тешка ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 07:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тешка ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-situatsijata-na-istochniot-front-e-iskluchitelno-teshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-situatsijata-na-istochniot-front-e-iskluchitelno-teshka/#respond Wed, 15 Feb 2023 07:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=800646

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут. - Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во најновата офанзива пред Киев да добие ново оружје. - Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука … Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-situatsijata-na-istochniot-front-e-iskluchitelno-teshka/feed/ 0
Кошта: Португалија во моментов е во многу тешка ситуација поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koshta-portugalija-vo-momentov-e-vo-mnogu-teshka-situacija-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koshta-portugalija-vo-momentov-e-vo-mnogu-teshka-situacija-poradi-pandemijata/#respond Thu, 28 Jan 2021 11:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=460967

Португалскиот премиер Антонио Кошта изјави дека земјата во моментов е во многу тешка ситуација поради пандемијата на коронавирус и дека ќе поминат неколку недели пред да се подобрат работите. Со вкупно потврдени 668.951 случаи на Ковид-19 и 11.305 смртни случаи, вклучително и рекордни 293 смртни случаи вчера, Португалија има највисок седумдневен просек на нови случаи и смртни случаи на милион жители во светот. – Ситуацијата не е„ лоша “, таа е„ ужасна“, мора да бидеме свесни дека минуваме низ најлошите моменти и дека тие ќе траат уште неколку недели, рече Кошта во своето синоќешно телевизиско обраќање. Тој рече дека ситуацијата делумно се влошила затоа што неговата влада ги олеснила ограничувачките мерки помеѓу Божиќ и крајот на годината, но и поради вирулентноста на новата варијанта. Кошта уште истакна дека Германија најавила испраќање воени медицински експерти во Португалија за да видат каков вид поддршка можат да дадат на земјата. Тој предупреди дека Германија и другите европски партнери не можат многу да помогнат и оти треба да се биде внимателен околу идејата за испраќање пациенти во странски земји, како што беше случајот помеѓу Германија и Франција, бидејќи Португалија има поинаква географска позиција што ја отежнува прекуграничната соработка. Во врска со специфичната германска помош, португалскиот премиер рече дека она што и недостасува на Португалија се лекари и медицински сестри – кои не можат да го обезбедат, додека респираторите што се нудат не се потребни во моментов. Медиумите објавуваат дека повеќе од 20 амбулантни возила со пациенти со Ковид-19 синоќа биле во колона пред најголемата португалска болница додека чекале да се испразни болнички кревет, а лекарите во другите болници предупредуваат на ризик од недостиг на медицински кислород. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koshta-portugalija-vo-momentov-e-vo-mnogu-teshka-situacija-poradi-pandemijata/feed/ 0
Модриќ: Реал е во многу тешка ситуација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=438171

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ оцени во интервју за шпанските медиуми дека Реал Мадрид се наоѓа во „многу тешка ситуација“ во Лигата на шампиони. Реал во вторникот загуби на гостувањето кај Шахтјор со 2-0 и за пласман во нокаут фазата е пред императив од победа во последното коло на домашен терен против лидерот во групата Борусија Менхенгладбах. – Ова е многу тешка ситуација. Создаваме шанси, но тешко ни оди со реализацијата. Кога нема да постигнеме гол, а противникот ќе поведе работите на теренот се компликуваат. Тоа е така, ова е фудбал, не е математика. Сега е потребно позитивно да гледаме на она што ни претстои, бидејќи пред нас во Лигата на шампиони е последниот натпревар во групата и ќе одиме до крај, изјави Модриќ. „Кралскиот клуб“ три пати во серија триумфираше во Лигата на шампиони од 2016 до 2018 година, а сега му се заканува елиминација уште во групната фаза. Тренерот Зинедин Зидан по вчерашниот пораз во Украина недвосмислено изјави дека нема да поднесе оставка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/feed/ 0