теренски посети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Mar 2018 09:10:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png теренски посети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски од Дојран: Заев нанесува голема штета на економијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со решенија за поблемите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-dojran-zaev-nanesuva-golema-shteta-na-ekonomijata-vmro-dpmne-kje-izleze-so-reshenija-za-poblemite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-dojran-zaev-nanesuva-golema-shteta-na-ekonomijata-vmro-dpmne-kje-izleze-so-reshenija-za-poblemite/#respond Thu, 22 Mar 2018 09:10:07 +0000 http://kurir.mk/?p=32072

Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран. Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните. Тој најпрво истакна дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги брани националните интереси на државата и ќе работи посветено и одговорно се со цел подобар и поквалитетен живот за сите граѓани во Македонија. Мицкоски посочи дека моменталната влада на СДСМ нема реализирано ниту еден капитален проект од кои придобивка ќе имаат граѓаните додавајќи дека оваа влада мора да замине час поскоро зошто не работи ништо. -На безнадежноста ќе дојде крај, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сеопфатна и опсежна програма која мора да биде најдобра досега, со реални решенија зад кој ќе седи нашиот кредибилитет и кон која ќе се обврземе и лично, истакна Мицкоски. -Имаме економско цунами кое ни го приредија Заев, Тевдовски и Анѓушев. Имаме пад на индустриското производство, имаме за 100 милиони евра помалку странски инвестиции во 2017 година, споредбено со 2016 година. 566 милиони евра не задолжија од почетокот на годината па до сега. 1 200 евра секое семејство плус го задолжија за само два ипол месеци. Државните резерви ги стопија за 277 милиони евра. Ако го погледате статистичкиот извештај од заводот за статистика ќе видите дека падот на невработените во четвртиот квартал е ист како и третиот квартал, што значи имаме стагнација, рече претседателот Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-dojran-zaev-nanesuva-golema-shteta-na-ekonomijata-vmro-dpmne-kje-izleze-so-reshenija-za-poblemite/feed/ 0
Мицкоски: Македонија е киднапирана и срушена држава, тргнуваме на терен и ќе понудиме алтернатива на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-kidnapirana-i-srushena-drzava-trgnuvame-na-teren-i-kje-ponudime-alternativa-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-kidnapirana-i-srushena-drzava-trgnuvame-na-teren-i-kje-ponudime-alternativa-na-gragjanite/#respond Sun, 18 Mar 2018 14:10:47 +0000 http://kurir.mk/?p=30940

Во Македонија не се живее подобро. Стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа. Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани. Не е само проблемот што не решаваат потешкотии, не носат нови проекти, не реализираат ветувања, туку суштината е што не работат апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле. Политичко, економско, социјално, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. Тој посочи дека имаме деградиран политички и правен систем каде упадите, кршењата и непочитувањатa стануваат пракса. Оние кои како опозиција палеа, фарбаа, тепаа полиција сега кршат закон, устав и  деловник. СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Погледнете, најпрво го узурпираа собранието, ги прекршија сите можни процедури во собранието само за да го донесат неуставниот закон за јазици, и откако на сила го изгласаа, а Претседателот Иванов се одлучи да го заштити Уставот тие тргнаа во офанзива да го напаѓаат дека го крши уставот. И ова е еден доказ за изместените вредности, вели Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека има неуставен закон за јазици кој како со нож го дели ова општество. Потег кој наместо да направи општество за сите, создава поделено општество. -Држава во која народните избраници кои го изгласале законот за јазици полицијата ги чува од сопствениот народ. Дополнително дел од нив јавно си кажуваат дека седеле дома за да не провоцираат Значи, свесни се дека тоа што го направија е провокација и е далеку од здравиот разум. Имаме држава на премиер со концесии. Во моментот имаме ситуација каде едниот коалиционен партнер му ја држи главата на Заев под вода и на него му снемува воздух. Човекот враќа долгови и тоа освен што е штетно за државата е трагично да се гледа. Како волјата за власт по секоја цена го корумпира човекот. И додека ова се случува. Нема поголеми плати пензии. Коморите се жалат. Синдикатите се жалат, земјоделците се жалат. Младите забрзано се иселуваат дополнително разочарани од животов што дојде. Хаос владее насекаде. Нема ден да одмине без некој нов скандал. Народот оправдано е зачуден или подобро шокиран, дециден е тој. Мицкоски посочи дека денес Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, уставот, а главната одлика им е рушењето. Што е она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи:  Ние спремаме најдобра програма досега, со тим домашни и странски експерти. Се екипираме. Се приклучуваат многу нови луѓе на дневна основа. Многу брзо ги обзнануваме и ќе ги обзнаниме советите кој што ќе членуваат професори истакнати професионалци, академици. Ние работиме да му понудиме на народот алтернатива. Енергијата расте, бидејќи Македонија заслужува подобро. Од утре сакам да ја информираме јавноста дека исто така продолжувам со теренските посети. Природната средина на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде теренот меѓу граѓаните. Ќе одам во град, во село, од куќа до куќа, и ќе разговараме со народот. Гласот на народот мора да биде слушнат, ќе разговараме и понудиме решенија. Остануваме со народот во сите предизвици и заедно ќе дојдеме до излезот кој ќе значи оваа власт да си замине, посочи Мицкоски. Тој додаде дека Македонија нема време за чекање и не смееме да дозволиме уште една генерација да загубиме. Потребна е нова сила за Македонија. Нова надеж за Македонија. Народот во Македонија заслужува подобро и Македонија заслужува подобро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-kidnapirana-i-srushena-drzava-trgnuvame-na-teren-i-kje-ponudime-alternativa-na-gragjanite/feed/ 0
Мицкоски од Вељуса: Минуваат 10 месеци на понижувања, урнисување на претходно изграденото, опустошување на економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-veljusa-minuvaat-10-meseci-na-ponizuvanja-urnisuvanje-na-prethodno-izgradenoto-opustoshuvanje-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-veljusa-minuvaat-10-meseci-na-ponizuvanja-urnisuvanje-na-prethodno-izgradenoto-opustoshuvanje-na-ekonomijata/#respond Tue, 13 Mar 2018 20:49:24 +0000 http://kurir.mk/?p=29714

Поминаа 10 месеци на понижувања, омаловажувања урнисување на сето она што било создавано не само во оние 11 години додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, туку на сето она што се создавало 27 години, па и на 45 претходно па и векови наназад. Имаме за жал, власт па и човек за жал од овој крај што нема ни малку чувство за она што се вели нација, Македонија и сето она што е поврзано со нашиот народ и нашата држава се труди да го урниса со своите постапки, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со жителите на Вељуса. Тој истакна дека ветуваа 5% раст намалување на невработеноста ветуваа перспектива за младите, ветуваа дека оние пола милион луѓе што ја напуштиле својата татковина ќе ги вратат веднаш кога ќе дојдат на власт, ветуваа брзи странски инвестиции, ветуваа живот. -Но за жал ниту живот видовме ниту подобар живот дојде. Видовме само осиромашување и катастрофа. Македонија е цврсто закована на дното по растот на БДП од 0%. Нема држава на Балканот вклучувајќи ги Албанија, Косово, Грција, Србија, Бугарија, нема држава во регионот со 0% раст на економијата како нашата. Нема држава во регионот која што има 100 милиони евра странски инвестиции помалку споредно со 2016-тата година. Имаме една катастрофа што ни се случува. Имаме поништување на развојни постапки кои што претходните им го оставиле. Имаме стопирање на градежниот сектор за 30% помалку од тоа што било порано. Имаме 30% помало индустриско производство од она што било помалку од претходното. Имаме катастрофа во економијата што ни се случува. Ниту платите ги покачија до 30 илјади денари, ниту пак докторите имаат 100 илјади денари месечно, ниту пензионерите добија 10% повисоки пензии како што ветуваа, а ниту земјоделците добија повисоки субвенции од она што го ветуваа. Ниту животот дојде, ниту реформите се случија во здравството, ниту во образованието ниту пак имаат намера тоа да го прават, нагласи Мицкоски. Тој истакна дека ова го зборува пред се како човек како граѓанин на оваа држава и универзитетски професор кому му поминале илјадници студенти низ раце владее апатија. -Секојдневно добивам пораки дали тоа биле мои пријатели дали мои поранешни студенти дека на ова зло мора да му дојде крајот. Првата моја задача откако ја превземав улогата на претседател на ВМРО-ДПМНЕ е како на светот да му докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е современа партија и е столб на државноста во Република Македонија и дека има просперитетни идеи и дека нуди развој на Република Македонија односно да ја извадиме од изолација. Поминав многу центри. Поминав во Вашингтон, Будимпешта поминавме секаде низ регионот бевме во Белград, Загреб, Љубљана, Софија ќе поминеме уште неколку центри во меѓувреме ќе поминеме во Париз и Берлин. Тоа беше нашата мисија како ВМРО-ДПМНЕ повторно да застане на маса како да ја извадиме од онаа магла од онаа завеса која беше создавана на неприципилен начин од истите оние луѓе кои и го правеа ова на Република Македонија. И успеавме во тоа. Успеавме да им докажеме и во Вашингтон и во Брисел и во Лондон, Париз, Берлин дека ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, дека ВМРО-ДПМНЕ е партија за народот и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која може да биде гарант за развиена и економски силна Република Македонија, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-veljusa-minuvaat-10-meseci-na-ponizuvanja-urnisuvanje-na-prethodno-izgradenoto-opustoshuvanje-na-ekonomijata/feed/ 0
Мицкоски на средба со жителите на Конче: Бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/#respond Tue, 13 Mar 2018 18:26:50 +0000 http://kurir.mk/?p=29672

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по Струмица теренската посета ја продолжи во Конче каде имаше состанок со жителите и со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Конче. -Разговаравме за нивниот живот, условите и предизвиците со кои се соочуваат. Ми раскажаа за нивните маки, за проблемите во земјоделието и тешките услови за живот. Велат, бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт. Тоа мора да се промени. Конче мора да добие шанса за развој и да биде во фокусот на вниманието на властите како што мора да бидат и сите други делови од нашата држава, Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mickoski-na-sredba-so-zitelite-na-konche-besperspektivnosta-i-ignoriranjeto-od-vladata-se-rabotite-koi-go-zgolemuvaat-nivniot-revolt/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нови решенија кои ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-kje-ponudi-novi-reshenija-koi-kje-znachat-nova-sovremena-tehnoloshki-razviena-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-kje-ponudi-novi-reshenija-koi-kje-znachat-nova-sovremena-tehnoloshki-razviena-republika-makedonija/#respond Tue, 13 Mar 2018 16:23:04 +0000 http://kurir.mk/?p=29650

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес ги започна теренските посети низ Македонија. Како што истакна неговите активности ќе се одвиваат насекаде низ Република Македонија, преку посети на градовите и селата. -Посетите на општинските комитети каде што очекуваме да собереме голем број на идеи кои што понатаму ќе бидат навигација во новата програма која што ВМРО-ДПМНЕ после завршувањето на овие теренски посети ќе ја промовира во Република Македонија и ќе понуди нови решенија кои што ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија. Решенија кои што ќе гарантираат подобра иднина за земјоделците, лекарите, адвокатите, студентите младите луѓе во целост, истакна Мицкоски по денешната посета на Струмица. Тој истакна дека сите оние целни групи кои што се разбира очекуваат резултати, очекуваат подобар живот во Република Македонија, но она што го добиваат денеска разочарувања и понижувања на дневна основа. -Токму од Струмица ја започнувам оваа теренска посета и имав дружење со младите од овој град. Младите ме информираа за сета онаа ситуација која што се случува во Република Македонија, поготово во нивниот град. Разговаравме околу актуелните политички и економски теми, а посебно се загрижени за застојот во економијата бидејќи не гледаат перспектива со ваква економија која што е на дното во Европа навистина се загрижени за својата иднина. Ние не смееме да дозволиме уште една генерација да изгубиме. Изгубивме многу генерации, не смееме да изгубиме уште една генерација. И токму  затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ помеѓу нив да собере идеи, да собере предлози кои што понатаму заедно со оние кои што веќе ги имаме разработено да ја креираме таа нова програма која што ќе донесе нова надеж за подобра иднина и поквалитетна иднина за сите граѓани во Република Македонија, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски додаде дека генерално посетата продолжува. -Ќе имаме состаноци со останати целни групи. Денот продолжува со општинските комитети во Конче потоа со месниот комитет во Велјуса тука во Струмица и на крајот на денот ќе завршиме со состанок во општинскиот комитет во Струмица. Во меѓувреме ќе имаме состаноци со повеќе целни групи кои што очекуваме голем број на предлози и идеи, посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-kje-ponudi-novi-reshenija-koi-kje-znachat-nova-sovremena-tehnoloshki-razviena-republika-makedonija/feed/ 0
Мицкоски: Македонија тоне, народот не гледа перспектива- од денес почнувам со посети на терен, да го чујам гласот на народот затоа што заслужува подобро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-tone-narodot-ne-gleda-perspektiva-od-denes-pochnuvam-so-poseti-na-teren-da-go-chujam-glasot-na-narodot-zatoa-shto-zasluzuva-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-tone-narodot-ne-gleda-perspektiva-od-denes-pochnuvam-so-poseti-na-teren-da-go-chujam-glasot-na-narodot-zatoa-shto-zasluzuva-podobro/#respond Tue, 13 Mar 2018 12:21:07 +0000 http://kurir.mk/?p=29534

Во изминатите 10 месеци видовме како Македонија стагнира во сите области. Нема проекти, нема нови идеи, нема работа, ниту пак реформите кои самите ги ветуваа сега ги реализираат. Ништо не се работи, ниту создава. А не се работи затоа што имаме неспособност во секое поле. Неспособност да се зајакне економијата, неспособност да го унапредат земјоделието, да ги реформираат здравството и судството, да обезбедат поквалитетно образование, неспособност да ја придвижат Македонија кон Европската Унија. Ова денес го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави дека од денес тргнува во теренски посети за да го чуе гласот на народот. -Таквото однесување претставува коцкање со иднината на сите граѓани, а Македонија не смее да си дозволи уште една загубена генерација. И додека Македонија тоне македонскиот граѓанин едвај врзува крај со крај. Тоа мораме да го промениме. Јас во периодот кој следува, почнувајќи од денес огромен дел од моето време ќе го посветам на теренските посети, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните. Ќе бидам присутен во секој град, во селата, населбите, улиците, во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ да го чујам гласот на народот, да разговараме за иднината на државата, затоа што Македонија заслужува и мора подобро. Салонската политика е едно, а вистинската слика лежи меѓу обичниот народ, помеѓу граѓаните, истакна Мицкоски. Тој порача дека на Македонија и треба млад и способен кадар и дека земјава нема време за чекање. - Македонија нема време за чекање, не смееме да дозволиме уште една генерација да загубиме. На Македонија и треба нов, млад и способен кадар. ВМРО-ДПМНЕ има кадар, има програма која се подготвува од домашни и странски експерти. Потребна е нова сила за Македонија. Нова надеж за Македонија. Народот заслужува подобро. Македонија заслужува подобро, секој град и село заслужуваат подобро. Луѓето во нив заслужуваат подобро. Македонија која ќе донесе донесе радост, среќа и подобра иднина, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-tone-narodot-ne-gleda-perspektiva-od-denes-pochnuvam-so-poseti-na-teren-da-go-chujam-glasot-na-narodot-zatoa-shto-zasluzuva-podobro/feed/ 0