Тешко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Sep 2018 14:08:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тешко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ-Тешко до решеније за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-teshko-do-reshenije-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-teshko-do-reshenije-za-kosovo/#respond Sat, 01 Sep 2018 14:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=95106

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово. - Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава, изјави Вучиќ на отварањето на Жежељовиот мост во Нови Сад, каде гостин беше и еврокомесарот Јоханес Хан. Според неговите зборови, „тие во Србија кои бараат 'ништо' и се надеваат дека Србија добива 'едно големо ништо', треба да продолжат да се радуваат, бидејќи се е насочено кон успехот да Србија по прашањето на Косово не добие ништо“. Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи покренаа иницијатива за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и взаемно признавање, а Европската унија упати поддршка на овој предлог. Но, Германија се изјасни против прекројувањето на балканските граници. - Кога ќе чуете за што се залагаат хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседавачот на Советот на министри Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и некои други, тогаш на сите Срби и граѓани на Србија им е јасно кој се бори за зачувување и остварување на нашите национални и државни интереси, додаде Вучиќ. Тој рече дека очекувал да неговите политички опоненти во Србија ќе организираат славење поради изјавите на одделни официјални лица од Европа и на Албанците дека границите не се менуваат, но заборавија да кажат дека тоа се однесува на тоа дека не се менуваат границите на независно Косово. - Намерно работеа на целовитост на независно Косово, само што се правеа дека демек ги штитат нашите државни и национални интереси. Тоа ни претставува голем проблем, додаде Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-teshko-do-reshenije-za-kosovo/feed/ 0