Тереза ​​Меј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jun 2019 13:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тереза ​​Меј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тереза Меј запрепастена: Британски државен секретар суспендиран поради напад на активистка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-zaprepastena-britanski-drzaven-sekretar-suspendiran-poradi-napad-na-aktivistka-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-zaprepastena-britanski-drzaven-sekretar-suspendiran-poradi-napad-na-aktivistka-video/#respond Fri, 21 Jun 2019 13:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=211525

Државниот секретар во британското Министерство за надворешни работи, Марк Филд, денеска е суспендиран додека ја чека истрагата затоа што ја фати за врат и ја турна активистката на „Гринпис“, која протестира против климатските промени прекинувајќи го говорот на британскиот министер за финансии, Филип Хамонд. „Премиерката ја виде снимката и смета дека е многу загрижувачка“, изјави портпаролката на британската премиерка, Тереза ​​Меј, пренесува „Ројтерс“. Претседателот на Конзервативната партија, Брендон Луис, изјави дека Филд е под истрага на владата и дека е многу тешко да се брани снимката, но дека истрагата ќе се справи со сите детали за тоа што се случило. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-zaprepastena-britanski-drzaven-sekretar-suspendiran-poradi-napad-na-aktivistka-video/feed/ 0
Борис Џонсон го зајакна водството за лидер на британските конзервативци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/#respond Wed, 19 Jun 2019 17:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=210919

Борис Џонсон го зголеми своето водство по третиот круг гласање на конзервативните пратеници за наследник на Тереза Мај како лидер на партијата. Секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт, за кој многумина сметаа дека е најблиску до центарот и најпрогресивен од петтемина кандидати, испадна од трката со само 27 гласа од 313 пратеници. Евросептикот Џонсон го зголеми бројот на гласови на 143, од 126 колку што имаше во вториот круг. Во следниот круг гласање влегуваат и Џереми Хант со 54 гласови, Мајкл Гоув со 51 и Саџид Џавид со 38 гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dzonson-go-zajakna-vodstvoto-za-lider-na-britanskite-konzervativci/feed/ 0
Меј ќе ја достави оставката до кралицата Елизабета, која пак ќе го назначи новиот премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-kje-ja-dostavi-ostavkata-do-kralicata-elizabeta-koja-pak-kje-go-naznachi-noviot-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-kje-ja-dostavi-ostavkata-do-kralicata-elizabeta-koja-pak-kje-go-naznachi-noviot-premier/#respond Thu, 13 Jun 2019 08:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=208673

Конзервативните пратеници во Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе го одржат првиот круг на гласање за избор на нов лидер на владејачката Конзервативната партија. Во трката за наследник на досегашната лидерка на конзервативците и актуелна британска премиерка Тереза Меј се десет кандидати, меѓу кои 313-те пратеници треба да го изберат новиот прв човек на партијата. Изјаснувањето на пратениците е тајно и по денешното гласање од трката ќе испаднат кандидатите што ќе освојат помалку од 16 гласови. Доколку сите кандидати го надминат цензусот од 16 гласа, од понатамошната трка испаѓа оној претендент за партиски лидер што ќе освои најмалку гласови. Според букмејкерите, главен фаворит за нов лидер на конзервативците е поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, кој на референдумот за Брегзит во 2016 година ја предводеше кампањата на поддржувачите на истапувањето на Велика Британија од ЕУ. По Џонсон, најмногу шанси за победа им се даваат на актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант и на поранешната претседавачка на Долниот дом на Парламентот, Андреа Лидсам. Во трка за нов лидер на конзервативците се и актуелните министри за животна средина Мајкл Гоув, за здравство Мет Ханкон, за внатрешни работи Саџид Џавад и за меѓународен развој Рори Стјуарт, како и поранешните министри за Брегзит, Доминик Раб, за пензии Естер Меквеј и за миграција Марк Харпер. Гласањето за избор на нов прв човек на Конзервативната партија ќе се спроведува во онолку круга сѐ додека во трката не останат само двајца кандидати. Се очекува овој процес на гласање да заврши до 20 јуни, по што на 22 јуни околу 160.000 делегати избрани од локалните организации на Конзервативната партија ќе гласаат за избор на партискиот лидер меѓу двајцата преостанати кандидати. По изборот на нејзиниот наследник на лидерската позиција, се очекува Тереза Меј да ја достави својата оставка на премиерската функција до кралицата Елизабета, која потоа ќе го назначи новоизбраниот конзервативен лидер за нов британски премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-kje-ja-dostavi-ostavkata-do-kralicata-elizabeta-koja-pak-kje-go-naznachi-noviot-premier/feed/ 0
Официјално стартува трката за наследник на Тереза Меј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/#respond Mon, 10 Jun 2019 07:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=207403

Првата фаза од трката за наследник на Тереза Меј официјално започна денеска со предавањето на кандидатурите што ќе треба да бидат поддржани од осум пратеници. Поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е фаворит за наследник Меј, предводен од Конзервативната партија, откако Меј во петокот поднесе оставка поради неуспехот за нејзиниот договор за брегзит во парламентот. Меј ќе остане премиерка до избор на нејзин заменик. Министерот за животна средина, Мајкл Гоув, и министерот за надворешни работи, Џереми Хант, официјално ги започнаа своите кампањи и се сметаат за главни конкуренти на Џонсон. Кандидатурите за трката за наследник ќе бидат затворени во 5 часот попладне. Вкупно 11 претставници објавија дека ќе се кандидираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-startuva-trkata-za-naslednik-na-tereza-mej/feed/ 0
Тереза Меј си заминува од премиерската функција, познато е кој би можел да ја замени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-si-zaminuva-od-premierskata-funkcija-poznato-e-koj-bi-mozel-da-ja-zameni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-si-zaminuva-od-premierskata-funkcija-poznato-e-koj-bi-mozel-da-ja-zameni/#respond Fri, 07 Jun 2019 09:36:54 +0000 https://kurir.mk/?p=206485

Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција во Конзервативната партија и од премиерската функција. Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија. Британскиот Парламент трипати го отфрли Договорот за Брегзит, за кој Меј со месеци преговараше со Брисел. Таа беше принудена да го пролонгира Брегзит неколку пати, а последниот утврден рок за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври. Меј оставката ја најави на 24 мај по низата обиди да ги убеди пратениците да го прифатат договорот за Брегзит. Таа на лидерската позиција на Конзервативната партија ќе остане сѐ до именување на нов партиски лидер, што е предвидено до крајот на јули. Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. Тој беше еден од главните заговорници на Брегзит. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-si-zaminuva-od-premierskata-funkcija-poznato-e-koj-bi-mozel-da-ja-zameni/feed/ 0
Тереза Меј со солзи во очите објави кога си заминува од функцијата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-so-solzi-vo-ochite-objavi-koga-si-zaminuva-od-funkcijata-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-so-solzi-vo-ochite-objavi-koga-si-zaminuva-od-funkcijata-video/#respond Fri, 24 May 2019 10:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=201487

Тереза Меј во 10 часот и 5 минути им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата премиер на 7 јуни. „Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убеди пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но, сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни“, рече Меј. Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник. За својата оставка ги извести соработниците, како и кралица, и рече дека се активирани механизми за избор на нејзин наследник. На крајот од говорот заплака. Тереза Мај во говорот изјави дека служењето како премиерка ѝ била најголемата чест во животот. „Бев втора премиерка во историјата на оваа земја, но сигурно не и последна“, рече таа. „Ми беше најголема чест во животот да ѝ служам на земјата што ја сакам“, рече Меј на крајот од говорот и почна да плаче. Се сврте и замина. Тереза Меј беше под се поголем притисок колку подолго траеа преговорите за брегзит. Најновите решенија на Меј за брегзит не им се допаднаа ни на нејзините членови на партијата, па притисокот стануваше се поголем. Британскиот парламент три пати го одби нејзиното решение за брегзит, нејзината влада ја напуштија бројни министри и неодамна оставка поднесе и Андреа Лидсом, претседателката на владејачката Конзервативна партија во Долниот дом на британскиот Парламент. Лидсом рече дека повеќе не го поддржува пристапот на владата кон процесот за излез од Европската унија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-so-solzi-vo-ochite-objavi-koga-si-zaminuva-od-funkcijata-video/feed/ 0
Британија: Се очекува Меј да објави датум за своја оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-se-ochekuva-mej-da-objavi-datum-za-svoja-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-se-ochekuva-mej-da-objavi-datum-za-svoja-ostavka/#respond Fri, 24 May 2019 07:53:25 +0000 https://kurir.mk/?p=201412

Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да го објави датумот за своја оставка, што ќе покрене „трка” за нов лидер, кој најверојатно ќе инсистира на поодлучен договор за брегзит, јавуваат британски медиуми. По речиси три години мандат како премиер, Меј денеска ќе има состанок со моќната конзервативна група наречена „Комитетот од 1922″, која,може да го постави или отстрани премиерот. Меј ќе остане на функцијата за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија кои траат околу шест недели. Изборната трка на конзервативците најверојатно ќе започне на 10 јуни, по посетата на претседателот Доналд Трам на Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-se-ochekuva-mej-da-objavi-datum-za-svoja-ostavka/feed/ 0
Меј: Избираме меѓу излез со договор и откажување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-izbirame-megju-izlez-so-dogovor-i-otkazuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-izbirame-megju-izlez-so-dogovor-i-otkazuvanje/#respond Sun, 07 Apr 2019 09:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=183427

Британската премиерка Тереза Меј  изјави дека сега постои јасен избор меѓу излез на Британија од Европската унија со договор и опција во која воопшто нема да дојде до Брегзит, јави весникот „Обзервер“.
-Со оглед на тоа што Парламентот покажа дека ќе запре излез на Британија без договор, сега имаме јасен избор: да ја напуштиме Европската унија со договор или воопшто да не излеземе, рекла Меј. -Колку подолго се развлекува сето ова, поголем е ризикот Обединетото Кралство воопшто да не излезе од ЕУ, изјавила таа. Британската премиерка Тереза Меј во петокот му испрати писмо на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кое побара одложување на Брегзит до 30 јуни со цел да им се овозможи на пратениците да го усвојат договорот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија. „Велика Британија предлага тој период да заврши на 30 јуни 2019 година“, напиша Меј. „Владата сака да договори распоред за ратификација кој ќе овозможи излегување на Велика Британија од ЕУ пред 23 мај 2019 и откажување на изборите за Европскиот парламент, но ќе продолжи да работи на одговорни подготовки за одржување на изборите доколку тоа се покаже невозможно“, наведе Меј. Претходно, висок неименуван функционер од ЕУ изјави дека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предлага да и се дозволи на Велика Британија „флексибилно продолжување“ од 12 месеци за напуштање на ЕУ. Таквиот предлог би и овозможил на Велика Британија во рок од 12 месеци, но и порано да ја напушти ЕУ доколку Парламентот на таа земја го ратификува договорот. Сепак, со тој предлог би требало да се согласат и останатите членки на средбата што ќе се одржи в среда, јави Би-Би-Си. Туск ќе ги убедува европските лидери дека на тој начин не би морале да се состануваат на неколку недели само за да го пролонгираат Брегзит. Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас потоа изјави дека одговор на новото барање на Меј за одлагање на Брегзит до 30 јуни може да дадат само шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ, кои ќе се сретнат в среда на 10 април во Брисел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-izbirame-megju-izlez-so-dogovor-i-otkazuvanje/feed/ 0
Тереза Меј се обидува договорот за Брегзит по четврти пат да го стави на гласање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-se-obiduva-dogovorot-za-bregzit-po-chetvrti-pat-da-go-stavi-na-glasanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-se-obiduva-dogovorot-za-bregzit-po-chetvrti-pat-da-go-stavi-na-glasanje/#respond Sat, 30 Mar 2019 08:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=180399

Британската премиерка Тереза Мај бара начин својот договор за Брегзит по четврти пат да го изнесе пред Парламентот на гласање в понеделник. Опцијата на премиерката нема да биде единствена на дневен ред в понеделник, туку британските пратеници ќе ги разгледаат и другите. Британски медиуми јавуваат дека не е исклучено сценарио во кое преку „лице в лице” ќе се најдат алтернативни предлози за Брегзит и планот на премиерката што трипати беше поразен пред Парламентот, и последен пат синоќа, кога му недостасуваа 58 гласови. Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, ја повика Меј да го промени својот договор за Брегзит или веднаш да поднесе оставка, додека Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која ја поддржува владата на Меј, продолжи да се спротивставува на нејзиниот договор. Facebook0TwitterEmail]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tereza-mej-se-obiduva-dogovorot-za-bregzit-po-chetvrti-pat-da-go-stavi-na-glasanje/feed/ 0
Би-Би-Си: Меј ќе поднесе оставка кога ќе се финализира Договорот за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-mej-kje-podnese-ostavka-koga-kje-se-finalizira-dogovorot-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-mej-kje-podnese-ostavka-koga-kje-se-finalizira-dogovorot-za-bregzit/#respond Wed, 27 Mar 2019 19:02:11 +0000 https://kurir.mk/?p=179586

Британската премиерка Тереза Меј им порача на пратениците од нејзината Конзервативна партија во Долниот дом на Парламентот во Лондон дека ќе се повлече од функцијата откако ќе се финализира договорот за Брегзит, јави Би-Би-Си. – Колку што се сеќавам таа рече дека нема да остане на функцијата за следната фаза од преговорите за Брегзит, што имплицира дека откако ќе помине Договорот за истапување, таа ќе му го препушти местото на некој друг, изјави за Би-Би-Си конзервативниот пратеникот Џејмс Картлиџ по средбата на Меј со пратениците од нејзината партија. Многу евроскептични пратеници на Конзервативната партија бараат Меј да поднесе оставка веднаш или да утврди датум за нејзино повлекување, во замена за нивна поддршка на Договорот за Брегзит што нејзината Влада го постигна со Брисел, а кој во два наврати беше отфрлен од Долниот дом. Претходно, како што јави ДПА, Владата на Меј не успеа да го спречи гласањето во Долниот дом за можните алтернативни решенија за истапувањето на Велика Британија од ЕУ. Пратениците со 331 глас „за“ и 287 „против“ го поддржа предлогот Долниот дом вечерва да одржи необврзувачки гласања за „алтернативите“ на Брегзит. Владата беше против ваквиот предлог тврдејќи дека спроведувањето на овие гласања би претставувало „загрижувачки преседан“. Шефицата на конзервативната пратеничка група во Парламентот, Андреа Лидсом, која по функција е и членка на Владата на Меј, пред гласањето ги предупреди пратениците да имаат предвид дека секој нов договор за Брегзит мора „да биде спроведлив“ и за него да се преговара со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-mej-kje-podnese-ostavka-koga-kje-se-finalizira-dogovorot-za-bregzit/feed/ 0