терористички напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 10:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терористички напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Брисел денеска пресуда за терористичките напади во 2016 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-deneska-presuda-za-teroristichkite-napadi-vo-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-deneska-presuda-za-teroristichkite-napadi-vo-2016-godina/#respond Tue, 25 Jul 2023 10:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859774

Во Брисел денеска се очекува поротата да ја донесе пресудата за најсмртоносниот мирновременски напад во Белгија - самоубиствените напади во 2016 година на бриселскиот аеродром и фрекфентната метро станица во кои загинаа 32 лица, а за кои одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава. Меѓу десетте обвинети е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна без можност за условно ослободување во Франција за неговата улога во терористичките напади во Париз во 2015 година. На осомничените во Брисел им се судеше под обвинение за убиство, обид за убиство и учество во дејствија на терористичка група. Најголемото судење во историјата на белгиското правосудство се одвиваше повеќе од половина година во специјален суд. Преживеаните и семејствата на жртвите се надеваат дека судењето и пресудата ќе им помогнат да ја надминат траумата. Во нападите за време на утринскиот шпиц на 22 март 2016 година, на аеродромот Завентем и на централната линија на метрото во Брисел, загинаа 32 лица, речиси 900 беа ранети или претрпеа сериозни психички трауми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-deneska-presuda-za-teroristichkite-napadi-vo-2016-godina/feed/ 0
Планирале терористички напади: Во Германија и во Холандија уапсени девет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planirale-teroristichki-napadi-vo-germanija-i-vo-holandija-uapseni-devet-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planirale-teroristichki-napadi-vo-germanija-i-vo-holandija-uapseni-devet-litsa/#respond Thu, 06 Jul 2023 14:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=853669

Во Холандија уапсен е 29-годишен Таџикистанец и неговата 31-годишна сопруга Киргистанка, под сомнение за „подготвителни дејствија за терористички дела“. Мажот е осомничен и дека е припадник на ИД. Брачната двојка престојува во Холандија од минатата година. Полицијата се сомнева дека Таџакистанецот „добил наредба да планира терористички напад“. Германското обвинителство соопшти дека мажот уапсен во Холандија бил дел од групата формирана од другите осомничени, што денеска се уапсени во Германија. Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава. Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година. Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planirale-teroristichki-napadi-vo-germanija-i-vo-holandija-uapseni-devet-litsa/feed/ 0
Во Белгија приведени седум лица осомничени дека планирале терористички напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-privedeni-sedum-litsa-osomnicheni-deka-planirale-teroristichki-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-privedeni-sedum-litsa-osomnicheni-deka-planirale-teroristichki-napadi/#respond Wed, 29 Mar 2023 19:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=817879

Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство. Тие беа приведени синоќа во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години. Федералното обвинителство соопшти дека се приведени осум лица, а еден од осомничените е ослободен. Лицата се приведени како дел од две тековни истраги во Брисел и Антверпен, два случаи поврзани со планирањето на нападот, кои имале меѓусебни врски, соопшти обвинителството. Засега не е утврдено кои биле потенцијалните цели на тие терористички планови. Во истрагата спроведена во Антверпен денеска им е одреден притвор на четири лица, тројца Белгијци и еден Турчин. Во случајот во Брисел, притвор им е одреден на уште тројца осомничени, двајца Белгијци и еден Бугарин. Тие се обвинети за „учество во активности на терористичка група“, „подготвување терористички чин“ и „ширење пораки со намера да поттикнат извршување терористички чин“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-privedeni-sedum-litsa-osomnicheni-deka-planirale-teroristichki-napadi/feed/ 0
Во Брисел почна судењето за терористичките напади од 2016 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pochna-sudenjeto-za-teroristichkite-napadi-od-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pochna-sudenjeto-za-teroristichkite-napadi-od-2016-godina/#respond Mon, 05 Dec 2022 13:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=771192

Во Брисел денеска започна судењето на десет исламисти за терористичките напади од 2016 година во кои загинаа 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени.Најголемото судење во историјата на Белгија се очекува да трае седум месеци. Деветмина обвинети се товарат за повеќекратни убиства и обиди за убиства во терористички контекст и се соочуваат со доживотен затвор. Сите десетмина се обвинети за учество во активности на терористичка група. На еден од обвинетите ќе му се суди во отсуство, но се верува дека починал во Сирија. Белгиското судење се одвива пред порота. Одговорноста за нападите, од кои два беа извршени на аеродомот „Завентем“ во Брисел, а еден во метро станицата „Малбек“, ја презеде терористичката организација „Исламска држава“, истата џихадистичка ќелија што ги изврши нападите во Париз на 13 ноември 2015 година во кои загинаа 130 лица Во нападите беа убиени 15 мажи и 17 жени државјани на Белгија, САД, Холандија, Шведска, Британија, Кина, Франција, Германија, Индија, Перу и на Полска. Загинаа и тројца бомбаши самоубијци. Меѓу обвинетите е и Мохамед Абрини, кој со двајца бомбаши самоубијци се упати кон аеродромот, но избега без да го активира куферот со експлозив. Согласно белгиската судска практика, обвинетите не мораат да се изјаснат по обвинението. Обвинителите утре треба да започнат со читање на обвинението од 486 страници, по што ќе следи сослушување на 370 вештаци и очевидци. Судењето се одвива во поранешната централа на НАТО и ќе чини најмалку 35 милиони евра. Шестмина обвинети во јуни беа прогласени „виновни“ за учество во терористичките напади во Париз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pochna-sudenjeto-za-teroristichkite-napadi-od-2016-godina/feed/ 0
Франција им оддаде почит на жртвите од терористичките напади од 13 ноември 2015 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-im-oddade-pochit-na-zrtvite-od-teroristichkite-napadi-od-13-noemvri-2015-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-im-oddade-pochit-na-zrtvite-od-teroristichkite-napadi-od-13-noemvri-2015-godina/#respond Sun, 13 Nov 2022 12:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=759859

Француската премиерка Елизабет Борн денеска им оддаде почит на жртвите од нападите на 13 ноември 2015 година, со едноминутно молчење на местата на нападите во Париз – Сен Дени, Стад де Франс, терасите на Каријон и Петит Камбоџ, Ла Бон Биер, Кочптоар Волтер, Бел Екип и концертната сала Батаклан. На церемонија се прочитаа имињата на убиените и се одржа минута молк во знак на почит на 130 загинати и повеќе од 350 повредени во најтешките терористички напади во историјата на Франција, за кои одговорноста ја презеде организацијата Исламска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Париз. Историското судење за овие напади заврши на 29 јуни, по десет месеци рочишта. Специјалниот универзален суд во Париз го осуди Салах Абдеслам, единствениот преживеан член на командосите, на доживотен затвор, најтешката казна во кривичниот законик. Неговите 19 сообвинети (од кои за шестмина се претпоставува дека се мртви, им се судеше во нивно отсуство) беа осудени на казни од две години до доживотен затвор. Елизабет Борн беше во придружба на градоначалничката на Париз Ан Идалго и претседателите на здруженијата на жртвите „Животот за Париз“, Артур Денуво и „13онзе15“, Филип Дуперон. „Денеска мислам на сите жртви на нападите (…). На сите тие скршени животи. На сите оние кои живеат секој ден без саканата личност. На сите преживеани. Времето не го брише ниту сеќавањето ниту болката“, напиша Франсоа Оланд на Твитер, кој беше шеф на државата за време на овие напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-im-oddade-pochit-na-zrtvite-od-teroristichkite-napadi-od-13-noemvri-2015-godina/feed/ 0
Бомбашки напади или замајување на јавноста? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/#respond Wed, 01 Dec 2021 10:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=602341

Најава за бомбашки напади во трговските центри веќе две недели ја активираше полицијата на највисок степен на подготвеност. Полициски службеници надвор и внатре во моловите, претреси на сите сомнителни лица ги загрижија македонските граѓани. А како капак на се, вчера центарот на Скопје, беше опколен со специјалци и членови на единицата за антитероризам, поради пријава за поставена бомба во МНТ. Па така сите објекти кои се наоѓаа во близина беа евакуирани, а центарот на градот блокиран. Ова се случува откако едно лице се јавило на билетарата на МНТ и пријавило дека во објектот има поставено бомба. Пред два дена редакцијата на КУРИР побара одговори од Министерството за внатрешни работи околу наводни најави за терористички напади во трговските центри, а оттаму ни одговорија дека лицата кои се заканувале биле уапсени. -По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност. Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, се вели во одговорот од Министерството за внатрешни работи. Но, покрај сите вакви најави за терористички напади доколку се земе во предвид актуелната политичка ситуација во Македонија, се поставува едно прашање. Дали најавите за терористички напади се начин да се замајува јавноста, со цел да не се зборува за катастрофалните политики на власта? Психолошки е јасно дека кога луѓето ќе слушнат и видат специјалци во центарот на Скопје кои бараат наводно поставена бомба паничат, загрижени се и не се мисли веќе на политиката. Зоран Заев е премиер во заминување, оставката која ја поднесе вечерта по поразот на локалните избори веќе втор месец ја одложува, по се изгледа каењето поради тој потег е голем, па со ваквите “бомбашки напади“ се купува време? На 12 декември СДСМ ќе бира нов лидер, Зоран Заев поднесе оставка и од претседателското столче во партијата, Димитар Ковачевски е најсериозниот негов наследник, како на претседателската така и на премиерската функција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Ковачевски ќе биде само пиун на Заев кој треба само да ја продолжи лошата политика на СДСМ. До сега тој и Фросина Ременски се кандидати за претстојниот конгрес, дали ќе има нови останува да видиме до крајниот рок. Ако се земе во предвид дека во СДСМ веќе подолго време има внатрепартиски несогласувања, па така фамозното „скопско крило“ му сврте грб на актуелното раководство, се поставува прашањето, дали „скопското крило“ ќе има свој кандидат на конгресот? Но, веќе трет ден на македонската политичка сцена се случува и окрупнување на владејачкото мнозинство, па така партијата Алетернативна на Африм Гаши е на праг да влезе во владата со свои барања. Последните неофицијални информации велат дека Алтернатива на Албанците во владата ќе добијат неколку министерства и еден вицепремиер. Па оттука се доаѓа до заклучок дека целата оваа ситуација со наводно поставени бомби во објекти во главниот град се ништо друго само замајување на јавноста и оттргнување на вниманието од важните политики во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bombashki-napadi-ili-zamajuvanje-na-javnosta/feed/ 0
Идентификуван „мозокот“ зад терористичките напади во Париз и Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-mozokot-zad-teroristichkite-napadi-vo-pariz-i-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-mozokot-zad-teroristichkite-napadi-vo-pariz-i-brisel/#respond Fri, 27 Dec 2019 09:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=282882

Усама Атар е идентификуван како „мозокот“ зад терористичките напади кои ги погодија Париз и Брисел во ноември 2015-та и март 2016 година, открива белгискиот весник Стандард. Атар координирал и три други напади во Франција и Белгија во текот на тие две години директно од Сирија, јави дописничката на МИА од Брисел. Емир Усама Атар (35), познат и како Абу Ахмед ги планирал нападите од Сирија, додека на терен во Европа за координација бил задолжен Абделхамид Абауд, еден од најпознатите терористи во Белгија. Ова е заклучокот на извештајот на француското обвинителство до кое дошле новинарите на белгискиот Стандард. Десетици терористи кои служеле како борци во војната во Сирија се вратија во текот на 2015 година во Европа каде почнале тајно да ги подготвуваат нападите на европско тло. Абауд бил еден од нив, открива извештајот, и е првиот кој од Белгија повторно се враќа во Сирија со цел координација на атентатите. Мнозинството повратници од Сирија биле Белгијци и Французи, неколку Сиријци, еден Швеѓанец и еден Тунижанец. Усама Атар, белгиски државјанин, е „несомнено“ идентификуван како лицето кое ги планирало сите напади директно од Сирија, стои во извештајот на француското обвинителство. Според разузнавачките служби на Франција и Белгија, Атар бил многу близок со вториот човек на терористичката група Исламска Држава, Абу Мохамед Ал Аднани, и го познавал Абу Бакр Ал Багдади. Од 2014-та, Атар ја водел групата Ливас Ас Садик, бригадата што ги планирала атентатите во Европа. Според извештајот, планиран бил напад врз холандскиот аеродром Схипхол на истиот ден со париските атентати, 13 ноември 2015, но од непознати причини бил откажан. Судењето за париските атентати е закажано во текот на 2021. Усама Атар умрел во Сирија, додека сите други освен Салах Абдеслам беа убиени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-mozokot-zad-teroristichkite-napadi-vo-pariz-i-brisel/feed/ 0
Спречена серија терористички напади во Виена и Салцбург https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechena-serija-teroristichki-napadi-vo-viena-i-salcburg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechena-serija-teroristichki-napadi-vo-viena-i-salcburg/#respond Tue, 17 Dec 2019 06:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=278414

Австриските власти објавија дека бил разоткриен заговор за извршување терористички напади по Божиќ. Терористите планирале активирање експлозини направи на Божиќен пазар во близина на катедралата Свети Стефан во Виена меѓу Божик и Нова година како и напади во Салцбург, Германија, Франција и Луксембург. Анонимен повик до пластите открил за подготовка на нападите. Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се присоедини на ИД во Сирија. И покрај штоа што е зад решетки, водачот на групата останал во контакт со своите соучесници преку нелегален мобилен телефон што го користел во затворот. Во полициската акција уапсени се соучесниците кои се на возраст од 25 и 31 година. Тројцата се со чеченско потекло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechena-serija-teroristichki-napadi-vo-viena-i-salcburg/feed/ 0
Уапсени 20 луѓе кои планирале терористички напади во Данска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-20-lugje-koi-planirale-teroristichki-napadi-vo-danska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-20-lugje-koi-planirale-teroristichki-napadi-vo-danska/#respond Wed, 11 Dec 2019 19:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=276250

Данската полиција соопшти денеска дека уапсила 20 лица во рација на неколку локации низ целата земја под сомнение дека подготвувале заговор за извршување терористички напад. Уапсените се обиделе да набават експлозивни направи и огнено оружје. Апсењата се извршени врз основа на информации од данска разузнавачка служба. Уапсените ќе бидат сослушани утре под обвинение дека планирале терористички напад. Полицијата изврши рација на околу 20 локации во Данска. Не е соопштено што била цел на осомничените екстремисти или кога требало да се случи нападот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-20-lugje-koi-planirale-teroristichki-napadi-vo-danska/feed/ 0
ВИДЕО: Вооружен човек се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vooruzen-chovek-se-zakanuva-deka-kje-go-raznese-mostot-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vooruzen-chovek-se-zakanuva-deka-kje-go-raznese-mostot-vo-kiev/#respond Wed, 18 Sep 2019 16:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=242171

Едно лице се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев, каде што се наоѓа метро станицата. – Тој почна да пука, изјави началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко. На местото на настанот се спроведува специјална операција. Полицијата овој случај го квалификува како подготовка за терористички напад. – Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот, се наведува во изјавата на началникот. Напаѓачот се заканува дека ќе разнесе и државни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vooruzen-chovek-se-zakanuva-deka-kje-go-raznese-mostot-vo-kiev/feed/ 0