Тереза ​​Кофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 20:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тереза ​​Кофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерка исмеана: Им предложи на граѓаните да јадат ротквици поради недостиг на зеленчук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerka-ismeana-im-predlozhi-na-graganite-da-jadat-rotkvitsi-poradi-nedostig-na-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerka-ismeana-im-predlozhi-na-graganite-da-jadat-rotkvitsi-poradi-nedostig-na-zelenchuk/#respond Thu, 23 Feb 2023 20:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=804347

Британската министерка за животна средина Тереза Кофи денеска беше предмет на потсмев затоа што предложи граѓаните да јадат ротквици поради недостигот на овошје и зеленчук, особено домати и пиперки. Поради недостигот, продавниците ги ограничија количините на овошје и зеленчук што им ги продаваат на купувачите поединечно, за да има доволно за сите. Недостигот е последица на лошите временски услови во јужна Европа и северна Африка, од каде се увезуваат овошје и зеленчук, соопшти Британската федерација на трговци на мало. Тереза Кофи денеска во парламентот изјави дека недостигот може да трае две до четири недели. - Супермаркетите сè уште увезуваат премногу производи … Всушност, треба да јадеме повеќе сезонски производи и да ги поддржуваме нашите британски фармери, одговори Селен Саксби, пратеничка на британската владејачка Конзервативна партија. - Важно е да ги негуваме специјалитетите што ги имаме во оваа земја, и одговори министерката и додаде дека многу луѓе треба „да јадат ротквици наместо да размислуваат за зелена салата, домати или слични работи“. Министерката додаде дека разбира оти потрошувачите сакаат широк избор во текот на годината. Нејзината изјава наиде на критики, поради што неименуван портпарол на британската влада застана зад неа велејќи дека сакала да ги истакне домашните производи. – На крајот на краиштата, поединци треба да одлучат каква храна сакаат да купат, додаде портпаролот, нагласувајќи дека недостигот не е последица на повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerka-ismeana-im-predlozhi-na-graganite-da-jadat-rotkvitsi-poradi-nedostig-na-zelenchuk/feed/ 0
Кофи: Првите совети за коронавирусот од експертите беа погрешни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kofi-prvite-soveti-za-koronavirusot-od-ekspertite-bea-pogreshni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kofi-prvite-soveti-za-koronavirusot-od-ekspertite-bea-pogreshni/#respond Tue, 19 May 2020 13:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=347871

Британската министерка за труд и пензии Тереза ​​Кофи денеска изјави дека советите на експертите на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот биле погрешни и оти тие можеби доведоа до грешки во реакцијата на Владата на пандемијата. Министерката ова го кажа во гостување во утринската програма на телевизијата „Скај њуз“ на прашањето дали сега може да се каже дека, поради сè, бил погрешен е пристапот за спречување на заразата во домовите за стари луѓе, од кои некои беа сериозно погодени од пандемијата. – Одлуките можете да ги носите само врз основа на информации и совети што ги имате во даден момент. Ако науката згреши, погрешни биле и советите давани во тоа време, рече Кофи. – Не сум изненадена ако луѓето мислат дека донесовме погрешна одлука, но решенијата мора да ги носите врз основа на она со што располагате, додаде таа. Според „Скај њуз“, постапките на Владата во Лондон по избувнувањето на пандемијата се засновале врз препораките на експертите од една советодавна научна група за вонредни ситуации, а применетиот пристап беше доведен во прашање од група пратеници од повеќе партии. Во својот извештај, пратениците посочија, меѓу другото, дека капацитетите за тестирање на коронавирусот биле несоодветни, како и дека првичната одлука за запирање на тестирање на населението била меѓу оние што довеле до најтешки последици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kofi-prvite-soveti-za-koronavirusot-od-ekspertite-bea-pogreshni/feed/ 0