термини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 21:35:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png термини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познати сите парови и термини во осминафиналето на Мундијалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-site-parovi-i-termini-vo-osminafinaleto-na-mundijalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-site-parovi-i-termini-vo-osminafinaleto-na-mundijalot/#respond Fri, 02 Dec 2022 21:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=770433

Фудбалското Светско првенство ја мина својата прва фаза. По групите, паднаа скалповите на фаворизирани земји како Германија и Белгија, како и полуфиналистот од претходното Европско првенство, Данска. По комплетирањето на групната фаза, се формираа осминафиналните парови, по принципот прв против втор од две различни групи. Веќе во оваа фаза има неколку интересни пресметки, како Холандија со САД, Франција со Полска, Португалија со Швајцарија... Осминафинални парови на СП: Паровите се групирани како што вкрстуваат во следната фаза Горен дел на ждрепката: 3 декември Холандија - САД (16:00 часот) Аргентина - Австралија (20:00 часот) 5 декември Јапонија - Хрватска (16:00 часот) Бразил - Јужна Кореја (20:00 часот) Долен дел на ждрепката: 4 декември Англија - Сенегал (16:00 часот) Франција - Полска (20:00 часот) 6 декември Мароко - Шпанија (16:00 часот) Португалија - Швајцарија (20:00 часот) Осминафиналните средби тргнуваат уште утре, први ќе играат Холанѓаните со Американците, како и Аргентина со Австралија. Термините за натпреварите се истите, во 16:00 часот и во 20:00. На трети, четврти, пети и шести декември се играат осминафиналињата, па има пауза до деветти и десетти за четвртфиналето. Полуфиналињата се закажани за 13 и 14 декември, додека големото финале на 18.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-site-parovi-i-termini-vo-osminafinaleto-na-mundijalot/feed/ 0
Промена на термините за завршниците во ракометниот куп https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/promena-na-terminite-za-zavrshnicite-vo-rakometniot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/promena-na-terminite-za-zavrshnicite-vo-rakometniot-kup/#respond Thu, 29 Apr 2021 16:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=503880

Завршните турнири во машка и женска конкуренција во македонскиот ракометен Куп ќе стартуваат ден порано од првично објавениот датум и ќе се играат од 13 до 15 мај во Скопје, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Примената на термините доаѓа на барање на јавниот радиодифузен сервис МТВ, кој ќе врши директни преноси од двете полуфиналиња во машка конкуренција и финалните пресметки во машка и женска конкуренција. Согласно новите термините, на 13 мај актуелниот бранител на трофејот во машка конкуренција Металург ќе игра против актуелниот шампион Вардар, од 16:30 часот, додека Еурофарм Пелистер за пласман во финалето ќе игра против екипата на Бутел со почеток од 19 часот. Следниот ден на програмата се двете полуфиналиња во женска конкуренција, меѓу бранителот на трофејот Куманово и Металург (15:30) и Вардар против Чаир (18:00). Женско финале во ракометниот куп ќе се игра на 15 мај од 14:30 часот, додека машкото е на програмата од 17:30 часот. Домаќин на двата турнир е Металург во салата „Автокоманда“ во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/promena-na-terminite-za-zavrshnicite-vo-rakometniot-kup/feed/ 0
Лазаров: Филипче направи матичните лекари да играат „брзи прсти“ за закажување на термин за вакцина од сезонски грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-filipche-napravi-matichnite-lekari-da-igraat-brzi-prsti-za-zakazuvanje-na-termin-za-vakcina-od-sezonski-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-filipche-napravi-matichnite-lekari-da-igraat-brzi-prsti-za-zakazuvanje-na-termin-za-vakcina-od-sezonski-grip/#respond Thu, 12 Nov 2020 18:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=428710

„Имаме многу збунувачки пораки, препораки и одлуки кои се контрадикторни сами на себе. Кои што додатно прават револт на една веќе лоша ситуација каде што антивакциналното движење е доста интезивно. Не ни помагаат колеги со свои невнимателни изјави и многу треба да се внимава што се пласира како информација“, појасни доктор Ненад Лазаров при гостувањето во „24 Анализа“. Лазаров додаде дека владата не носи мерки кои помагаат на граѓаните. Владата со мерките оди од крајност во крајност, од еден гол на друг. „Потребна е стратегија, не треба толку чекање. Потребни се порестриктивни мерки бидејќи сега сме во фаза кај што не може да си играме, или да спречуваме, тоа веќе е поминато. Ние сега треба да правиме damage control“, нагласи Лазаров. Лазаров во своето гостување се осврна и на вакцините зе сезонски грип. „Проблемот настана во тоа што „Мој термин“ е многу убав систем за организирање на работата во медицината. Тоа го потврдија и со награди и го прифатија неколку други земји. На тој систем му недостигаат ресурси. Истото се случи и со вакцините. Тие пуштаат 3000 термини за цела Македонија кои што треба да ги опслужат 1622 матични лекари, а тоа се два клика. И точно тоа се случи. Во 6:30 харикирам пуштени термини тогаш, а во 6:33 нема термини веќе. Тоа беше веќе „брзи прсти“ матичните лекари станале во 6:30 за да фатата термини, резервираат термини и тоа сето е неправилно, без соодветна дисперзија, без редослед. Тогаш матичните работеле по принципот кој прв дојде до термин ќе опслужи пациенти“, рече Лазаров. Лазаров посочи дека тој имал 200 пациенти на список за вакцина, но не успеал ниту еден термин да фати за пациентите. А, тоа се случило на 90% од матичните лекари. „3000 вакцини за една држава се смешна работа. И преку медиуми матичните лекари дознале дека вакцини ќе имало и во петок. И тој ден пак ќе играат за „брзи прсти“. Матичните лекари за жал наместо да дознаваат од министерот, дознаваат од медиумите“, појасни Лазаров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-filipche-napravi-matichnite-lekari-da-igraat-brzi-prsti-za-zakazuvanje-na-termin-za-vakcina-od-sezonski-grip/feed/ 0
Објавени термините за следната сезона во Серија А https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaveni-terminite-za-slednata-sezona-vo-serija-a/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaveni-terminite-za-slednata-sezona-vo-serija-a/#respond Tue, 04 Aug 2020 06:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=385721

Сезоната 2020/21 година во Италијанскиот фудбалски шампионат ќе почзапочнува на 19 септември и завршува на 23 мај, соопшти прес-службата на лигата. – Советот на лигата едногласно одлучи дека новата сезона ќе започне викендот на 19 септември. Одлуката е донесена по одобрувањето на мнозинството клубови, стои во известувањето од Серија А. Претходната сезона во Италија заврши на 2 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/objaveni-terminite-za-slednata-sezona-vo-serija-a/feed/ 0
Хаос во здравствениот систем: За кои прегледи и операции ќе се изначекате, а кои нема ни да ги закажете? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-zdravstveniot-sistem-za-koi-pregledi-i-operacii-kje-se-iznachekate-a-koi-nema-ni-da-gi-zakazete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-zdravstveniot-sistem-za-koi-pregledi-i-operacii-kje-se-iznachekate-a-koi-nema-ni-da-gi-zakazete/#respond Sat, 02 Jun 2018 11:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=61343

Нема да чекате за прегледи во 85 здравствени установи каде што се работи на државен трошок, за 159 специјалности, но нема ни да закажете зашто нема термини . -Ќе се изначекате ако сакате на државен трошок да закажете поставување пејсмејкер за да ја стимулира работата на срцето, невропсихолошко тестирање, снимање со магнетна резонанција, со компјутерска томографија, ЕХО на дојка, на стомак, колоноскопија и гастроскопија за инвазивни прегледи на органите за варење. Нема да поминете полесно ако ви треба и дезинтометрија - преглед на состојбата на коските, ласерски интервенции на очи, електромиографија.  Воопшто нема да чекате за вакви прегледи во 85 здравствени установи каде што се работи на државен трошок (за 159 специјалности). Но нема ни да закажете зашто нема слободен термин за нив, покажуваат податоците на системот за евиденција и закажување во здравството „Мој термин“ од почетокот на месецов, анализира порталот Факултети. Каде нема термини?   Податоците за прв слободен термин во државата покажуваат дека за електромиографија се чека 140 дена, за невролошко тестирање - 48 дена, додека за поставување пејсмејкер – 43. За услуга од дефектолог-соматопед треба да поминат 20 дена, за скенирање со ПЕТ-компјутерски томограф, кој покажува малигни клетки – 14 дена. Ако ги ловите овие слободни термини, може да треба да патувате далеку од вашето место на живеење. Во скопската градска општа болница „8 Септември“ на почетокот од месецов немало термин за дигестивна хирургија, за колоноскопија, за неврохирургија, ревматологија, за пластична хирургија и за електромиографија. Во клиничката болница во Битола нема за гастроскопија и колоноскопија, за преглед кај кардиолог и педијатар, за снимка со магнетна резонанција и услуги од физикална медицина. Во клиничката болница во Штип нема термини за кардиолог, ниту, пак, за ЕХО на срце и за стрес-тест. Таму пациентите не можеле да закажат ниту за снимање со магнетна резонанција зашто сите термини биле зафатени. За гастроскопија, ЕХО на срце, стрес-тест нема термини ниту во велешката болница. Таму на оваа листа се и прегледите на невропсихијатрија и психијатрија, пулмологија и урологија. Генерално, слично изгледаат и листите за кои нема термин и во кумановската болница. Во клиничката болница во Тетово нема термини за невролог, доколку треба да се испитува дијабетес, како и за снимка со магнетна резонанција. На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје нема термини за ЕХО на дојка и на простата, како ни за мамографија. Секаде посебна приказна Кога станува збор за слободни термини за одредени прегледи и процедури, иако состојбите во многу установи се слични, секоја е посебна приказна. Така, за преглед кај интернист во Здравствен дом - Крива Паланка се чека 62 дена, кај имунолог во Институт за медицина на труд се оди по 35 дена од закажувањето, а за преглед со дезинтометар во Геронтолошки завод „13 Ноември“ треба да поминат 40 дена, додека за во Битола 74, а во Штип-56. Целиот текст прочитајте го на ФАКУЛТЕТИ.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-zdravstveniot-sistem-za-koi-pregledi-i-operacii-kje-se-iznachekate-a-koi-nema-ni-da-gi-zakazete/feed/ 0