терористички акт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Nov 2021 09:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терористички акт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се проверувало дали несреќата со автобусот е терористички акт, оваа верзија отфрлена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proveruvalo-dali-nesrekjata-so-avtobusot-e-teroristichki-akt-ovaa-verzija-otfrlena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proveruvalo-dali-nesrekjata-so-avtobusot-e-teroristichki-akt-ovaa-verzija-otfrlena/#respond Thu, 25 Nov 2021 09:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=599694

Аутопсиите покажуваат дека сите загинати починале од задушување, а не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка – како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење. Изнесувајќи ги собраните до моментот информации, Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден. – Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов. Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата. – Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов. Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proveruvalo-dali-nesrekjata-so-avtobusot-e-teroristichki-akt-ovaa-verzija-otfrlena/feed/ 0
Нападот во Кабул во кој беше убиен македонски државјанин е терористички акт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napadot-vo-kabul-vo-koj-beshe-ubien-makedonski-drzavjanin-e-teroristichki-akt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napadot-vo-kabul-vo-koj-beshe-ubien-makedonski-drzavjanin-e-teroristichki-akt/#respond Fri, 03 Aug 2018 15:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=84262

Портпаролот на авганистанските власти денеска го оцени киднапирањето и убивањето на тројца странци, меѓу кои и македонски државјанин, во Кабул како терористички акт, најверојатно извршен од талибанци. Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма „Содексо", соопшти портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станкезај. Најновите податоци од полициската истрага во Кабул говорат дека тие биле обични работници во компанијата. - Возачот на компанијата, кој ги превезувал за време на нападот, бил под истрага на авганистанската разузнавачка служба, рече Станкезај. Канцеларијата потврди дека се води истрага, но не даде посебни детали. Портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, негираше дека тие го извршиле нападот. Во меѓувреме, „Содексо“ ја потврди смртта на тројца свои вработени во Кабул, Македонец, Индонезиец и Индиец. Компанијата, која е со седиште во Франција, обезбедува услуги поврзани со храна и кетеринг. Не е јасно дали меѓу нејзините клиенти се странски војници во Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napadot-vo-kabul-vo-koj-beshe-ubien-makedonski-drzavjanin-e-teroristichki-akt/feed/ 0