тешка сообраќајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 10:34:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тешка сообраќајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗАГИНА 24- ГОДИШЕН ВОЗАЧ: Извршен увид на местото на тешка сообраќајка кај Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zagina-24-godishen-vozach-izvrshen-uvid-na-mestoto-na-teshka-soobrakajka-kaj-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zagina-24-godishen-vozach-izvrshen-uvid-na-mestoto-na-teshka-soobrakajka-kaj-bitola/#respond Mon, 24 Jul 2023 10:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=859423

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zagina-24-godishen-vozach-izvrshen-uvid-na-mestoto-na-teshka-soobrakajka-kaj-bitola/feed/ 0
ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, ДВЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Карамбол на автопатот Скопје-Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-zagina-dve-se-povredeni-karambol-na-avtopatot-skopje-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-zagina-dve-se-povredeni-karambol-na-avtopatot-skopje-tetovo/#respond Tue, 19 Oct 2021 16:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=582170

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот. Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото. -Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош. Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф додека товарното возило е мерцедес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-zagina-dve-se-povredeni-karambol-na-avtopatot-skopje-tetovo/feed/ 0
Детали за стравичната сообраќајка кај Тополчани: Еден лице почина, а малолетник е тешко повреден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-stravichnata-soobrakjajka-kaj-topolchani-eden-lice-pochina-a-maloletnik-e-teshko-povreden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-stravichnata-soobrakjajka-kaj-topolchani-eden-lice-pochina-a-maloletnik-e-teshko-povreden/#respond Sun, 04 Aug 2019 09:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=226211

Еден лице го загуби животот, а малолетник е тешко повреден во вчерашната сообраќајка што се случи на магистралниот пат Прилеп- Битола кај село Тополчани, соопшти МВР. Во несреќата меѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(60) од Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(46) од Битола, што била пријавена во 12:40 часот, повредени се и уште три лица. На местото на настанот починал З.С., а со тешки повреди се здобил сопатникот од возилото „Опел астра“ кој бил малолетен. Повредени се и возачот и уште двајца сопатници во „опелот“. Сите се пренесени во Клиничката болница Битола. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-stravichnata-soobrakjajka-kaj-topolchani-eden-lice-pochina-a-maloletnik-e-teshko-povreden/feed/ 0
ОЈО со детали за тешката несреќа кај Ново Село: Комбето преминало во спротивната коловозна лента https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/#respond Thu, 01 Aug 2019 08:30:35 +0000 https://kurir.mk/?p=225382

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес – Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија. -Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење. Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот, соопшти Обвинителството. По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крв и урина кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/feed/ 0
Тешка сообраќајка кај Смилковци: 20- годишно момче почина на лице место, тешко повредени двајца малолетници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajka-kaj-smilkovci-20-godishno-momche-pochina-na-lice-mesto-teshko-povredeni-dvajca-maloletnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajka-kaj-smilkovci-20-godishno-momche-pochina-na-lice-mesto-teshko-povredeni-dvajca-maloletnici/#respond Sat, 01 Jun 2019 08:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=204122

Ноќеска во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с.Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, соопшти денеска МВР, возачот починал на местото на настанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshka-soobrakjajka-kaj-smilkovci-20-godishno-momche-pochina-na-lice-mesto-teshko-povredeni-dvajca-maloletnici/feed/ 0
Тешката сообраќајка на патот Скопје- Тетово меѓу првите вести во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teshkata-soobrakjajka-na-patot-skopje-tetovo-megju-prvite-vesti-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teshkata-soobrakjajka-na-patot-skopje-tetovo-megju-prvite-vesti-vo-regionot/#respond Thu, 14 Feb 2019 09:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=163821

Медиумите од регионот јавуваат за вчерашната тешка сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово и во која, засега, според официјалните информации, има 15 загинати лица. „Протекуваат детали за страшната несреќа во која загинаа најмалку 14 лица“, „При превртување на автобус во Македонија 14 мртви: Уште четири лица се борат за живот“, „Објавена причината за трагедијата во Македонија“, „Стравична несреќа во Македонија“, се само некои од насловите во печатените и електронските изданија на српските, хрватските и босанските медиуми. -Многу е болно кога гледаш како човек на твои години се збогува од овој свет, барајќи помош: Потресни сведочења од автобусот на смртта кај Тетово“, пишува Телеграф.рс. „Б92“, пренесувајќи ја МИА, јавува дека македонската Влада прогласи дводневна жалост поради тешката сообраќајка на патот Скопје – Тетово во која загинаа 14 лица. Српски „Новости“ се повикува на локалните медиуми и пишува дека „до несреќата дошло откако на автобусот му пукнала гума поради што возачот изгубил контрола и преминал на спротивната страна од патот, пробивајќи ја заштитната ограда, по што се превртел во провалија“. „На патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак се преврте автобус со вкупно 51 патник од кои 14 го загубија животот. Имињата на жртвите се уште не се објавени зашто е во тек нивната идентификација на Институтот за форензичка медицина“, наведува „Вечерњи лист“. Под насловот „Крвав биланс на страшната трагедија во Македонија“, „Слободна Босна“ пишува дека во несреќата се повредени преку 30 лица, а пет се во критична состојба. „Очевидец на несреќата во Македонија: Смрдеше на нафта, се слушаше плачење, беше страшно“, е написот што го објави „Индекс.хр“ во кој стои дека, според сведочењето на присутните, местото на несреќата било стравично, а се до доаѓањето на итните служби, на повредените им помагало локалното население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teshkata-soobrakjajka-na-patot-skopje-tetovo-megju-prvite-vesti-vo-regionot/feed/ 0