терористичка вооружена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 May 2021 21:11:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терористичка вооружена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претрес во прилепско: Пронајдени пушка, рамки за автоматска пушка, муниција… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilepsko-pronajdeni-pushka-ramki-za-avtomatska-pushka-municija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilepsko-pronajdeni-pushka-ramki-za-avtomatska-pushka-municija-2/#respond Fri, 28 May 2021 20:45:20 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516291

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и ОВР Прилеп, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба извршија претрес во дом и помошни простории кај С.Т. (51) во с. Лажани, прилепско. При претресот се пронајдени три рамки за автоматска пушка, една воздушна пушка, 90 куршуми кал.7.62 x 39, 25 маневарски куршуми, ловни патрони...С.Т. е приведен во ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilepsko-pronajdeni-pushka-ramki-za-avtomatska-pushka-municija-2/feed/ 0
(Видео) Терористички напад на берзата во Пакистан, најмалку 10 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-teroristichki-napad-na-berzata-vo-pakistan-najmalku-10-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-teroristichki-napad-na-berzata-vo-pakistan-najmalku-10-zaginati/#respond Mon, 29 Jun 2020 10:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=364907

Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои и четворица терористи, во напад на берзата во Пакистан во пристанишниот град Карачи, изјавија официјални претставници.

Во терористичкиот напад се повредени седум лица, меѓу кои и тројца полицајци, објави ДПА.

Четворица припадници на обезбедувањето, еден полицаец и еден цивил се меѓу загинатите, изјави за медиумите шефот на регионалната полиција Шариел Харал. Тој истакна дека „сите четворица терористи се убиени од безбедносните сили“. Вооружените напаѓачи носеле огромно количество оружје и муниција и се обиделе да влезат во трговската сала, но биле спречени поради брзата реакција на безбедносните сили, објасни Харал. Четворица вооружени мажи со автоматски пушки ја нападнале зградата околу 10 часот по локално време. Тие истрелале граната на влезот од берзата кога им се приближиле припадниците на обезбедувањето. – Тоа беше сериозен напад, но за среќа терористите не успеаја да влезат во главната сала, изјави управниот директор на Пакистанската берза, Фарук Кан. Тој нагласи дека тргувањето започнало кога напаѓачите упаднале во зградата, но моментно ситуацијата е под контрола. Според извештаите, повеќе од 1.000 трговци и персонал биле присутни во зградата во моментот на нападот. Бројот на луѓе во зградата бил помал од вообичаено поради пандемијата на коронавирусот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-teroristichki-napad-na-berzata-vo-pakistan-najmalku-10-zaginati/feed/ 0
Вооружена група убила четворица заложници во Нигерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzena-grupa-ubila-chetvorica-zaloznici-vo-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzena-grupa-ubila-chetvorica-zaloznici-vo-nigerija/#respond Sat, 14 Dec 2019 08:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=277409

Вооружена група, која пред пет месеци киднапира хуманитарни работници на североистокот на Нигерија, тврди дека убила четворица заложници, соошти меѓународната хуманитарна организација „Акција против гладот“. Во јули беа грабнати шест лица во непосредна близина на градот Дамасак, во нигериската држава Борно, каде се активни исламистичките бунтовници, пренесоа британските меидуми. Британските медиуми потсетуваат дека Исламска држава на провинциите од западна Африка (ISWAP), која се одвои од милитантната група Боко Харам, станала доминантна исламистичка група во регионот, не наведувајќи кој стои зад киднапирањата и убиствата на заложниците. Боко Харам пред 10 години почна исламистички бунт во регионот во текот на кој животот го загубија околу 30.000 лица, додека два милиона мораа да ги напуштат своите домови. Организацијата „Акција против гладот“ соопшти дека во јулската акција на исламистите биле киднапирани тројца нејзини вработени и тројца претставници на нигериското Министерство за здравство. Оваа хуманитарна организација во септември наведе дека бил убиен еден од заложниците, додека денеска дополни дека се убиени уште четворица од петмината останати заложници. „Акција против гладот“ најостро ги осудува последните убиства и изразува длабоко жалење што нејзините повици за ослободување на заложниците не вродија со плод, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzena-grupa-ubila-chetvorica-zaloznici-vo-nigerija/feed/ 0
Мицкоски: Ако според Нухиу на 27 април постоела терористичка вооружена група во Чаир, тогаш што преземаат МВР и ОЈО за тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-spored-nuhiu-na-27-april-postoela-teroristichka-vooruzena-grupa-vo-chair-togash-shto-prezemaat-mvr-i-ojo-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-spored-nuhiu-na-27-april-postoela-teroristichka-vooruzena-grupa-vo-chair-togash-shto-prezemaat-mvr-i-ojo-za-toa/#respond Tue, 03 Apr 2018 18:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=35952

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното негово гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно.

Како што рече тој, обвинител треба да ги преиспита изјавите на Агим Нухиу тогашен прв човек на МВР бидејќи тој имал златна команда, а не преземал ништо за случувањата во Собранието.

- Излезе Јавниот обвинител и го образложи обвинението. Но она што загрижува во целиот тој процес, а бевме сведоци на вашата телевизија на емисијата „КОД“ каде што беше цитирана изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, каде што тој, иако има златна команда ништо не презема. Второ има индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имаме групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Република Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ следствено праша зошто изјавата на Агим Нухиу не е дел од обвинението и зошто Јавниот обвинител посериозно не се заинтересирал да ја истражи оваа изјава. Според него она што дополнително загрижува е што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на настаните, дали нивното поседување на оружје е легално, од каде е потеклото на оружјето и зошто Нухиу како прв човек на тоа министерство не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.

-Ако ние за така краток рок имаме група која се мобилизира и се вооружува така подготвена да иницира воен конфликт, а притоа министерот тоа го знае и ништо не презема, логично е дека со ова се охрабруваат овие луѓе и во иднина да се случува. Каде е тука правната држава, каде е тука одговорноста на министерот, каде е одговорноста на Јавното обвинителство, каде е одговорноста на сегашниот министер и органите кои се под него, заклучи Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-spored-nuhiu-na-27-april-postoela-teroristichka-vooruzena-grupa-vo-chair-togash-shto-prezemaat-mvr-i-ojo-za-toa/feed/ 0