци. Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда. – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“. Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена. Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Пригожин и командантот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-teloto-na-prigozhin/feed/ 0
Пронајдено тело на австриските Алпи: Полицијата верува дека таму било 22 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-telo-na-avstriskite-alpi-politsijata-veruva-deka-tamu-bilo-22-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-telo-na-avstriskite-alpi-politsijata-veruva-deka-tamu-bilo-22-godini/#respond Wed, 23 Aug 2023 09:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=869937

Планинарски водич пронашол остатоци од човек за кој се верува дека загинал во несреќа на глечер пред 22 години високо на австриските Алпи, соопшти денеска полицијата. Телото беше пронајдено на глечерот Шлатенкис во националниот парк „Хохе тауерн“ во источната провинција Тирол, блиску до италијанската граница и на надморска височина од 2.900 метри. Водичот ја известил полицијата во Лиенц, која го извлекла телото со помош на хеликоптер. Неколку метри под телото спасувачите пронашле ранец со пари, банкарска картичка и возачка дозвола. Полицијата утврдила дека, најверојатно, станува збор за посмртните останки на Австриец, кој во моментот на исчезнувањето имал 37 години, јавува „Асошиетед прес“. Исчезнатиот носел опрема за скијање. Се прави споредба на ДНК за да се потврди идентитетот на мажот, а резултатот се очекува за неколку недели. Поради топењето на глечерите, за што многу научници вината ја наоѓаат во климатските промени, има сè повеќе откритија на останки на планинари, скијачи и други алпинисти, кои исчезнале пред неколку децении. Во соседна Швајцарија полицијата минатиот месец објави дека ДНК-тестовите потврдиле оти телото пронајдено на глечер во близина на Матерхорн е на исчезнат германски планинар од 1986 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeno-telo-na-avstriskite-alpi-politsijata-veruva-deka-tamu-bilo-22-godini/feed/ 0
Јагленисано тело на маж е пронајдено во колиба во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jaglenisano-telo-na-mazh-e-pronajdeno-vo-koliba-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jaglenisano-telo-na-mazh-e-pronajdeno-vo-koliba-vo-grtsija/#respond Wed, 26 Jul 2023 19:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=860441

Пронајдена е и трета жртва од пожарите во Грција. Јагленисано тело на маж е пронајдено во колиба уништена од пожарот на островот Евија. На истиот остров вчера загинаа двајца пилоти кога нивниот канадер се урна додека го гасеа огнот во близина на Каристос. Грчките пожарникари со колегите од Словачка, Романија,Труција и Србија продолжуваат со обидите да ги стават под контрола пламените јазици што ги пустошат Родос, Евија и Крф, но нивната работа и денеска ја отежнуваат високите температури од над 40 степени. Три лица загинаа и во шумските пожари на италијанскиот остров Сицилија. Повеќе од 600 пожарникари поддржани од 40 авиони втор дека се борат да го контролираат шумскиот пожар во турското летувалиште Кемер. Шумски пожар и во Португалија, во близина на Лисабон. Како мерка на претпазливост евакуирани се повеќе од 70 луѓе. Грција скоро секое лето се бори со големи шумски пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jaglenisano-telo-na-mazh-e-pronajdeno-vo-koliba-vo-grtsija/feed/ 0
Експерт за говор на телото открива: Начинот на кој ја носиме чантата го открива нашиот карактер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspert-za-govor-na-teloto-otkriva-nachinot-na-koj-ja-nosime-chantata-go-otkriva-nashiot-karakter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspert-za-govor-na-teloto-otkriva-nachinot-na-koj-ja-nosime-chantata-go-otkriva-nashiot-karakter/#respond Wed, 21 Jun 2023 12:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=848207

Како што не одите никаде без мобилен телефон, речиси е невозможно да се замисли да одите некаде без торба. Но, не е сеедно како ја носите. Експертот за говор на телото од Калифорнија, Кетлин Хендрикс, вели дека начинот на кој ја носите чантата во одредени ситуации открива многу за вашиот карактер. Таа се осврна на шесте најчести. Ако ја носите чантата преку лактот, тоа недвосмислено го означува вашиот статус и положба. Малку феминистички, но на тој начин жените испраќаат порака дека можат лесно да чекорат низ животот. Сепак, дамите вака носат чанта и кога сакаат да ја истакнат како статусен симбол. Жените кои носат чанти во рака, како актовка, посветуваат многу внимание на својата кариера. Потсвесно испраќаат порака дека не треба да се потценуваат бидејќи се вистински деловни жени. Многу жени од понежниот пол носат чанта преку рамениците, што покажува дека се прагматични и едноставни. За нив функционалноста е поважна од изгледот, најмногу ја сакаат слободата и тоа што никој во ништо не им пречи. Носењето чанта преку рамо, но без дополнителна поддршка, открива опуштеност и лежерност. Ваквите жени не се оптоваруваат со дизајнот и брендот на чантата, поважно им е таа да биде лесно достапна. Кога жената ја носи чантата пред стомак, тоа значи дека е темпераментна, претпазлива, срамежлива и дефанзивна. Во овој случај, чантата претставува еден вид штит. Но, ако ја носат како поштар, тоа значи дека не им е грижа како изгледаат во одреден момент. Веројатно брзаат или се зафатени со нешто друго, па најпрактично им е така да ги носат. Ретко е да се видат жени кои не носат чанти. Но, таквите даваат до знаење дека целата работа за нив ја вршат други и дека единствена обврска им е да бидат убави и дотерани. Излегувањето без чанта дава најголема доза на самодоверба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspert-za-govor-na-teloto-otkriva-nachinot-na-koj-ja-nosime-chantata-go-otkriva-nashiot-karakter/feed/ 0
Безживотно човечко тело забележано во реката Вардар, кај с. Уанци – полицијата безуспешено се обидува да го лоцира и извлече https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzhivotno-chovechko-telo-zabelezhano-vo-rekata-vardar-kaj-s-uantsi-politsijata-bezuspesheno-se-obiduva-da-go-lotsira-i-izvleche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzhivotno-chovechko-telo-zabelezhano-vo-rekata-vardar-kaj-s-uantsi-politsijata-bezuspesheno-se-obiduva-da-go-lotsira-i-izvleche/#respond Sun, 18 Jun 2023 11:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=847036

Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уанци, Општина Градско. Oд страна на СВР Велес, полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. Извесени се ДЗС и Локалната самоуправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzhivotno-chovechko-telo-zabelezhano-vo-rekata-vardar-kaj-s-uantsi-politsijata-bezuspesheno-se-obiduva-da-go-lotsira-i-izvleche/feed/ 0
Направете сами ПУТЕР ЗА ТЕЛО: Потребни ви се овие три состојки! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-sami-puter-za-telo-potrebni-vi-se-ovie-tri-sostojki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-sami-puter-za-telo-potrebni-vi-se-ovie-tri-sostojki/#respond Thu, 20 Apr 2023 07:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=825749

Домашен путер за тело можете сами да го направите дома користејќи природни состојки кои ќе и обезбедат на вашата кожа хидратација и нега. За да започнете, потребни ви се неколку основни состојки како шеа путер, кокосово масло, бадемово масло и пчелин восок. Шеа путерот е одличен за навлажнување на кожата и спречување на сувост, додека кокосовото масло има антибактериски својства и лесно се апсорбира во кожата. Бадемовото масло е богато со витамини Е и К, кои се важни за здравјето на кожата, а пчелин восок делува како природен конзерванс и омекнувач. За да направите домашен путер за тело, треба да загреете шеа путер, кокосово масло и пчелин восок во тенџере на тивок оган додека не се стопи. Потоа додадете го бадемовото масло и мешајте додека не се соединат сите состојки. Кога смесата ќе се излади, ставете ја во блендер и матете додека не добиете кремаста текстура, а можете да ја изматите и со миксер. Потоа префрлете го кремот во тегла и чувајте го на суво и ладно место. Овој домашен путер за тело можете да го користите секој ден после туширање или капење. Нанесете го по целото тело со лесни движења на масажа, така што сите состојки се апсорбираат во кожата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-sami-puter-za-telo-potrebni-vi-se-ovie-tri-sostojki/feed/ 0
Силните миризби на телото можен знак за сериозни здравствени проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/silnite-mirizbi-na-teloto-mozhen-znak-za-seriozni-zdravstveni-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/silnite-mirizbi-na-teloto-mozhen-znak-za-seriozni-zdravstveni-problemi/#respond Wed, 05 Apr 2023 10:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=820468

Чудните мириси и миризби на телото се можен знак за потенцијални здравствени проблеми, а лекарите тврдат дека некои можат да бидат и знак за рак. Следат неколку примери. Силен и непријатен мирис на пот Ако не може да се ослободите од непријатниот мирис на пот ниту по туширање, тоа може да значи недостаток на магнезиум, според американскиот кардиолог Роберт Сегал од Универзитетот на Њујорк. Кога консумираме премногу кофеин, шеќер или преработена храна, тоа може значително да го намали нивото магнезиум. Сè тоа предизвикува и грчеви во мускулите, вкочанетост и пецкање, експертите препорачуваат дека би било добра идеја да го провериме магнезиумот во телото. - Магнезиумот е минерал којшто помага во чистењето на нашите внатрешни органи, а исто така и во ослободувањето од непријатниот мирис на телото, појасни кардиологот. Премногу интензивни миризби на телото При дигестивни нарушувања како Кронова болест или улцеративен колитис, може да се работи и за сериозен недостаток на цинк. Д-р Сегел истакнува дека цинкот му помага на човековото тело да управува со отпадните материи и токсините, а кога има дигестивно нарушување, телото може да не го апсорбира минералот како што треба. Како резултат на тоа, недостатокот на цинк може да резултира со силна миризба на телото, особено - лош здив. Здив што смрди на „расипани јајца“ - Ако не може да се ослободите од лошиот здив ниту со миење заби, веројатно имате здравствен проблем. А, ако тој лош мирис во вашата уста наликува на „расипани јајца“, може да се работи за бактериска инфекција, предупредува д-р Сегал. Имено, лошиот здив го предизвикува бактеријата „H. pylori“ којашто ја има во нашиот дигестивен систем. Кај некои луѓе тоа не предизвикува забележителни симптоми, а кај други може да доведе до чир на желудник, па дури и рак на желудникот. Непријатен мирис од увото Непријатниот мирис на телото може да потекнува и од увото, иако не е толку чест и вообичаен, смета лекарот. - Ако имате многу лош и непријатен мирис во вашите уши, најверојатно страдате од некаква инфекција, што е она што доведува до гореспоменатата остра арома. А, друг пример за ова се сраснати влакна или лојна циста, и кога таа иритација или инфекција ќе пукне, она однатре речиси секогаш има исклучително непријатен мирис, објасни д-р Сегал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/silnite-mirizbi-na-teloto-mozhen-znak-za-seriozni-zdravstveni-problemi/feed/ 0
Лекарите предупредуваат: Пет промени во телото кои многумина ги игнорираат, а се симптоми на хормонски пореметувања https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-predupreduvaat-pet-promeni-vo-teloto-koi-mnogumina-gi-ignoriraat-a-se-simptomi-na-hormonski-poremetuvana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-predupreduvaat-pet-promeni-vo-teloto-koi-mnogumina-gi-ignoriraat-a-se-simptomi-na-hormonski-poremetuvana/#respond Sat, 18 Mar 2023 14:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=813528

Сува кожа или нагло губење на косата се црвени знамиња. Рускиот ендокринолог и нутриционистка, Оксана Михалева, предупреди на некои симптоми кои сосема сигурно укажуваат дека страдате од хормонски дисбаланс. Губење на косата Докторката вели дека опаѓањето на косата е еден од главните знаци на ендокрино заболување во кое се нарушува производството на хормони. Сува кожа Сувата кожа може да укаже и на хипотироидизам, заболувања на надбубрежната жлезда и дијабетес. Покрај тоа, симптомите се придружени со сувост на слузокожата на очите и често мокрење. Зголемување на телесната тежина Докторката нагласува дека зголемувањето на телесната тежина не секогаш укажува на хормонални промени. Сепак, дебелеењето може да се случи поради недоволна активност на тироидната жлезда, недостаток на „женски“ хормони кај жените или „машки“ хормони кај мажите, тумори на надбубрежната жлезда или хипофизата или болест на панкреасот. Висок крвен притисок Високиот крвен притисок и отекувањето на лицето се знак дека имате проблеми со регулирањето на производството на хормони. Исто така, проширувањето на предниот дел на вратот е карактеристично и за болестите на тироидната жлезда. Нередовен циклус Нередовните циклуси кај жени од 45 години може да укажуваат на хормонални промени, како што се болести на јајниците, хипофизата и надбубрежните жлезди. Докторката апелира да внимавате и на исцедокот од млечните жлезди (градите), и кај жените и кај мажите, што може да биде симптом на хормонално пореметување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-predupreduvaat-pet-promeni-vo-teloto-koi-mnogumina-gi-ignoriraat-a-se-simptomi-na-hormonski-poremetuvana/feed/ 0
10 минутни најефикасни вежби за цело тело https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/10-minutni-najefikasni-vezhbi-za-tselo-telo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/10-minutni-najefikasni-vezhbi-za-tselo-telo/#respond Mon, 13 Mar 2023 13:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=811369

Ви предлагаме сет пилатес вежби во траење од 10 минути. Подгответе се да се испотите, а вашите напори сигурно ќе се исплатат. Погледнете го планот за тренинг: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/10-minutni-najefikasni-vezhbi-za-tselo-telo/feed/ 0