тетовирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 07:17:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тука најмногу боли: Делови на телото на кои само најхрабрите се тетовираат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tuka-najmnogu-boli-delovi-na-teloto-na-koi-samo-najhrabrite-se-tetoviraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tuka-najmnogu-boli-delovi-na-teloto-na-koi-samo-najhrabrite-se-tetoviraat/#respond Thu, 13 Oct 2022 07:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=744539

Кога одлучуваме на кој дел од телото да се тетовираме, најмногу размислуваме за естетскиот аспект и како ќе изгледа тетоважата на избраното место. Сепак, има многу луѓе на кои приоритет им е да изберат место каде што тетоважата помалку ќе боли. Важно е да знаете како чувството на болка варира од личност до личност, во зависност од тоа колкав е вашиот праг на болка на почетокот. Некои луѓе го опишуваат чувството што се јавува на кожата за време на тетовирањето не како болка, туку како чувство на печење, кое може да биде послабо или посилно, во зависност од делот од телото што се тетовира. Иако секогаш ќе добивате различни одговори од тату артистот за тоа кои делови од телото најмногу боли да се тетовирате, сепак има некои места кои се докажани како најчувствителни. 1. Ребра На овој дел од телото нема многу мускули и маснотии и нервите кај ребрата се наоѓаат во близина на површината на кожата, така што иглата многу повеќе ќе ја чувствувате поради сите горенаведени фактори. 2. Главата и вратот Недостатокот на маснотии и голема количина на нервни завршетоци се исто така проблематични фактори при тетовирање на главата или вратот. Притоа многу повеќе се чувствуваат вибрациите и звукот на иглата, што на психолошка основа дополнително придонесува за посилно чувство на болка. 3. Пазувите Ова е генерално еден од најчувствителните делови на телото поради големата количина на жлезди и лимфни јазли лоцирани во пределот на пазувите. Таму се наоѓа и големиот аксиларен, односно пазувен нерв. 4. Тупаница Раката и прстите се многу коскени, а кожата на нив е исклучително тенка. Мастилото е многу потешко да допре до кожата на овие места и понекогаш уметникот на тетоважи мора неколку пати да го помине цртежот со иглата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tuka-najmnogu-boli-delovi-na-teloto-na-koi-samo-najhrabrite-se-tetoviraat/feed/ 0
Кинеските фудбалери добија забрана за тетовирање https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kineskite-fudbaleri-dobija-zabrana-za-tetoviranje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kineskite-fudbaleri-dobija-zabrana-za-tetoviranje/#respond Thu, 30 Dec 2021 16:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=614999

Фудбалерите кои настапуваат за кинеската репрезентација добија забрана да се тетовираат, а на оние кои веќе се тетовирани им е советувано да ги отстранат тетоважите од своите тела, објави Генералниот комитет за спорт во Пекинг. Со тоа, како што е соопштено, се испраќа добар пример за општеството. Во посебни случаи кинеските репрезентативци ќе можат да ги покријат тетоважите за време на тренинзите и натпреварите, доколку со тоа се согласат и другите членови на екипата. Кина од средината на 2018 година засилено воведува регулативи за да забрани појавување тетоважи на телевизиските екрани. Тетоважата во кинескат а култура носи стигма, бидејќи во минатото се користела за обележување криминалци, а и денес тетоважите се поврзани со криминални групи во источна Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kineskite-fudbaleri-dobija-zabrana-za-tetoviranje/feed/ 0
БИЗАРНО: Многумина ја осудуваат за тоа што и го направила на својата мачка, а таа вели дека само и пружа љубов! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarno-mnogumina-ja-osuduvaat-za-toa-shto-i-go-napravila-na-svojata-machka-a-taa-veli-deka-samo-i-pruza-ljubov-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarno-mnogumina-ja-osuduvaat-za-toa-shto-i-go-napravila-na-svojata-machka-a-taa-veli-deka-samo-i-pruza-ljubov-foto/#respond Fri, 29 Jan 2021 08:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=461332

Инфлуенсерите ширум светот со години со задоволство го украсуваат своето тело со тетоважи, но чинот на девојче од Украина ги разбесни корисниците на социјалните мрежи. Имено, таа пред неколку години реши да ја истетовира својата мачка миленичиња, Јаша. Елена Ивањикаја е манекенка и модел на Инстаграм кој стекна популарност на бизарен начин, кога пред неколку години реши да го истетовира своето милениче, мачка од раса на сфингите, по име Јаша. Имено, египетскиот бог Анубис бил тетовиран над градите на Јаша, пишува Унилад. Иако манекенката тврди дека животното не било повредено во ниту еден момент, и дека била под анестезија, многумина ја обвинуваат за суровост кон животните. Кога овие фотографии прв пат стигнаа до јавноста, Елена се бранеше тврдејќи дека Јаша веројатно живее подобро од повеќето луѓе. - Тој не е кастриран и нема да биде, тоа е сурово. Ветеринарот беше присутен за време на тетовирањето, па може да се каже дека сè беше под контрола. Јас се однесувам кон Јаша многу внимателно и му давам љубов, рече таа тогаш .]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizarno-mnogumina-ja-osuduvaat-za-toa-shto-i-go-napravila-na-svojata-machka-a-taa-veli-deka-samo-i-pruza-ljubov-foto/feed/ 0