термин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jul 2021 07:24:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png термин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinacija-protiv-kovid-19-od-utre-bez-zakazan-termin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinacija-protiv-kovid-19-od-utre-bez-zakazan-termin/#respond Sun, 11 Jul 2021 07:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=534928

Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 години. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во тек на вчерашниот ден е извршена теренска вакцинација во Специјалниот завод Демир Капија, при што вакцина против Ковид-19 добија лицата со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Прва доза во овој завод добиле 155 корисници, од вкупно 171 корисник кои долгорочно престојуваат во установата и 55 вработени – По препорака од одговорниот лекар од тимот за вакцинација, преостанатите корисници ќе бидат дополнително вакцинирани штом нивната здравствена состојба го дозволи тоа. Вработените од заводот и центрите за социјална работа ги обезбедија потребните согласности за вакцинација од родителите или старателите на корисниците. Дополнително, 55 вработени кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за корисниците, исто така, примија прва вакцина против Ковид-19. Во текот на април, како дел од критичната инфраструктура, повеќе од половина вработени во заводот веќе беа заштитени од ковид-19 со две дози вакцина, сопштија од МТСП. Од Министерството за здравство информираа дека прва доза вакцина вчера примиле 7 751 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 9 213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245 231 граѓани. Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 54 проценти од населението над 70 години, 52 проценти над 65 години, 47 проценти над 60 години, како и 39 проценти од населението над 50 години. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје покажуваат дека во претходното деноноќие се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања. Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје. Починати пацинети како што соопштија од ИЈЗ вчера не се регистрирани, додека како оздравен е регистриран еден пациент од Прилеп. Како што изјави претходно министерот за здравство Венко Филипче, ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита. Фокусот според него треба да биде во вакцинацијата, а не во живеењето со рестрикции. Според најавата од Министерството за здравство, од утре треба да стартува и теренската вакцинација на населението преку мобилни пунктови, односно секој кој сака да се вакцинира ќе може тоа да го направи без закажан термин. Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk. Според препораките, за децата од 12 до 16 години за кои од денеска е дозволена вакцинација ќе се имунизираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство од производителот го дозволува тоа. -Вакцинирањето што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста и младите да го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход, порачуваат од Министерството за здравство. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 783. Бројката на оздравени пациенти е 150 124, на починати 5 487. Активни се 172 случаи со коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinacija-protiv-kovid-19-od-utre-bez-zakazan-termin/feed/ 0
Мoра да има термини за испрашување во училница: Проверката на знаењето ќе биде еден на еден, порачуваат наставниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mora-da-ima-termini-za-isprashuvanje-vo-uchilnica-proverkata-na-znaenjeto-kje-bide-eden-na-eden-porachuvaat-nastavnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mora-da-ima-termini-za-isprashuvanje-vo-uchilnica-proverkata-na-znaenjeto-kje-bide-eden-na-eden-porachuvaat-nastavnicite/#respond Wed, 19 Aug 2020 16:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=392728

Низа недоречености останаа во однос на почетокот на новата учебна година. И наставниците и родителите имаат безброј прашања на кои досега не добија одговори, но реакциите и револтот кај голем дел од нив не стивнуваат по вчерашната одлука само децата од 1 до 3 одделение со физичко присуство да следат настава во училиште, а поголемите ученици да учат онлајн. Допочнително, родителите на најмалите ќе имаат избор дали нивното дете ќе остане дома да следи настава онлајн или ќе оди во училиште Фактор поразговара и со наставници и со родители од спротивставените табори, за кои заедничко е дека се уште е голема енигма како ќе профункционира учебната година и каков кавлитет на образование ќе добијат учениците. Велат и дека дефинитивно непослушноста и недисциплината на најголемиот број граѓани во земјава доведоа до состојба Македонија и во текот на летото да биде кризна држава во која епидемијата не стивнува, што беше пресудно да се донесе ваква одлука. -Направивме веќе анкета и до сега се пријавија родители на 18 деца дека наставата ќе ја следат во училиште, максималниот број е 20. Но и за еден ученик ние мора да бидеме присутни и да предаваме и тоа е навистина добро зошто се плашевме дека поради тоа што имаат избор, може да се случи и никој да не се пријави да доаѓа во училиште. Сметам дека е добро што барем ние ќе влеземе во училиштето кое е празно цели шест месеци, бидејќи во години кога сме најпродуктивни не е во ред седиме дома. Наставниците работат со жива материја, ние не сме компјутерџии па цел ден да програмираме и да сме пред екраните. Моите ученици сега ќе бидат второ одделение, а тука се поставуваат основите на образованието, се учат буквите, броевите...И првото одделение има своја посебна специфика кога децата прв пат ососзнаваат што се обврски, училиште, наставници, социјализација, меѓусебно почитување, но велам во второ веќе почнува вистински образовниот процес. За оние кои нема да доаѓаат на училиште ќе ја користиме платформата ЗУМ, па практично се што сме предавале во улилница ќе го предадеме и на малите кои се дома. Би сакала да истакнам дека нив ќе мора некој да им помогне во однос на ракување со новите технологии и во ниту еден момент нема да биде исто да се совлада материјата како за децата кои ќе бидат физички присутни. Затоа, добро би било по завршување на наставата која ќе трае практично од 8 до 11 да се договараме со родителите да ги носат децата да ги испрашаме, да видиме како го совладуваат матерјалот, да им дообјасниме. Тоа би било работа еден на еден, или во група по две-три деца, нема зошто да се плашат кога сите мерки ќе бидат запазени. Нашето работно време не завршува на пладне, вели за Фактор оделенска наставничка во едно од скопските училишта која сакаше да остане анонимна. Прочитајте повеќе на Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mora-da-ima-termini-za-isprashuvanje-vo-uchilnica-proverkata-na-znaenjeto-kje-bide-eden-na-eden-porachuvaat-nastavnicite/feed/ 0