Теона Стругар Митевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 09:14:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Теона Стругар Митевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Најсреќниот човек на светот“ освои три награди на филмски фестивал во Словенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-osvoi-tri-nagradi-na-filmski-festival-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-osvoi-tri-nagradi-na-filmski-festival-vo-slovenija/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:14:50 +0000 https://kurir.mk/?p=753690

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар-Митевска на вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, Словенија, освои три награди. Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда „Весна“ за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар словенечки филм со исклучок од жирито „Најсреќниот човек на светот“ доби две награди: „Весна“ за најдобар костим доби словенечката костимографка Моника Лорбер, која е долгогодишен соботник на нашата режисерка Стругар-Митевска, и награда „Весна“ за најдобра шминка за Мојца Горогранц-Петрушевска. Овие две награди најчесто им се доделуваат на словенечки автори за словенечки филмови, а не на малцински копродукции, но со одлука на жирито тие се доделени за „Најсреќниот човек на светот“. Во петокот филмот имаше премиера и на Филмскиот фестивал во Загреб. По македонската премиера во четвртокот, филмот се прикажува на редовниот репертоар на кино „Милениум“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-osvoi-tri-nagradi-na-filmski-festival-vo-slovenija/feed/ 0
Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември премиерно ќе биде прикажан на Фестивалот во Венеција, потоа и во Торонто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/#respond Tue, 30 Aug 2022 17:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=726166

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември во 14:15 часот во киносалата „Darsena“ ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а на 3 септември во 13:30 часот ќе биде прикажан во киносалата „Palabiennale“. По две децении, ова е прво учество на државава со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е не опходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, 40-годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Веднаш по Фестивалот во Венеција, „Најсреќниот човек на светот“ ќе има и северноамериканска премиера на International Film Festival во Торонто, кој ќе се одржи од 8 до 18 септември. Официјалните проекции ќе се одржуваат на 9 септември во киносала „ Scotiabank 13 – 310“ со почеток во 21:15 часот, и на 10 септември во киносала „Scotiabank 9 – 192“ со почеток во 21:45 часот. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-2-septemvri-premierno-kje-bide-prikazan-na-festivalot-vo-venecija-potoa-i-vo-toronto/feed/ 0
„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе учествува на Венецијанскиот филмски фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/#respond Tue, 26 Jul 2022 12:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=710370

Долгометражниот филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе учествува на годинешниот Венецијански филмски фестивал. Станува збор за прво учество на нашата држава со мнозински проект, во една од официјалните натпреварувачки програми по речиси триесет години. „Најсреќниот човек на светот“ е во натпреварувачката програма „Хоризонти“, а ќе се натпреварува со уште 18 до 20 филма, за наградите за најдобра режија, најдобар филм, најдобра машка или женска улога, најдобро сценарио и специјална награда од жирито. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Лабина Митевска. Станува збор за копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски на денешната прес-конференција посочи дека македонскиот филм ниже успеси, а доказ за тоа се, како што рече, бројните учества на реномирани фестивали, како и номинациите и наградите кои ги добиваат. -Изминативе неколку години, македонскиот филм учествуваше на сите најзначајни фестивали, во Европа и сите позначајни фестивали на светско ниво. Но, не учествуваше со фразата „Битно е да се учествува“, туку освои големи значајни награди на истите овие фестивали, рече Лазаревски. Според директорот на Агенцијата за филм, македонските филмаџии веќе имаат стил кој се препознава во светски рамки. -Самата селекција во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал за „Најсреќниот човек на светот“ е огромен успех, сам по себе. Очекуваме пред сè одлично претставување, но се надеваме и на награди, бидејќи веруваме во овој филмски проект, додаде Лазаревски. Продуцентката Лабина Митевска денеска информираше дека „Сестри и брат Митевски“ продукција ја продолжи соработката со еден од најголемите светски продажни агенти, францускиот „Пирамид“. -Јас пред 30 години ја имав таа чест да бидам во Венеција со „Пред дождот“, а следната година беше „Прашина“ на Милчо Манчевски. Лично, имам многу силна сентиментална врска со Венецијанскиот фестивал. Таму, уште како тинејџерка, прв пат стапнав на црвениот килим и бев неповратно маѓепсана и досега се немав вратено со свој филмски проект и се разбира дека чувствувам неверојатна возбуда од самата помисла дека „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ме носи повторно на Лидо, на еден од трите најзначајни и најпрестижни фестивали, изјави Митевска на прес-конференцијата. Филмот се снимаше на локации претежно во Скопје во рок од пет недели, во просториите на Универзитетската библиотека „Св.Кирил и Методиј“, а недела дена во Сараево. Дел од подготовките се одвиваа во Словенија, додека постпродукцијата се работеше во Данска, монтажа и обработка на звук и слика, и дизајнот на звукот во Белгија. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. И овој пат на филмот работеше доминантна женска екипа. Косценарист на Теона е Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, повторно десната рака на Теона е сценографот Вук Митевски, костимите на долгогодишниот соработник на Теона од Словенија Моника Лорбер и шминката на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажер на филмот е Пер Киркегард, од Данска, а дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Раша Петровиќ, директор на филм Елена Станишева. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-kje-uchestvuva-na-venecijanskiot-filmski-festival/feed/ 0