„Теодор Рузвелт“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jan 2022 09:23:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Теодор Рузвелт“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк- еве каде ќе биде преместена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otstraneta-statuata-na-teodor-ruzvelt-od-njujork-eve-kade-kje-bide-premestena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otstraneta-statuata-na-teodor-ruzvelt-od-njujork-eve-kade-kje-bide-premestena/#respond Thu, 20 Jan 2022 09:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=621215

Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота. Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што беше откриена во 1940 година, а го прикажува Рузвелт на коњ, додека покрај него стојат индијанец и Афроамериканец. Критичарите ваквата композиција на статуата ја нарекоа симбол на колонијализмот и расизмот. „Њујорк Тајмс“ лани напиша дека градската канцеларија за култура донесе одлука за отстрануваше на статуата од местото на кое стоеше 80 години и дека истата ќе биде преместена Северна Дакота. Природнонаучниот музеј на својата веб-страница објави дека е горд што е поврзан со семејството Рузвелт, но дека во моментов статуата „пренесува порака за расна хиерархија која музејот и јавноста веќе подолго време ја сметаат за вознемирувачка“. Рузвелт беше претседател на САД од 1901 до 1909 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otstraneta-statuata-na-teodor-ruzvelt-od-njujork-eve-kade-kje-bide-premestena/feed/ 0
Морнари од носачот на авиони Теодор Рузвелт се хоспитализирани поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornari-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt-se-hospitalizirani-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornari-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt-se-hospitalizirani-poradi-kovid-19/#respond Wed, 22 Apr 2020 05:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=335295

Девет морнари од американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт се во болница, каде се лекуваат од новиот коронавирус. Повеќе од 4.100 од 4.800 членови на екипажот на бродот се во карантин, а 710 од нив се позитивни на Ковид-19. Во соопштението на американската морнарица се наведува дека само 42 морнари се излекувани од Ковид-19, а еден почина, откако носачот на авиони пристигна во Гвам, пред 3,5 недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornari-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt-se-hospitalizirani-poradi-kovid-19/feed/ 0
Расте бројот на заразени морнари на носачот Теодор Рузвелт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/#respond Sat, 04 Apr 2020 20:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=327439

Бројот на морнари на американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирусот за 24 часа се зголеми за 13 на 155 инфицирани, соопшти денеска американската морнарица. Досега се тестирани околу 44 проценти од речиси 5.000 членови на екипажот, а 1.548 морнари се симнаа од бродот чиј капетан Брет Крозие неодамна предупреди на коронавирусот поради што беше сменет. Ниту еден од заразените морнари не е хоспитализиран, соопшти морнарицата. Капетанот Брет Крозие беше разрешен откако во јавност излезе неговото писмо до претпоставените во кое бара од морнарицата да преземе поинтензивни активности за сузбивање на ширењето на вирусот на бродот кој носи нуклеарно оружје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/feed/ 0
САД евакуираат војници од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-evakuiraat-vojnici-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-evakuiraat-vojnici-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt/#respond Thu, 02 Apr 2020 09:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=326068

Американските поморски сили евакуираат илјадници морнари од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во Гуам, откако капетанот предупреди дека избувнувањето на коронавирусот го загрозува животот на екипажот. Досега, 93 случаи на Ковид-19 се дијагностицирани меѓу 4.800 членови на екипажот. Пентагон соопшти дека тие брзо организирале хотелско сместување на пацифичкиот остров за поголемиот дел од персоналот на носачот на авиони, додека истовремено, на бродот е оставен екипаж доволен за да ги одржува системите. Планот е од „Теодор Рузвелт“ да слезат што е можно повеќе луѓе, а на бродот да останат онолку колку што е потребно за да ги извршуваат неопходните задачи. Досега, околу 1.000 членови на екипажот го напуштиле бродот, но во следните неколку дена нивниот број ќе достигне 2 700. На носачот на авиони мора да останат околу 1.000 лица за одржување на бродот, каде во моментов се спроведува дезинфекција. Претходно, капетанот на носачот на авиони објави дека вирусот се шири неконтролирано и побарал итна помош за карантирање на екипажот. Гувернерката на Гуам, Лу Леон Гуереро изјави дека војската ја уверила дека сите морнари кои дошле на островот имаат негативни тестови за коронавирус. Таа призна дека локалното население е загрижено затоашто на морнарите им е дозволено да влезат во Гуам, каде што има 77 потврдени случаи на Ковид-19, вклучувајќи три смртни случаи. Сепак, таа потенцираше дека има „морална обврска“ да им помогне на оние на кои им е потребна помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-evakuiraat-vojnici-od-nosachot-na-avioni-teodor-ruzvelt/feed/ 0