тероризам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 17:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тероризам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенија воведува гранични контроли поради заканата од тероризам, а не поради мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/#respond Thu, 19 Oct 2023 17:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=890937

Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголем ризик од тероризам, а не од илегални мигранти, и ќе направи се за да се осигура дека луѓето што живеат покрај границите не страдаат како резултат на оваа привремена мерка, изјави денеска во Луксембург словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклукар. - Словенија вчера најави и ги информираше министрите на двете соседни земји, Хрватска и Унгарија, дека ќе воведеме контрола на внатрешните граници поради зголемената закана од тероризам, изјави Поклукар на новинарите во Луксембург, каде што беше по повод средбата на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ. Љубљана вчера најави дека в сабота на полноќ ќе се воведат привремени контроли, на десет дена и дека во меѓувреме ќе се донесе одлука за нивно евентуално продолжување. И Италија в сабота ќе воведе и привремени гранични контроли со Словенија. - Сакам мерките на границата меѓу Италија и Словенија да бидат нормални, за да можете нормално да живеете долж границата. Му реков и на хрватскиот министер (Давор Божиновиќ), со кого разговарав на маргините на оваа средба, дека ние ќе ги приспособиме мерките на луѓето кои живеат на границата, за да не им го комплицираме животот, рече Поклукар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-voveduva-granichni-kontroli-poradi-zakanata-od-terorizam-a-ne-poradi-migrantite/feed/ 0
Ковачки: Единствена работа со која се фали власта е НАТО, а се уште ја немаат прилагодено стратегијата и легислативата за борба против тероризмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-edinstvena-rabota-so-koja-se-fali-vlasta-e-nato-a-se-ushte-ja-nemaat-prilagodeno-strategijata-i-legislativata-za-borba-protiv-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-edinstvena-rabota-so-koja-se-fali-vlasta-e-nato-a-se-ushte-ja-nemaat-prilagodeno-strategijata-i-legislativata-za-borba-protiv-terorizmot/#respond Wed, 18 Oct 2023 17:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=890455

Во делот на легислативата, точно е дека ние има стратегија за борба против тероризмот и за насилен екстремизам, меѓутоа нашата стратегија за одбрана е од пред нашиот влез во НАТО. Значи имаме застарена стратегија за одбрана која што не е во склад со стратегијата за борба со тероризам и насилен екстремизам. Колку време се на власт, таа стратегија се уште не е донесена, а тоа е единственото нешто со кое што се гордеат и со тоа што се гордеат немаат донесено нова стратегија за одбрана, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена „Справување со тероризмот - Предизвик на современа Европа“ во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“ Ковачки рече дека во делот на борбата со тероризмот Македонија се уште нема дефинирано кои објекти се критични. „Ние немаме дефинирано кои објекти се критични и кои во даден момент треба да се обезбедуваат од овој аспект. Но ние тоа го немаме дефинирано како држава. Зошто? Затоа што се тотално неспособни. Пет години ЕУ укажува на носење на овој закон со прст не е помрднато, ние во собрание немам добиено ништо, посочи тој. -Згора на тоа зборувајќи за НАТО цело време односно секоја година, при крај на година, на ребаланс на буџетите се крати од програмата за интеграција во НАТО. Внимавајте по милијарда и 500 милиони секоја година заминуваат на зголемување на одредени бенефиции за нив. И мислам дека на тоа треба да му се стави крај. ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да дозволи, изјави Ковачки. Во однос на заканите со бомби Ковачки изјави дека во екот на заканите, началникот за сузбивање на сајбер криминалот си дал оставка од МВР, укажувајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ освен што ќе инвестираме во структурите, ќе мора да инвестира и во човечкиот потенцијал. -Она што е клучно е дека началникот на тоа одделение за информатичка безбедност, во ек на заканите на бомби го напушти министерството за внатрешни работи. Значи единствениот експерт кој што сме го имале во МВР им избега за повисока плата, што значи дека ние како ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што реков дека ќе инвестираме и во структурите и во способностите, ќе мора да инвестираме и во човечкиот потенцијал, рече Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-edinstvena-rabota-so-koja-se-fali-vlasta-e-nato-a-se-ushte-ja-nemaat-prilagodeno-strategijata-i-legislativata-za-borba-protiv-terorizmot/feed/ 0
Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/#respond Wed, 18 Oct 2023 17:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=890452

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток. Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа. Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година. Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена. Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница. Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-voveduva-granichni-kontroli-so-slovenija-poradi-zgolemena-zakana-od-terorizam/feed/ 0
Обвинителството во Косово: Уапсените ќе одговараат за тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-kosovo-uapsenite-ke-odgovaraat-za-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-kosovo-uapsenite-ke-odgovaraat-za-terorizam/#respond Sun, 24 Sep 2023 20:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=881365

Специјално обвинителство на Косово вечерва соопшти дека за нападот врз косовската полиција се приведени шест лица кои се осомничени за повеќе кривични дела, а едно од нив е тероризам. „Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството. Исто така, обвинителството објави дека во денешната акција се запленети возила со значително количество оружје. На приведените им е одреден притвор до 48 часа, соопшти обвинителството, пренесе Коха.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-kosovo-uapsenite-ke-odgovaraat-za-terorizam/feed/ 0
Шведска го подигнува нивото на закана од тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-podignuva-nivoto-na-zakana-od-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-podignuva-nivoto-na-zakana-od-terorizam/#respond Thu, 17 Aug 2023 14:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=867961 Фото: ЕПА

Шведската безбедносна служба САПО ќе го подигне нивото на терористичка закана на второ највисоко ниво, објавено е во дневните весници Дагенс нихетер, пренесува Ројтерс. Нивото на закана е подигнато од третото на четврто ниво. Скалата на потенцијалната закана од тероризам во Шведска има пет нивоа. Од безбедносната служба САПО наведоа дека подоцна во четврток ќе одржат конференција за новинарите за националната безбедност. Во последниве месеци противниците на исламот во Шведска и во Данска запалија и оштетија неколку копии од светата книга Куран што предизвика бес меѓу муслиманите низ целиот свет, кои бараат скандинавските земји да го забранат ваквото однесување. Двете влади го осудија запалувањето и рекоа дека размислуваат за нови закони што би можеле да го запрат ова.]]>
Фото: ЕПА

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-podignuva-nivoto-na-zakana-od-terorizam/feed/ 0
Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-strategiite-za-sprechuvane-na-nasilen-ekstremizam-i-borba-protiv-terorizam-2023-2027-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-strategiite-za-sprechuvane-na-nasilen-ekstremizam-i-borba-protiv-terorizam-2023-2027-godina/#respond Fri, 19 May 2023 15:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=836506

Владата на Република Северна Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година. Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот. Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите. Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право. Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-strategiite-za-sprechuvane-na-nasilen-ekstremizam-i-borba-protiv-terorizam-2023-2027-godina/feed/ 0
Почина висок член на палестинската група Исламски џихад кој штрајкуваше со глад во израелски затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-visok-chlen-na-palestinskata-grupa-islamski-dhihad-koj-shtrajkuvashe-so-glad-vo-izraelski-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-visok-chlen-na-palestinskata-grupa-islamski-dhihad-koj-shtrajkuvashe-so-glad-vo-izraelski-zatvor/#respond Tue, 02 May 2023 06:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=829545

Палестинецот Хадер Аднан, поврзан со палестинската екстремистичка група Исламски џихад, почина денеска во затвор по 87-дневен штрајк со глад, соопштија израелските затворски власти. Властите соопштија дека Аднан одбил да направи лекарски прегледи и да добие лекарска помош, а рано утринава бил пронајден во несвест во својата ќелија и пренесен во болница. „Хадер Аднан беше ладнокрвно погубен“, објавија од Здружението на затвореници во Газа WAED. Четириесет и петгодишниот Аднан, од градот Џенин, е истакната личност во Исламскиот џихад на Западниот брег, окупиран од Израел во војната во 1967 година. Како и исламистичката организација Хамас, Исламскиот џихад се противи на мировните договори меѓу Палестинците и Израел. Израел го обвинува Аднан за поддршка на тероризам. Милитанти од Газа испукаа ракети денеска по смртта на Аднан. Израелската војска објави дека три ракети биле лансирани од Газа и „паднале на отворени области“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-visok-chlen-na-palestinskata-grupa-islamski-dhihad-koj-shtrajkuvashe-so-glad-vo-izraelski-zatvor/feed/ 0
Навални соопшти дека против него е отворен нов случај за тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-soopshti-deka-protiv-nego-e-otvoren-nov-sluchaj-za-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-soopshti-deka-protiv-nego-e-otvoren-nov-sluchaj-za-terorizam/#respond Wed, 26 Apr 2023 09:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=827785

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор, денеска соопшти дека покрај случајот што се води против него за екстремизам, отворен е нов случај за тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на свој известувач во Московскиот суд. „Истражителот ме информираше дека против мене е отворен нов случај за тероризам и дека ќе ми суди воен суд“, рече Навални. Московскиот суд денеска го разгледува барањето на истражителите за ограничување на рокот во кој Навални може да се запознае со материјалите во случајот за екстремизам. Судски истражител, исто така, објави дека 11 лица биле ставени на меѓународна потерница во случајот за екстремизам против Навални. „Истрагата за случајот против Навални се однесува на екстремистичко здружение. Во врска со тоа има 11 лица за кои е покрената меѓународна потрага“, рече истражителот. Во 2021 година, Навални беше осуден на три и пол години затвор поради прекршување на условите на условната казна што претходно му беше изречена. Ефективната пресуда му беше наложена на опозиционерот, откако се врати во Русија од Германија, каде беше на лекување. Истата година, Московскиот суд го осуди на девет години во казнена колонија со строг режим по обвинение за измама при собирање средства за предизборна кампања и за навреда на судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/navalni-soopshti-deka-protiv-nego-e-otvoren-nov-sluchaj-za-terorizam/feed/ 0
ИЗРАЕЛ СЕ МОБИЛИЗИРА Полицијата и војската на готовс поради терористички напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-se-mobilizira-politsijata-i-vojskata-na-gotovs-poradi-teroristichki-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-se-mobilizira-politsijata-i-vojskata-na-gotovs-poradi-teroristichki-napadi/#respond Sat, 08 Apr 2023 07:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=821741

Израел соопшти дека мобилизира полиција и воени резервисти за да се спротивстави на бранот палестински напади во кои загинаа три лица, вклучително и еден италијански турист, на Западниот Брег и во Тел Авив во петокот. Мобилизацијата е најавена доцна синоќа. Насилството се интензивираше на почетокот на неделата кога полицијата се судри со Палестинците во џамијата Ал-Акса, а израелската армија го нападна Појасот Газа и Либан по ракетниот истрел за кој се обвинуваат палестинските екстремистички организации. Најновата тензија се случи на средината на муслиманскиот пост Рамазан, кој оваа година се совпаѓа со еврејската Пасха и Велигден. Израелските власти објавија дека еден италијански турист загинал, а уште петмина италијански и британски државјани се повредени кога возило налетало на група туристи во Тел Авив, пренесе АП. Во одделен вооружен напад, две израелски сестри кои исто така имаа британско државјанство беа убиени во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-se-mobilizira-politsijata-i-vojskata-na-gotovs-poradi-teroristichki-napadi/feed/ 0
Шведската полиција уапси четворица под сомнение за тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-politsija-uapsi-chetvoritsa-pod-somnenie-za-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-politsija-uapsi-chetvoritsa-pod-somnenie-za-terorizam/#respond Fri, 07 Apr 2023 20:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=821682

Шведската полиција уапси тројца мажи и 15-годишен тинејџер под сомнение за тероризам, соопштија денеска локалните власти. Вкупно пет лица од градовите Ескилстуна, Штрангнас и Линкопинг биле уапсени, но полицијата подоцна ослободи еден од нив, јави шведската телевизија СВТ. Мажите, на возраст од 24, 25 и 29 години, наводно биле поврзани со терористичката мрежа Исламска држава (ИД) и се осомничени за планирање терористички дела, изјавија официјални претставници. Сепак, тие рекоа дека нема непосредна опасност од напад. Полицијата го сомничи 15-годишното момче дека извршил неколку прекршоци и вели дека тинејџерот бил познат по често агресивно однесување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-politsija-uapsi-chetvoritsa-pod-somnenie-za-terorizam/feed/ 0