терорист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 04:46:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терорист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Терорист уби двајца шведски навивачи во Брисел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 04:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=889549

Брисел и Шведска се сретнаа во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Иако дуелот нема резултатско значење освен престиж, на улиците во Брисел се случувала голема драма поради која на стартот на второто полувреме, натпреварот беше прекинат. Имено, двајца шведски навивачи се убиени од страна на оружен напаѓач. Убиецот самиот се идентификувал како член на терористичката група ИСИС, извикувал дека е тука за да ги „одмазди муслиманите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/feed/ 0
Во Русија терорист се разнесе и рани шест лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-terorist-se-raznese-i-rani-shest-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-terorist-se-raznese-i-rani-shest-lica/#respond Fri, 11 Dec 2020 13:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=442077

Најмалку шест чувари се повредени во терористички напад во седиште на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во населбата Учкекен, во регионот Карачи-Черкезија. Терорист се разнел во намера да и нанесе штета на ФСБ и да ги прекине операциите во Карачај-Черкеџи. – Денеска околу пладне, неидентификувано лице се обиде да им нанесе штета на активностите на Федералната служба за безбедност на Русија во регионот. Криминалецот се разнесе и полесно повреди припадници на ФСБ. Нема повредени цивили, соопшти службата. На повредените им е укажана лекарска помош, а во моментов се на откривање на напаѓачите, додека активностите на ФСБ се одвиваат без прекин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-terorist-se-raznese-i-rani-shest-lica/feed/ 0
Виенскиот терорист бил дел од меѓународна исламистичка мрежа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskiot-terorist-bil-del-od-megjunarodna-islamistichka-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskiot-terorist-bil-del-od-megjunarodna-islamistichka-mreza/#respond Tue, 17 Nov 2020 15:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=430799

Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември во центарот на Виена се повеќе укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулај бил дел од меѓународна исламистичка мрежа, а централна улога во оваа мрежа имал германски државјанин, осуден во Хамбург во 2017 година како странски терористички борец, и кој до средината на октомври живеел во Виена. По пресудата овој германски државјанин важел за „голема риба“ во салафистичките кругови, а германските служби го окарактеризирале како лидер на радикалната исламистичка мрежа. По пресудата од 2017 година, тој се преселил во Виена, каде оддржувал контакти со австриската исламистичка сцена. Ја посетувал и џамијата во која често престојувал и виенскиот терорист Фејзулај, кој на 2 ноември во терористичкиот напад уби четири и рани над 20 лица. Австриската полиција претпоставува дека Германецот и Фејзулај летово лично се запознале. Докажано е дека Германецот имал контакти и со двајца пријатели и познаници на Фејзулај во Германија и уште двајца во Швајцарија. Германскиот државјанин на 13 октомври бил уапсен и депортиран во Германија врз основа на забрана за престој, а оттогаш оддржувал контакти со виенските познаници преку социјалните мрежи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskiot-terorist-bil-del-od-megjunarodna-islamistichka-mreza/feed/ 0
Терористот од Виена минатата пролет обезбедувал болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristot-od-viena-minatata-prolet-obezbeduval-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristot-od-viena-minatata-prolet-obezbeduval-bolnica/#respond Tue, 17 Nov 2020 10:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=430586

Исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември уби четири и повреди повеќе од 20 лица во центарот на Виена, минатата пролет работел во компанија за обезбедување на болници. Неговиот долгогодишен пријател, кој е во истражен затвор бидејќи е осомничен за соучесништво, рекол дека Фејзулај, за време на првиот карантин во Австрија по почетокот на пандемијата на коронавирусот, бил вработен на минималец, како обезбедување во болница. Тој немал работен однос со болницата, туку со компанијата што ја презела работата за обезбедување на здравствената установа. Според протоколот на сослушувањето, компанијата што му ја дала работата, преку групата „Ватсап“, на дневна основа организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите. Осомничениот исто така рекол дека Фејзулај му понудил да заработи пари со обезбедување на објекти, но тој го одбил. Локалните медиуми јавија и дека најверојатно е решена мистеријата за тоа како тој стигнал до центарот на Виена – наводно користел „Убер“ за да дојде до местото на злосторството со целото оружје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teroristot-od-viena-minatata-prolet-obezbeduval-bolnica/feed/ 0
Од надежен фудбалер до џихадист: Кој е терористот од Виена со потекло од Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nadezen-fudbaler-do-dzihadist-koj-e-teroristot-od-viena-so-poteklo-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nadezen-fudbaler-do-dzihadist-koj-e-teroristot-od-viena-so-poteklo-od-makedonija/#respond Tue, 03 Nov 2020 13:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=424353

Застреланиот напаѓач, кој уби четири лица и повреди над 17 лица во терористички напад во центарот на Виена, Албанец по потекло од тетовското село Челопек, Кујтим Фејзулаи, имал контакти и со млади албански исламисти од Косово кои живеат во Австрија, тврдат австриските медиуми. Весникот „Хојте“ наведува дека австриската полиција прави сè за да се расветли позадината на злосторството, кое е поврзано со напаѓачот и 12 осомничени исламисти. Фејзулаи живеел во Медлинг, бил многу талентиран фудбалер како тинејџер, а минатата година бил осуден за терористичко здружување со други исламисти. Како што изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, Фејзулаи бил осуден на 22 месеци затвор на 25 април минатата година поради обид да патува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава. Тој бил предвреме ослободен од затвор, со условен отпуст на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, тој бил гонет според законската регулатива предвидена за млади престапници, која предвидува поблаги казни. Убиениот терорист често ги посетувал исламистичките радикални џамии. „Хојте“ тврди дека тој патувал во Словачка со свој познаник кон средината на јули, со цел да купи муниција за неговиот калашников. Автомобилот којшто го користел ѝ припаѓал на мајката на еден од неговите контакти, инаку од Косово, со кој се познавале од радикалната исламистичка сцена. За време на терористичкиот напад во Виена, Фејзулаи го употребил толкму тој калшников, но и пиштол и мачета. Во нападот, кој се случи синоќа во центарот на Виена, напаѓачот уби четири лица и повреди најмалку 17 лица. Полицијата успеа да убие еден напаѓач. Пред терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени три лица, на Инстаграм се појави слика на џихадист со многу слично оружје како виенскиот терорист. Австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, а германски Билд пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на Инстаграм. Според Билд, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на „Шарли Ебдо“ од 2015 година, кога биле убиени 12 лица, а на Инстаграм објавил неколку слики на кои се заколнува во верност на водачот на терористичката милиција на т.н. Исламска држава. На некои фотографии тој позира со пушка и мачета, а има и слика со куп муниција. Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах, кој е дел од фразата - „Исламската држава останува и се шири“. Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Неамер, изјави дека напаѓачот кој бил застрелан бил радикализиран и дека тој бил симпатизер на Исламската држава. За време на нападот, напаѓачот носел и нешто што изгледало како појас со експлозив, но се покажало дека станува збор за лажен експлозивен појас. Австриската полиција, поддржана од специјални единици, уапси 12 лица за контакт и изврши претрес во нивните станови во Виена и Сент Пелтен. Осомничените, кои беа уапсени, се на возраст меѓу 16 и 25 години, а тие се од Косово, Чеченија и Бангладеш. Станува збор за млади мажи кои претежно се родени во Австрија, но сите со странски корени. Австрија со децении има проблем со радикалната исламистичка сцена, која, сепак, досега не извршуваше напади. Експертите од Балканот честопати предупредуваа на екстремна салафистичка сцена во Виена.Покрај исламистите од Босна и Херцеговина, и Албанците се многу застапени во радикалната исламистичка сцена.Така, во изминатите години вниманието на австриската јавност го привлече случајот со Албанец роден во Австрија, кој како малолетник планирал терористички напад со пријател. Албанецот во моментов е во затвор, каде што продолжил со своите исламистички планови, како што се покажа во последните неколку недели, кога беше утврдено дека тој продолжува да одржува контакт со радикални исламисти и да разменува мислења за можни напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nadezen-fudbaler-do-dzihadist-koj-e-teroristot-od-viena-so-poteklo-od-makedonija/feed/ 0
Уапсен еден од најбараните терористи во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-eden-od-najbaranite-teroristi-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-eden-od-najbaranite-teroristi-vo-evropa/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=335125

Во јужниот дел на Шпанија е уапсен еден осомничен борец на Исламска држава роден во Египет, кој полициските иследници го опишаа како „опасен екстремист“, и уште двајца други против кои се води истрага поради можна поврзаност со верски екстремистички групи. Како што е наведено, уапсениот борец на Исламска држава ја напуштил Европа за да се бори во Сирија и Ирак и е „еден од најбараните терористи во Европа, затоа што тој припаѓа на Исламската држава и поради големата опасност што ја претставувал“. Идентитетот на уапсените не е соопштен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-eden-od-najbaranite-teroristi-vo-evropa/feed/ 0
Терорист ѝ го уби момчето- девојка со трогателна порака се збогува од својата љубов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terorist-go-ubi-momcheto-devojka-so-trogatelna-poraka-se-zboguva-od-svojata-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terorist-go-ubi-momcheto-devojka-so-trogatelna-poraka-se-zboguva-od-svojata-ljubov/#respond Tue, 03 Dec 2019 11:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=272676

Џек Мерит (25) бил избоден во терористички напад на Лондонскиот мост пред четири дена, а неговата девојка Лиен Обрајан на својот Фејсбук профил напишала емотивна порака со која трогнала многумина. „Љубов моја. Феноменален си. Отвори многу врати за оние на кои друштвото им сврте грб. Заедно ќе менуваме работи“, напишала таа. Таа вчера заедно со родителите на Џек била на Кембриџ. Цело време плачела и држела плишана кукла во рацете. Ним им се придружиле бројни студенти, жители кои оддале почит на младото момче, пренесува Метро. Момчето кое дипломирало криминологија на Кембриџ било убиено од 28-годишниот Усман Кан додека траела конференцијата за рехабилитација на затвореници во организација на неговиот универзитет. На лондонскиот мост убил две и ранил три лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terorist-go-ubi-momcheto-devojka-so-trogatelna-poraka-se-zboguva-od-svojata-ljubov/feed/ 0
Вака е уапсен терористот од Крајстчерч: Сакал да бега со автомобил, но полицајците се залетаа во него и го запреа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vaka-e-uapsen-teroristot-od-krajstcherch-sakal-da-bega-so-avtomobil-no-policajcite-se-zaletaa-vo-nego-i-go-zaprea-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vaka-e-uapsen-teroristot-od-krajstcherch-sakal-da-bega-so-avtomobil-no-policajcite-se-zaletaa-vo-nego-i-go-zaprea-video/#respond Fri, 15 Mar 2019 10:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=175048

На интернет се појави видео на кое се гледа како е уапсен терористот Брантон Тарант, кој во џамиите во новозеландскиот град Крајстчерч уби над 40 лица. Тарант со автомобил дошол до џамијата, вооружен до заби, а потоа од возилото го извадил оружјето и пукал по муслиманските верници. Врз основа на снимката може да се заклучи дека по масакрот Тарант тргнал да бега со автомобилот, но полициски автомобил, буквално удрил во него и го запрел. Снимено е како Тарнат лежи на земја додека полицајците го држат врзан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vaka-e-uapsen-teroristot-od-krajstcherch-sakal-da-bega-so-avtomobil-no-policajcite-se-zaletaa-vo-nego-i-go-zaprea-video/feed/ 0
Хрватски научник објаснува зошто треба повеќе да се плашиме од чоколада отколку од терористи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatski-nauchnik-objasnuva-zoshto-treba-povekje-da-se-plashime-od-chokolada-otkolku-od-teroristi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatski-nauchnik-objasnuva-zoshto-treba-povekje-da-se-plashime-od-chokolada-otkolku-od-teroristi/#respond Tue, 13 Nov 2018 22:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=127530

Познатиот хрватски научник Ивица Пуљак, една од челниците на партијата Паметно, вели дека луѓето треба повеќе да се плашат од чоколада отколку од терористи. Во прилог на оваа теза, тој објави на Фејсбук графика од страницата Our World in Data , која покажува колку смртни случаи се предизвикани од различни фактори, од природни катастрофи, тероризам, пожари и неисхранетост до алкохол, сообраќајни несреќи, загадување на воздухот и туморски заболувања (графички подолу). За да илустрира колку стравот од тероризмот е претеран, тој укажа на фактот дека од дијабетес умираат дури 100 пати повеќе луѓе. Имено, според покажаниот графикон, во 2016 година, уделот на лица убиени во терористички напади изнесува 0,06%, додека уделот на смртни случаи од дијабетес изнесува 5,83%. Интересно е да се напомене дека од тероризмот во САД и Германија во 2016 година, загинале помалку од 0,01% . Во Ирак овој процент е значително поголем, дури 5,36%. Со намера на својот статус на Фејсбук да му даде хумористичен тон, Пуљак вели дека чоколадата е многу поопасна од тероризмот. -Главната причина што ја објавив оваа споредба на Фејсбук беше за да ги поттикнам луѓето да размислуваат за приоритети, како за оние во сопствениот живот, така и за оние во политичкиот и општествениот живот, вели физичарот Пуљак. -Се разбира, намерно претерав за да ги заинтригирам луѓете и да ги поттикнам да размислуваат за податоците и за бројките, а не само врз основа на емоциите… Значи, треба да ги погледнеме бројките и да размислиме кои опасности треба да ни бидат на врвот на нашите приоритети. Кога ќе ги погледнеме нив, можеме да видиме дека многу повеќе треба да се плашиме од кардиоваскуларни заболувања, загадувањето на воздухот и нездравата, брза храна отколку од диви животни или припадници на други народи и терористи, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatski-nauchnik-objasnuva-zoshto-treba-povekje-da-se-plashime-od-chokolada-otkolku-od-teroristi/feed/ 0
Британски воен брод го спасил терористот Абеди три години пред да се разнесе во Манчестер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/#respond Tue, 31 Jul 2018 06:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=82962

Британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува дека исламистот Салман Абеди, кој пред една година уби 22 лица, кога се разнесе при концерт на Аријана Гранде во Манчестер, во 2014 година бил спасен во Либија од страна на британската воена морнарица. Според весникот, Абеди и неговиот брат Хашем биле во Либија кога британската воена морнарица го испратила бродот Ентерпрајз да евакуира стотина британски државјани од завојуваната држава. Двајцата браќа биле безбедно пренесени до Малта, од каде се вратиле во Велика Британија и почнале да го подготвуваат терористичкиот напад во кој половина од жртвите беа деца. Двајцата браќа Абеди имаат британско државјанство, како деца на либиски доселеник во Велика Британија. Нивните родители Рамадан и Самија се вратиле во Либија во пресрет на граѓанската војна во 2011 година. Британската полиција смета дека двајцата браќа се радикализирале преку исламистичка пропаганда достапна на интернет. Се уште не е со сигурност утврдено дали во 2014 година тие биле во Либија со цел да се борат во некоја од исламистичките единици или само ги посетувале своите родители, но утврдено е дека британската полиција го испитувала постариот брат Абеди неколку месеци пред да воената морнарица да го спаси од Либија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-voen-brod-go-spasil-teroristot-abedi-tri-godini-pred-da-se-raznese-vo-manchester/feed/ 0