термоелектрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Aug 2022 13:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png термоелектрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија реактивира уште една термоелектрана, опозицијата во Австрија спречи сличен план https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-reaktivira-ushte-edna-termoelektrana-opozicijata-vo-avstrija-sprechi-slichen-plan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-reaktivira-ushte-edna-termoelektrana-opozicijata-vo-avstrija-sprechi-slichen-plan/#respond Wed, 24 Aug 2022 13:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=723251

За да заштеди гас, Германија враќа во употреба уште една термоелектрана на јаглен. Германската електрана треба да биде на мрежа од 27 август до крајот на април 2023 година. Се работи за термоелектраната Хајден во градот Петершаген во Северна Рајна – Вестфалија, близу границата со Долна Саксонија, соопшти операторот на електраната, енергетската компанија Унипер. Од 14 јули со уредба дозволено е термоелектрани на јаглен од таканаречената мрежна резерва, повторно да бидат ставени во функција, со цел да се заштеди гас. Во јули, според податоците на Сојузната агенција за мрежни системи, уделот на гас во производството на струја изнесуваше 9,8 отсто. Електраната Мерум во Хоенхамелн во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот енергетски концерн ЕПХ, веќе е реактивирана. Тоа на почетокот од август беше и првата електрана на јаглен во Германија повторно приклучена на мрежата од резерва, пишува германската агенција ДПА. Со моќност од 875 мегавати, според наводите на Унипер, Хајден е една од најголемите електрани на јаглен во Германија. Таа работи од 1987 година, но во последно време беше во мрежната резерва, што значи оти само повремено произведувала струја заради стабилност на мрежата. Унипер информираше и дека во период додека работи електраната, производството на струја може да биде нерамномерно. Компанијата најави и плански прекин на производството на струја меѓу 23 октомври и 23 ноември. Во исто време, австриската Влада во Парламентот не го доби двотретинското мнозинство за уредба што би овозможила повторно да се реактивираат електрани на јаглен. Австрија исто така во голема мера зависи од рускиот гас, па Владата во Виена сакаше да ја намали зависноста со тоа што привремено ќе ја суспендира одлуката за напуштање на јагленот како гориво, јави бриселскиот портал ЕУРАКТИВ. Владата планираше да ја повика индустријата, за да се заштеди гас, привремено да премине на јаглен и нафта како енергенти. Министерката за енергетика, Леоноре Гевеслер го смета за целосно неодговорно, одбивањето на социјалдемократи да ја поддржат одлуката. Таа наведе оти термоелектраната Мелах, доколку има потреба од тоа, може да снабди со струја и греење 260.000 домаќинства. Австрија во голема мера зависи од гас и е приспособена на негова употреба за греење за време на зимските месеци. Покрај проблемите со испорака на гас, поради екстремно сувото лето, земјата се соочи и со потпросечно производство на своите хидроцентрали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-reaktivira-ushte-edna-termoelektrana-opozicijata-vo-avstrija-sprechi-slichen-plan/feed/ 0
БИТОЛЧАНИ СЕ ГУШАТ: Во Битола во моментов во термоелектраната не работи не работи филтерот, се шири неподнослива смрдеа! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolchani-se-gushat-vo-bitola-vo-momentov-vo-termoelektranata-ne-raboti-ne-raboti-filterot-se-shiri-nepodnosliva-smrdea-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolchani-se-gushat-vo-bitola-vo-momentov-vo-termoelektranata-ne-raboti-ne-raboti-filterot-se-shiri-nepodnosliva-smrdea-video/#respond Sun, 10 Apr 2022 14:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=660914

Во Битола во моментов во термоелектраната не работи филтерот, дознава Курир од свои извори. Битолчани се гушат, во моментов во термоелектраната не работи филтерот, а од истата се шири неподнослива смрдеа на што се жалат и граѓаните, додека во меѓувреме надлежните нигде ги нема да интервенираат, велат нашите извори. Ова претставува голема неодговорност на надлежните и на директорот Васко Ковачевски кои што освен личните и партиските интереси, не се грижат за здравјето на Битолчани, велат истите извори. Инаку, Битола преку зимските периоди знае да биде еден од најзагадените градови во Република Македонија, и досега од надлежните не се преземаат никакви мерки и покрај многубројните предупредувања од екологистите. Во продолжение погледнете го видеото на кое јасно се гледа како од оџакот на термоелектраната излегува густ чад, кој предизвикува голема смрнеа, и затоа со причина реагираат жителите во Битола: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitolchani-se-gushat-vo-bitola-vo-momentov-vo-termoelektranata-ne-raboti-ne-raboti-filterot-se-shiri-nepodnosliva-smrdea-video/feed/ 0