терористички организации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 20:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терористички организации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стејт Департмент: Одлуката на косовската влада да прогласи терористички организации е неусогласена со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-odlukata-na-kosovskata-vlada-da-proglasi-teroristichki-organizatsii-e-neusoglasena-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-odlukata-na-kosovskata-vlada-da-proglasi-teroristichki-organizatsii-e-neusoglasena-so-sad/#respond Fri, 30 Jun 2023 20:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=851388

Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ за терористички не е донесена во координација со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во одговорот на Стејт департментот до Глас на Америка. „Требаше да се координираат со најблиските меѓународни партнери, вклучувајќи ги и оние чија примарна одговорност е да се обезбеди стабилност на Косово. Уште еднаш го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани потези во време кога работиме со сите страни за решавање на актуелната криза“, се наведува во одговорот до албанскиот сервис на Глас на Америка. Беше посочено и дека САД го осудуваат неприфатливото насилство врз трупите на Меѓународната мировна мисија на НАТО на Косово (КФОР). „Оние кои се одговорни за нападите треба да бидат кривично гонети - следејќи ги пропишаните процедури и со целосна транспарентност“, се наведува во одговорот на Стејт департментот. Косовските власти вчера ги прогласија организациите „Граѓанска заштита“ и „Северна бригада“ за терористички организации, тврдејќи дека нивните членови се одговорни за немирите на северот на Косово и претставуваат закана за уставниот поредок и безбедноста. Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите во северниот дел од државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stejt-department-odlukata-na-kosovskata-vlada-da-proglasi-teroristichki-organizatsii-e-neusoglasena-so-sad/feed/ 0
Косово прогласи две српски здруженија за терористички организации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-proglasi-dve-srpski-zdruzhenija-za-teroristichki-organizatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-proglasi-dve-srpski-zdruzhenija-za-teroristichki-organizatsii/#respond Thu, 29 Jun 2023 16:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=850946

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља денеска изјави дека Приштина ја координирала одлуката за прогласување на организациите Цивилна одбрана и Северната бригада за терористички организации со меѓународните партнери. „Ние континуирано се координираме со сите наши сојузници, понекогаш се согласуваме, а понекогаш не се согласуваме. Без сомнение, координирани сме за овој чекор“, рече Свечља по седницата на владата во Приштина и додаде дека со текот на времето ќе ги сподели деталите за овој процес. Свечља додаде дека одлуката ќе стапи на сила веднаш и дека со неа се забрануваат активностите на тие групи. Претходно денеска Владата на Косово ги прогласи за терористички организации Граѓанската одбрана и Северната бригада, а премиерот Аљбин Курти изјави дека овие организации претставуваат, како што наведе, „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок“ на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-proglasi-dve-srpski-zdruzhenija-za-teroristichki-organizatsii/feed/ 0