тетанус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Apr 2019 14:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетанус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седум лица каснати од кучиња скитници за еден ден: Тетанус нема, граѓаните оставени сами да се снаоѓаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedum-lica-kasnati-od-kuchinja-skitnici-za-eden-den-tetanus-nema-gragjanite-ostaveni-sami-da-se-snaogjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedum-lica-kasnati-od-kuchinja-skitnici-za-eden-den-tetanus-nema-gragjanite-ostaveni-sami-da-se-snaogjaat/#respond Fri, 05 Apr 2019 14:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=182822

Речиси секој ден во полицискиот билтен има по најмалку еден случај на каснат од куче. Во текот на вчерашниот ден, каснати од кучиња скитници се седум лица. На 04.04.2019 во 17:30 часот во Полициската станица Радовиш, Р.Х.(66) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот на улица „Вардарска“ во Радовиш била касната од куче скитник на левата потколеница. На 04.04.2019 во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(56) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 16:00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш била касната од куче скитник на левата потколеница. На 04.04.2019 во 10:20 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(56) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 10:00 часот на улица „22 Октомври“ во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на десната нога. На 04.04.2019 во Полициската станица Гостивар, Д.Г.(69) од Гостивар пријавила дека на 03.04.2019 околу 19:30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар нејзиниот 17-годишен син бил каснат од куче скитник на левата нога. Во Полициската станица Чаир, К.А.(31) од Скопје вчера пријавил дека на 3 април 2019 околу 20.30 часот на улица „Диме Мечето“ неговата 12- годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната и левата потколеница. Исто така, вчера во 22.05 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот на булевар „Србија“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака. Во 09.00 часот пак, во Полициската станица Демир Капија, З.П.(34) од Демир Капија пријавил дека вчера околу 06.00 часот бил каснат од куче скитник. Инаку, на Клиниката за Инфективни болести речиси една недела немаат тетанус вакцина или серум. Од Инфективна информираат дека ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија, а кај нив доаѓале и од другите градови. Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedum-lica-kasnati-od-kuchinja-skitnici-za-eden-den-tetanus-nema-gragjanite-ostaveni-sami-da-se-snaogjaat/feed/ 0
КУРИР ТЕМА: Лекови нема со денови, тетанус со месеци, граѓаните гневни- Министерството за здравство ја лаже јавноста! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-tema-lekovi-nema-so-denovi-tetanus-so-meseci-gragjanite-gnevni-ministerstvoto-za-zdravstvo-ja-laze-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-tema-lekovi-nema-so-denovi-tetanus-so-meseci-gragjanite-gnevni-ministerstvoto-za-zdravstvo-ja-laze-javnosta/#respond Tue, 11 Dec 2018 16:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=138668

Не е тајна дека македонските пациенти ширум државните медицински установи често сами си купуваат лекови иако за тоа е задолжено Министерството за здравство на Република Македонија. До нашата редакција стигнаа фотографии од пациент кои за време на викендот (08.12.2018) по убод од шајка се обратил на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби каде јасно според документот пишува дека треба да прими тетанус кој во моментот во клиниката го нема. -На клиниката ми рекоа дека веќе со недели нема тетанус и сам да се снаоѓам како знам и умеам, но и по аптеките дека го нема. На државен празник, со молење ми дадоа во една приватна аптека тетанус иако правеа попис и тоа не беше дозволено, вели загрозениот пациент. По примањето на тетанусот на пациентот му е напишано дека самостојно се снабдил со потребните ампули за претходно индицираната антитетанична профилакса. По ова КУРИР побара одговор од Министерството за здравство кое ни одговори дека Антитетаничната терапија ја има секаде во здравствените центри во Македонија, што е сосема нелогична со сведоштвото и документите на нашиот извор. -Антитетанична терапија има секаде во здравствените центри во Македонија. И покрај доставата на одредена количина  од оваа терапија од резервите на Минстетсвото за здравство, Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, набавува дополнителни количини кои ќе бидат достапни за пациентите за десетина дена, согласно сите законски регулативи. Во меѓувреме за сите пациенти на кои  ќе им биде неопходна оваа терапија, ќе бидат згрижени во другите здравствени установи, велат од министерството. Но, сепак оваа изјава е сосема неточна поради фактот што на 8 декември 2018 година пациентот сам се снабдил со антитетанична терапија. Инаку пред еден месец министерот Венко Филипче во изјава за медиумите потенцираше дека тетанус ќе пристигнел за неколку денови, но и по месец дена сликата на терен е непроменета. Претходно КУРИР во неделата објави дека во Скопје се уште нема вакцини за тетанус, што е уште еден доказ дека станува збор за манипулација од Министерството за здравство. Ова не е прв случај со недостаток на лекови во болниците, а доказ за тоа е и анкетата која на терен ја направи КУРИР. Доказ дека немањето на лекови одзема и човечки животи е случајот со пациентот со пулмонална хипертензија кој почина бидејќи не ги добил неопходните лекови за оваа дијагноза. -Пациент со пулмонална хипертензија пред три дена починал бидејќи не ги добил неопходните  лекови за оваа дијагноза. Нему не му следувале на државна сметка поради тоа што болеста му била секундарна и не влегувала во програмата за ретки болести. По реагирање на здружението за ПХ до здравствените власти дека овој пристап е дискриминирачки, им било ветено дека терапијата ќе му биде достапна на болниот, но не дочекал да ја земе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-tema-lekovi-nema-so-denovi-tetanus-so-meseci-gragjanite-gnevni-ministerstvoto-za-zdravstvo-ja-laze-javnosta/feed/ 0
Министерот Филипче призна: Нема тетанус! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-filipche-prizna-nema-tetanus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-filipche-prizna-nema-tetanus/#respond Thu, 15 Nov 2018 12:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=128129

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека бил информиран дека во моментов нема тетанус. Тој потенцираше дека истиот е обезбеден и ќе пристигне во сите амбуланти и здравствени установи во текот на понеделник и вторник. -Ме информираа дека во моментов нема тетанус, но истиот е обезбеден и очекувам да биде дистрибуиран во текот на идната недела, рече Филипче кој истакна дека немањето на тетанус е поради тоа што компанијата не го обезбедила во временскиот рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-filipche-prizna-nema-tetanus/feed/ 0
Во Скопје нема вакцина против тетанус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-nema-vakcina-protiv-tetanus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-nema-vakcina-protiv-tetanus/#respond Fri, 09 Nov 2018 14:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=125812

Според информации на одредени медиуми еден од колегите на полицајците кој беше искасан од куче истото немало ознака дека е вакцинирано. Кога колегите го однеле полицаецот  на Инфективната клиника и во неколку други здравствени установи и аптеки им било кажано дека проблем со серумот и антитетанус вакцината има подолго време. Полицаецот бил искасан вчера попладне во близина а МТВ и хотелот ВИП кога кучето незабележано му пришло зад грб и го нападнало без причина. Очевидци велат дека бил нападнат само еден од повеќе присутни полицајци во цивил, а нападнало само едно од вкупно петте кучиња скитници кои се движеле во група. ИЗВОР: ЗДРАВСТВО.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-nema-vakcina-protiv-tetanus/feed/ 0
Од инфекции предизвикани од гризнување годишно умираат 55.000 лица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/#respond Mon, 05 Feb 2018 20:31:05 +0000 http://kurir.mk/?p=18550

Секоја година милиони луѓе претрпуваат гризнување од куче, според податоците на Светската здравствена организација. Се проценува дека 55.000 луѓе годишно умираат од инфекции кои може да се спречат. Експертите предупредуваат дека при гризнувањето од кое било животно, најдобро е раната да ја прегледа доктор дури и во случај кога мислите дека се работи само за гребнатина. При гризнувањето важно е да се провери статусот на вакцина против тетанус, бидејќи во спротивно може да се развие тешка инфекција која бара интензивно лекување. Докторите проценуваат дали е потребна вакцинација против беснило. Стручните лица предупредуваат дека не треба да се потценуваат гризнатините кои изгледаат како површински повреди. Тешко може да се процени оштетувањето на ткивото без медицинско знаење.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/od-infekcii-predizvikani-od-griznuvanje-godishno-umiraat-55-000-lica/feed/ 0