тенисерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 20:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тенисерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тенисерките разочарани од ВТА https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniserkite-razocharani-od-vta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniserkite-razocharani-od-vta/#respond Tue, 31 Oct 2023 20:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=895083

Разочарана сум од организацијата на овој завршен турнир, изјави чешката тенисерка Маркета Вондрушова по денешниот воведен натпревар на завршниот ВТА финален турнир во мексиканскиот град Канкун. На турнирот на кој настапуваат осумте најдобри светски тенисерки, Вонрушова загуби в првиот настап од Ига Швјонтек од Полска (6-7, 0-6), а по поразот зборуваше исклучиво за неквалитетниот терен на кој се игра завршниот турнир во женска конкуренција, „Стадионот очигледно не е подготвен за турнир на ова ниво. Но, ми се чини дека ВТА и не се грижи премногу за терените на кои мораме да играме. Толку многу се трудев цела година за да бидам што подобра. Сторив сè што е во моја моќ да обезбедам настап на овој турнир и кога прв пат во кариерата успеав во тоа, доживеав негативен шок. Разочарана сум, уште отсега ми е веќе мака од сè уште“, нагласи 24-годишната чешка тенисерка, кој претходно триумфираше на Вимблдон. Ден претходно критики на состојбата на теренот и комплекс изнесе и Белорусинката Арина Сабаленка, која нагласи дека единствен виновник за тоа е ВТА, а не организаторите во Канкун, кои имаа краток рок за организација на турнирот по откажувањето на Саудиска Арабија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniserkite-razocharani-od-vta/feed/ 0
ВИМБЛДОН ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА ОБЛЕКУВАЊЕ НА ТЕНИСЕРКИТЕ! Ќе можат да носат темни бермуди за да се ослободат од анксиозноста за време на менструација https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-gi-menuva-pravilata-za-oblekuvanje-na-teniserkite-kje-mozat-da-nosat-temni-bermudi-za-da-se-oslobodat-od-anksioznosta-za-vreme-na-menstruacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-gi-menuva-pravilata-za-oblekuvanje-na-teniserkite-kje-mozat-da-nosat-temni-bermudi-za-da-se-oslobodat-od-anksioznosta-za-vreme-na-menstruacija/#respond Fri, 18 Nov 2022 09:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=762812

Вимблдон го ублажува својот кодекс на облекување и ќе им дозволи на тенисерките да носат и црни, или бермуди во боја, веќе следната 2023 година, за жените да може да играат и за време на менструација, соопшти „Ол Ингланд клубот“ вчера. - Следната година, жените и девојките, учеснички на турнирот, ќе можат да носат куси панталони во боја, доколку сакаат. Одлуката е донесена по разговорите со играчите и организаторите. Се надеваме дека ова прилагодување ќе им помогне на играчите да се сосредоточат единствено на играта и ќе ја елиминира можната причина за вознемиреност, изјави извршната директорка на лондонскиот „Грен слем“ турнир, Сали Болтон. Кодексот на облекување бараше играчите да носат бело во Лондон, за разлика од другите „Грен слем“ турнири, Австралија опен, Ролан Гарос и Ју-Ес опен. Во 2014 година, правилото беше заострено и учесниците мораа да носат и бела долна облека поради политиката „целосно бело“. Тенисот не е единствениот спорт во кој жените имаат проблеми околу менструацијата. Женскиот фудбалски тим на Манчестер Сити на крајот на октомври соопшти дека од следната година, бермудите веќе нема да бидат задолжително бели. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-gi-menuva-pravilata-za-oblekuvanje-na-teniserkite-kje-mozat-da-nosat-temni-bermudi-za-da-se-oslobodat-od-anksioznosta-za-vreme-na-menstruacija/feed/ 0