тетовчанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 May 2022 14:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовчанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тетовчанка уапсена во Скопје, кај неа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-uapsena-vo-skopje-kaj-nea-pronajdeni-predmeti-koi-poteknuvaat-od-krivichno-delo-krazba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-uapsena-vo-skopje-kaj-nea-pronajdeni-predmeti-koi-poteknuvaat-od-krivichno-delo-krazba/#respond Wed, 18 May 2022 14:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=678519

На 17.05.2022 во 23.45 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа била барана по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-uapsena-vo-skopje-kaj-nea-pronajdeni-predmeti-koi-poteknuvaat-od-krivichno-delo-krazba/feed/ 0
Притвор за тетовчанката која вчера го уби сопруг​от https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-tetovchankata-koja-vchera-go-ubi-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-tetovchankata-koja-vchera-go-ubi-soprug/#respond Mon, 28 Jun 2021 13:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=528960

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица. Обвинителството во Тетово на надлежниот суд му предложи на осомничената да и определи мерка притвор, во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничената и определи притор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-tetovchankata-koja-vchera-go-ubi-soprug/feed/ 0
Tетовчанката што си го уби сопругот била жртва на семејно насилство, а на убиството му претходела тепачка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchankata-shto-si-go-ubi-soprugot-bila-zrtva-na-semejno-nasilstvo-a-na-ubistvoto-mu-prethodela-tepachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchankata-shto-si-go-ubi-soprugot-bila-zrtva-na-semejno-nasilstvo-a-na-ubistvoto-mu-prethodela-tepachka/#respond Sun, 27 Jun 2021 20:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=528646

Жената која утрово го усмртила својот невенчан сопруг, постојано пријавувала семејно насилство, пренесува албанскиот портал ИНА повикувајќи се на свои извори. 39-годишната жена денеска претпладне самата се пријавила во тетовската полиција дека половина час претходно го убила невенчаниот сопруг. Таа истакнала дека употребила тврд предмет при убиството на 51-годишниот маж. – Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, информираше портпаролот Марјан Јосифоски. Според информациите од ИНА, таа го усмртила со чекан откако тој ја нападнал. – Жената родена во Прилеп постојано пријавувала насилство од страна на нејзиниот сопруг Албанец од Тетово во полиција. Последната расправија била мотивот на убиството, каде жената покрај повредите што ѝ ги предизвикал сопругот, го удрила со чекан по глава, оставајќи го без знаци на живот!, пишува порталот. На местото на настанот извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело предадено е за обдукција. По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchankata-shto-si-go-ubi-soprugot-bila-zrtva-na-semejno-nasilstvo-a-na-ubistvoto-mu-prethodela-tepachka/feed/ 0
Тетовчанка си го убила сопругот – самата се пријавила во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-si-go-ubila-soprugot-samata-se-prijavila-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-si-go-ubila-soprugot-samata-se-prijavila-vo-policija/#respond Sun, 27 Jun 2021 15:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=528595

На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С.. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanka-si-go-ubila-soprugot-samata-se-prijavila-vo-policija/feed/ 0
Тетовчанка го победи коронавирусот дома и не дозволи да се пренесе на семејството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchanka-go-pobedi-koronavirusot-doma-i-ne-dozvoli-da-se-prenese-na-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchanka-go-pobedi-koronavirusot-doma-i-ne-dozvoli-da-se-prenese-na-semejstvoto/#respond Wed, 27 May 2020 09:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=350641

Мелиса Ценовска од Тетово е една од стотината луѓе кои ја поминаа голготата наречена Ковид19. Иако спаѓа во категорија на млади лица, со неполни 30 години, таа имала позитивен тест, а болеста за среќа ја поминала без поголеми компликации, со лечење дома. Првата битка и страв кај неа дали ќе ја пренесе короната на некој друг. За среќа тоа не се случило во сите изминати денови на опоравување. -Резултатот е секако шок. Не е пријатно, но во ниту еден момент не се поколебав кој ќе биде мојот прв чекор во борбата со овој вирус. Информирање на сите мои контакти, до последен. Апел да се чуваат и да ме информираат за својата состојба. Имаше меѓу нив и од оние кои спаѓаат во високо ризичните категории. Се плашев, повеќе за нив од што за себе. Јавно и гласно сакав секој да знае и во најбрз можен рок да преземе дејствија, раскажува Мелиса, инаку и дипломиран економист која е вработена во Управата за јавни приходи во Тетово. Симптомите ги почувствувала четири дена пред тестирањето, за кое самата била упорна да го направи. Биле незабележливи симптоми, но главниот бил губењето на осетот за мирис. -Симптомите одеа вака. Понеделник кивање, вторник затнат нос, среда вечерта губење на осетот за мирис, кивање нема, носот не е затнат, но мирис нема. Тоа е симптомот. Тоа не наведе на брис во петок. Сабота резултат и изолација. Во текот на целото „боледување” немав покачена температура, кашлање, кивање и сл. само мали компликации предизвикани од дејството на антибиотикот. Многу витамини, течности, објаснува таа. Строгата изолација дома ја поминала заедно со ќерка и на неполни 4 години, која за среќа останала негативна на тестовите. Се изолирале дома и другите членови на семејството со кои имала непосреден и близок контакт, а воедно и без нова зараза. -Стигнаа резултатите на моето семејство, сите негативни. Се плашев за ќерката која и покрај негативниот резултат мора да дели домување со мене. Седев со две маски, постојано правев дезинфекција и се боревме заедно со желбата да излезе надвор. Издржавме и да одржувме дистанца со најмилото. И другите членови на семејството немаа никакви симптоми. Изолацијата изгледаше страшно првите денови, но стана навика, мора да се почитува, така ќе се избориме. И навистина. Куќата е „аптека”, се е чисто, ние си наоѓаме занимација на разни начини. Помина. И се изненадив колку бргу. Кога имаш пријатели колку што имам јас (прекрасни луѓе) нема да ти недостасува дружба. Постојано сме во контакт, највлиските доставуваат храна, се е по протокол, сите се грижат и тоа е модусот за силата на моето трпение. Фала им на сите. Секојдневно бодреа и пружаа љубов. Кога се помина јас сум среќна. Тоа дека нема ниту еден заразен ми докажа дека и меѓу себе сме се штителе, а и дека сме силни. Посакувам ова да заврши, луѓето се во постојана грижа и со право. Некои ќе поминат тешко, некои полесно, а некои како мене без никакви компликации. Дај Боже сите да поминат како јас, а другите да соберат сила да бидат повторно добри, рече Мелиса. Според неа, институциите се на ниво на задачата. Сепак и луѓето треба да се придржуваат до советите како пациенти за да можат лекарите да си ја вршат работата. Постојано била на телефон, од службите се јавувале како да постапи. – Мојот матичен лекар Тимосије Јовановски го предвиде резултатот и веднаш препиша терапија, а веќе утредента од опишувањето на симптомите закажа термин за тестирање. Максимално посветено целиот тој тим кои се матична „куќа” на целото семејство се погрижија за секој еден од нас. Центарот за јавно здравје од Тетово ја презеде задачата и во текот на целата оваа борба обезбеди навремена поддршка со почитување на времето на земање на првичните брисеви како и на крај контролните. Докторката Зорица, Јовица, Оливера и целиот тој тим кој секојдневно е на маргините во контакт со нас „заболените”. Тие се хероите. Полициските служби, инспектор Мирче е во постојана комуникација со сите нас и нуди помош во текот на нашата домашна изолација заедно со неговиот тим на службеници, објаснува Мелиса. На прашањето дали знае од каде може да го има добиено коронавирусот таа објаснува дека никогаш нема да се дознае бидејќи се е можно. Сега по двата негативни тестови, веќе се пријавила да донира крвна плазма со цел да помогне во нечие лекување.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovchanka-go-pobedi-koronavirusot-doma-i-ne-dozvoli-da-se-prenese-na-semejstvoto/feed/ 0