тениски турнири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 07:06:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тениски турнири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Три меѓународни тениски турнири следниве 30 дена во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-megjunarodni-teniski-turniri-slednive-30-dena-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-megjunarodni-teniski-turniri-slednive-30-dena-vo-skopje/#respond Wed, 25 May 2022 07:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=681161

Во Скопје месеците јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Повеќе од 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во македонската престолнина. Тениската федерација на Северна Македонија ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период 6 – 12 јуни и професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13 до 19 јуни. Во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за Жени за регион Европа и Африка, група 3. Натпреварите ќе се одржуваат на терените на тенискиот клуб Југ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-megjunarodni-teniski-turniri-slednive-30-dena-vo-skopje/feed/ 0
Тениските турнири од 2023 се враќаат во Оукленд https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-od-2023-se-vrakjaat-vo-ouklend/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-od-2023-se-vrakjaat-vo-ouklend/#respond Wed, 16 Mar 2022 19:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=648452

Идната година во јануари повторно по двегодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, Оукленд ќе биде домаќин на ВТА и АТП тениски турнири бидејќи се релаксираат строгите ограничувања за влез во Нов Зеланд. Турнирот за тенисерки, кој традиционално се одржува во првата недела од новата сезона во Оукленд, последен пат беше организиран во 2020 година, кога титулата ја освои Американката Серена Вилијамс. Оукленд, исто така, традиционално е домаќин и на машкиот тениски турнир пред стартот на Австралија Опен. – Бројните позитивни најави од владата минатиот месец пробудија надеж дека ќе можеме да ги организираме турнирите во 2023, соопштија денеска организаторите, најавувајќи оти женскиот турнир би требало да се одржи од 2 до 8 јануари, додека машкиот од 9 до 14 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-od-2023-se-vrakjaat-vo-ouklend/feed/ 0
Откажан „АДРИЈА ТУР“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-adrija-tur/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-adrija-tur/#respond Tue, 23 Jun 2020 13:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=361585

-Жал ни е што мора да сопреме со организација на тениските турнири во Бања Лука и Сараево. Бевме среќни што публиката, што долго чекаше да види врвни асови, нема да ги види Новак Ѓоковиќ и другите тенисери во живо, како и дека играњето во овие градови ќе овозможеше спортска промоција и финансиска поддршка на локалните играчи. За жал, поради сите настани од последните неколку дена, донесовме одлука дека најважно сега е да се стабилизира епидемиолошката состојба, како и сите да се опорават, рече директорот на турнирот Ѓорѓе Ѓоковиќ. Покрај Димитров, заразени беа и Новак Ѓоковиќ, Виктор Троицки, Борна Чориќ и тренерите на српскиот и бугарскиот играч, додека на тестот имаа негативен резултат Марин Чилиќ, Андреј Рубљев, Саша Зверев и Горан Иванишевиќ. -Им се заблагодаруваме на сите учесници од Тениската асоцијација на Република Српска, градот Сараево, на сите оние кои работеа напорно во претходните денови да се подготват за овие настани. Го цениме тоа и остануваме пријатели и се надеваме дека ќе ја спроведеме нашата идеја веднаш штом ќе бидат стекнати услови за тоа , додаде помладиот брат на Новак. На крајот, Ѓорѓе Ѓоковиќ потсети дека идејата за „Адрија тур“ е од хуманитарен карактер, со цел да се овозможи заработка за играчи од регионот, помош на хуманитарни организации и промовирање на добри вредности. -Сега остануваме фокусирани на поддршка на сите оние кои се заразени со коронавирус со желба да се опорават што е можно поскоро, посочува организациониот комитет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-adrija-tur/feed/ 0
Тениските турнири во Шпанија ќе се играат без публика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-vo-shpanija-kje-se-igraat-bez-publika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-vo-shpanija-kje-se-igraat-bez-publika/#respond Wed, 11 Mar 2020 07:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=314901

Шпанската тениска федерација објави дека претстојните турнири во земјава ќе се одржат без навивачи на трибините. Оваа одлука е донесена заради закана од ширење на коронавирус. Најголемиот од претстојните турнири ќе се одржи во април во Барселона. Поради коронавирусот, оваа недела беше одлучено да се одложи Мастерсот во Индијан Велс во САД, додека организаторите на турнирот во Мајами се надеваат дека мечевите ќе се играат во предвидениот термин во втората половина на март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/teniskite-turniri-vo-shpanija-kje-se-igraat-bez-publika/feed/ 0