тестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 11:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ново тестирање на турска балистичка ракета Тајфун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/#respond Tue, 23 May 2023 11:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=837859

Ново тестирање на турската балистичка ракета Тајфун е извршено денеска во турскиот град Ризе. Домашно произведената балистичка ракета со краток дострел може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди. Пред тестирањето беа преземени опсежни безбедносни мерки на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина. Тестирањето на Тајфун е извршено во 06:44 часот по локално време (05:44 по средноевропско време) и заврши без инциденти. Претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир на социјалните мрежи објави снимка од ракетното тестирање. Ракетата е изработена од компанијата „Roketsan“. „Успешно извршивме ново пробно истрелување на ракетата Тајфун. Им честитам на сите што придонесоа, особено на „Roketsan, рече Демир. Пробното истрелување на ракета Тајфун е извршено од аеродромот Ризе-Артвин на 18 октомври 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-testirane-na-turska-balistichka-raketa-tajfun/feed/ 0
Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и ќе се тестира во ОХИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=748281

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), преку Канцеларијата за Постојани органски загадувачи (ПОПс), пристапува кон изработка на Национален имплементациски план за редукција и елиминација на живата, пред се на една пилот локација во ОХИС, а потоа и на ниво држава, најави ресорниот министер Насер Нуредини. – Минамата конвенцијата за жива ја потпишавме во јули 2014 година, а во 2020 година со Законот за ратификација и ја ратификувавме и со тоа станавме полноправна членка на овој меѓународен договор. Целта на Конвенцијата е да придонесе кон минимизирање на штетните ефекти на живата врз животната средина и здравјето на луѓето, како во национални и регионални, така и во глобални рамки, рече Нуредини во обраќањето на воведниот настан од проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива“. Имајќи го предвид мултисекторскиот аспект на примената и присуството на живата во сите сфери на човековото живеење, како индустријата, здравството, економијата, финансиите, земјоделството, науката, невладиниот сектор, додаде Нуредини, соработката помеѓу сите релевантни чинители во земјата е клучна и треба да придонесе кон успешно реализирање на предвидените активности на проектот. – Таквата соработка ќе обезбеди квалитетна база на податоци како појдовна основа за дефинирање на конкретни акции што ќе бидат преточени во национален имплементациски план за редукција и елиминација на жива во земјата. Живата е исклучително опасна по здравјето на луѓето и животните и бара разработен стратешки пристап за идентификација на контаминиран терен, рече Нуредини. Изработката на Стратегијата за идентификација на локација контаминирана со жива и нејзина практична примена на избрана пилот локација во поранешниот гигант ОХИС, е финансиски поддржана од Фондот на специфичната меѓународна програма на Минамата конвенцијата во рамките на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) . Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на спроведување на повеќе глобални договори поврзани со управувањето со хемикалии во текот на целиот нивен животен циклус. Земјава е потписник на повеќе меѓународни договори со кои се уредува и олеснува безбедното справување со опасните хемикалии, прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, како што се Монтреалскиот протокол, Стокхолмската, Ротердамската и Базелската конвенција и низа други не помалку важни меѓународни иницијативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/feed/ 0
Италијанец во исто време е позитивен на корона, ХИВ и мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanec-vo-isto-vreme-e-pozitiven-na-korona-hiv-i-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanec-vo-isto-vreme-e-pozitiven-na-korona-hiv-i-majmunski-sipanici/#respond Wed, 24 Aug 2022 15:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=723385

Во Италија е регистриран првиот случај на пациент кој истовремено е позитивен на коронавирус, мајмунски сипаници и ХИВ. Станува збор за 36-годишен маж кој девет дена откако се вратил од одмор во Шпанија добил треска, главоболка, болки во грлото, воспаление во препоните и се чувствувал уморен. Како што пренесува CNBC, Италијанецот рекол дека за време на престојот во Шпанија имал незаштитен секс со мажи. Три дена по појавата на симптомите, му била дијагностицирана корона, објави Journal of Infection. Неколку часа по позитивниот тест за ковид, Италијанецот доби црвенило на левата рака. По неколку дена, мајмунските сипаници му се прошириле по целото тело, па бил примен во болницата во Катанија. Во таа клиника на 36-годишникот му биле направени различни тестови кои покажале дека е позитивен на мајмунски сипаници, корона и ХИВ. Негативниот ХИВ тест што го направил пред една година покажува дека 36-годишникот бил заразен со вирусот од неодамна. По една недела, тој бил пуштен од болница бидејќи се опоравил од ковид и од мајмунски сипаници. „Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и ковид може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција треба да се испитаат сексуалните навики на пациентот за да се дојде до правилна дијагноза“, велат истражувачите од Универзитетот во Катанија во својата извештај. Истражувачите предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето е сè уште заразно. „Со оглед на тоа што ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот“, велат оттаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanec-vo-isto-vreme-e-pozitiven-na-korona-hiv-i-majmunski-sipanici/feed/ 0
Граѓаните приватно платиле над 18,6 милиони евра за ковид тестирања бидејќи немало термини во јавното здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-privatno-platile-nad-18-6-milioni-evra-za-kovid-testiranja-bidejkji-nemalo-termini-vo-javnoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-privatno-platile-nad-18-6-milioni-evra-za-kovid-testiranja-bidejkji-nemalo-termini-vo-javnoto-zdravstvo/#respond Fri, 22 Jul 2022 09:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=708846

Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со Приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на Ковид-19, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот. Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, се вели во Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОМ). Државниот завод за ревизија, исто така, изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година. Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови. Ревизорите нагласуваат дека е неопходно Министерството за здравство да преземе активности за обезбедување на потребните услови во ЈЗУ, како би се постигнала поголема конкурентност на јавното здравство во областа на вршење на кардиоваскуларно-хируршки здравствени услуги. -Постои нерамномерен сооднос при вршењето на кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги во 2019 и 2020 година меѓу ЈЗУ и ПЗУ. Имено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330 илјади денари од кои 95 отсто од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, се вели во извештајот на ДЗР. Со извршената ревизија, исто така, констатирани се и слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните медицински интервенции реализирани од ПЗУ. – Поради здравствената криза во 2020 година бројот на теренски контроли кај здравствените установи е намален за 74 проценти со што се зголемува ризикот од признавање и плаќање на здравствени услуги во вид и обем различен од реално извршениот. Според презентираните информации, во 2020 година извршени се вкупно 83 контроли кај здравствени установи, наспроти 472 во 2019 година, констатираат ревизорите. Најмал број контроли, ДЗР констатира дека се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а кај истите се утврдени неправилности во 85 отсто случаи. Во постапките за упатување за лекување во странство на осигурените лица не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. – Фондот има евидентирано аванси за лекување во странство дадени на странски здравствени установи во износ од 209.772 илјади денари, за кои нема точни информации за статусот на лекувањата поради необезбедена документација, се вели во извештајот на ДЗР. Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравствено осигурување. – Истовремено во овој дел се потенцираат и состојбите настанати кај ЈЗУ како резултат на здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 во 2020 година. Имено, во 2021 година 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи поради реализиран значајно помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок, констатираат ревизорите. Од ДЗР, исто така, констатираат дека отпочнати се активности за воведување електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот, без координација со Министерството, кои не се целосно реализирани. Тие, посочуваат дека постои потреба Министерството за здравство и Управата за електронско здравство во координација со Фондот, имајќи ги предвид одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството, да ги преиспитаат економичноста, ефективноста и ефикасноста на примената на член 28-а од Законот за здравствено осигурување со кој се воведува електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот и да се разгледа можноста за искористување на капацитетите на постојниот систем за препишување и издавање лекови на рецепт со истовремено воспоставување контролни точки кои ќе обезбедат плаќање на подигнати лекови единствено врз основа на реално и законски пропишани рецепти од овластени лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-privatno-platile-nad-18-6-milioni-evra-za-kovid-testiranja-bidejkji-nemalo-termini-vo-javnoto-zdravstvo/feed/ 0
Пекинг тестира милиони луѓе, изолира илјадници поради група заразена со Ковид во бар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-testira-milioni-lugje-izolira-iljadnici-poradi-grupa-zarazena-so-kovid-vo-bar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-testira-milioni-lugje-izolira-iljadnici-poradi-grupa-zarazena-so-kovid-vo-bar/#respond Mon, 13 Jun 2022 14:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=690223

Властите во главниот град на Кина, Пекинг, денеска преземаат мерки да ја спречат епидемијата на зараза со Ковид-19 што избувна во 24-часовен бар познат по евтин алкохол и голем метеж, при што милиони се соочуваат со задолжително тестирање, а илјадници се во изолација. Избувнувањето на скоро 200 случаи поврзани со барот во центарот на градот кој штотуку повторно се отвори по минатонеделното олеснување на ограничувањата во Пекинг покажува колку ќе биде тешко за Кина да успее во својата политика за нулта-ковид, додека остатокот од светот одлучи да научи како да живее со вирусот. Повторното појавување на зараза со ковид, исто така, предизвикува нови грижи за втората по големина економија во светот. Кина закрепнува од тешкиот удар од двомесечното затворање на Шангај, нејзиниот најнаселен град и трговски центар, кој исто така ги потресе глобалните синџири на снабдување. Послужувањето во рестораните во Пекинг беше овозможено повторно на 6 јуни, по повеќе од еден месец во кој градот со 22 милиони жители спроведе различни мерки за забрана. Многу трговски центри, спортски сали и други простори беа затворени, системот за јавен превоз беше делумно запрен, а милиони луѓе работеа од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-testira-milioni-lugje-izolira-iljadnici-poradi-grupa-zarazena-so-kovid-vo-bar/feed/ 0
Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/#respond Wed, 01 Jun 2022 08:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=684756

Во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари денеска почна првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик). Целта на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигнувањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование. Според МОН и ДИЦ, ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди. Почетокот на тестирањето во ОУ „26 Јули“ го посетија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска. -Имав можност да го посетам државното тестирање по мајчин јазик и математика и да им кажам на учениците без страв да ги одговорат прашањата што им се доставени. Ова не се тестови за оценување на нивните поединечни знаења, туку го оценуваат системот на основното образование. Нашата цел е со користење стандардизирани процедури и инструменти да измериме колку успешно нашиот образовен систем им овозможува на учениците да ги совладаат содржините по предметите по кои се прави тестирањето. За да го направиме тоа, потребни ни се податоци за знаењето што учениците го стекнале во текот на целата учебна 2021/2022 година, рече Шаќири. На 18 и 19 мај 2022 година беа одржани обуки (на македонски и на албански јазик) за организација на тестирањето, на кои учествуваа околу 240 директори и координатори од основните училишта кои се избрани во примерокот за тестирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavno-testiranje-na-tretooddelenci-za-majchin-jazik-i-matematika/feed/ 0
Во Австрија стапи на сила новата стратегија за тестирање на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/#respond Fri, 01 Apr 2022 09:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=656812

Во Австрија денеска стапи на сила новата стратегија за тестирање против коронавирус, која предвидува пет бесплатни ПЦР и антигенски тестови за граѓаните, наместо досегашните неограничени можности за тестирање на трошок на државата. Според уредбата на австриското министерство за здравство, секој има право на пет антигенски и пет ПЦР тестови на трошок на државата месечно. Во текот на април овозможено е користење и на дополнителните пет „постари“ тестови кои им беа оставени на граѓаните. Покрај тоа, постојат различни групи за кои бесплатното тестирање остана неограничено, а тоа е за персонал, но и за штитеници во згрижување и установи за лица со посебни потреби, болници, бегалски установи, но и во сместување за бездомници и градинки. Исто така, луѓето со симптоми сепак ќе бидат бесплатно тестирани за коронавирус. Како ќе се спроведе новата стратегија за тестирање останува одговорност на провинциите. Повеќето провинции се држат до мешан систем на „домашни тестови“ и тестови во аптеките. Провинцијата Штаерска, на пример, во иднина ќе дозволува тестирање само во аптеките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-na-sila-novata-strategija-za-testiranje-na-koronavirus/feed/ 0
Нова стратегија за тестирање во Австрија од 1 април https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-strategija-za-testiranje-vo-avstrija-od-1-april/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-strategija-za-testiranje-vo-avstrija-od-1-april/#respond Wed, 16 Mar 2022 09:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=648097

Австрија од 1 април ќе ја промени стратегијата за тестирање на коронавирусот и оттогаш секој граѓанин ќе има можност да се тестира пет пати со ПЦР тест и пет пати со антигенски тест бесплатно. Во моментов постои широка стратегија за тестирање, која им овозможува на граѓаните секојдневно да се тестираат, доколку сакаат, за бесплатен ПЦР или антигенско тестирање. Министерот за здравство Јоханес Рауч рече дека од почетокот на пандемијата се потрошени три милијарди евра за тестирање на граѓаните. - Сè уште ќе има тестови. На кој му треба бесплатен тест, ќе добие - подвлече тој. Така, на пример, луѓето во домовите за стари лица и старите лица ќе имаат можност почесто да се тестираат. За детално следење на епидемиолошката состојба, најави, ќе се врши мониторинг на отпадните води преку кој ќе се мери присуството на вирусот кај населението. Исто така, од 1 април, според одлуката на Министерството за здравство, ќе се промени правилото за карантин. Така, лицата кои биле во контакт со заболените, а биле целосно вакцинирани, од април ќе можат да одат на работа и пазарење, но не и во ресторани, забави, настани. Не мора да бидат ставени во карантин и лицата кои не се целосно вакцинирани или кои не се вакцинирани, но ќе мора да носат маска на работа и при пазарење, но им е забрането да одат на настани и во угостителски објекти. Со олеснување на мерката карантин, Рауч сака да го спречи заканувачкиот недостиг на кадар поради вирусот, односно карантин. Во училиштата останува на сила сегашниот режим на тестирање, кој предвидува два до три тестирања на ученици неделно. Градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг ги критикуваше промените во стратегијата за тестирање против коронавирусот. Тој посочи дека Виена ќе го продолжи својот конзистентен пат и дека нема да ги повторува грешките, што го прави федералната влада. Тој најави дека виенските власти, кои сакаат да го задржат сегашниот систем за тестирање, ја разгледуваат можноста да спроведат сопствени мерки и во оваа област. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-strategija-za-testiranje-vo-avstrija-od-1-april/feed/ 0
Едно дете од 200 тестирани е позитивно на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-dete-od-200-testirani-e-pozitivno-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-dete-od-200-testirani-e-pozitivno-na-koronavirusot/#respond Sat, 19 Feb 2022 21:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=633722

Од 200 тестирани основци за Ковид само едно дете било позитивно. Ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови. Тестирањето ќе продолжи во понеделник. Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, за потребните 1000 анализи добиле над 4000 согласности. -Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на тие анализи кај учениците, изјави Беким Сали, министер за здравство. -Она што го гледаме повеќето држави одржуваат настава со редовност нема онлајн настава, меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. Паралелно се одвива и тестирањето на возрасните кое треба да покаже каков имунитет за Ковид имаат граѓаните во земјава. После Скопје примероци од крв денеска се земаа на случајните минувачи на плоштадот во Битола, а наредните денови скрининг ќе се прави и во други поголеми градови. Од добиените резултати ќе зависи дали и понатаму на сила ќе останат мерките или граѓаните послободно ќе функционираат. -Ако добиеме позитивни резултати според кои ќе има над 70 отсто од вкупната имунизација во државата, тогаш ќе почнеме со олабавување и олеснување на мерките, изјави министерот Беким Сали. Според планот на Министерството за здравство со серолошкиот скрининг предвидено е да се направат 3000 анализи, од кои 1000 на примероци земени на неколку локации во Скопје. Минатогодишниот скрининг на Институтот за имунологија пред почетокот на вакцинацијата покажа дека само 30 проценти од граѓаните имаат антитела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-dete-od-200-testirani-e-pozitivno-na-koronavirusot/feed/ 0
Од денеска КОВИД тестирања на уште три пункта- во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-kovid-testiranja-na-ushte-tri-punkta-vo-gjorche-petrov-idadija-i-bit-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-kovid-testiranja-na-ushte-tri-punkta-vo-gjorche-petrov-idadija-i-bit-pazar/#respond Tue, 15 Feb 2022 14:53:27 +0000 https://kurir.mk/?p=631733

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека од денеска КОВИД-тестирања може да се закажуваат и на пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар. Според Петличковски, се планира отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје. Со оглед дека бројката на новозаразени меѓу децата до 14 години е зголемена, Петличковски апелира до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето. -Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето. Затоа отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање. Во Скопје од денеска пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар се активни за закажување на термини и во нив може да се закажуваат тестирањата за КОВИД преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови во центрите за јавно здравје со цел тој период кој го воочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, истакна Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-kovid-testiranja-na-ushte-tri-punkta-vo-gjorche-petrov-idadija-i-bit-pazar/feed/ 0