теории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Feb 2020 07:56:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png теории – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО предупредува за теории на заговор за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-teorii-na-zagovor-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-teorii-na-zagovor-za-koronavirusot/#respond Tue, 11 Feb 2020 07:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=302159

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека „троловите и теоретичарите на заговори“ ги поткопуваат нејзините напори во борбата против смртоносниот коронавирус. Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гребрејесус им рече на новинарите дека „дезинформациите уште повеќе ја отежнуваат работата на нивните херојски работници“. – Исто така би сакал да зборувам и за важноста на фактите, а не за стравот. Луѓето треба да имаат пристап до точни информации за да се заштитат себе си и другите, рече директорот на СЗО, додавајќи дека дезинформациите околу новиот вид коронавирус, официјално наречен 2019-nCoV, „предизвикуваат конфузија и шират страв во пошироката јавност“, – Ние во СЗО се бориме не само со вирусот, туку и со тролови и теоретичари на заговори кои го поткопуваат нашиот одговор. Како што вели насловот во денешен „Гардијан“, дезинформациите за коронавирусот би можеле да бидат најзаразна работа во врка со него, рече директорот на СЗО. Во таа колумна во „Гардијан“, епидемиологот Адам Кучарски тврди дека најдобриот начин за борба против лагите околу вирусот е да се третираат како вистински вирус. Кучарски објасни дека, исто како и т.н. репродуктивен број – односно просечниот број на луѓе кои ги заразува заразени лице, кај коронавиорусот е два, „репродуктивниот број“ кај ширењето на вирална содржина на социјалните мрежи исто така е околу два. Тој додаде дека технолошките компании користат слична тактика за борба против лажните вести како оние што ги користат епидемиолозите за да спречат епидемија. Со оглед на тоа што отстранувањето на сите лажни вести е речиси невозможно, тие наместо тоа се фокусираа на намалување на бројот на луѓе што би можеле да бидат изложени на штетни содржини. Така, Гугл се обидува да ја намали изложеноста на луѓето на дезинформации за тековната епидемија со покажување линкови до веродостојни медицински извори кога корисниците преку Гугл бараат информации за вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-teorii-na-zagovor-za-koronavirusot/feed/ 0
YouTube ќе покажува помалку видеа со теории за заговор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/youtube-kje-pokazuva-pomalku-videa-so-teorii-za-zagovor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/youtube-kje-pokazuva-pomalku-videa-so-teorii-za-zagovor/#respond Mon, 28 Jan 2019 15:16:33 +0000 https://kurir.mk/?p=157481

Платформата YouTube соопшти дека ќе престане да препорачува толку многу видеа кои вклучуваат конспиративни теории и други лажни тврдења. На овој начин компанијата се обидува да одговори на тековните критики, дека нејзините алгоритми помагаат во ширењето на дезинформации, пишува Wall Street Journal. Видеа кои може да ги „дезинформират корисниците на штетни начини“, како оние кои тврдат дека Земјата е рамна или отвораат сомнеж за тоа кој стои зад терористичките напади од 11 септември, веќе нема да бидат препорачувани со ист интензитет. Промените во алгоритмите се направени по години поплаки дека YouTube промовира теории на заговор. Компанијата одамна тврди дека работи на тоа да се справи со проблемот во својата платформа, но така и немаше сериозен развој по случајот. Видеоплатформата почна да нуди повеќе авторитентни извори на вести за големи настани по смртоносното пукање во Лас Вегас во октомври 2017 година, кога беа пуштени повеќе видеа со дезинформации. Со најновите промени, проблематичните видеа сѐ уште може да се препорачаат, но не толку често како порано, велат од YouTube. Луѓето од компанијата и надворешните експерти ќе помогнат да се одреди квалитетот на видеото и ќе ги научат системите кои видеа да ги промовираат понапред, во однос на другите, јави организацијата. YouTube тврди дека таргетира видеа, кои не секогаш ги прекршуваат правилата на нејзината заедница, но се блиску до тоа. Помалку од 1 отсто од целата библиотека на YouTube паѓа во оваа нова категорија видеа „на граница“, велат од компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/youtube-kje-pokazuva-pomalku-videa-so-teorii-za-zagovor/feed/ 0