теодор симиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 17:15:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png теодор симиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тео Симиќ потпиша за Игокеа https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/teo-simikj-potpisha-za-igokea/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/teo-simikj-potpisha-za-igokea/#respond Wed, 17 Aug 2022 17:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=720104

Македонскиот репрезентативен центар Теодор Симиќ потпиша четиригодишен договор со АБА-лигашот Игокеа, чиј тренер е неодамнешниот македонски селектор Драган Бајиќ. Талентираниот Симиќ досега беше член на младинскиот состав на Барса, но ја прифати понудата од Игокеа и ќе почне да игра клупска сениорска кошарка. Сепак, Симиќ во претстојната сезона нема да го носи дресот на Игокеа туку ќе настапува како позајмен за Борац Бања Лука во АБА 2 лигата и во првенството на БиХ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/teo-simikj-potpisha-za-igokea/feed/ 0
Симиќ: Не е важно што сум најмлад, ќе дадам максимум https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/simikj-ne-e-vazno-shto-sum-najmlad-kje-dadam-maksimum/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/simikj-ne-e-vazno-shto-sum-najmlad-kje-dadam-maksimum/#respond Wed, 10 Feb 2021 18:45:40 +0000 https://kurir.mk/?p=466978

Македонската машка кошаркарска репрезентација го игра клучниот мини-турнир за пласман на Европското првенство во 2022 година, а најмалдиот во тимот Теодор Симиќ ќе чека шанса да дебитира, на само 17 години. Кошаркарот на Барселона од минатата недела е во Скопје, а денеска присуствуваше а на првиот тренинг од подготовките за „балонот“ во Перм. Симиќ ги пренесе своите први впечатоци од новото друштво во кое очекуваме да биде во следните 15-20 години. „Ме изненади повикот на селекторот во А репрезентацијата. Подготвен сум да го дадам максимумот, и да го оправдам повикот, иако сум најмал во оваа репрезентација Нормално е да чувствувам трема, но позитивна и се надевам дека таа трема нема да се одрази на играта во Перм, ако бидам во комбинација за настап“, изјави Симиќ на стартот од подготовките.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/simikj-ne-e-vazno-shto-sum-najmlad-kje-dadam-maksimum/feed/ 0
Барселона пријави 16-годишен џин од Македонија за мечевите од Евролигата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/#respond Sat, 10 Oct 2020 14:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=414811

Дефинитивно најталентираниот македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ (16 год., 214 см), сезонава би можел да дебитира во дресот на шпанскиот гигант Барселона и тоа во Евролигата, откако каталонскиот тим го регистрира за настап на средбите од најсилното клупско натпреварување во Европа, објавува Спорт1. Името на нашиот суперталентиран центар се најде во друштво на ѕвезди како Никола Миротиќ, Ник Калатес, Томас Ертел, со оглед што ја доби довербата на новиот предводник од клупата, поранешната европска играчка легенда, Шарунас Јасикевичиус. Симиќ е еден од четворицата кошаркари родени 2004 година, кои се на листата пријавени за евролигашките дуели, со најава дека би можеле да добијат шанса на некој од дуелите од регуларниот дел од сезоната. За наследникот на поранешниот македонски репрезентативец Тони Симиќ ова е прва директна конекција со најдобриот тим на Барселона, откако во претходниот период играше за младинските екипи на овој клуб. Тој и во иднина ќе игра за помладите категории и тоа најчесто со две или три години повозрасни противници, но воопшто нема да биде изненадување ако во скоро време го облече и дресот на сениорскиот тим на гигантот од Каталонија. Но, Симиќ јуниор да дебитира дури и на следниот дуел на Барса нема да биде најмладиот Македонец во Евролигата. Тоа и понатаму ќе остане Александар Угриновски, поранешен кошаркар на Цибона, кој има и хрватски пасош и кој првиот настап во најсилното клупско натпреварување го имаше во 2004 гоидина со 15 години и 266 дена. Тој дури 15 години го имаше епитетот најмлад дебитант во историјата на Евролигата, по што беше „детронизиран“ лани во февруари од Црногорецот Федор Жугиќ, кој со 15 години и 157 дена настапи во дресот на Будуќност.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/feed/ 0
Македонскиот кошаркарски талент Теодор Симиќ потпиша за Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskiot-kosharkarski-talent-teodor-simikj-potpisha-za-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskiot-kosharkarski-talent-teodor-simikj-potpisha-za-barselona/#respond Mon, 27 Aug 2018 10:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=92605

Младиот македонски кошаркар Теодор Симиќ својата кариера ќе ја продолжи во младинскиот погон на шпанскиот гигант Барселона. Трансферот го објавија шпанските медиуми, како и специјализираниот сајт за кошарка „Спортандо“. Симиќ кој е роден 2004 година е најавен како еден од најголемиот македонски таленти кој има потенцијал за НБА лигата. Тој беше најдобар играч на македонската репрезентација до 14 година која викендот настапи на турнирот „Словенија Бол“ и го освои 6. место.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskiot-kosharkarski-talent-teodor-simikj-potpisha-za-barselona/feed/ 0