тестирања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Aug 2020 09:01:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тестирања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Астра Зенека“ почна тестирања со терапија со антитела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astra-zeneka-pochna-testiranja-so-terapija-so-antitela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astra-zeneka-pochna-testiranja-so-terapija-so-antitela/#respond Tue, 25 Aug 2020 09:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=395004

Британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ соопшти дека почна тестирања со терапија со синтетички антитела за превенција и третман на Ковид-19, придружувајќи се во напорите во потрага по ефикасен лек за оваа болест. Компанијата „Астра Зенека“, што во моментов спроведува клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус, соопшти дека раната фаза на тестирање AZD7442, комбинација на две моноклонални тела, има за цел да ја утврди безбедноста на овој лек. Во оваа фаза се вклучени 48 здрави доброволци од Велика Британија, на возраст од 18 и 55 години. Доколку оваа фаза покаже позитивни резултати, „Астра Зенека ќе продолжи со натамошни студии за да се утврди ефикасноста на AZD7442 во спречување на инфекција од Ковид-19, како и во лекување на пациенти кои веќе се заболени од новиот коронавирус. AZD7442 е комбинација на две лабораториски произведени моноклонални антитела кои имитираат природни антитела произведени од човечкото тело и во моментов се користи за лекување на некои видови на карцином. „Астра Зенека“ во јуни доби 23,7 милиони долари од американските владини агенции за подобрување на терапијата со антитела за лекување од Ковид-19. Оваа терапија во моментов ја тестираат и американските компании „Регенерон“ и „Ели Лили“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astra-zeneka-pochna-testiranja-so-terapija-so-antitela/feed/ 0
Вакцина против коронавирусот можно и до крајот на годината, еве во која фаза се тестирањата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakcina-protiv-koronavirusot-mozno-i-do-krajot-na-godinata-eve-vo-koja-faza-se-testiranjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakcina-protiv-koronavirusot-mozno-i-do-krajot-na-godinata-eve-vo-koja-faza-se-testiranjata/#respond Tue, 28 Jul 2020 08:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=382447

Две фармацевтски компании Модерна Инц и Пфизер Инц објавија дека влегле во третата фаза на тестирање вакцина за Ковид-19 извршено на по 30.000 испитаници, која би можела да добие одобрување од регулаторното тело и да се пушти во широка употреба до крајот на оваа година. Двете компании кои работат на оваа вакцина користат нова технологија која овозможува брз развој и производство од традиционални методи на произведување. Таканаречената mRNA вакцина ќе „влезе“ во имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот. Модерна од американската влада за развој на вакцината доби близу милијарда долари. Пфизер со американската влада, пак, потпиша договор вреден околу 2 милијарди долари за продажба на вакцини за 50 милиони луѓе доколку таа се покаже ефикасна. Во различна фаза на развој во моментов се наоѓаат над 150 потенцијални вакцини за коронавирус, од кои дваесетина веќе клинички се испитуваат на луѓе. Директорот на американскиот Национален здравствен институт истакнал дека Модерна, ако вакцината се покаже сигурна и ефикасна, би можела да има подготвено над десетина милиони дози од вакцината. Пфизер соопшти дека доколку тестирањето биде успешно, веќе во септември би можеле да побараат одобрување од регулаторното тело и до крајот на годината да испорачаат вакцини за 50 милиони пациенти. Планираат до крајот на 2021 година да произведат околу 1,3 милијарди дози вакцини, додека Модерна цели на производство на 500 милиони до една милијарда дози годишно почнувајќи од следната година. Резултатите од тестирањата ќе бидат познати можеби и пред декември оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakcina-protiv-koronavirusot-mozno-i-do-krajot-na-godinata-eve-vo-koja-faza-se-testiranjata/feed/ 0
Кипар го зголемува бројот на тестирања на туристите по случаен избор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-zgolemuva-brojot-na-testiranja-na-turistite-po-sluchaen-izbor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-zgolemuva-brojot-na-testiranja-na-turistite-po-sluchaen-izbor/#respond Wed, 15 Jul 2020 11:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=376187

По препораките од Советодавната научна комисија и по иницијатива на Министерството за здравство на Кипар, на островот на 600 се зголемуваат тестовите што ќе се прават на аеродромите, а се однесуваат на тестирањата по случаен избор на сите посетители, јави дописничката на МИА од Атина. Целта е да се обезбеди навремено откривање на „увезените“ случаи, но и регистрираните епидемиолошки податоци да се користат за категоризацијата на земјите. Согласно новата листа издадена од Министерството за здравство на Кипар, што почнува да важи од утре, вклучени се 43 земји, поделени во три категории (наспроти две како што беше досега) : прва категорија – земји со ниска опасност, втора категорија, земји со поголема опасност од првата и трета категорија – земји со зголемена опасност во споредба со првите две. Во првата категорија се 14 земји од Европската унија (Австрија, Германија, Данска, Естонија, Финска , Грција, Ирска, Латвија, Литванија, Малта, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија), четири од Шенген зоната (Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) и четири трети земји (Јапонија, Јужна Кореа, Нов Зеланд и Канада) и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација. Во втората категорија земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж во споредба со првата“, се 10 земји од Европската унија (Бугарија, Белгија, Франција, Италија, Хрватска, Луксембург, Холандија, Романија и Чешка), четири мали земји (Андора, Монако, Ватикан и Сан Марино), како и трети земји (Грузија, Уругвај и Австралија) и задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето. Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, се Португалија, Шведска, Велика Британија и Србија, а дозволен е влез само за одредени категории државјани со задолжителен негативен тест и 14 дневна самоизолација. Последен пат листата беше ажурирана на 3 јули и стапи во сила на 6 јули. Туристите, како што е веќе пракса откако беа отворени аеродромите, пред да го посетат Кипар, задолжително треба да достават барање за CyprusFlightPass (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-zgolemuva-brojot-na-testiranja-na-turistite-po-sluchaen-izbor/feed/ 0
На Кипар се тестираат 10.000 лица за Ковид-19, од бизнисите што почнаа со работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kipar-se-testiraat-10-000-lica-za-kovid-19-od-biznisite-shto-pochnaa-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kipar-se-testiraat-10-000-lica-za-kovid-19-od-biznisite-shto-pochnaa-so-rabota/#respond Mon, 22 Jun 2020 16:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=361056

Министерството за здравство на Кипар почна нова програма за тестирање на 10.000 вработени, кои имаат директен контакт со клиентите од бизнисите што почнаа со работа во втората и третата фаза од укинувањето на рестриктивните мерки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретната група се вклучени вработените во библиотеките, музеите и археолошките локалитети, во моловите и трговските центри, во хотелите и туристичките објекти, во фитнес центрите, како и во угостителските објекти во внатрешниот дел, кои имаат можност сами да се пријават. Досега во рамките на програмата направени се 337 анализи, а закажани се 1.022 термини за тестирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kipar-se-testiraat-10-000-lica-za-kovid-19-od-biznisite-shto-pochnaa-so-rabota/feed/ 0
Нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, закажани се 50 тестирања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-zakazani-se-50-testiranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-zakazani-se-50-testiranja/#respond Tue, 02 Jun 2020 09:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=352777

Епидемиолозите открија два нови случаја на инфицирани со корона вирусот во Гостивар. Со неодамнешните во општина Гостивар, до денес активни се вкупно четири, колку што има и во соседната општина Врапчиште. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаја се регистрирани во селото Чегране. Со оглед дека работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата. Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 370 тестови, а во моментов активни се вкупно осум случаи. Од последица од коронавирусот, починаа три лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-sluchai-na-kovid-19-vo-gostivar-zakazani-se-50-testiranja/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно фијаско на оваа влада, 73.742 тестирања во Словенија, а Македонија 24.018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ochigledno-fijasko-na-ovaa-vlada-73-742-testiranja-vo-slovenija-a-makedonija-24-018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ochigledno-fijasko-na-ovaa-vlada-73-742-testiranja-vo-slovenija-a-makedonija-24-018/#respond Sun, 24 May 2020 07:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=349604

Македонија е рекордер во регионот по починати лица од Ковид-19. Овој податок говори само дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледаат како да ја спасат политичката кариера, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 20 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот. Споредбено, Хрватска во последното деноноќие нема заболени од корона вирус, додека пак Албанија има 8 новозаболени од Ковид-19. Во Република Македонија  бројката е значително поголема, вкупниот број на заболени кај нас достигна 1.941 лица, а бројот на починати е 113 лица. Бројките се влошуваат секое деноноќие, а доколку се спореди со држава со приближно ист број на жители како Словенија, Македонија има навистина лоша бројка. Словенија заклучно со 21 мај има извршено 73.742 тестирања, а Македонија за тој период само 24.018. Според мапата која беше објавена Македонија има највисок индекс по смртност во регионот. Додека ние сме на врвот, СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, и по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори. Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават. Со СДСМ и Заев единствени добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ochigledno-fijasko-na-ovaa-vlada-73-742-testiranja-vo-slovenija-a-makedonija-24-018/feed/ 0
Во Вухан за 24 часа направени 467.847 тестирања на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vuhan-za-24-chasa-napraveni-467-847-testiranja-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vuhan-za-24-chasa-napraveni-467-847-testiranja-na-koronavirus/#respond Tue, 19 May 2020 13:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=347862

Во Вухан вчера се направени 467.847 тестирања на коронавирус, додека претходниот ден тој број изнесуваше 335.887. Во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот коронавирус, на 14 мај почна кампања со цел откривање на асимптоматски носители на вирусот. Ваквиот чекор е преземен откако неодамна беа пријавени нови случаи, првпат откако беа укинати карантинските мерки во градот на почетокот на април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vuhan-za-24-chasa-napraveni-467-847-testiranja-na-koronavirus/feed/ 0
Ковид-19: Во Вухан ќе се тестираат сите 11 милиони жители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-vuhan-kje-se-testiraat-site-11-milioni-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-vuhan-kje-se-testiraat-site-11-milioni-ziteli/#respond Fri, 15 May 2020 08:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=346133

Три милиони луѓе се тестирани до крајот на април во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот коронавирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Ксинхуа. Приоритет се дава на граѓаните кои досега не биле тестирани, жителите на станбени блокови во кои имало позитивни на коронавирус, како и старите лица и жителите на густо населените населби, информира градската администрација. Медицинските установи соопштија дека во текот на викендот е пронајдена инфекција во еден кластер на граѓани во Вухан и предупредува на можен втор бран на епидемијата. Експертите објаснуваат дека најавените масовни тестирања укажуваат на сериозна загриженост од втор бран на епидемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-vuhan-kje-se-testiraat-site-11-milioni-ziteli/feed/ 0
Патник од Италија тестиран на коронавирус, резултатите ќе се знаат во текот на денот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnik-od-italija-testiran-na-koronavirus-rezultatite-kje-se-znaat-vo-tekot-na-denot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnik-od-italija-testiran-na-koronavirus-rezultatite-kje-se-znaat-vo-tekot-na-denot/#respond Fri, 28 Feb 2020 08:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=309840

Еден патник кој дошол од Италија на 22-ри месецов во Струмица со температура над 37 степени се јавил во болница. Од него е земен материјал за тестирање на коронавирус и резултати ќе бидат готови во текот на денот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека пациентката, кај која е потврден првиот случај на вирусот Ковид-19, е во стабилна состојба, сместена во одделот за изолација и нема значи за компликации на здравствената состојба. Според информациите од докторите, жената влегува во фаза на заздравување. -Добро оди системот на домаша изолација на 12 лица, сопатниците и лицата со кои тие контактирале. Вчерашните резултати на двајцата патници се негативни на коронавирус, информираше Филипче. Тој потврди дека двајца бугарски државјани кои се на работа во битолска фирма се јавиле вчера во болница. Тие биле во северна Италија, но не дале податок дека биле во контакт со заболени лица и се во домашна изолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patnik-od-italija-testiran-na-koronavirus-rezultatite-kje-se-znaat-vo-tekot-na-denot/feed/ 0
Франција, Германија и Финска спроведуваат најболни тестирања врз животни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-germanija-i-finska-sproveduvaat-najbolni-testiranja-vrz-zivotni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-germanija-i-finska-sproveduvaat-najbolni-testiranja-vrz-zivotni/#respond Tue, 11 Feb 2020 16:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=302524

Европската Комисија ги објави последните податоци (од 2017) за состојбата со лабораториски тестирања врз животни, резултатите се загрижувачки според невладините организации за заштита на животните. Помеѓу 2015 и 2017 во цела Европска Унија се употребени помеѓу девет и десет милиони животни за лабораториски тестирања. Од овие тестирања, Европската Комисија оценува дека 11 отсто предизвикале „акутно страдање на животните“, што е спротивно на европската директива за благосостојба на животните. Германија спровела највеќе експерименти врз животни (над 1,8 милиони), следуваат Франција, Шпанија, Италија и Белгија. Мерењата на болката што ги предизвикуваат овие експериментирања покажуваат дека највеќе страдале животните во Франција, Германија, Финска и Белгија. Освен глувци и стаорци, овие земји користат и мачки и кучиња во нивните лаборатории. Шест проценти од сите тестирања врз животни во ЕУ предизвикале смрт или смртоносна болест кај животното, односно, за три години 1,85 милиони животни, стои во извештајот. Единаесет отсто од експериментите предизвикале акутна болка, како на пример во случај на „насилно пливање“ во кое се оставаат животните во вода додека не почнат да тонат. Според новинарски истражувања, животните кои преживуваат сепак се убиени подоцна затоа што нивните внатрешни органи и се потребни на лабораторијата. Невладините организации бараат од ЕУ брза реакција и построги закони за заштита на животните од лабораториските тестирања. -Многу малку експерименти врз животни се забранети со закон, посочува организацијата ПЕТА која нагласува дека овие тестирања не произведуваат позитивни резултати во медицината и здравјето на луѓето. Европската Унија во 2010 донесе директива за експериментите врз животни, но по овие резултати невладините сметаат дека напредокот не е задоволителен. -Една од целите на директивите е да се заменат лабораториските животни преку рафинирање на методите на истражување. Експерименталните истражувања без животни е вклучена во директивата како цел, десет години подоцна гледаме дека речиси ниедна од овие цели не е постигната, изјави претседателот на организацијата Гаиа, Мишел Ванденбош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-germanija-i-finska-sproveduvaat-najbolni-testiranja-vrz-zivotni/feed/ 0