тетовска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 07:01:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот ќе ги објави пресудите за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-ke-gi-objavi-presudite-za-obvinetite-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-ke-gi-objavi-presudite-za-obvinetite-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Mon, 05 Jun 2023 07:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=842087

Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека пресудата ќе ја соопшти на 5 јуни понеделник во 12 часот. Поранешните директори на Клиничка болница Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. И за денеска е најавена мирен протест за поддршка и барање за ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски од група граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи. На завршните зборови адвокатите на обвинетите истакнаа дека Обвинителството не ја докажало вината. Претставниците на Обвинителството, пак посочија дека со изведените докази и искажани сведочења обвинетите ги сториле кривичните дела и побара судот да ги огласи за виновни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-ke-gi-objavi-presudite-za-obvinetite-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Поднесено обвинение против докторот кој неовластено ги снимаше пациентките во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-doktorot-koj-neovlasteno-gi-snimashe-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-doktorot-koj-neovlasteno-gi-snimashe-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/#respond Sat, 22 Apr 2023 07:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=826303

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик. Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права. Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-doktorot-koj-neovlasteno-gi-snimashe-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Определен е осумдневен притвор за приведениот анестезиолог од Тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opredelen-e-osumdneven-pritvor-za-privedeniot-anesteziolog-od-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opredelen-e-osumdneven-pritvor-za-privedeniot-anesteziolog-od-tetovskata-bolnitsa/#respond Sun, 16 Apr 2023 08:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=824434

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик. -На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово. Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opredelen-e-osumdneven-pritvor-za-privedeniot-anesteziolog-od-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Суспендиран од работа анестезиологот кој објавуваше снимки на „Тик-ток“ од тетовска болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-od-rabota-anesteziologot-koj-objavuvashe-snimki-na-tik-tok-od-tetovska-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-od-rabota-anesteziologot-koj-objavuvashe-snimki-na-tik-tok-od-tetovska-bolnitsa/#respond Sat, 15 Apr 2023 13:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=824276

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“. - Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити. Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка. -Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела. Министерот Меџити зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта. -Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити. Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме. -Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-od-rabota-anesteziologot-koj-objavuvashe-snimki-na-tik-tok-od-tetovska-bolnitsa/feed/ 0
Уапсен лекарот кој што ги снимал пациентките во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/#respond Sat, 15 Apr 2023 08:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=824174

Приведен е лекар од тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимал пациентки и видеото го објавил на Тик Ток, потврди МВР за „360 степени“. Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, а како што пренесе ТВ 21, станува збор за анестезиолог кој бил ангажиран на гинеколошкото одделение за прекин на бременост. – Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, изјавил директорот на болницата Пелумб Вела за ТВ 21. На видеото се гледа како лекарот се движи низ болницата и се смее додека ги снима колегите и пациентите згрижени во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Дете почина откако во тешка состојба било донесено во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dete-pochina-otkako-vo-teshka-sostojba-bilo-doneseno-vo-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dete-pochina-otkako-vo-teshka-sostojba-bilo-doneseno-vo-tetovskata-bolnitsa/#respond Mon, 30 Jan 2023 10:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=793664

Тетовската полиција информира дека вчера било пријавено дека околу 3 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство. По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал. Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dete-pochina-otkako-vo-teshka-sostojba-bilo-doneseno-vo-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Постојаната анкетна комисија ја почна седницата за автобуската несреќа на „Беса Транс“ и за пожарот во тетовската болница, пратениците од мнозинството не присуствуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postojanata-anketna-komisija-ja-pochna-sednicata-za-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-i-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-pratenicite-od-mnozinstvoto-ne-prisustvuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postojanata-anketna-komisija-ja-pochna-sednicata-za-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-i-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-pratenicite-od-mnozinstvoto-ne-prisustvuvaat/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=688794

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса. Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири. Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postojanata-anketna-komisija-ja-pochna-sednicata-za-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-i-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-pratenicite-od-mnozinstvoto-ne-prisustvuvaat/feed/ 0
ОСУМ МЕСЕЦИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА: Јовески вели дека ОЈО е при крај да донесе одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-meseci-po-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica-joveski-veli-deka-ojo-e-pri-kraj-da-donese-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-meseci-po-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica-joveski-veli-deka-ojo-e-pri-kraj-da-donese-odluka/#respond Thu, 28 Apr 2022 13:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=669309

Жал ми е што големата трагедија во болницата во Тетово се користи за политички цели. При крај е овој дел од постапката и деновиве, за брзо време, очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со овој настан, рече денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Одговорајќи на пратеничко прашање на собраниска седница, Јовески напомена дека Обвинителството од почеток пристапи одговорно кон овој случај. -Доколку ние како што беше поставено во пратеничкото прашање сакавме да го забошотуваме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје и на Обвинителството во Тетово му ги ставиме на располагање сите ресурси со кои располага Обвинителството, истакна Јовески. Според него, доволна проценка дека Обвинителството постапува објективно во овој случај треба да биде и фактот дека Обвинителството побара меѓународна правна помош од германски експерти за да извршат вештачење на конкретниот настан. -Во овој предмет, во овој дел на постапката не се преземени дејства само овие вештачења, туку сослушани се повеќе лица, извршени се други вештачења од Технолошкиот факултет, вештачење на електричната инсталација… Јас нема сега со оглед на фазата во која се наоѓа предметот да ги изложувам сите дејства што се преземени од страна на Обвинителството, но уште еднаш сакам да ве уверам дека Обвинителството целосно го истражува овој случај и на поставените конкретни дилеми одговорности евентуални на определени лица ќе даде одговор. Покрај тоа, сакам уште еднаш во делот на објективното постапување на Обвинителството да ве известам дека беше формирана во врска со овој трагичен настан и работна група во Обвинителството од страна на обвинители која им помагаше на обвинителите доколку имаа правни или други прашања што не можеа сами да ги разрешат, објасни државниот јавен обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-meseci-po-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica-joveski-veli-deka-ojo-e-pri-kraj-da-donese-odluka/feed/ 0
Еден починат пациент во ковид – центарот во Тетово, седум на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-pochinat-pacient-vo-kovid-centarot-vo-tetovo-sedum-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-pochinat-pacient-vo-kovid-centarot-vo-tetovo-sedum-na-kislorodna-poddrshka/#respond Thu, 27 Jan 2022 10:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=623498

Во ковид – центарот на тетовската клиничка болница за изминатите 24 часа има еден починат пациент меѓу хоспитализираните. Од почетокот на пандемијата, според податоците на Институтот за јавно здравје, ова е 554 смртен случај во тетовскиот регион. -Починат е маж, роден 1964 година, со место на живеење во Челопек. Како позитивен на Ковид-19 бил хоспитализиран на 23 јануари, а починат е на 26 јануари, информира д-р Хасан Илјази од Клиничката болница во Тетово. До седум часот изутрината во ковид – центарот има седум хоспитализирани и сите се на кислородна поддршка. За 24 часа имало 65 прегледи и контроли во амбулантата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-pochinat-pacient-vo-kovid-centarot-vo-tetovo-sedum-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
СВЕДОШТВО НА РОДИЛКА ОД ТЕТОВО: Ме чуваа со некроза на матка, повраќав фекалии, докторката ме испрати во Скопје со зборовите: „Ако не ја примат, не ми ја враќајте тука“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/#respond Wed, 22 Dec 2021 12:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=611627

Нов траорен скандал ја тресе Македонија. Имено, Дона Неделковска, млада тетовка преку својот Фејсбук профил ја објави страшната приказна низ која поминала во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово. Како што раскажува таа, имала закажано царски рез на 1 јули во болница во Тетово во 7 часот наутро, целата возбудена не ни почуствувала всушност каков хорор ја очекувало наредниот период.
- 1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази, објаснува Неделковска.
Таа вели дека четвртиот ден ситуацијата и станувала се полоша. Молела за помош и конечно некој се смилувал да викне некој постручен и да и стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.
- Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген - со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, појаснува младата родилка.
Дона Неделковска напиша дека бебето за прв пат си го видела после 12 дена, а излегла од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можела да се движи сама, не можела да се бања сама.
- Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота, додава младата родилка во својот Фејсбук пост.
По објавувањето на оваа тажна приказна, Државниот здравствен и санитарен инспекторат се вклучува со свој вонреден инспекциски надзор. Како што дознава „Слободен печат“ од свои извори, инспекцијата ќе биде пратена по допрен глас. Пред нецела година, бевме сведоци на едно слично траорно искуство на родилката Јелдиз Веаповска од Дебар на на која директорот на болницата во Струга, и извадил здрави органи, а во неговиот дом беше пронајдена дива ординација. https://kurir.mk/makedonija/vesti/trogatelno-svedoshtvo-na-rodilkata-koja-ostana-bez-nekolku-organi-po-poroduvanjeto-vo-struga/ Тогаш лекарската комора не најде пропуст на Мухамед Асани, а истото го објави и Mинистерството за здравство со што се отвара простор за сомнеж дека целиот случај некој се обидува да го заташка. Заменик потпретседателот на Лекарската комора, Илбер Бесими става потпис на документот кој вели дека немало лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Вториот човек на Комората, Илбер Бесими е братучед на министерот за финасии, Фатмир Бесими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/feed/ 0