терористички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Jun 2018 08:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png терористички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Плановите за терористички напади на Косовците откриени со прислушување на телефоните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/planovite-za-teroristichki-napadi-na-kosovcite-otkrieni-so-prislushuvanje-na-telefonite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/planovite-za-teroristichki-napadi-na-kosovcite-otkrieni-so-prislushuvanje-na-telefonite/#respond Sat, 30 Jun 2018 08:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=71427

Четворицата Косовци, кои беа уапсени вчера, тројца во Косово и еден во Германија, планирале терористички акции во Косово, но и во други земји, а нивните планови биле окриени по неколкумесечна истрага, која вклучувала и прислушување на нивните телефонски разговори, јавува дописникот на МИА од Приштина. Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание открива дека, според налогот за притвор на приштинскиот Основен суд, прекарите на двајца од осомничените за тероризам се „Хабиб“ и „Енес“, додека нивните вистински имиња се Расим Кастрати, кој е од Призрен, и Алберт Адемај од Скендерај (Србица). Идентитетот на четвртиот член на оваа група, кој вчера беше уапсен во Германија, со која косовските органи соработувале тесно во текот на неколкумесечната истрага, се уште не е откриен. „Хабиб“ (Кастрати) и „Енес“ (Адемај) терористичките напади во Косово ги планирале заедно со Леотрим Муслиу, кој пред еден месец е осуден за тероризам за случајот „Израел“, односно за учество во планирањето напад врз членовите на фудбалската репрезентација на Израел пред натпреварот со Албанија во Скадар во 2016 година. За овој случај косовскиот суд осуди осум лица со казни затвор од 1,5 до 10 години, додека едно лице доби парична казна. На осомничените кои беа уапсени вчера во Косово им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/planovite-za-teroristichki-napadi-na-kosovcite-otkrieni-so-prislushuvanje-na-telefonite/feed/ 0