тендери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 11:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тендери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСОМ: Анализата на РСЕ ги потврди нашите предупредувања дека тендерите на Државна лотарија се незаконски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-analizata-na-rse-gi-potvrdi-nashite-predupreduvana-deka-tenderite-na-drzhavna-lotarija-se-nezakonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-analizata-na-rse-gi-potvrdi-nashite-predupreduvana-deka-tenderite-na-drzhavna-lotarija-se-nezakonski/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=891218

Точно пред две недели стоејќи пред Владата предупредивме дека Државна лотарија ја спинува јавноста пласирајќи неточни информации во своја корист. Нашите ставови ги потврди и истражувањето на Радио Слободна Европа која е независна медиумска компанија, која добива грант од американскиот Конгрес и е должна според американскиот закон, да обезбеди објективно и професионално новинарство, засновано врз факти. Истражувањето на Радио Слободна Европа докажа дека дел од тендерите на Државна лотарија ги добиваат компании блиски на владеачката гарнитура, што дополнително ги потврди нашите тврдења дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка, а повикот на Државна лотарија е веќе договорен за странски компании. Ние ја предупредивме јавноста дека зад информациите кои ги пласира Државна лотарија стојат владини интереси, како и дека тенденциозно се објави информацијата дека повеќе од 10 домашни компании подигнале документација за наместениот тендер за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто доминантно учество со 51 % ќе има Државна лотарија, и истакнавме дека ниту една членка на АСОМ нема да учествува на незаконскиот тендер. Анализата откри уште една манипулација на јавноста од страна на Државна лотарија која во соопштение испратено до сите медиуми се фалеше дека бележи раст во работата, што истражувањето докажа дека е неточно и уште еднаш ја доведе во прашање релевантноста на информациите кои Државна лотарија ги објавува. Податоците кои ги видовме во истражувањето на РСЕ се уште една силна причина зошто ниту една членка на АСОМ и ниту една домашна компанија нема да се јави на незаконскиот тендер за избор на приредувачи на игри на среќа преку интернет. Јасно се гледа дека и тој тендер е однапред договорен за 3 компании, како и сите други тендери на Државна лотарија. Ова повторно ја потврди нашата теза дека новиот предлог Законот за игри на среќа се турка во Собрание за да се направи обид  да се озакони незаконскиот тендер, посебно во услови кога излегуваат на виделина низа скандали во Државна Лотарија. Повеќе од јасно е дека со донесување на новиот предлог Закон за игри на среќа и со незаконската Владина одлука за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа крајна цел е преземање на Владата на бизнисот со игри на среќа, а не заштита на малолетниците како што тоа се сервира во јавноста. Токму затоа остануваме на нашиот став и без исклучок бараме:
  • Пратениците да го отфрлат новиот предлог Закон за игри на среќа кој ќе значи крај на легалната индустрија на игри на среќа.
  • Да се поништи незаконската владина одлука која претставува сериозна закана за домашните лиценцирани приредувачи на игри на среќа.
  • Итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата.
  • Да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока за домашните компании согласно актуелниот закон да може да приредуваат игри на среќа и реално да се либерализира пазарот.
Ние и нашите вработени нема да стоиме и да гледаме како Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица. Доколку Владата продолжи да го турка овој штетен закон насила и остане индиферентна на нашите апели подготвени сме да излеземе на масовни протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-analizata-na-rse-gi-potvrdi-nashite-predupreduvana-deka-tenderite-na-drzhavna-lotarija-se-nezakonski/feed/ 0
Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891219

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор. -Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот. Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период. -На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу. Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА. -Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/feed/ 0
Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitelite-na-kancheska-milevska-pobaraa-osloboditelna-presuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitelite-na-kancheska-milevska-pobaraa-osloboditelna-presuda/#respond Wed, 26 Apr 2023 10:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=827809

Бранителите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ во предметот „Тендери“, побараа ослободителна пресуда на денешните завршни зборови во Основниот кривичен суд Скопје. Адвокатот Сашо Дуковски побара од Судечкиот совет, при оценката на сите релевантни факти, да го има предвид, како што рече, решителниот факт. -Потенцирам и апелирам до Судечкиот совет, при оценката на сите релевантни факти, да го има предвид решителниот факт, како примарна работа, а тоа е дека за постоење на ова кривично дело, мора да постои бланкетна норма, која обвинетите неспорно ја повредиле, за да воопшто постои кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, рече Дуковски. Според него, набавката за која се товарат обвинетите е спроведена на таков начин, како што рече, „што обвинетите треба да бидат наградени и пофалени“. -За ова постои и извештај од Државниот завод за ревизија, каде на ниедно место не е констатирано прекршување, а наградата за тоа е обвинение за „злоупотреба службената положба и овластување“, рече Дуковски. Тој, како и останатите брамители, побараа од судот, после анализа на сите изведени докази, да донесе пресуда со која обвинетите ќе ги ослободи од обвинение дека сториле кривично дело како соизвршители. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/branitelite-na-kancheska-milevska-pobaraa-osloboditelna-presuda/feed/ 0
Завршни зборови за случајот „Тендери“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-sluchajot-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-sluchajot-tenderi/#respond Wed, 26 Apr 2023 09:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=827768

Во Основниот кривичен суд Скопје со давање завршни зборови од одбраната денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-za-sluchajot-tenderi/feed/ 0
„Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-arsovska-i-kovachevski-namesto-pari-za-prevoznicite-na-sredbata-dogovarale-provizija-od-nabavkata-na-nafta-za-jsp-koja-ja-dobi-firma-na-pratenik-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-arsovska-i-kovachevski-namesto-pari-za-prevoznicite-na-sredbata-dogovarale-provizija-od-nabavkata-na-nafta-za-jsp-koja-ja-dobi-firma-na-pratenik-od-vlasta/#respond Mon, 05 Dec 2022 07:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=771015

Тендерот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, потпишан од директорот на тоа претпријатие кадар на СДС Александар Стојковски е без вообичаениот рабат, односно попуст од 6 денари по литар. Попуст за набавка на нафта во ЈСП секогаш во минатото имало, дури и во времето на Шилегов, но не и со Арсовска. Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Со попуст од 6 денари, тоа се 1.400.000 евра заштеда. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта. 1.400.000 евра се сосема повеќе од доволни за да го решат проблемот со превозниците. Но очигледно поважно е овие пари да завршат во нечиј џеб, отколку за скопјани. Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта? Дали сите провизии на ЈСП и на Арсовска ги договара еден нејзин роднина и уште еден сметководител бизнисмен од Ѓорче Петров? Ковачевски и Арсовска на тајните средби кои ги имаат да го побараат овој попуст за ЈСП, и така да заштедат пари, наместо истите да одат кај луѓе од нивното опкружување и сметководители со сомнителни дејанија. Скопје заслужува решение. Проблем има затоа што Ковачевски и Арсовска мислат на тендери, а не на скопјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-arsovska-i-kovachevski-namesto-pari-za-prevoznicite-na-sredbata-dogovarale-provizija-od-nabavkata-na-nafta-za-jsp-koja-ja-dobi-firma-na-pratenik-od-vlasta/feed/ 0
Мицкоски за енергетската криза: Зошто Владата ако ја има работата под контрола, бараат кризна состојба? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-energetskata-kriza-zoshto-vladata-ako-ja-ima-rabotata-pod-kontrola-baraat-krizna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-energetskata-kriza-zoshto-vladata-ako-ja-ima-rabotata-pod-kontrola-baraat-krizna-sostojba/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711385

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при посетата на градежни активности во Кавадарци одговараше и на новинарско прашање, кое се однесуваше на најавата за прогласување на енергетска криза и апелите од страна на Бектеши да се штеди енергија и рече дека најверојатно живееме во различен свет со владата, бидејќи граѓаните секако штедат. Граѓаните, вели Мицкоски дека немаат можност да си дозволат повеќе и секако се доведени на работ на амбисот. - Можам да констатирам со жалење дека најверојатно живееме во некој поинаков свет со овие од владата, но јас ги разбирам, не можам да ги оправдам. Тие секојдневно се на климатизирани простории, газат дебел црвени персиски килими, седат во кожни фотелји, се возат со возила кои ги плаќа народот, јадат на сметка на народот, пијат кафиња гледаме и јадат бифтеци одредени министри на сметка на народот, практично живеат на сметка на народот и затоа не живеат во ист свет заедно со народот. Кога сме кај енергетската криза, би сакал да потенцирам две работи: Од април месец предлагам зафати, година дена веќе зборувам дека до ова ќе дојде и сега е веќе доцна, сега состојбата е алармантна. Сега веќе не нѐ спасуваат чуда и тоа го знае претпоставувам секој еден експерт во областа, не верувам дека овие од владата го знаат бидејќи немаат елементарно познавање што нѐ чека, но секој еден експерт во областа знае дека ние не сме подготвени да ја дочекаме ниту есента, ниту грејната сезона ниту зимата, односно да ја пречекаме на нормален начин. Ќе треба многу пари, задолжување итн за да некако ја поминеме иако сум сѐ уште исплашен дека се можни рестрикции, да се вратиме во времето пред 40 години кога за жал тоа ни беше секојдневие. Мицкоски запраша зошто владата ако ја имаат работата под контрола, бараат кризна состојба. -Јас реков во една прилика дека кризна состојба поради енергетската криза можеме да поддржиме, но откако ќе видиме како се потрошени парите при претходната кризна состојба поради енергетската криза, да видиме да ни објаснат како тоа битумен за едно ЈП цистерна чини 1200 евра, а за другото 12.000 евра. Да ни објаснат како се даваат тендери во четири очи за ископ, да ни објаснат тендери во четири очи за набавка на мазут, да ни објаснат како се давани и правени тендерите за превоз на увезениот јаглен, итн. Имаме многу непознати кои треба да ги објаснат бидејќи тие, на крајот од денот се народни, пред да, народните избраници кои го претставуваат народот таму, да се сложат за нова кризна состојба поради енергетската криза, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-energetskata-kriza-zoshto-vladata-ako-ja-ima-rabotata-pod-kontrola-baraat-krizna-sostojba/feed/ 0
Арсовски: Дали СДСМ местеле тендери со цени на пример кршење 1 м2 бетон или асфалт за 1 денар? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-sdsm-mestele-tenderi-so-ceni-na-primer-krshenje-1-m2-beton-ili-asfalt-za-1-denar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-sdsm-mestele-tenderi-so-ceni-na-primer-krshenje-1-m2-beton-ili-asfalt-za-1-denar/#respond Mon, 14 Feb 2022 12:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=631272

Местењето тендери во СДСМ односно кадрите на СДСМ кои што се во институциите не е ништо ново, тоа го говориме 4 години, а сега веќе презентираме и докази, но за жал ЈО и Антикорупциската се глуви и слепи, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. - Како одела на пример една цела постапка за местење на тендер? Ова е најпластично објаснето за да можат сите граѓани да разберат она кое што го презентираме. Најубаво ќе ви објаснам преку класичен рандом пример. Најпрвин фирмата која што е договорена од страна на кадриве на СДСМ дека треба да го земе тендерот ја пишувала техничката спецификација и ја давала кај градоначалникот, потоа градоначалникот го објавува тендерот, фирмата веќе ги знае работите кои ќе се работат и што ќе се набавува и за работите што ќе се набавуваат става енормно високи цени, а тие што нема да се работат става цени по 1 денар и кога ќе извади просечна цена односно понуда на тендерот, излегува најниска оваа понуда токму на фирмата која што ја договорена и таа фирма го добива тендерот кој што подоцна треба да го работи. За возврат им носеле пари во кеш, односно процент од заработката на градоначалниците кои што ги местеле тендерите. Полесни и побрзи пари на грбот на граѓаните, нема никаде да најдат, посочи Арсовски. Порптаролот ја презентираше понудата, односно техничка спецификација за општина Гази Баба за одржување и реконструкција на јавно улично осветлување. - Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за оваа работа и тоа со следниве цени: - Набавка и вградување на кабел од 1 kw со дебелина 4x16 мм2 обем цената е 300 денари, а за кабел 4x35 мм2 обем, што е логично да е цената повисока бидејќи се работи за подебел кабел, замислете цената е само 12 денари. -Рачно кршење на асфалт и бетон со дебелина 15 цм, цената за кршење на 1 м2 чини само 1 денар. Рачно кршење на бетон чини 1 денар за 1 м2. Ова почитувани, е навредување на интелигенцијата на граѓаните дека некој човек ќе искрши рачно 1 квадрат бетон или асфалт со дебелина 15 цм за само 1 денар. Во тој случај 1.000 квадрати бетон или асфалт со дебелина 15 цм би им требало неколку луѓе да искршат за една недела рачно и за тоа да бидат платени внимавајте само 1.000 денари. Надвор од здрав разум. -Набавка и вградување асфалтна маса за асфалтирање на работа со дебелина 7 цм и плус подлога, цена 1 денар за 1 м2. Или, тоа значи дека за 100 м2 асфалт, треба да чини 100 денари ова асфалтирање. Повторно надвор од здрав разум. -Замислете, ископ на дупки за изработка на фундаменти, со шаловање и бетонирање и пластична цевка фи 70 мм, дупка да ископаат односно да подготват со димензии 50x50x60 цм чини 2.000 денари, а тоа што знаеле дека нема да се работи на пример истиот принцип на работа но два пати поголема димензија на дупка 1000x1000x120 цм, која што треба да е двојно поскапа, чини само 500 денари. Затоа што знаеле што ќе се работи, а што нема да се работи и затоа биле такви цените, појасни Арсовски. Тој потенцираше дека ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма, односно конкретно на примерот, и додаде дека добивање на тендерот на оваа фирма постои сериозен сомнеж да можеби било однапред договорено но дека тоа треба да кажат службите и јавното обвинителство доколку истражат и да утврдат дали имало такво нешто или немало. - Самите од ова што го слушнавте и видовте можете да процените што се случувало низ општините каде што раководеле кадри на СДСМ. Парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале во нечии џебови. Да не се чудите после како од просечни граѓани, кои што доаѓаат на функции овие од СДСМ после функциите стануваат милионери, а пред тоа немале никаков основ за да заработат толкави суми на пари, дециден е портпаролот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-sdsm-mestele-tenderi-so-ceni-na-primer-krshenje-1-m2-beton-ili-asfalt-za-1-denar/feed/ 0
Судењето за „Тендери“ се одлага до назначување на нов судија – поротник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tenderi-se-odlaga-do-naznachuvanje-na-nov-sudija-porotnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tenderi-se-odlaga-do-naznachuvanje-na-nov-sudija-porotnik/#respond Thu, 15 Jul 2021 07:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=536979

Главната расправа за предметот „Тендери“, закажана за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, закажано за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник. За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Судскиот совет на Република Македонија на вчерашната 378 седница донесе одлука за престанок на двајца судии поротници од Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст. Последното рочиште за случајот, кое се одржа на 13 јули и на кое беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, беше одложено поради отсуството на второобвинетата Јулијана Угриновска, од здравствени причини. Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска. Според обвинението поднесено од пораншното СЈО, во временскиот период од јуни 2011 година до 05.08.2011 година, во Скопје, првообвинетата Е.К.М. како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим” во Скопје. Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tenderi-se-odlaga-do-naznachuvanje-na-nov-sudija-porotnik/feed/ 0
Семејна фирма на вработени во РЕК Битола со години добива тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejna-firma-na-vraboteni-vo-rek-bitola-so-godini-dobiva-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejna-firma-na-vraboteni-vo-rek-bitola-so-godini-dobiva-tenderi/#respond Wed, 30 Jun 2021 18:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=530148

РЕК Битола за своите потреби врши набавки од најразлични фирми, но една фирма со која државното претпријатие соработува во изминатите години се издвојува од сите останати. Компакт МСФ е фирма за производство, трговија на големо и мало и услуги која за време на своето долгогодишно работење, па се до денес тендери добива само од РЕК Битола. Сопственичката на фирмата и нејзиниот сопруг се вработени во рударско-енергетскиот комбинат. Фирмата благодарение на добиените тендери од РЕК Битола досега инкасирала околу 1 милион и 900 илјади евра, анализира Слободна Европа.

Која е Компакт МСФ?

Компакт МСФ е формирана во јуни, 2009 година во Битола. Нејзин сопственик, според податоците на Централниот регистар, е Летка Фидановска. Седиштето на фирмата и адресата на Фидановска се на истo место, на улица Цветан Димов бр.181, каде се наоѓа куќа на два ката без никаков траг од Компакт МСФ. Сопруг на Летка Фидановска е Менде Фидановски, кој е претседател на синдикалната организација на РЕК Битола. Името на Компакт МСФ во првите неколку години од основањето воопшто не е активно во трката за тендери. За прв пат фирмата добива тенедер на РЕК Битола во февруари 2013 година. Од тогаш до денес од вкупно 85 тендери, само еден не е поврзан со РЕК Битола. Последните неколку тендери за кои е склучен договор овој месец се однесуваат на набавка на осветление и прибор, како и на кабли и носачи на кабли и ревитализација за електрични машини. На сите договори со РЕК Битола како директор на фирмата до март 2020 година е потпишана Летка Фидановска. Од изминатата година таа фигурира само како сопственик на фирмата, а директор станува Мартин Фидановски, кој има адреса на живеење, улица Цветан Димов бр.181, иста како и на седиштето на фирмата со која раководи. Фидановска во моментов работи во РЕК Битола, а нејзината фирма продолжува и понатаму да добива тендери. Фирмата добива тендери и покрај тоа што нејзиниот сопруг Менде Фидановски станува лидер на синдикалната организација на РЕК Битола во 2018 година. Токму во изминатите три години Компакт МСФ има и најплодна соработка со рударско-енергетскиот комбинат, ако се суди според бројката на добиени тендери.

Конфликт на интереси?

Откако Фидановски е првиот човек во борбата за унапредување на првата на работниците во РЕК Битола, фирмата на неговата сопруга добила 43 тендери. Нивната вкупна вредност е околу 1 милион и двеста илјади евра. Претходно од 37 тендери во рок од пет години Компакт МСФ наплатила пониска сума од околу 650 илјади евра. Фидановски вели дека фирмата која постои од 2009 година во текот на целото свое работење соработува со десетици приватни и јавни претпријатија од целата држава и странство и секогаш квалитетно и навремено ги извршува договорните обврски. Мојата работна позиција во РЕК Битола никогаш немала никакви допирни точки со јавните набавки. Моја целосна преокупација овие три години е унапредување на условите за работа на синдикалните членови и ценам дека со сите преземени активности, Синдикатот на РЕК Битола ја оправдува довербата на работниците – вели Фидановски на прашањето дали поради неговата позиција во РЕК Битола фирмата има повластена положба во добивањето на тендерите. Но, Компакт МСФ не добива тендери од голем број на компании, како што покажува документацијата. За време на целото нејзино постоење фирмата досега скучила еден тендер во 2014 со психијатриската болница Демир Хисар за набавка на метални шкафови во вредност од 500 евра. Додека пак името на фирмата е запишано и на четири тендери на ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕСМ Скопје која всушност заедно со РЕК Битола е дел од семејството на АД Електрани на Македонија. Тендерите се во вредност од околу 44 илјади евра. Сите останати милион и стотици илјади евра за целокупното нејзино работење Компакт МСФ ги наплатила преку РЕК Битола. Од РЕК Битола велат дека ниту една фирма која учествува на оглас за јавна набавка во РЕК Битола изминатите три години немала повластена положба. Јавните набавки, како што наведуваат, се спроведуваат согласно Законот за јавни набавки и во нивната реализација учествуваат повеќе сектори и одговорни лица, при што самата набавка поминува низ повеќе фази. Доколку понудата ги задоволува бараните критериуми, не може и не смее да биде отфрлена или одбиена како неприфатлива, од било какви причини – велат од РЕК Битола. Во текот на годината, како што посочуваат оттаму, распишуваат и по четиристотини јавни набавки на кои право на учество имаат сите економски оператори кои ги ги исполнуваат условите од тендерската документација. Од рударско енергетскиот комбинат додаваат и дека брачниот пар Фидановски се на работни позиции кои не се поврзани со јавни набавки. Повеќе на „Слободна европа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejna-firma-na-vraboteni-vo-rek-bitola-so-godini-dobiva-tenderi/feed/ 0
Раст на профитот од 250%: Фирмата „Армор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје добила 126 тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/#respond Wed, 05 May 2021 10:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=505870

Втората афера која на денешниот брифинг со новинарите на обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски се однесува на тендерите кои ги добила компанијата „Армор плус“. Според податоците доставени од Мицкоски до медиумите, оваа компанијата од државни институции и јавни претпријатија, односно од парите на граѓаните добила 126 тендери со што остварила раст на профитот од речиси 250 проценти. Компанијата, како што минатиот месец објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е во сопственост на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, Димитар Петрески. Тогаш од комапнијата меѓу другото во испратениот демант, наведоа дека компанијата, од своето формирање, па се до денес, е со доминантен сопственик со потекло од Република Хрватска, односно, компанијата Пастор TBA од Република Хрватска, која поседува 70% од сопственоста на Армор плус ДОО, со право на одлучување. Пастор TBA – Загреб е реномиран производител кој активно постои на пазарите во Европа и светот повеќе од 90 години. Во структурата на компанијата има вкупно 3 сопственици, информации јавно достапни во Централен регистар на РС Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rast-na-profitot-od-250-firmata-armor-plus-na-zetot-na-sekretarkata-na-grad-skopje-dobila-126-tenderi/feed/ 0