Тенеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 06:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тенеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС: Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-shest-devojchina-zaginaa-vo-nesreka-vo-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-shest-devojchina-zaginaa-vo-nesreka-vo-amerika/#respond Mon, 27 Mar 2023 06:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=816704

Шест девојчиња загинаа, а две лица се повредени во судир на два автомобили на меѓудржавен пат во американската држава Тенеси, соопштија локалните власти. Како што јавиja локлание медиуми, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време. На местото на несреќата шесте девојчиња биле пронајдени мртви и според првичните информации се на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно од силината на ударот испаднале. Жена, за која се верува дека исто така паднала од истиот автомобил, била пронајдена во критична состојба. На местото на настанот и била укажана помош пред да биде пренесена со хеликоптер во локалната болница, соопштија официјални лица. Уште еден маж е повреден и исто така е пренесен во болница. Возачот на другиот автомобил кој учествувал во несреќата не е повреден. Жртвите сè уште не се идентификувани и не се знае дали се во роднинска врска. Причината за несреќата, исто така, сè уште не е соопштена. Истрагата е во тек.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-shest-devojchina-zaginaa-vo-nesreka-vo-amerika/feed/ 0
Едно лице убиено во пукање во училиште во Тенеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-ubieno-vo-pukanje-vo-uchilishte-vo-tenesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-ubieno-vo-pukanje-vo-uchilishte-vo-tenesi/#respond Tue, 13 Apr 2021 06:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=496257

Едно лице е убиено, а еден полицаец е ранет во инцидент со пукање во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, соопшти полицијата. Полицајците излегле на терен по дојава за вооружен маж во училиштето. Полицијата соопшти дека нема други повредени лица, додавајќи дека местото на несреќата е обезбедено. Властите не наведуваат други детали освен дека едно лице им подлегнало на повредите и дека друго е приведено за понатамошна истрага. Полициската станица од тој американски град претходно на Твитер порача дека безбедносните сили се на местото на пукањето во средното училиште „Остин ист магнет“. Раководството на училиштето за локалните медиуми потврди дека училиштето е затворено. Полицијата веднаш ги предупреди граѓаните да ја избегнуваат областа околу местото на пукањето. Градоначалничката на Ноксвил, Индија Кинкенон изјави дека го посетила ранетиот полицаец.„Тој е свесен и добро расположен. Ја видов и неговата сопруга, ќе биде добро“, рече таа и додаде дека тој ќе мора да оди на операција.Таа исто така му се заблагодарила на полицаецот бидејќи го загрозил сопствениот живот за да ги заштити учениците и училишниот персонал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-ubieno-vo-pukanje-vo-uchilishte-vo-tenesi/feed/ 0
Во удар на торнадо во Тенеси загинаа 22 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-udar-na-tornado-vo-tenesi-zaginaa-22-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-udar-na-tornado-vo-tenesi-zaginaa-22-lica/#respond Tue, 03 Mar 2020 18:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=311656

Од торнадото кое изутринава го погоди Тенеси, загинаа најмалку 22 лица, повеќемина се повредени, а околу 50 илјади домаќинства и бизниси останаа без струја. Урнати се десетици згради, помали аеродроми и хангари. Загинатите се во четири најпогодени окрузи: Дејвидсон (во Нешвил), Путнам, Бентон и Вилсон. Торнадото се појавило во Камден, мало гратче на 160 километри западно од Нешвил. -Имаме мртви насекаде во државата, изјави Бил Ли, гувернер на Тенеси. Покрај утврдената смртност од торнадото, укажа дека се уште не се знае точната бројка и дека многумина се водат за изчезнати. Во државата е прогласена вонредна ситуација. Аеродромот и железничките линии во Нешвил се во прекин. Торнадото го наруши и денешното гласање кое е запрено во многу избирачки места. Тенеси е една од 14. држави каде денеска, на „супер вторник“ се избира номинација за претседателски кандидат од Демократската партија. Засега, ова е едно од најразурнувачките и најсмртоносни торнада во овој дел на САД, откако лани истото време во округот Ли, Алабама, од стихијата загинаа 23 лица. Во наредните денови во посета на Тенеси треба да дојде претседателот на САД, Доналд Трамп. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-udar-na-tornado-vo-tenesi-zaginaa-22-lica/feed/ 0